post

Развој на интрапретприемаштвото кај нас

Претприемнички стратегии Во големиот број на книги се укажува дека големата бирократизираност е еден од најголемите проблеми во работењето на интрапретприемачите. Ако е тоа така дури и во развиените земји, тогаш овој проблем во работењето на интрапретприемачите на пример кај нас е многу поголем. 

За да го засилат интрапретприемаштвото, потребно е од страна на врвното раководство да се казнуваат оние кои не преземаат иницијатива, а да не се казнуваат строго оние кои преземаат иницијатива и кои можеби во одреден момент и не постигнале 100 % од планираното.

Секојдневните драстични промени кои се случуваат во науката и целото општество, придонесуваат да мора големо внимание да му се посвети на развојот на луѓето и на нивните способности. Доколку интрапретприемачите не се дообразуваат, не може од нив да се очекува да постигнат големи ефекти во работењето.

За развојот на интрапретприемачите кај нас може да се набројат и следниве сознанија: 

  • подготвеност на топ менаџментот да овозможи самостојност на интрапретприемачките менаџерите; 
  • стимулирање на креативноста; 
  • да се овозможи развој на секој вработен;
    подготвеност на топ менаџерите да им овозможат на соработниците во практика да ги применат своите идеи (до пазарна реализација);
  • надградување на соработниците-интрапретприемачите кои успешно ја реализирале својата идеја;
  • подготваност за партнерство во бизнисот со клучните соработници. 

Успехот ќе биде доведен во прашање ако во повисоките етапи од развојот (кога фирмата “пораснала”) се очекува деловните иницијативи да доаѓат само од сопственикот. На големите фирми им се потребни луѓе кои ќе му бидат посветени на бизнисот, исто како да се во свој сопствен бизнис. Тие луѓе се внатрешни претприемачи. 

Секако дека постои реална опасност интрапретприемачот да се “судри” со бирократска структура. Вработените кои не сакаат промени ќе му се спротивстават на интрапретприемачот. Големите фирми “тешко” прифаќаат иновации. Идејата треба да биде забележана од врвното раководство, па да биде прифатена, да се дозволи интерна реализација, проверка, маркентишка и пазарна промоција. Тоа е долг пат, па обично ги обесхрабрува интрапретприемачите. 

Кај нас се поставува прашање: Дали некои големи фирми се доведени во состојба на ликвидација и поради недостиг на интрапретприемачи (секако може да се потврди дека еден од факторите за ликвидација е и тоа)?

Дали преструктуирањето е дефиниран процес? Дали под тоа не се подразбира само издвојување на здрави делови, оформување како мали посебни компании, намалување на бројот на вработените и т.н. стратешки партнер кој би го купил “нездравиот” дел? 

Кај загубарите, Владата делегира свој претставник во управниот одбор со доминантна позиција. Има ли место за интрапретприемачи во ваква ситуација? Да се елиминира традиционалната разединетост на “ние кои работиме” и “тие од управата” или “сини мантили” контра “бели јаки”. Да се надминат досегашните правилници за распределба на плати и аналичките процеси, кај што не се плаќаше стручноста. Иновативноста да не биде инцидентна дејност, туку да прерасне во континуирана и секојдневна работа.

Внатрешното претприемаштво претставува пат” од класичен менаџер кон претприемач во големи компании. Значењето на претприемачите е тоа што тие ја подмладуваат големата компанија, ја прават флексибилна и конкурентна на пазарот. За таа активност треба да се поседува голема енергија и ентузијазам, бидејќи промените кои треба да се изведат не се едноставни и лесни. Потребно е да се извршат одредени промени во работењето што не е ни малку лесна работа, бидејќи со секоја промена нечии интереси можат да бидат загрозени и поради тоа се наидува на големи отпори при секоја промена. Секако, кај овој начин на работење се можни грешки и прашање е дали врвното раководство ќе има слух за одредени можни промашувања, за да може процесот на иновација непречено да се одвива.

Доколку се постави прашање: Дали би биле пожелни активностите на инрапретприемачите во големите компании? Одговорот би бил: Секако, да! На сличното прашање: Дали би биле “добродојдени” во нашите големи компании, во сегашните услови на работење? Секако, одговорот би бил ист.

Останатите постови од овој серијал се:

About Илија Чубровиќ

Trackbacks

  1. […] Развој на интрапретприемаштвото кај нас Сигурно ќе ви се допадне. Ажурирањата на блогот, плус:Е-книга: Блогирање за бизнис10 Видео материјали за веб презентација на Вашиот бизнис10 Бизнис темплејти за Вашиот бизнис, иПо една претприемничка тема месечно во наредни 8 месеци […]

Speak Your Mind

*