post

ПРОНАОЃАЊЕ И ИНСТАЛИРАЊЕ НА ДОДАТОЦИ – ВИДЕО 5

Стигнавме до петото видео од овој серијал на премиум видео материјали за беплатна презентација на Вашиот бизнис.

Досега го направивме следново:

  • Во првото видео регистриравме домеин име и бесплатен хостинг
  • Во второто видео инсталиравме WordPress платформа преку која ќе објавувате содржина на Вашата веб страна
  • Во третото видео изберавме и инсталиравме тема на WordPress која го смени оној дифолт изглед на нашата веб страна.
  • Во четвртото видео ја ажуриравме содржината на нашиот нов веб сајт.
  • На ред е во петото видео да видиме каде да најдеме и како да инсталираме додатоци кои ќе ја подобрат функционалноста на нашата веб страна.

Кликнете на сликата и ќе ве одведе до видеото:

Чекори кои ќе треба да ги спроведете:

  1. Пребарајте го Google за додатоци или одете нна официјалната страна на WP за додатоци
  2. Симнете го додатокот кој сакате да го инсталирате
  3. Отпакувајте го
  4. Поставете го на веб сервер во делот wp_content/plugins
  5. Одете во администраторкиот дел на Вашиот блог, потоа кликнете на Plugins и пронајдете го на листата додатокот кој штотуку го поставивте на веб серверот.
  6. Активирајте го додатокот со кликнување на Activate. И тоа е се!
  7. Барајте други додатоци и играјте се со истите за да видите каква функционалност му додава на Вашиот веб сајт.
  8. Чекајте го следното видео.
post

АЖУРИРАЊЕ НА СОДРЖИНА НА ВАШИОТ ВЕБ САЈТ – ВИДЕО 4

Стигнавме до четвртото видео од овој серијал на премиум видео материјали за беплатна презентација на Вашиот бизнис.

Досега го направивме следново:

  • Во првото видео регистриравме домеин име и бесплатен хостинг
  • Во второто видео инсталиравме WordPress платформа преку која ќе објавувате содржина на Вашата веб страна
  • Во третото видео изберавме и инсталиравме тема на WordPress која го смени оној дифолт изглед на нашата веб страна.
  • Сега во четвртото видео ќе ја ажурираме содржината на нашиот нов веб сајт.

Кликнете на сликата и ќе ве одведе до видеото:

Чекори кои ќе треба да ги спроведете:

  1. Поврзете се во администраторскиот дел на Вашиот веб сајт
  2. Одете на Posts
  3. Кликнете на Add Post за нов напис
  4. Играјте се со можностите на Word Press
  5. Чекајте го следното видео
post

ИЗБОР И ИНСТАЛАЦИЈА НА WORDPRESS ТЕМА – ВИДЕО 3

Стигнавме до третото видео од овој серијал на премиум видео материјали за беплатна презентација на Вашиот бизнис.

Досега го направивме следново:

  • Во првото видео регистриравме домеин име и бесплатен хостинг
  • Во второто видео инсталиравме WordPress платформа преку која ќе објавувате содржина на Вашата веб страна и
  • Сега е на ред да избереме и инсталираме тема на WordPress која ќе го смени оној дифолт изглед на нашата веб страна.

Кликнете на сликата и ќе ве одведе до видеото:

Чекори кои ќе треба да ги преземете:

  1. Да пронајдете тема на WordPress и да ја симнете
  2. Да го отпакувате фајлот
  3. Да го ставите фајлот на веб серверот преку FTP клиент софтвер
  4. Да ја активирате темата
  5. Чекајте го следното видео
post

ГРАФИКОН НА РЕНТАБИЛНОСТ – ВИДЕО

Конечно и видеото кое го ветив нешто поодамна а се однесува на графиконот на рентабилноста. Пред одреден период како гостински напис од страна на Предраг Стојковски директор на компанијата INTRO GROUP на претприемач објавивме напис за графикон на рентабилноста. Во овој напис беше даден основен концепт на анализа на графиконот на рентабилноста и еден темплејт за графикон на рентабилност изработен во MS Excel. Со оваа видео сакаме да дадеме еден вовед како можете да го користите темплејтот.

Сакам да го искористам овој напис и за уште едно ветување. Денеска имав неколку состаноци со луѓе од оваа индустрија од два различни центри за развој на нови бизниси. Имав некои понуди кои ги размислувам и ќе продолжам да ги размислувам. Но тоа во овој момент не е важно. Со овие реченици сакам да покажам како може да се добие една идеја за развој на нешто.

