Бидете секогаш најиновативни! Алатки, екниги и видео презентации само за најхрабрите!

post

E-Learning платформа за претприемништво и иновации

Задоволство ми е да ви ја претставам E-learning платформата за претприемништво и иновации која е изработена во соработка со Business Start-up Centre и Национален центар за развој на иновациите и претприемачкото учење.

Платформата е целосно бесплатна и веќе има поставено содржина од повеќе теми:

  • теми за претприемач и претприемништвото,
  • теми за бизнис идеја,
  • теми за изработка на бизнис план,
  • теми за маркетинг, теми за менаџмент,
  • теми за технологија,
  • теми за финансии и
  • теми за продуктивност.

За сите теми се изработени и тестови за проверка на знаење кои едноставно може да ви покажат до кое ниво се наоѓа вашето знаење во однос на соодветната тема. Од друга страна по завршување на тестот можете да ги видите и резултатите, односно грешно и точно одговорени прашања.

Маркетинг тест e-learning

Тестовите можете да ги разгледате на страната со тестови.

Платформата ќе биде динамична, ќе се додаваат уште содржини и планирано е да се додаде форум за е-претприемачко учење.

Тимовите кои работеа на овој проект и кои ќе продолжат со работа на истиот Business Start-up Centre, Национален центар за развој на иновациите и претприемачкото учење како и претприемач се надеваат дека оваа платформа ќе даде свој придонес во развој ан претприемништвото во Македонија и дека оваа е само почеток на овој процес.

post

[Видео] Иновација во стилот на “Вруќ ветар”


Не, не, не… Воопшто не ни е потребен таков луксуз.

Мало видое во кое едноставно сакам да го нагласам погрешниот процес во самата иновација. Се однесува на иновација во алкохолни пијалоци кои не опиваат во една од најпопуларните серии во поранешна Југославија.

Но, иновацијата пазарот не ја сака. Сепак, оној кој консумира алкохол сака да се опие. Доколку не сака ќе си пие сок.

post

Премногу нереални цели е полошо од немање на цели воопшто

Понекогаш навистина претеруваме. Дали, поради недоволно самопознавање или пак поради нешто друго сепак знаеме да претераме.

Знаеме да си поставиме цели кои не се реални, кои се премногу на број и кои никако не можеме да ги реализираме.

Во една таква состојба едноставно може да се случи да почнеме премногу работи, а ниедна од нив да не биде завршена до крај.

Премногу нереални цели е полошо отколку да немаме воопшто цели. дефокусираност, стресни ситуации, конфузија… Сето тоа се резултати на премногу нереални цели кои сте ги поставиле пред вас како еден претприемач.

  • Целите претставуваат основа за остварување на вашата претприемачка визија. Ни помалку ни повеќе. Едноставно, тие треба да обезбедат чекор по чекор да се приближувате кон вашата долгорочна визија. Тие не претставуваат волшебно стапче кое утре ќе доведе до остварување на визијата.
  • Целите бараат планови. Целите само како цели без конкретни планови претставуваат само пишани или непишани зборови. Ви требаат ли цели кои ќе стојат на хартија, или едноставно во вашиот мозок и кои ќе ги гледате секојдневно без да знаете што треба да правите? Секако дека не. Премногу цели ќе бараат и премногу планови и покомплексни планови кои ниту може да се започнат со имплементацијата, ниту може да се реализираат онака како што треба.
  • Плановите содржат задачи/активности. Секој план мора да содржи активности, доколку сакате да го имплементирате. Но, премногуте цели, премногуте планови и комплексноста на плановите ќе бараат и премногу активности. Прашањето е дали ќе можете да ги спроведете во периодот за кој се однесуваат тие цели и планови.
  • Задачите/активностите бараат труд од страна на претприемачот. Секоја задача, односно активност е нешто што бара вложен труд. Не можете да очекувате дека доколку се ставени задачите на хартија тоа гарантира дека ќе бидат и реализирани. Потребно е да ги завратите ракавите и да започнете со работа. освен вложен труд ќе треба да вложите и време за секоја од задачите. Повтроно, можете ли?
post

Приоритизација на вашите задачи

Приоритизација е важен процес за секој претприемач. Мора да се знае што е поприотитетно во однос на останатото и тоа да биде првата задача која мора да се заврши во соодветниот работен ден.

За соодветна приоритизација потребно е да се инсталира и соодветен процес од страна на претприемачот. Процесот има за цел да обезбеди дека претприемачот ќе го применува и секако ќе работи согласно аутпутот од истиот.

Да разгледаме еден таков процес.

Продолжи…

post

Прво зошто, потоа како

Како еден претприемач вие сте градите. постојано градите нешто. Градите бизнис. Градите процеси, нови производи, услуги…

И тоа е во ред, тоа е вашата задача. Но, дали начинот на кој започнувате со градењето е оној вистинскиот?

Често пати кога градиме нешто (бизнис, процеси, нов производ или услуга) започнуваме со барање на одговор на прашањето како да го направиме тоа и тоа.

Во ваква ситуација многу ни е поважно што треба да направиме и кои се чекорите кои треба да ги спроведеме, заборавајќи на суштината – зошто треба да направиме нешто и која е целта или што треба да се постигне со тие наши активности.

