post

Како да се откачите од проблеми

Доколку сте претприемач, вие сте личност со многу проблеми. Тие се насекаде околу вас. Не можете да најдете место без да видите проблеми.

проблеми

Едноставно можеме да кажеме дека вие сте откривач на проблеми, создавач на проблеми и решавач на проблеми во исто време. Тоа е реалноста на еден претприемач.

Секоја компанија е резултат на претприемачка идеја, процес во кој претприемачите откриваат потреба на пазарот базирана на определен вид на проблеми на потенцијалните купувачи. Тука, вие откривате проблем и го користите за да креирате решение во вид на ваш иден производ или услуга.

Како еден претприемач ќе донесувате одлуки на секојдневна основа во вашата компанија. Процесот на донесување на одлуки е посебен дел од процесот на решавање на проблеми. Ќе носите финансиски одлуки, одлуки за подобрувања, продажни одлуки, маркетинг одлуки, одлуки за вработени и вработувања… Оваа значи дека насекаде околу вас, односно во и надвор од вашата компанија ќе бидете соочени со различни видови на проблеми.

Многу претприемачи ми го поставуваат прашањето како де се откачат од проблемите. Мојот прв одговор на оваа прашање не е одговор, туку прашање: дали мислите дека ќе имате успешен бизнис доколку немате бизнис проблеми?

Повеќето претприемачи го гледаат нивниот живот без проблеми, и тоа не е возможно бидејќи ќе немаме проблеми само доколку умреме. Исто така, ќе немаме бизнис проблеми само доколку бизнисот веќе нема да постои на пазарот.

Интересно е што како еден претприемач вие сте соочени со два вида на проблеми. едните се проблемите кои ќе се појават за првпат и вториот вид се проблемите кои продолжуваат да се појавуваат иако веќе повеќе пати сте ги решиле.

Па, како да се откачите од проблемите? Ајде да се обидеме нешто на да правиме.

  1. Прво мора да ги решавате. Да, првата работа за да се откачите од проблемите е да започнете да ги решавате. Доколку не работите на решение, или едноставно не ги решавате, тие секогаш ќе бидат околу вас и нема да исчезнат. Запомнете дека вие сте најодговорната личност кога станува збор за решавање на проблеми во вашиот бизнис. Колку проблеми ќе решите на вистински начин, толку помалку проблеми ќе ви останат за решавање.

  2. Обезбедете истиот проблем не се појавува повторно по решавање. Што доколку проблемите продолжат да се појавуваат повторно и повторни иако веќе сте ги решиле неколку пати претходно? Значи нешто не е во ред со решенијата кои претходно сте ги имплементирале за решавање на тие проблеми. Затоа доколку сакате да се откачите од проблемите мора да ја откриете вистинската причина за проблемите и да ги отстраните засекогаш. Само на таков начин ќе обезбедите дека истиот проблем нема повторно да се појави.

  3. Фокусирајте го вашето претприемачко внимание само на најважните проблеми во вашиот бизнис. Бидејќи насекаде околу вас ќе гледате проблеми, тоа не значи дека мора веднаш да се нафрлите да работите на решенија на сите нив или од еден проблем на друг. Мора да бидете посистематичен во однос на оваа. Сигурно дека ќе постојат многу неважни проблеми кои едноставно можете да ги игнорирате. Мора да бидете свесни и дека постоечките проблеми без разлика на нивната важност за вас, лесно може да станат важни за вашата компанија во иднина особено доколку ги игнорирате премногу време. Затоа, најдобриот начин да се откачите од овие проблеми е да ги делегирате за решавање на некој од членовите на вашиот тим. Вашиот фокус како еден претприемач мора да биде на неколку, но најважни и со најголем приоритет проблеми за вашиот бизнис.

  4. Не обидувајте се секој проблем да биде дел од вашиот процес за формализација. Често пати забележувам дека претприемачите користат ист процес за различни проблеми кои ќе бараат различни чекори. На пример, многу претприемачи повикуваат луѓе на состанок за да разговараат за можните решенија, да започнат проект со одговорности и временска рамка итн. Но, повеќето проблеми ќе бидат и можат да бидат решени онака како што се движите.

    Не ви треба формализација како што пишува во книгите. Оваа значи дека ќе треба да го следите 80/20 правилото, со кое 80% од проблемите можат да бидат решени веднаш во неколку минути.

  5. Исто така можете да користите одложување на решение за некој ден во иднина. Мора да бидете свесни и дека повеќето проблеми кои нема да бараат веднаш решение, или не можат веднаш да бидат делегирани на некој друг, можат едноставно одложени за утре, следна недела, или пак следен месец. Но, едно нешто е важно. Не смеете да си дозволите преку одложувањето да ги игнорирате тие проблеми и затоа ќе морате да го менаџирате распоредот за решавање на проблеми. Нема да се откачите со одложувањето од нив, ќе се откачите однив само доколку ги одложите краткорочно и ги решите долгорочно.

Прашање: Како се справувате со различни проблеми околу вас? Имате ли некој процес кој го користите во справување со проблемите во вашиот бизнис? Можете да оставите коментар со клинкнување тука.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*