Во текот на разговорите и предлозите не добив идеја но додека возев сам (едно од покреативните места) добив десетина нови идеи за претприемач кои веднаш си ги внесов во книга со бизнис идеи и ќе започнам со нивна реализација по одреден период.  Значи средби, разговори со различни луѓе и размена на некои искуства што подоцна резултираше во едно креативно место на кое добив десетина идеи кои немаат врска со денешните разговори.  Така да по 15-тина дена ќе има уште изненадувања на претприемач кои секако во развој на претприемништвото и помош на малите бизниси.

Но, сега видеото:

post

ИНСТАЛАЦИЈА НА WORD PRESS ПЛАТФОРМАТА – ВИДЕО 2

Ова е второто видео од ветените 10 за бесплатна изработка на веб страна заради презентација на Вашиот бизнис или било која друга потреба.

Во првото видео регистриравме домеин име и бесплатен хостинг. Сега е на ред да инсталираме WordPress платформа преку која ќе објавувате содржина на Вашата веб страна.

Кликнете на сликата и ќе ве одведе до видеото.

Чекори кои ќе треба да ги превземете:

  • Да симнете FTP Client софтвер
  • Да ја симнете WP платформата
  • Да го измените wp_config.php фајлот
  • Уплоадирате фајловите од WP платформата
  • Чекајте го следното видео
post

РЕГИСТРАЦИЈА НА ДОМЕИН И ХОСТИНГ – ВИДЕО 1

Ова е првото видео од ветените 10 за бесплатна изработка на веб страна заради презентација на Вашиот бизнис или било која друга потреба. Во оваа прво видео опфатени се регистрација на домеин име и регистрација на бесплатен хостинг.

Кликнете на сликата и ќе ве одведе до видеото.

Чекори кои треба да ги преземете:

  • Регистрирајте домеин име како што е прикажано во видеото;
  • Регистрирајте хостинг;
  • Внесете ги податоците за хостинг на страната за подесување на домеин името;
  • Чекајте го следното видео наредната недела.
post

СЕРИЈАЛ ОД ВИДЕО МАТЕРИЈАЛИ ЗА ИЗРАБОТКА НА ВЕБ ПРЕЗЕНТАЦИЈА

Како што ветив во претходниот напис за изработка на веб презентација веќе 3 видео серии се изработени едното ќе биде достапно уште оваа недела за регистрираните за неделни билтени. Останатите 2 се во фаза на едитирање и ќе бидат готови наредната недела. Еве како ќе изгледаат насловите на видео материјалите:

  1. Видео 1: Регистрирање на бесплатно домеин име и бесплатен веб хостинг со 1500 мегабајти веб простор и 100 гигабајти месечен сообраќај. Повеќе за хостинг и она што треба да се спореди при избор можете да прочитате во насловот: Што треба да споредите при изборот на хостинг пакет.
  2. Видео 2: Инсталација на WordPress платформата. Во оваа видео ќе можете да видите неколку работи. Прво, каде да ја најдете и симнете WordPress, потоа каде да најдете, да го симнете и како да го подесите софтвер за File Transfer Protocol (FTP) кој служи за поставување на фајловите на веб серверот. И како трето ќе имате можност да видите чекор по чекор што треба да направите за да ја инсталирате WordPress платформата.
  3. Видео 3: Избор и инсталација на тема на WordPress. Ова видео ќе ви покаже како да најдете една од илјадниците бесплатни теми за WordPress кои служат за персонализација на изгледот на Вашата веб страна. Во видеото е прикажан процесот чекор по чекор.
  4. Видео 4: Објавување и ажурирање на содржини на Вашата веб страна. Ова видео сеуште не е изработено, но во текот на неделава ќе биде секако. Во видеото ќе ви биде поакажн процесот на објавување на нови содржини во вид на написи и веб страни, како и манипулирање со слики во написите.
  5. Видео 5: Додатоци – како да најдете и да ги инсталирате? Оваа видео ќе се однесува на додатоци кои што ја зголемуваат функционалноста на Вашата нова веб страна при што ќе бидат опфатени некои основни кои мора да ги инсталирате и да ги имате ставено во функција.
  6. Видео 6: Како да извршите персонализација на темата која што сте ја избрале? Оваа видео ќе ви покаже како можете да ја смените основната тема како менување на бои или пак превод од англиски на македонски.
  7. Видео 7: Како да изработите статична веб страна. Статична веб страна има неколку страни и не се ажурира често содржината. Се користи за едноставна презентација на Вашиот бизнис. Вообичаено има страна за контакт, производи и услуги и почетна страна. Во оваа видео ќе ви биде покажано чекор по чекор каде да најдете бесплатни темплејти и да ги искористите како Ваша веб страна.
  8. Видео 8: Персонализација на темплејтите. Во оваа видео ќе биде опфатено симнување на бесплатна алатка за едитирање на веб страници и чекор по чекор постапка за менување на темплејтот што сте го избрале.
  9. Видео 9: Изработка на видео и поставување на Вашата веб страна. Во оваа видео ќе ви покажеме како да направите видео, да го едитирате и да го поставите на Вашата веб страна на WordPress.
  10. Видео 10: Поставување на видео на статична веб страна. Она што го направивме со WordPress беше едноставно бидејќи се работи директно во WordPress, додека за статична веб страна ќе треба да изведеме уште неколку чекори.

