post

Софтвер за мал бизнис кој ја носи претприемничката слобода

Софтвери за мал бизнис Ја користиме технологијата за да ја зголеми ме нашата слобода. Користиме различни софтвери и решенија за мали бизниси за да ја зголемиме нашата слобода, и во исто време за зголемување на нашата продуктивност. Денес, можеме да направиме повеќе со помалку време и напор.

Кога првпат прочитатав за виртуелна компанија тоа беше во последните денови од минатиот век. На факултет имав проект за виртуелна компанија, и мојата задача беше да соберам различни извори на научни материјали за таа тема.

Во тоа време, не можев да верувам дека ова ќе биде можно наскоро. Мислев дека една таква компанија е научна фантастика.

Меѓутоа, денес гледам дека можеме да работиме на еден документ истовремено, без потреба да сме во иста канцеларија. Можеме да комуницираме побрзо отколку било кога досега. Може да соработуваме на проекти без физичка локација. Можеме да имаме состаноци без сали за состаноци. Можеме да споделуваме идеи и да добиваме предлози во секунди. Можеме да управуваме со нашето производство и машини без потреба да бидеме таму.

Се што мислев дека е научна фантастика стана секојдневна реалност. Но, уште поважно е дека овој начин на работа е достапен за сите нас без граници. Тие можат да бидат бесплатни или пак со ниски трошоци за малите бизниси.

Има многу софтвери за мали бизниси кои работи во cloud и ни овозможуваат слобода, бидејќи нашиот бизнис станува вистинска виртуелна компанија.

Тука, сакам да напоменам неколку софтвери за мали бизниси кои можат да ја зголемат твојата претприемачка продуктивност и да ти донесат поголема слобода за тебе како претприемач.

1. Google Docs

Продуктивноста е примарен клуч на успешен бизнис, и Google Docs е нешто што може да зголеми продуктивноста за тебе и за твојот бизнис. Овој пакет за мали бизниси всушност претставува канцелариски пакет што овозможува онлајн соработка помеѓу тебе и твоите соработници да се одвива многу полесно.

2. Survey Monkey

Survey Monkey е веб апликација која ќе ти овозможи да дизајнираш онлајн анкети, да ги распространиш истите и да ги анализираш добиените податоците. Бесплатнaта опција има ограничување до 100 одговори и 10 прашања во една анкета.

3. Aweber

Aweber e едно кул решение за малите бизниси кое може да се грижи за сите твои потреби со email маркетинг кампањи. Постојат многу функции кои ќе ги обезбедат твоите email маркетинг кампањи да одат еден чекор понатаму. И тоа не е се, бидејќи системот со извештаи може да обезбеди квалитетни циклуси на континуирано подобрување на самите кампањи.

4. Sales Force

Sales Force е еден од најдобрите cloud базирани CRM сервиси. Ако твојот бизнис се базира на редовни и конктинуирани контакти со потрошувачите, ова може да биде совршено решение за тебе.

5. Dropbox

Dropbox е сервис кој ти овозможува безбедно чување и лесно споделување на документи помеѓу различни уреди. Со оваа услуга, сите твои податоци можат да бидат достапни од секаде и од било кој уред каде што имаш интернет конекција.

6. Skype

Skype е алатка која едноставно го смени светот, но даде огромна вредност на многу мали бизнис. Со гласовни и видео повици и разговори, чет, трансфер на податоци и конференциски повици, Skype стана алатка која мора да се користи од страна на претприемачите.

7. Evernote

Evernote е алатка која може да ти помогне во зголемувањето на твојата продуктивност во однос на твоите идеи или настани кои се важни за тебе, а сакаш да ги запаметиш и користиш во иднина.

post

Бизнис план и маневри на еден претприемач

Бизнис план

Бизнис план

Значењето на еден бизнис план за еден претприемач без разлика дали неговата компанија е стартап бизнис кој штотуку започнува или пак е веќе компанија застаната на нозе, никогаш не го доведувам во прашање.

