Во оваа епизода дискутирам за една алатка, односно техника која ја имам развиено за да ги рангирам повеќето бизнис идеи кои ги имаат претприемачите со кои што работам кога сакаме да бидеме сигурни дека вредноста на избраната идеја, односно бизнис потенцијалната енергија на истата е најголема.
Епизода #32: Ниво на подготвеност за плаќање на купувачите
Ефективно менаџирање на времето
Што се треба да завршите за утре? Дали утре едноставно е вашиот најзафатен ден во целата недела?
Зошто утрешниот ден скоро секогаш ни е најзафатен за целата недела? Навистина тешко прашање, но дали ви се случило да кажувате на луѓето нешто како:
- Немој утре имам многу обврски.
- Утре имам многу важна работа, нема да можеме да се видиме ајде нека биде задутре.
- За утре ми е се испланирано да оставиме за некој следен ден.
Три големи ситници во семејните компании
На 24.06.2015 година (среда) на Скопски саем ќе се одржи прва конференција насловена како “Предизвици на транзицијата на семејните бизниси” на која во поголеми детали ќе се зборува за замките на на семејните/приватните компании. Тука ќе стане збор за три такви замки и тоа:
- Прва работа на наследникот не смее да биде генерален менаџер;
- Членовите на семејството не треба да имаат повисоки плати од нивните колеги на иста позиција на која ги извршуваат истите задачи;
- Членовите на семејството треба да го почитуваат работното време…
За жал, практиката не уверува дека се случува токму спротивното.
Вашиот бизнис мора да биде подобар
Тој систем ви овозможува да се насочите на подобрување на бизнисот додека истиот ви овозможува финансиска слобода да си го живеете животот од соништата.
Како малопродажен бизнис може да дојде до купувачи?
Зошто велам созадаваат проблеми?
Затоа што тие се оние кои го палат огинот, а вие како сопственик на малиот бизнис, вашите менаџери на продавница и сите од продажниот тим сте оние кои постојано морате да ги следите и да го гасите огинот кој што тие ќе го запалат. Но, проблемот не е во однос на еден огин. Кога станува збор за малопродажба зборуваме за стотици па и илјадници мали, но значајни искрички кои едноставно палат на повеќе страни одеднаш и постојано низ компанијата. Како и да е, мора да сфатите дека сепак купувачите се оние кои први можат да ви помогнат во водењето на вашата компанија кон сигурна успешност.
За да имате супер идеи, треба да имате многу идеи
Кога зборуваме за идеи и бизниси, мора уште на почетокот од овој наслов да напоменам дека не станува збор само за идеи за бизнис, односно за започнување на бизнис. Идеи се и сите оние идеи за нови производи, нови процеси, подобрувања на производи или процеси или пак и подобрувања најситни движења во вашата работна средина.
Причина за постоење на вашиот бизнис
Иако целта на започнување на бизнисот е една, целта, односно причината за постоење на бизнисот (што се нарекува и мисија) не е иста со целта на започнување. На пример, целта на започнување може да бидете вие како еден претприемач, вашата благосостојба и вашиот подобар живот како и на вашето потесно семејство.
6 Победнички практики за малопродажба
Забележувате дека секаде како опции за конкурентност стои „или слични”, понекогаш токму таа разлика која ја прави сличноста доведува до голема конкурентска предност на еден малопродажен објект во однос на друг. Сепак сето тоа се нијанси обезбедени од различни варијации на функционалности како на понудените производи, така и на севкупниот бизнис модел на еден малопродажен бизнис.
Како до стабилизација на процеси
Всушност и целта на секој систем и неговите составни елементи во вид на процеси е да обезбеди стабилизација на функционирањето на компанијата иако истата функционира во крајно непредвидливи и нестабилни услови.
Комбинација на видот на малопродажба како потенцијал за успех
На пример, ако се обидеме да кажеме дека продавниците на мало може да се поделат во однос на индустрии како што се фармацевтска индустрија, прехрамбена индустрија, детски играчки и други индустрии веќе не можеме затоа што ако ги земеме аптеките кои се продавници на мало за фармацевтска индустрија во нив ќе забележите дека се продаваат и производи од козметичката индустрија, па дури и во некои можете да најдете и играчки за деца. Во поголемите маркети може слободно да се каже дека има од „игла до локомотива” при што многу индустриски гранки си го наоѓаат своето место за да стигнат до крајните купувачи токму преку овие маркети како посебен вид на продавница на мало.