post

Маркетинг план: Активности во различните фази низ маркетинг инката

Листа на маркетинг активности

Листа на маркетинг активности

Продолжуваме со четвртото прашање на кое ќе треба да даде одговор еден маркетинг план, а тоа е кои активности (тактики) ќе ги имаме или користиме во различните фази на маркетинг инката.

Забележувате дека целта е преку подготовка на маркетинг план да внесеме еден систематски пристап во сфаќањето и практицирањето на маркетингот. Сега сме на четвртото прашање, но претходните три се всушност темелите на твојот севкупен маркетинг процес. Ова што сега ќе го одговориш и она што во следните прашања ќе одговориш се базира на претходните три. Доколку не успееш квалитетно да ги одговориш претходните три, подобро не започнувај со оваа прашање и наредните секако.

Интересно е што имам видено повеќе маркетинг планови, односно процеси да започнат токму од оваа прашање, но без инката. Па, слободно може да кажам и дека повеќе од 90% од малите бизниси функционираат така, започнувајќи од дизајнирање на тактики, односно активности за привлекување на купувачи. Но, затоа и повеќе потрошени пари за послаби резултати. Затоа и идејата за еден ваков серијал и едно повторно насочување кон темелите на маркетингот како она за започнување на бизнис на претприемач. Многу зборуваме за PR, социјални медиуми, блогирање за бизнис, реклами, огласи… Но, тоа се тактики кои едноставно не може да функционираат без основите од претходните 3 прашања. Ќе функционираат, но не онака како што ти како еден претприемач би сакал да функционираат.

Но, ти нема да бидеш таков претприемач доколку го следиш овој серијал.

Тука нема да зборувам за тоа која тактика, односно маркетинг средство ќе го користиш во секоја од фазите бидејќи нема еден едноставен темплејт. Ќе се обидам да презентирам еден процес кој би требало да го спроведеш.

#1 Стави се од претходните 3 прашања пред себе

Да, едноставно започни со она што досега го имаш направено. На еден лист хартија нека бидат целите, на друг идеалните купувачи, односно персоните и на третиот (кој може и да го ископираш бидејќи ќе ти треба повеќе копии) нека биде дизајнираната маркетинг инка со бројките внатре во неа за секоја фаза.

Значи имаш:

  • Цели преточени во бројки во маркетинг инката
  • Неколку персони како твои идеални купувачи
  • Маркетинг инка во повеќе копии

Гледај ги размисли ги уште еднаш. Добро размисли и одлучи се конечно дали тое е тоа што ти треба, што ја презентира реалноста на твојот бизнис.

#2 За секоја персона обезбеди еден лист со маркетинг инката

И ова е едноставно. Определи по еден лист од дизајнираната инка за секоја персона како идеален купувач со тоа што можеш да го напишеш името на лицето за кое се однесува. Во слободен простор напиши ги главните карактеристики на тоа лице. Тоа веќе го имаш дефинирано кога го одговараше второто прашање.

Истото повтори го и за останатите персони.

#3 Започни со бреинстормирање на тактики

На остатокот од слободен простор почни да ги запишуваш идеите за можни тактики кои би ги користел. Нафрлувај, не размислувај сеуште за фази. Важно е да бреинстормираш колку што може повеќе идеи.

Во бреинсторминг процесот фрлај поглед на карактеристиките на персоната за која се однесува маркетинг инката и секако тактиките кои ги бреинстормираш.

Повтори го процесот за сите останати персони.

#4 Постави соодветни тактики на соодветната фаза во маркетинг инката

Едноставно од десната и левата страна може да започнеш да ги распределуваш различните тактики во однос на фазата во која ќе ја користиш.

Внимавај на фактот дека не се сите тактики соодветни за определена фаза. Повторно едното око нека ти оди во карактеристиките на персоните. На пример, радио реклама во фазата анализира и истражува или пак одлучува и избира нема да има ефект како во фазата не знае.

Затоа добро размисли што и каде треба да биде сместено.

  • Користи ги карактеристиките тие ќе ти кажат што е најсоодветно за таа персона.
  • Користи ги целите тие ќе ти кажат каква аудиенција е потребно да се опфати.
  • Користи ги фазите, тие ќе ти кажат како треба да го влечеш потенцијалниот купувач кон купувач.
  • Биди креативен, не е се во пари.

На крајот треба да имаш јасна слика за она што ќе правиш за да ги реализираш целите.

Останатите постови од овој серијал:

Да одиме со прашањата на кои треба да одговори еден маркетинг план.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*