Затоа наместо како да направиме нешто треба да започнеме со зошто треба да направиме нешто.

Продолжи…

post

Водич за организирање на ефикасни и ефективни состаноци

Ефикасни и ефективни состаноци се оние состаноци кои се насочуваат на вистинските работи, водат на вистински начин и секако произлегуваат вистински применливи следни чекори за тимот.

Состаноците, денес може да се претстават како “нужно зло” за еден мал бизнис. Иако технологијата која постои денес може да го намали нивното влијание, сепак понекогаш состанокот е единственото средство преку кое може да се реши некој проблем во вашиот мал бизнис.

Досега на претприемач ги објавив следниве наслови кога станува збор за состаноците:

Овој наслов претставува еден водич кој може да ви помогне во организирање на ефективни и ефикасни состаноци.

Продолжи…

post

Релевантен бизнис план, наместо перфектен бизнис план

Еден бизнис план сеуште од страна на постоечките бизниси претставува основна алатка за управување на секојдневните активности на компанијата и врската помеѓу сегашната состојба и визијата на претприемачот.

Но, успехот не е едноставен како што изгледа. Зошто?

Едноставно затоа што еден бизнис план се изработува да биде перфектен, шгто пак од друга страна го одолговлекува времето на имплементацијата на истиот.

Перфекционизмот и одолговлекувањето претставуваат едни од најголемите непријатели на еден претприемач.

Затоа потребно е да се направи, доколку веќе се прави, релевантен бизнис план.

Што претставува релевантен бизнис план?

Релевантен бизнис план е:

  • План кој е создаден во согласност со вашите можности како еден претприемач и како бизнис во целина.
  • План кој е создаден согласно пазарните критериуми и целните купувачи на истиот.
  • План кој обезбедува реализација на вашата претприемачка визија.
  • План кој обезбедува реализација на вашите главни бизнис цели.
  • План кој содржи конкретни чекори за вас како претприемач и за вашиот тим.
  • План чија имплементација лесно може да се следи.
  • План кој обезбедува дека секој член на бизнисот знае што треба да направи, кога треба да направи, зошто треба да направи и кои треба да бидат резултатите од тие акции.
  • План кој лесно може да се прилагодува согласно потребите.
  • План кој обезбедува преземање на акција колку што може побрзо.

Значи не ви е потребен перфектен бизнис план со кој никогаш нема да можете да бидете задоволни, ви треба нешто што ќе обезбеди брзо започнување со имплементацијата, а потоа да се прилагодува согласно фидбекот од таа имплементација.

Вам како еден претприемач, не ви треба одолговлекување и губење на време во реализација на вашите стратешки цели. Ви треба нешто што ќе ве поттикне да го преземете првиот чекор кој води кон реализација на тие цели, чекорот кој иако можеби ќе биде мал, сепак е голем напредок за вашиот бизнис, едноставно затоа што преземате нешто, излегувате од удобноста на status quo ситуација.

post

[Видео] Запомнување со помош на Skitch

Skitch претставува апликација за скицирање како и создавање на сликички на кои можете да скицирате, означувате, забележувате идеи… Од пред извесен период оваа апликација е дел од семејството на Evernote.

Скоро една година како ја користам и веќе стана неизоставен дел од мојата секојдневна работа. Пред некој ден имав потреба да нарачам две парчиња иверици кои треба да бидат поголеми од онаа што го имав растурено. Едноставно за да ги знам димензиите при нарачка направив слика на која ги означив потребните димензии.

Ознаки за Skitch

Продолжи…

post

20 Работи што можете да ги направите за вашите купувачи

Купувачите се срцето на секој бизнис. Ние може да зборуваме за бизнис план, процеси, системи, процедури, менаџмент… Но, без купувачи сето тоа е непотребно. Затоа што на крајот работата на сите елементи на бизнисот има за цел да придобие, одржи и развива купувачи.

Да се стекнат нови купувачи ниту е лесно, ниту е евтино. Но, да се одржат постоечки купувачи е многу поедноставно, но често пати се заборава. Фокусот на малите бизниси се става на нови купувачи со цел проширување на бизнисот.

Еве некои идеи за тоа што се мжете да направите за вашите купувачи, во процесот на нивно задржување во добри релации со вашиот бизнис.

Продолжи…

post

Insightly – CRM решение за вашиот бизнис

CRM (Customers Relationship Management) алатки претставуваат повеќе од потреба за сите бизниси, без разлика на големината или пак индустријата и пазарот во кој функционираат.

Досега пишував повеќе пати за можни решенија кои ви стојат на располагање. Можете да прочитате некои од нив во следниве наслови:

Пред некое време забележав уште една апликација како CRM алатка која сметам дека треба да се спомене и може да ви биде од користи – Insightly.

Meѓу поважните карактеристики кои ги поседува се вистински CRM систем, можност за менаџирање на проекти, интеграција со Gmail, интеграција со социјални медиуми, креирање на сопствени полиња по потреба, менаџирање на календар и настани, менаџирање на сет на активности…

Се на се една моќна алатка која со помош на Cloud технологијата обезбедува секогаш да го имате знаењето за вашите тековни и потенцијални купувачи со вас.

Цената е од бесплатна до 99$ за месец и зависи од бројот на корисници, просторот кој ќе го заземаат податците и бројот на контакти во базата на податоци.