audio

Епизода #09- Убедување на потенцијалните купувачи дека токму вашето решение е вистинско решение

Оваа е девета епизода на подкастот “претприемачки пат” при што секоја недела имаме нова епизода со цел да помогнеме во градењето на вашиот пат.

Претприемачки пат

Претходната епизода од подкасот претприемачки пат се однесуваше на билдање на свесност кај купувачите дека имаат проблем кој вие, односно вашиот бизнис го решава како би успеале поиновативните производи или услуги да ги направите поприфатливи за купувачите. Во таа епизода зборував за седум тактики кои можете да ги имплементирате за да изградите свесност за постоење на проблемот. Значи сега веројатно постои свесност за проблем, но купувачот не е свесен за вас, односно вашиот бизнис како некој кој го решава токму тој проблем и не само тоа туку и не е свесен дека токму вашето решение е идеално за нив.

Затоа во оваа епизода ќе продолжиме со тоа што ќе зборувам за ”Убедување на потенцијалните купувачи дека токму вашето решение е вистинско.”

Кликни за слушање

Значи, потребата од убедување на потенцијални купувачи дека вашето решение е вистинскиот избор за нив постои. Што вие како претприемач, односно што вашиот бизнис може се да направи за да успее со убедувањето?

Многу работи!

Но, тука објаснувам пет основни тактики кои можете да ги користите:

  1. Бидете секогаш во близина на вашите потенцијални купувачи
  2. Понуда која не може да се одбие
  3. Бенефити наместо карактеристики
  4. Демонстрација во живо или барем приближно во живо
  5. Блог

Најава за онаа што следува

Следниот подкаст ќе биде на тема “Email маркетинг и основните прашања на кои треба да одговорите пред да започнете”. Доколку имате прашања за оваа тема, можете да оставите гласовна порака на подкаст прашања или да напишете прашање преку контакт формата.

Ресурси од епизодата

Во оваа епизода споменувам неколку ресурси меѓу кои и:

Транскрипт од оваа епизода

Можете да го симнете комплетниот транскрипт на оваа епизода тука доколку повеќе ви одговара читање отколку слушање.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*