Бизнис план е потребен, па дури и повеќе од потребен. Но, она што ме загрижува е што честопати ги усложнуваме работите или пак одиме еден чекор понапред и претеруваме со цврсто врзување за еден таков план.

На пример, стартап бизнис има потреба од бизнис план бидејќи по дефиниција и по сите логики еден стартап функционира во една огромна неизвесност. Ќе потенцирам повторно неизвеснот.

Дали за веќе формиран бизнис кој излегол од стартап нивото не постои неизвесност? Иако, таа неизвесност е намалена, сепак постои.

Значи клучен збор карактеристичен за бизниси, и ова особено се однесува за мали бизниси е НЕИЗВЕСНОСТ.

Од друга страна, еден бизнис план го правиме денес, а се однесува за утре. И нормално, целта е колку што можеме повеќе да влијаеме на таа неизвесност за да ја предвидиме. Но, мора да бидеме реални затоа што кога работиме во една огромна неизвесност тешко може да ја предвидиме во целост. Всушност, тоа е невозможно.

Па зошто тогаш мора да се врземе за бизнис планот кога не гарантира дека условите кои сме ги предвиделе ќе бидат исти кога ќе ги применуваме чекорите дефинирани во тој план?

Не мора. Кој вели дека мора? Твојот бизнис план е твој патоказ за патот кој води до целта заради реализација на твојата визија. Но, не значи дека тоа е единстевниот пат и дека на патоказот не треба да се додаде некоја дополнителна насока.

Можеби и најважните делови во твојот бизнис план се деловите каде ги дефинираш мисијата и визијата за твојот бизнис како и целите кои сакаш да ги постигнеш во тој период. Тој е единствениот точен во целост дел од твојот бизнис план. Тој е делот на кој најчесто ќе треба да се навраќаш за да видиш дали си на вистинскиот пат.

Но, доколку не започнеш со имплементацијата на планот, никогаш не можеш да знаеш дека си на правиот пат и дека одиш кон исполнување на твоите цели. Ова е исто како кога планираш едно патување.

Знаеш каде треба да стигнеш. Си го испланирал патот. Но, кога поаѓаш на пат се може да се случи. Може да има застој, може да има работа на пат, може да има сообраќајка, може да има одрон, може да има блокада… Тоа се неизвесности на кои немаш влијание и кои бараат одреден маневар од твоја страна кој значи скршнување од твојот зацртан пат од планот. Што правиш во тој момент? Твојот мозок веднаш размислува за друг алтернативен пат кој ќе те одведе до целта. И доколку си упорен наоѓаш начин да се извлечеш од моменталната status quo ситуација.

Истото е и со еден бизнис план. Си испланирал се супер. Си ставил одлични колор графици, табели… Но, сепак реалноста станува поинаква од она што си го испланирал. Хипотезите и претпоставките може да бидат погрешни (а еден план во голем дел се базира на тие хипотези и претпоставки). Но, како еден успешен претприемач не велиш што да правам виша сила, туку правиш маневар, бараш друг пат, други хипотези и други претпоставки за да дојдеш до воспоставените цели.

Овие маневри може да се потребни по еден месец, можеби три или пак по една година. Сепак се реалност и мора да се направат. Инаку светот на бизнисот би бил премногу лесен доколку се она што го ставиме на хартија во вид на план е така како што сме го замислиле.

post

Ден 4: Приоритизација – 77 подобрувања за 77 дена

Бизнис идеи Се наоѓаме во четвртиот ден од предизвикот за подобрување на твојот бизнис во 77 дена. Претходен ден се однесуваше на подобрување на твојата заедница со која треба да ги комуницираш твоите нови идеи како резултат на процесот на креативноста во твојот бизнис.

