post

ПРОНАОЃАЊЕ И ИНСТАЛИРАЊЕ НА ДОДАТОЦИ – ВИДЕО 5

Стигнавме до петото видео од овој серијал на премиум видео материјали за беплатна презентација на Вашиот бизнис.

Досега го направивме следново:

  • Во првото видео регистриравме домеин име и бесплатен хостинг
  • Во второто видео инсталиравме WordPress платформа преку која ќе објавувате содржина на Вашата веб страна
  • Во третото видео изберавме и инсталиравме тема на WordPress која го смени оној дифолт изглед на нашата веб страна.
  • Во четвртото видео ја ажуриравме содржината на нашиот нов веб сајт.
  • На ред е во петото видео да видиме каде да најдеме и како да инсталираме додатоци кои ќе ја подобрат функционалноста на нашата веб страна.

Кликнете на сликата и ќе ве одведе до видеото:

Чекори кои ќе треба да ги спроведете:

  1. Пребарајте го Google за додатоци или одете нна официјалната страна на WP за додатоци
  2. Симнете го додатокот кој сакате да го инсталирате
  3. Отпакувајте го
  4. Поставете го на веб сервер во делот wp_content/plugins
  5. Одете во администраторкиот дел на Вашиот блог, потоа кликнете на Plugins и пронајдете го на листата додатокот кој штотуку го поставивте на веб серверот.
  6. Активирајте го додатокот со кликнување на Activate. И тоа е се!
  7. Барајте други додатоци и играјте се со истите за да видите каква функционалност му додава на Вашиот веб сајт.
  8. Чекајте го следното видео.
post

НОВА БИЗНИС ИГРА НА FACEBOOK – INDUSTRY MASTERS

Се почесто во бизнис светот се бараат игри кои симулираат реално водење на бизнис. Целта на ваквите игри е да се стекне некакво знаење и одредено искуство пред да се почувствува вистинскио бизнис свет. На една од најпопуларните социјални мрежи на интернетот се појави нова игра наречена Industry Masters.


Industry Masters е нова игра на Facebook која опфаќа започнување и водење на сопствен бизнис, градење на бизнисот, борба со конкуренција, заработка на пари, ширење на пријатлества кои ќе бидат Ваши акционери и ќе им плаќате дивиденда.

Industry Masters е дизајниран од страна на Tycoon Systems. Ова е компанија која е насочена на развој на технологии за бизнис симулации со цел да се развиват бизнис вештини. Преку оваа игра се развиваат основите на стратешкиот менаџмент во подрачје на една виртуелна економија.
Можете да развивате стратегии, да започнете нов бизнис како претприемач и да конкурирате еден со друг со останатите играчи.
Со започнување на играта добивате почетен капитал од 150 милиони долари. Со тие пари можете да започнете со лансирање на сопствен производ, да изберете маркетинг буџет, да изберете пазар итн. Во секој случај нешто интересно.
Можете да ја пробате играта Industry Masters.

post

WORD PRESS НАПАДНАТ ОД ХАКЕРИ!

Пред да излезе последната верзија на популарната платформа за блогирање WordPress 2.8.4 пробиена е безбедноста на претходните верзии. Доколку Вашата веб страна работи на WordPress верзија која не е последна (2.8.4) препорачливо е веднаш да ја ажурирате со најновата за да го избегнете тековниот напад кој веќе наштети на голем број на блогови во светот. Корисниците на WordPress.com хостиран блог не се опфатени со ова безбедносно предупредување. Ова значи дека доколку Вашата веб стрна е www.vasastrana.wordpress.com немате никаква опасност. Но доколку Вашата веб страна е www.vasastrana.com и користите WP плтформа веднаш преминете на автоматското ажурирање на истата.
Предупредувањето дојде од Lorelle on WordPress oткако откриле дека се пробиени безбедносните дупки во претходните верзии на WordPress при што се креира „скриен“ администраторски акаунт кој има целосни привилегии се до базата на податоци каде се складирани сите податоци за Вашата веб страна како што се корисници, привилегии, блог написи итн.
Lorelle истакнува дека постојат два знака за да препознаете дали Вашиот сајт е нападнат:

Прво постојат чудни додатоци на permalinks, како vasastrana.com/kategorii/naziv-na-napisot/%&(%7B$%7Beval(base64_decode($_SERVER%5BHTTP_REFERER%5D))%7D%7D|.+)&%/. Зборовите се “eval” и “base64_decode.
Вториот знак е доколку имате скриен администратор. Проверете ги корисниците за администратори и побарајте име кое не го препознавате.

