post

[Видео] Инспиративен говор на Ал Пачино

Можностите се насекаде околу нас. Дури и да не ги гледаме (да ги нема, да не ги препознаваме), можеме да ги креираме. Сепак процесот не е лесен.

Прашањето е дали сакаме да ги откриеме или креираме. Дали можеме да го понесеме товарот на одговорноста.

Оваа видео е извадок од филмот Any Given Sunday, во кој Ал Пачино има инспиративен говор пред рагби тимот. Станува збор за искористување на можностите и нивно постојано подобрување преку константни мали промени (инч по инч, или пак милиметар по милиметар, чекор по чекор…)

Вреди да се погледа.

post

[Видео] Инспиративно – вистинска приказна за еден столар

Се што работиме, се што правиме, се што преземаме има своја цел. Во најголем број на случаи целта е подобрување на светот во кој што живееме самите ние, но и на другите луѓе.

Често пати споменував за една цврста врска помеѓу претприемачот, бизнисот и купувачот и нивните цели. Доколку на еден од овие ентитети целите не бидат исполнети, нема да се исполнат ниту целите на останатите два ентитети.

Во овој пост би сакал да споделам едно навистина инспиративно и мотивациски настроено видео преку кое може да се забележи таа врска.

post

[Видео] Моќта на мрежите

Дали треба да се коментира моќта на мрежите, особено во еден комплексен свет во кој живееме?

Интересно видео на оваа тема.

post

[Видео] Видови на купувачи

Купувачите како “срцето” на секој бизнис се единствените кои овозможуваат нормално функционирање на бизнисот.

Но, сепак потребно е да се знае дека тие се многу покомплицирани отколку еден индивидуалец за кој сметате дека е ваш купувач.

Во видео презентацијата се дадени неколку видови најзначајни купувачи кои имаат или ќе имаат влијание врз вашата продажба и бизнисот воопшто.

post

Видео: Влијание на временската перспектива

Многу елементи влијаат на нашето размислување, а со тоа и на нашите конкретни чекори што сме ги направиле, што ги правиме и што ќе ги направиме во иднина.

Интересна анимација и презентација на Професор Philip Zimbardo кој зборува за 6 главни временски зони во кои живеат луѓето кои се ориентирани на минатото, сегашноста и иднината и кои имаат влијание на нашето размислување и преземање на одредени акции или насоки во животот.

Во видеото можеби се начнува и темата зошто сегашниот начин на образовниот систем не ги дава резултатите кои ги посакуваме.

Видеото вреди да се погледа.

post

[Видео] Мотивирачко видео за креативност и смелост

Пред два дена пишував за креативноста и смелоста која се уништува уште од мали нозе кај децата. Тоа беше едно мое искуство низ образовниот систем. Опасноста е во тоа што нема многу промени од пред повеќе од 20 години. Простотиите се исти. Амбиентот е ист. Технологијата и методите се исти.

Промени се потребни. А, оваа видео е само како мотивација за креативни и смели луѓе, како и оние кај кои општеството успеало да влијае на креативноста и смелоста.

post

Видео: Роки приказна раскажана од Тони Робинс

Филмовите за Роки и патот кон успехот на ликот, главниот јунак се чини дека нема кој не ја знае.

Оваа видео претставува приказна за тој јунак, но раскажана од еден од најголемите експерти за мотивација – Тони Робинс.

post

Видео: Вил Смит и патот кон успехот

Вил Смит еден од најуспешните луѓе во светот споделува некои негови искуства за неговиот пат до успехот.

Инспиративно видео.

post

Видео: Се започнува од ништо

Вистинските претприемачи се луѓе кои од ништо прават нешто. Дури и кога копираат, копираат на еден уникатен начин. Копијата станува вистинска креативност со навистина иновативни бенефити за купувачите.

Се што користиме денес во минатото не постоело.

Најголемите компании во светот и најуспешните луѓе имаат една заедничка карактеристика – започнале од ништо. Идеја и визија претворена во нешто опипливо.

Видео во кое најмладите претприемачи кажуваат како навлегле во претприемништвото:

post

Видео: Патот кон успехот никогаш не е без препреки

Точно така, никој од досегашната практика не успеал а да не поминал низ повеќе препреки на патот кон тој успех.

Оние кои поминале повеќе препреки, падови, неуспеси или било што што се попречува на патот кон нивниот успех се чини дека постигнуваат најголем успех, токму поради тоа акумулирано искуство на тој пат.

Да се биде претприемач значи и да се паѓа, но разликата е што успешниот претприемач секогаш наоѓа начин да стане и да го продолжи патот, избегнувајќи исти падови во иднина. Се е ризик, бизнисот е ризик, претприемачкиот пат е ризик, па и животот кој го живееме е ризик.

Видеото е навистина мотивирачко, кратко и вредно за гледање.