Дали си се нашол себеси да работиш на некои идеи, за кои по извесен временски период откриваш дека не се толку важни како што си мислел кога си започнал? Имплементацијата не ги даде очекуваните резултати. Го инвестираш твоето време и пари во нешто што не е толку важно за твојот бизнис, но исто така и за твоите потрошувачи.

Ако сакаш постојано да се подобрува твојот бизнис, треба да имаш систем со кој лесно ќе можеш да го приоритизираш она што треба како прво да го направиш. Сигурно не сакаш некои многу важни идеи кои можат да донесат драматични подобрувања во твојот бизнис да бидат одложени. Не сакаш да работиш на нешто што нема да ја зголеми вредноста во очите на твоите потрошувачи.

Вистинското прашање што треба да се одговори денес е како може да се одлучи која идеја е навистина најважна во одреден временски период за да се спроведе?

Постојат премногу начини кои можеш да ги користиш за рангирање и вистинска приоритизација на твоите идеи. Тука сакам да прикажам еден можен систем кој можеш да го користиш за подобрување на твојот бизнис преку приоритизација на твоите идеи кои се резултат на креативност процес во твојот бизнис. Овој систем се базира на прашања на кои треба да дадеш одговор и кои ќе ти покажат што е поважно и има најголем приоритет за имплементација.

  • Кои се твоите главни бизнис цели?
  • Кои се твоите главни лични цели?
  • Колку ресурси се потребни за определена идеја? Треба да се проценат потребните ресурси за секоја идеја. Тие ресурси може да бидат човечките ресурси, време, пари, физичка енергија…
  • Каков ќе биде придонесот на секоја идеја во постигнување на твоите бизнис и лични цели?
  • Дали имате доволно ресурси за спроведување на секоја идеја? Не можеш да се спроведеш нешто ако немаш доволно ресурси. Веројатно, подобро е да се одложат таквите идеи.
  • Каков ќе биде повратокот на инвестициите од секоја идеја?
  • Колку време ќе биде потребно за да стигне до враќање на инвестициите?
  • Дали е и колку секоја идеја е одржлива?
  • Кои ќе бидат севкупните подобрувања во твојот бизнис од спроведувањето на секоја идеја?
  • Кои се видовите на проблеми кои ги решава определената идеја за твоите купувачи?
  • Колку се чести тие проблеми? Се случува ли многу често или во ретки прилики?
  • Колку им е потребно решението твоите купувачи за тие проблем?
  • Од гледна точка на потрошувачите што е она што тие мислат дека е најважно за нив?

Секој одговор на прашања мора да биде пренесен во нумеричка оценка за рангирање што ќе биде доволено за да се најде приоритетот на повеќето идеи кои ќе треба да се спроведат во прв план.

Ќе продолжиме утре со петтиот ден, каде што ќе работиме на твојот план за имплементација на идеи затоа што веќе имаш приоритет на секоја идеја што доаѓа до тебе како еден претприемач.

post

Ден 3: Подобрување на заедницата – 77 подобрувања за 77 дена

Подобрување на креативност Се наоѓаме во третиот ден во нашиот предизвик за подобрување на твојот бизнис за 77 дена. Претходен ден беше за подобрување на процесот на комуникација на идеите како резултат на креативност процес во твојот бизнис.

Со претходните два дена, веќе си го подобрил процесот на креативноста кој обезбедува што е можно повеќе квалитетни идеи за твојот бизнис. Исто така, работеше и на подобрување на процесот на комуникација на секоја идеја во внатрешноста и надворешноста на твојот бизнис, кој носи потенцијал за подобрување на идејата.

Но, светот со кој ја комуницираш твојата идеја е заедницата околу твојотот бизнис. Ако заедницата е поголема и со подобар квалитет, тоа ќе додаде поголема бизнис потенцијална енергија во секоја идеја.

Целта на овој ден во овој предизвик е да се работи на подобрување на заедница со која ќе се комуницираат идеите од твојот бизнис.