За да се заштитите од нападот веднаш ажурирајте ја верзијата.
Но доколку открите по горенаведени знаци дека веќе сте нападнати ќе имате повеќе работа. Првин ќе треба да ја експортирате целата Ваша содржина со вградениот XML WordPress export и целосно да ја избришете инсталација та на WP. Но, немојте да ја експортирате Вашата база на податоци бидејќи напаѓачот е длабоко навлезен во истата. Потоа инсталирајте го повторно WP но, последната верзија и додадете ја темата и импортирајте го XML експортот што го направивте претходно. Експортот ќе ги содржи Вашите написи, страни и коментари.

Како да се одговори на нападот
Како мерки на одговор на целата заедница на WP Lorelle предлага:

  • Пишувајте блогови и пренесете ја пораката преку социјалните мрежи како би биле запознаени сите интересенти и би реагирале навремено. На пример, јас кога наидов на написoт веднаш го споделив со Retwееt на Twitter. Во моментот кога кликнав на Retwееt написот веќе беше препратен преку Twitter 300 пати по еден час веќе беше препратен 2000 пати. Во моментов сите пишуваат за ова зло.
  • Доколку имате некоја информација која ќе му помогне на WordPress тимот да го запре нападот испратете ја на security@wordpress.org.
  • Секогаш имајте ја последната верзија на WP.
post

ИСТРАЖУВАЊЕ ПОКАЖУВА ПОГОЛЕМА УСПЕШНОСТ НА ВЕБ ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА МАЛИТЕ БИЗНИСИ СО БЛОГ

Го пишувам овој напис пред да тргнам на одмор и најверојатно кога ќе биде објавен ќе бидам на некоја плажа. Оваа автоматизација ми ја обезбедува WordPress платформата за блогирање.
Kако едно надополнување на претходниот напис за 10 блог теми за промоција на Вашиот бизнис сакам да споделам резултати од едно истражување кое го спроведе HubSpot.
Истражувањето е спроведено на 1531 бизниси (воглавно мали и средни бизниси) и од кои 795 имаат блог додека 736 немаат и не трошат време за блогирање туку имаа статична веб страна.
Како откритие од истражувањето се наведува дека:

The data was crystal clear: Companies that blog have far better marketing results. Specifically, the average company that blogs has:

Значи бизнисите кои користат блог како едно од маркетинг средства наместо статична веб страна за презентација и промоција на бизнисот имаат 55% повеќе посетители, 97% повеќе влезни линкови (други веб страни имаат линк кон нив) и 434% повеќе индексирани страни на Google (Google Index е мерка на Google за важноста на една веб страна врз основа на која се базира нивното пребарување). Резултатите за бизнис блогови се навистина импресивни.
Пред едно месец дена на една компанија во Македонија им препорачав да користат блог доколку сакаат да остварат поголеми успеси. Оваа препорака ја дадов по анализа на нивната веб страна која е статична и која слабо котира во однос на пребарување. Тие ми одговорија дека секој странец кој ќе го посети нивнисајт прават зделка за извоз. Но малку се оние кои ги посетуваат. А, секако би сакале да ги посетат многу повеќе и ќе имаат многу повеќе договори за работа.

post

АЖУРИРАЊЕ НА СОДРЖИНА НА ВАШИОТ ВЕБ САЈТ – ВИДЕО 4

Стигнавме до четвртото видео од овој серијал на премиум видео материјали за беплатна презентација на Вашиот бизнис.

Досега го направивме следново:

  • Во првото видео регистриравме домеин име и бесплатен хостинг
  • Во второто видео инсталиравме WordPress платформа преку која ќе објавувате содржина на Вашата веб страна
  • Во третото видео изберавме и инсталиравме тема на WordPress која го смени оној дифолт изглед на нашата веб страна.
  • Сега во четвртото видео ќе ја ажурираме содржината на нашиот нов веб сајт.