Овие видео материјали не се едноставна презентација на слики туку реален приказ како изработувам една веб страна www.pretpriemac.co.cc која веќе постои при изработка на првите 3 видео серии. Можете да ја погледнете. Оваа веб страна ќе се менува како што ќе ги изработувам видео материјалите. Инаку оваа веб страна е само за презентација и нема да бидат објавувани некои реални содржини на истата.

Доколку сакате оваа листа да се надополни со уште некое видео слободно можете да оставите коментар при што секоја желба ќе се обидеме да ја оствариме. Инаку во моментов ми текна уште едно можно Бонус видео за Joomla. Всушност ќе претставува поглед на артиклите на претприемач во позадина на Joomla за да ги видите можностите и на оваа платформа.

Знам дека можеби ќе погодам некој со овие видео материјали, но не ми е тоа намерата. Едноставно ја следам мисијата на претприемач да биде извор на знаење за малите бизниси. Со развој на малите бизниси ќе се развие и македонската економија на која толку многу и треба развој. Со веб презентација на малите бизниси без да гледат во тоа како огромен трошок ќе се овозможи нивен излез пред светот. А, од друга страна се надевам на поконкурентски односи во однос на веб развојот во Македонија со што ќе се понуди и квалитет и квантитет на ваквите услуги врз основа на сопствен интелект на понудувачот.

Па, се гледаме во среда со првото видео: Регистрација на домеин име и хостинг.

post

ИЗРАБОТКА НА ВЕБ ПРЕЗЕНТАЦИЈА ЗА ВАШИОТ БИЗНИС

Го пишувам овој напис во рани утрински часови бидејќи разгледував неколку македонски веб страни кои нудат одреден тип на услуга. Во пресрет на темата за интернет бизниси која ја започнавме пред одреден период и насловите кои што следуваат а се однесуваат за она што треба да споредите кога ќе се одлучувате да купите хостинг пакет, како и една анализа на македонските хостинг компании, и една споредба помеѓу две платформи (системи за менаџирање на web содржина) Joomla и WordPress би најавил нешто невидено во Македонија.

Од друга страна бев во една наша производствена компанија и разговарав за нивниот дизајн и она што би требале да го сменат на нивната страна како би биле подостапни на надворешниот пазар. Тоа ме поттикна да ги разгледувам малку компаниите кои ја нудат оваа услуга бидејќи видов дека сите нудат услуги од типот на оптимизација за пребарувачи итн… итн… Но, никаде не можев да видам пример на успешен проект.

Оваа го имав во глава од пред некое време но заради работата на www.entrepreneurshipinabox.com не можев да постигнам. Затоа се одлучив да напишам напис кој ќе ме држи за зборот да го сработам ова што го најавувам како нешто невидено во Македонија. Прва и единствена цел која што си ја поставив за pretpriemac.com е да се направи обид да се развие претприемништвото во Република Македонија. И можете да забележите дека за едно кратко време на блогот и на артиклите има огромен извор на информации и знаење. Материјализацијата на pretpriemac.com сеуште не е нешто за кое размислувам иако вложив многу труд, енергија па и пари.

Можете да забележите дека користиме професионален аутореспондер GetResponse кој не е бесплатен. Секој може секогаш и кога сака да се отпише од неделните билтени и трикови за претприемништвото со едноставно кликнување на Unsubscribe и нормално бесплатните материјали кои што сте ги добиле задржете си ги, нема лутење. Бидејќи цената на услугата на GetResponse ми е од број на регистрирани членови подобро ми е тоа отколку да плаќам за некој регистриран кого не го интересира проблематиката која ја обработува претпримач. Освен билтени понекогаш може да ви испратам и некои материјали кои ќе можете да ги купите скоро бесплатно. Јас сум регистриран и сум член на неколку големи обуки за интернет бизнис. И добивам редовно известување за најголемите промоции во однос на интернет бизнисите. На пример, така успеав за само 20$ да го добијам комплетниот пакет на Butterfly Marketing на Mike Filsaime кој чини 2000$. Пакетот ја содржи скриптата Butterfly Marketing, 2 книги – The 7 Figure Secrets и Butterfly Marketing Manuscript како и комплет од 10 диска од семинари и интервјуа. Пред некој ден успеав да го нарачам и курсот ListBuilding Course само со плаќање на транспортни трошоци кој се продавал за 2000$. За овој ви пратив информација.

