Веќе скоро 3 години во овој период објавуваме постови за изработка на бизнис план како дел од процес на бизнис планирање. Како и претходната година (2010), така и оваа година направивме некои измени во тој процес согласно актуелноста на истиот и секако со надополнување на некои елементи кои искуствено гледано се повеќе од потребни во еден бизнис план.
Ова не се однесува на бизнис план кој ќе го искористите за добивање на финансиски средства и ќе го ставите во фиока каде ќе собира прав врз него. Ова е бизнис план кој треба да ја зголеми бизнис потенцијалната енергија на вашиот бизнис и во исто време да ве води низ патот кон успешноста на вашиот бизнис.
Оваа 2011 година во процесот на бизнис планирање вклучивме три дополнителни елементи – бизнис модел, план за социјални медиуми и ризик и менаџирање со ризик.
Со цел да се обезбеди еден поедноставен пристап до сите овие наслови истите ќе ги групираме во овој пост:
- Насловна Страна
- Содржина и Резиме
- Општо за Компанијата
- Производи и/или Услуги
- Дефинирање и редефинирање на бизнис моделот
- Анализа на пазарот и индустријата
- SWOT Анализа
- Ризик и менаџирање со ризикот
- Онлајн Стратегија
- План за социјални медиуми
- Маркетинг Стратегија и Имплементација
- Продажна Стратегија и Имплементација
- Менаџмент
- Финансии
- Анекси
Сега наместо 12 наслови имаме 15 наслови во бизнис планот. Целта на овие три нови елементи како дел од процесот на планирање е да овозможи зајакнување на капцитетот на вашиот бизнис преку соодветно моделирање на бизнисот во определен временски период и врз основа на тоа ремоделирање да се изработи остатаокот на бизнис планот. Освен ремоделирање, додадовме уште еден елемент кој се однесува на социјални медиуми кои се чини стануваат неизоставен дел на еден модерен бизнис. И секако уште еден важен елемент кој често пати се заборава е менаџирање со ризикот кој има за цел да ви помогне да го процените ризикот и преку соодветни механизми на менаџирање на истиот да го елиминирате или сведете на минимум.
Zdravo jas sum LIDIJA moeto prvo prasanje STO E BIZNIS PLAN
Здраво Лидија, за бизнис план и што е и што не е, треба ли и не ли треба, како и каде да се подготви се теми кои се обработени во скоро 100-тина наслови. Можеш да ги погледнеш преку линков: http://www.pretpriemac.com/category/zapocnuvanje/biznis-plan/