Кликнете на сликата и ќе ве одведе до видеото:

Чекори кои ќе треба да ги спроведете:

  1. Поврзете се во администраторскиот дел на Вашиот веб сајт
  2. Одете на Posts
  3. Кликнете на Add Post за нов напис
  4. Играјте се со можностите на Word Press
  5. Чекајте го следното видео
post

10 БЛОГ ТЕМИ ЗА ПРОМОЦИЈА НА ВАШИОТ БИЗНИС

Блогирањето претставува едно од маркетинг средства кое во серијалот од маркетинг средтсва ќе го опфатиме во понатамошниот период. Многу е поголема видливоста и експертизата на бизнисот докоBloggingTopicsлку ја користи оваа алатка. Блогот кој се користи за бизнисот мора да биде место каде потенцијалните потрошувачи ќе дојдат од време на време и ќе ја читаат содржината на истиот. Читањето на содржината треба да мотивира желба за купување од Вашиот бизнис.
Еден од проблемите со блогирање за бизнис е кои теми да ги опфаќате во истиот. Еве 10 различни теми за кои можете да блогирате со цел зголемување на продажба за Вашиот бизнис:

  1. Блог написи за производи и/или услуги. Опиши ги производите и/или услугите кои твојот бизнис ги нуди. Запомни дека производите и услугите се нешто што сакате да го продадете на Вашите потенцијални купувачи. Обезбеди дескриптивна и графичка презентација на тие производи и/или услуги. Опиши ги проблемите кои тој производ и/или услуга може да ги реши.
  2. Блог написи за индустријата. Можете да напишете блог написи кои ќе се однесуваат за индустријата во која се наоѓа Вашиот бизнис. Прикажете извештаи од списанија за Вшата индустрија. Каков ќе биде развојот на индустријата во иднина? Што може да се очекува во иднина од индустријата и од Вашиот бизнис? На ваков начин ќе ја изградите Вашата експертиза за индустријата во која се наоѓате.
  3. Блог написи за Вашата експертиза. Претставете се како еден експерт во полето на Вашиот бизнис. Конечната одлука за купување во многу случаи ќе зависи од Вашата експертиза за темите на кои се однесува Вашиот бизнис. Пишувај за твоите мислења за одреден тип на производи и/или услуги и различни брендови. Претставете се како решавач на проблеми за потенцијалните потрошувачи.
  4. Блог написи за искуството на задоволни потрошувачи. Презентирајте ги добрите препораки од задоволни потрошувачи. Кога потенцијалните потрошувачи донесуваат одлука за купување, тие сакаат да видат какво е искуството на другите луѓе кои веќе го имаат и користат Вашиот производ и/или услуга. Собирајте препораки од задоволни потрошувачи и од време на време испратете нова препорака и искуство за производите, услугите и Вашиот бизнис.
  5. Блог написи за проблеми на потрошувачи. Секој бизнис решава одреден тип на проблем кој потрошувачите го имаат. Објаснете ги тие проблеми во вашите блог написи. Повикај да остават коментари и барај други проблеми кои можете да ги опишете. Читателите сакаат да се идентификуваат со проблемите и да најдат начин како да ги решат.
  6. Видео презентации. Сега е многу едноставно да направите и објавите видео на Вашиот блог. Видео материјалите ја имаат моќта да му дадат визуелизација на производот и услугата на Вашите потенцијални потрошувачи. Направете видео за Вашите производи и/или услуги и објаснете ги сите позитивни аспекти во истото.
  7. Блог написи за резултати од прашалници. Направете прашалници за Вашиот бизнис, производи, услуги, пазар или пак индустрија. Напишете напис за резултати и дадете мислења и идни чекори кои Вашиот бизнис ќе ги опфати.
  8. Блог написи за тековни настани. Изберете некој интересен тековен настан поврзан со Вашиот бизнис, пазар или индустрија и напишете некоја информација од истиот. Размислете што би било интересно за Вашите читатели и потенцијални потрошувачи. На пример, доколку посетите некој семинар од Вашата индустрија извадете некој интересен дел и објавете го на Вашиот блог.
  9. Одговарајте на прашања од коментари. Секое прашање кое ќе можете да го најдете во коментарите на блог написите ќе претставува инспирација за блогирање. Дајте добри одговори на тие прашања во вид на посебен блог напис. Бидете дескриптивни и од помош со Вашите одговори. На таков начин читателите ќе стекнат чувство дека навистина ви се важни за Вас и за Вашиот бизнис.
  10. Општи теми. Добра стратегија понекогаш е да изберете да пишувате за општи теми од секојдневниот живот. Можете да најдете такви теми од другите блогови и да напишете Ваше сопствено мислење за таа тема.

Блогирање за бизнис е една од најдобрите маркетинг стратегии што треба да ги искористите. На ваков начин, континуирано ќе бидете во една добра интеракција со тековните и потенцијалните потрошувачи. Направете листа на теми за кои ќе пишувате и започнете со пишување и објавување. Ова ќе ја зголеми бизнис потенцијалната енергија на Вашиот бизнис и на Вашите маркетинг активности. Поволностите ќе ги почувствувате многу бргу.
За изработка на блог имаме изработено серијал од видео материјали. Доволно е само да се регистрирате за неделни билтени и ќе започнете да ги добивате видео материјалите во вид на како да направам веб презентација.

