Пред извесен период започнавме со презентирање на корисни апликации за iPad кои можат да се користат од страна на претприемачите. Досега ги поминавме следниве категории: Апликации за продуктивност Канцелариски (Office) апликации Апликации за блогирање Следуваат уште постови за категории како социјални медиуми, книги, манипулација со податоци и за читање. Со овој пост би започнал и со ветените видео материјали за секоја од « Продолжи »
iPad и неколку корисни апликации за блогирање
Да продолжиме со серијалот на постови за iPad и корисни апликации за еден претприемач. Во изминатите две недели опфативме апликации за продуктивност и канцелариски (office) апликации. Со овој пост ќе продолжиме уште со неколку корисни апликации кои се поврзани со блогирање. Повеќепати на претприемач ја истакнуваме корисноста од блогирање како еден дел од ваша маркетинг стратегија, па затоа и оваа група на апликации е издвоена во посебен « Продолжи »
iPad и неколку корисни канцелариски (Office) апликации
Ќе продолжиме со серијалт најавени постови за iPad и апликации кои можете да ги користите како еден претприемач во целите на твојот бизнис. Претходно стана збор за апликации за продуктивност и во овој пост ќе опфатам неколку апликации за канцелариска работа (Office апликации). Повторно би најавил дека за сите овие апликации во фаза е изработка на видео презентација со што полесно би ги увиделе можностите на истите. Па, да започнеме со « Продолжи »
iPad и неколку корисни апликации за продуктивност
Пред скоро месец дена дојдов до еден iPad за кој се мислев подолго време дали вреди инвестицијата и одлучив дека ќе вреди. Помина извесен период и сакам преку овој пост да споделам неколку информации за апликации кои сметам дека ќе бидат корисни за претприемачите. Ова е прв пост од серијалот на постови за iPad во кој ќе опфатам неколку апликации за продуктивност. Следуваат постови за канцелариски (Office) апликации, блогирање, социјални « Продолжи »
Google Places и бизнисите во Македонија
Во вторник го објавив постот за 95-тото маркетинг средство на претприемач - Google Places и додека го пишував забележав некои интересни елементи кога станува збор за бизнисите во Македонија. Апликацијата Places за iPhone е одлична, но без присуство на бизнисите на листингот на местата на Google Places мала корист ќе има било кој од овој сервис. Кога ќе се отвори апликацијата дава почетна страница за да го пребаруваш она што можеби најчесто би ти « Продолжи »
Како да подесите Google Mail во Вашиот мал бизнис
Во изминатиов период слушав многу различни изјави од различни претприемачи и менаџери како имаат мал простор и мораат секој email да го прочитаат и по постапување да го избришат. Слушав и осетив на сопствена кожа дека некои email пораки воопшто не стигаат до крајниот примател бидејќи хостинг компанија најверојатно автоматски ги брише (Ова ми се случи со мојот хостинг провајдер Bravenet). Едно решение е со бесплатните понудувачи на услуги « Продолжи »
Нова политика на Apple – Нов извор на приходи?
Факт е дека Apple во минатите 10-тина години ја револуционеризираше индустријата во која е, но со тоа ги револуционеризираше и останатите индустрии. Факт е дека производите и услугите што во моментов Apple ги нуди даваат потенцијал компанијата да стане една од најмоќните компании во светот. Но, факт е и дека одлуките кои понекогаш ги носи не се многу потрошувачки ориентирани. Но, исто така и факт е дека секој бизнис има право да ја искористи « Продолжи »
ВИДЕО: Алатка за менаџирање на потрошувачи
Пред некој ден инсталирав еден додаток на интернет прелистувачот кој го користам (Google Chrome) кој навистина ме изненади. Алатката е наречена Rapportive и можете да ја погледнете накратко функционалностa на истата во видеото подолу. Со неа можете брзо и лесно секој Gmail контакт да го вклучите во градење на долгорочни односи преку разни социјални медиуми. « Продолжи »
15 Алатки за виртуелизација на Вашиот бизнис
Виртуелизација значи Вашата компанија да стане виртуелна или делумно виртуелна. Тоа значи одредени операции да се изведуваат и без лично присуство на Вас самите или некој од Вашите вработени. На пример, да присуствувате на виртуелен состанок наместо на реален физички состанок. Пред повеќе од 10 години во една книга за менаџмент од САД читав едно поглавје кое зборуваше токму за виртуелна компанија. Тогаш си мислев колку сме далеку од « Продолжи »
Алатки за содржина
Доколку сте сопственик на мал бизнис веројатно размислувате или веќе користите содржина како маркетинг средство за да привлечете нови потрошувачи или да ја зголемите комуникацијата со тековните потрошувачи. Содржината како маркетинг средство е нешто што може да се класифицира како едно од најважните маркетинг алатки на денешницата. Многу мали бизниси користат маркетинг стратегии во кои се опфатени и содржини за да ја зголемат « Продолжи »
Добивате бесплатен пристап премиум претприемач 2.0 и е-книги маркетинг план и блогирање за бизнис и уште многу други изненадувања...