Ако сакаш да бидеш сигурен дека резултатите од идеи ќе бидат прифатени и посакувани од пошироката заедница треба да ги комуницираш идеите со:

  • Вистинската заедница,
  • Доволно голема заедница и
  • Доволно квалитетна заедница.

Овој процес е како садење на семето на иднината на твојот бизнис. Ако успееш да изградиш вистински, квалитетна и доволно голема заедница околу твоите идеи, ќе имаш многу поголем потенцијал да успееш со тие идеи. Ќе имаш идни поддржувачи. Ќе имаш повеќе идни купувачи.

Но, што е она што треба да се подобри?

Прво, ти треба вистинската заедница околу твоите идеи.

Што значи ова?

Значи дека членовите на заедницата ќе треба да се лица кои имаат потреба од нешто што ти и твојот бизнис го правите. Тие мора да имаат проблеми кои твојот бизнис ги решава или може да ги реши во иднина. Ако разговараш со погрешна заедница, не можеш да очекуваш да ги добиеш вистинските повратни информации за твоите идеи.

Постави си ги овие прашања за да ја најдеш твојата вистинска заедницата за твоите идеи:

  • Дали членовите на заедницата се лица кои имаат потреба од моите производи и услуги?
  • Ако не се, каде е направена грешка или која е заедницата на која и требаат од моите производи и услуги?
  • Кои се најголемите проблеми и фрустрации на таа заедница?
  • Дали мојата идеја е нешто што може да ги реши нивните проблеми и фрустрации?
  • Како можам да ја дефинирам најдобрата заедница за мене со која можам да ги комуницирам моите идеи со нив?

Следна важна работа е големината на заедницата.

Ако заедницата е поголема, тогаш ќе имаш поголем фидбек за твоите идеи. Повеќе повратни информации значи и повеќе идеи за подобрување на основната идеја која ја комуницираш со заедницата. Повеќе подобрувања за основната идеја значи дека во иднина бизнисот ќе биде поблиску до вистинските потреби на потрошувачите.

Постави си ги овие прашања и одговори на истите ако сакаш да најдеш идеи за подобрување или зголемување на твојата заедница:

  • Колкава е големината на мојата заедница?
  • Каде се потенцијалните лица кои можат да бидат дел од мојата заедница?
  • Што треба да направам за да се зголеми мојата заедница?
  • Како можам да ја зголеми мојата заедница со вистински лица?

Третата работа што може да се подобри кога станува збор за твојата заедница е квалитетот на самата заедница.

Ти не сакаш заедница која нема да ти даде повратни информации за твоите идеи. Не сакаш некреативна заедницата . Сакаш заедница каде што ќе има двеострана и повеќестрана комуникација. Сакаш заедница која ќе ги споделува своите први впечатоци за тебе и за твојот бизнис.

Користи ги оваие прашања како идеи за подобрување на квалитетот на твојата заедница:

  • Колку лица во мојата заедница се активни и да придонесуваат за основните идеи?
  • Како можам да ги охрабрам активностите во мојата заедница?
  • Каде можам да најдам вистински придонесувачи во мојата заедница?
  • Што треба да направам за да ги привлечам вистинските лица во мојата заедница?

Како што можеш да видиш овие прашања ќе те доведат до различни можни активности кои можеш да ги направиш за подобрување на твојата заедница. Направи листа и почни со подобрувања. Тие ќе ја зголемат твојата бизнис потенцијална енергија.

Ќе продолжиме утре со четвртиот ден, каде што ќе работиме на приоритизација на твоите идеи.

post

Постигни повеќе со подобар квалитет и помал напор

Повеќе со помалку напор

Повеќе со помалку напор

Ова е нешто за што размислувам во последните 10-15 години. Отсекогаш сум се обидувал да најдам начини да направам повеќе со подобар квалитет на мојата работа, но со помалку напор. Тоа изгледаше како perpetuum mobile. Сепак, од друга страна, тоа е императив да се зголеми продуктивноста.

Што мислиш за ова? Можеш ли да направиш повеќе со повеќе квалитет и помалку напор? Да, можеш.