Но да не должиме туку да видиме што е тоа невидено во Македонија. Секој регистриран член на претприемач ќе има можност да добие пристап до серијал на видео материјали за тоа како да направите веб страна и тоа без да платите ни еден денар. Единствено ќе ви биде потребно следење на видео материјалите на претприемач. Веќе наредната недела ќе го имате првото видео. Нема да зборувам за поддомеини во вид на www.vaseime.blogspot.com или пак www.vaseime.wordpress.com туку за многу попрофесионално домеин име и вистински хостинг сервис. Сепак ќе напоменам дека многу е подобро да најмите хостинг кој ќе си го платите особено заради сигурноста, но за да започнете со Вашата веб презентација во секој случај ќе ви биде добредојдено. Еве што ќе биде предмет на овој е-курс:

  • Ќе ви покажам реален вистински сајт кој е направен за помалку од неколку часа без да се потроши ниту еден денар.
  • Ќе ви покажам како да најдете професионален аутореспондер без да платитет ниту денар. Не e како GetResponse но, за она што го пишуваме на претприемач како гради листа во секој случај ќе ви помогне. Ќе ви покажам како да ја редизајнирате Вашата веб страна.
  • Ќе ви покажам како да најдете готови веб темплејти и со софтвер (повторно бесплатен) да го редизајнирате.
  • Ќе ви покажам како да ги сместите вашите html фајлови на веб сервер со помош на софтвер (и повторно бесплатен).
  • Ќе ви покажам како да инсталирате WordPress платформа (повтроно бесплатна) за Вашиот динамичен веб сајт. Морам да напоменам дека постои и друга опција како joomla (повтроно бесплатна) која јас ја имам и ја користам за артиклите на претприемач. Но, сите најголеми интернет маркетари па и јас сме подржувачи на WordPress. Во посебен напис ќе стане збор за споредбата.
  • Ќе ви покажам како да го оптимизирате за веб пребарувачи Вашата нова веб страна.
  • Ќе ви окажам се што ќе ми дојде на ум за интернет бизниси (и повтроно бесплатно)…

Единствено нешто што ќе биде побарано од Вас е пријателство преку неделни билтени. Затоа сите кои веќе се регистрирани не мора ништо да прават ќе добијат пристап веќе следната недела до првото видео. Оние кои не се регистрирани пополнете ја формата од десно и ќе бидете вклучени во системо на е-learning. Па нека ви е честито Вашиот нов веб сајт (БЕСПЛАТЕН се разбира).

Доколку имате некои идеи слободно оставете коментар и се што е во моја можност ќе биде опфатено во овој видео серијал. За слободно информирање и достапноста на знаење Напре!!!

post

МАРКЕТИНГ КАЛЕНДАР – ВИДЕО

Како што ветивме во написот за маркетинг календар изготвивме едно видео кое ќе ви помогне за изработка и користење на маркетинг календарот. Можете и да го користите темплејтот кој ќе го добиете со регистрација на неделни билтени на претприемач.

Во оваа видео ќе можете да видите:

  • Што е тоа маркетинг календар
  • Како да го симнете темплејтот на маркетинг календарот
  • Како да го користите маркетинг календарот и
  • Важноста на маркетинг календарот.

Да не должиме многу еве го видеото:

post

ВИДЕО – PIVOT ТАБЕЛИ – КАКО ДА СЕ КОРИСТАТ?

Секојдневно сме бомбардирани со огромен број на информации. Врз основа на тие информации треба да донесуваме одлуки. Колко подобро ги изанализираме и изинтерпретираме тие информации толку поквалитетни одлуки можеме да очекуваме дека ќе донесеме.

Затоа овој напис претставува продолжение на претходно започнатата тема за pivot табели. Како што ветивме во претходниот пост Pivot табели – што претставуваат во овој напис ќе можете да погледнете видео за Pivot табелите.

Она што ќе можете да го видите во видеото е:

  • Што се тоа pivot табели
    • Еден вовед односно дефинирање на pivot табелите како алатка за донесување на поквалитетни одлуки врз основа на анализирани и интерпретирани информации.
  • Кои се придобивките од користење на pivot табелите
  • Како да се користат pivot табелите
    • Дадена е една презентација за практична примена на Microsoft Office Excel на еден практичен пример со цел накратко да го опише процесот на креирање и користење на оваа алатка.
  • Бидејќи презентацијата е направена во MS Excell 2007 во видеото опфативме и сликовита презентација за користење на оваа алатка во претходните верзии на MS Office.

Погледајте ја презентацијата во оваа видео:

**********************************

Кликнете тука за текстуалниот транскрипт на видеото [PDF]