Преземено од Entrepreneurship In a Box.

post

МАРКЕТИНГ СРЕДСТВА – ПОТТИКНУВАЊЕ НА АКЦИЈА

По една мала пауза со маркетинг средствата би продолжил со 19-тото маркетинг средство од ветените над 100. Како 19-то маркетинг средство кое ќе го презентирам денес се одлучив да биде поттикнување на акција. И ова маркетинг средство не е оној традиционлен вид на маркетинг во вид на рекламни кампањи за бизнисот илипроизводот и услугата. Ова маркетинг средство е средство кое е беплатно и може да се користи за повеќе намени.

Слика: FreeDigitalPhotos.net

Како може да се користи ова маркетинг средство?

  • Директно во другите маркетинг кампањи кои ќе имаат за цел да поттикнт акција кај потенцијалните потрошувачи.
  • Од страна на продажниот тим со цел остварување на продажбата.
  • Од страна на сите членови на бизнисот при присуство на било каков настан за да се привлечат повеќе потенцијални потрошувачи.
  • Од страна на Вашите потрошувачи кои ќе го препорачуваат Вашиот бизнис на своите роднини и пријатели.

Што претставува поттикнување на акција?

Не сакам да одам со формални дефиниции туку би сакал едноставно поттикнување на акција да го претставам на следниов начин:

Поттикнување на акција претставува било каква активност од страна на Вас како претприемач, Вашите вработени, Вашите други маркетинг средства или пак Вашите потрошувачи во пишана, изговорена или било која друга форма која ќе предизвика желба за превземање на акција во однос на Вашиот бизнис од страна на потенцијалните потрошувачи.

Едноставно секоја бизнис активност која вродува желба за акција кај потенцијалниот потрошувач претставува поттикнување на акција.

Целта е да ја зголемите продажбата и бргу да се распространува добриот глас за Вашиот бизнис. Но, сево ова не е едноставно.

Како да воспоставам систем за поттикнување на акција?

Следете ги следниве чекори:

  • Изработете план за воспоставување на систем за поттикнување на акција кој ќе содржи цели, начини и методи и техники кои ќе ги користите.
  • Изберете ги вистинските зборови и маркетинг средства кои ќе поттикнат на акција.
  • Направете водич за примена на тие методи и техники.
  • Обучете ги сите Ваши вработени за примена на тие методи и техники.
  • Применувајте ги стандардите во секојдневното работење.
  • Додавајте нови начини и методи и техники за поттикнување на акција.
post

ИНТЕРНЕТ БИЗНИСИ 8: WORDPRESS VS JOOMLA

Како што најавивме во овој наслов ќе се обидам да помогнам колку што можам според моето искуство кога треба да избирате помеѓу две платформи за менаџирање на содржина на вашата веб страна. Кога започнав со претприемач започнав со Joomla. Ова што сега го читате е на Joomla платформа. Потоа сакав да започнам блог и го изведов преку WordPress платформата за менаџирање на содржина на веб страните. Значи ова што го опишам во овој наслов не е рекла казала туку само едно мое искуство кое и ден денес трае во однос на овие две платформи.

Едно од најпоставуваните прашања е што да се избере Joomla или WorPress. Ако ме прашате сега по 9 месеци искуство со двете платформи би Ви кажал без да размислувам WordPress. Бидејќи најголемата грешка што ја направив во почеток на претприемач беше Joomla. Да се разбереме, немојте да ме сватите погрешно дека Joomla e безвредна. И таа си има свои предности. Но мојот совет за Joomla ќе го претставам преку следниве разлики:

  1. Joomla е пример на доста слабо менаџиран open source проект додека  WordPress има навистина импресивно и успешно менаџиран тим. Но понекогаш дури стануваат и досадни со постојано нови верзии на WordPress. Сепак, оправдано. Се работи за безбедност и функционалност.
  2. Со Joomla, најверојатно ќе треба да потрошиш уште два до три часа за да ги реорганизираш различните модули за да ги прилагодиш со темплејтот кој сакаш да го користиш.
  3. Една друга карактеристика на WordPress која сметам дека дава голема предност е KISS принципот (Keep It Short and Simple – Нека бидне кратко и едноставно). Joomla пак од друга страна се чини дека е развиена за да реши секакви проблеми особено инженерски кои не се доволно разбирани од обичниот човек кој едноставно сака обичен систем за менаџирање на содржина на интернетот. Кога првпат ја симнав Joomla се чудев едно 3-4 дена што да правам со неа. Откако успеав да ја инсталирам налетв на еден куп нелогични работи. Затоа и еден мој пријател пред некое време ја симнал Joomla и ја чува на сопствениот хард диск не знае што понатаму иако е инженер и работи со продажба и поправк на компјутери.
  4. Eдна предност на Joomla во однос на WordPress е можноста за подршка на eCommerce и повеќе нивоа на дозволи за работа. Иако имам видено и испробано неколку додатоци (едниот за eCommerce го купив) кои го решават токму овој проблем на WordPress.
  5. На едно место прочитав за споредба на лини во програмскиот код на двете платформи. Joomla има над 350.000 линии додека WordPress има околу 160.000 што бидејќи WordPress нуди 70% од карактеристиките на Joomla  претставува многу поефективен програмски код.
  6. Интерфејсот на WordPress е многу поедноставен и е лесен за снаоѓање. Секогаш кога сакам да направам некоја промена во Joomla ми треба многу повеќе време, додека преку WordPress се е многу поедноставно.
  7. Во последниве години WordPres стана навистина стандард за веб и навистина доста посакувана платформа од страна на Google. Јас ги користам и двете платформи на кои имам Google analytics код и навистина Google ми праќа повеќе посетители на WordPress.
  8. Во секој случај WordPress е многу подобра во однос на SEO (Оптимизација на пребарување).
  9. Уште една предност која би ја напоменал е поедноставна инсталација на WordPress во однос на Јоомла.
  10. Многу поедноставно е администрирањето на артиклите и блог написите на WordPress во однос на Јооmla.
  11. И на крај сите најголеми интернет маркетари во светот ја препорачуваат и работат на WordPress платформата.
post

E-КУРС ЗА ГРАДЕЊЕ НА ЛИСТА

Пред петнаесетина дена на сите регистрирани членови за неделни билтени на претприемач пратив е-маил кој гласеше Вака:

Накратко само известување за нешто што би можеле да го
искористите.

Интернет милионерите Shawn Casey и
Tellman Knudson го даваат нивниот List Pros курс
бесплатно (претходно го продавале за $1,997!).

Доколку сакате да го копирате
нивниот успешен систем со кој заработуваат
15.000.000 долари годишно преку градење на листа и
продажба преку истата.

Јас штотуку ја нарачав и платив само трошоци за
испорака. На ваков начин претходно успеав да
го купам познатиот софтвер на Mike Filsaime –
Butterfly Marketing.

Бесплатната копија можете да ја земете преку следниов линк:

линк

Со почит,
Претприемач!

Овој е-маил беше информативен за некој ако сака да го добие курсот за градење на листа бесплатно а кој се продавал за $1,997. Оваа информација ја добив преку листата на Mike Filsaime кој ме информираше дека курсот оди бесплатно. Платив само трошоци за транспорт во износ од 400 денари и денес на 17.08.2009 добив пакет од Chicago со DVD на кое се наоѓа курсот и дополнителни писма и информации во однос на курсот.

Целта на овој блог напис е да Ви покажам дека ова функционира. Секој би помислил дека не е можно да добиеш нешто бесплатно на интернетот. Но, интернет бизнисите функционараат на таков начин. Од друга страна можете да добиете навистина знаење кое во светот постои и се користи. Јас сеуште не сум го проучил курсот но видов дека е полн со различни наслови и видео материјали кои ја обработуваат проблематиката на градење на листа.

Курсот е составен од 7 модули од започнување до материјализација на бизнисот кој го започнувате. Во нареден период ќе имате можност некои од тајните на овој курс да ги прочитате на претприемач.

На сликата можете да го видите материјалот кој ми стигна денес и кој ја збогати мојата лична колекција на книги и курсеви:

post

РЕГИСТРАЦИЈА НА ДОМЕИН И ХОСТИНГ – ВИДЕО 1

Ова е првото видео од ветените 10 за бесплатна изработка на веб страна заради презентација на Вашиот бизнис или било која друга потреба. Во оваа прво видео опфатени се регистрација на домеин име и регистрација на бесплатен хостинг.

Кликнете на сликата и ќе ве одведе до видеото.

Чекори кои треба да ги преземете:

  • Регистрирајте домеин име како што е прикажано во видеото;
  • Регистрирајте хостинг;
  • Внесете ги податоците за хостинг на страната за подесување на домеин името;
  • Чекајте го следното видео наредната недела.