Тука сакам да претставам една корисна листа на совети кои можат да го направат ова да биде возможно.

1. Не бегај од технологијата.

Целта на секоја нова технологија е да го направи твојот живот подобар. Нешто што ќе ти даде повеќе слобода, но исто така и поголема продуктивност. Тоа значи дека можеш да направиш повеќе работи, со помалку време и напор, но со подобар квалитет.

Ако најдеш нешто корисно пробај го. Види, дали тоа може да биде корисно за тебе или твојот бизнис. Ако одговорот е да, се започни со користење на таа технологија која ќе биде стандард за тебе и твојот бизнис.

2. Секогаш барај ги можните подобрувања

Се може да се подобри. Твојот живот може да се подобри. Твојот бизнис може да се подобри. Технологијата која се користи може да се подобри. Твоите процеси можат да се подобрат. Твоите навики можат да се подобрат. Навиките на твојот вработен можат да се подобрат. Книгата што ја читаш може да те подобри.

Размисли за тоа. Што може да биде подобро? Што може да се подобри? Како може да се подобри? Тоа се прашања кои треба да си ги поставуваш секојдневно ако сакаш да бидеш успешен претприемач.

Знаеш, подобрувањета ја зголемува продуктивноста.

3. Не се обидувај да користиш кратенки кои нема да ги дадат резултатите што сакаш да ги постигнеш

Зборував за тоа во еден од претходните пост каде што заклучокот е дека кратенките можат да биде опасни за твојот бизнис. Треба да размислиш пред да одиш со кратенки. Понекогаш тоа ќе ти дадат време, но ќе ја намали севкупната продуктивност.

4. Секогаш поедноставувај каде што може да се поедностави

Едноставност значи подобар живот за тебе како претприемач. Се може да се поедностави. Понекогаш, бидејќи сакаме да ја покажеме нашата супериорност, ние правиме нештата да бидат многу сложени, тогаш никој не може да не разбере. Обиди се да поедноставуваш.

5. Приоритизација на твоите задачи

Ти треба приоритизација ако сакаш да го постигнеш она што го сакаш со повеќе квалитет и помалку напор. Ништо не може да биде со ист приоритет. Најди ги твоите приоритети и нека бидат први на листата.

6. Не троши го своето време за непотребни активности

Знам дека мора да читаме email пораки, да разговараме со пријателите, гледање ТВ… Но, сè треба да биде во право време. Кога работиш, тогаш работи на твојата приоритетна листа.

7. Секогаш учи за нови работи

Учењето ќе ја зголеми твојота бизнис потенцијална енергија како претприемач. Ако учиш, ќе знаеш. Ако знаеш, можеш да подобриш и да поедноставиш. А кога ќе се подобри и ќе се поедностави можеш да направиш повеќе со подобар квалитет и помалку напор.

post

Ден 2: Комуникација на идеите – 77 подобрувања за 77 дена

Подобрување на креативност Се наоѓаме во вториот ден во нашиот предизвик за подобрување на твојот бизнис во 77 дена. Претходен ден се однесуваше на подобрување на креативноста во твојот бизнис, кој ќе обезбеди колку што е можно повеќе квалитетни идеи.

Ако успееш во зголемувањето на креативноста во твојот бизнис, ќе имаш многу идеи кои ќе можеш да ги спроведеш при што ќе ја зголемиш твојата бизнис потенцијална енергија.

Ти не си сам, и идејата нема да биде само за тебе, доколку ја реализираш истата. Мора да започнеш да ја комуницираш идејата за да дојдеш до можни подобрувањата како резултат на таа комуникација.

Сепак, немa секоја идеја да вреди веднаш да се имплементира. Од друга страна, не можеш ни да спроведеш се и сешто одеднаш. На еден таков начин, ти и твојот бизнис ќе го изгубите фокусот и веројатно квалитетот на спроведувањето ќе биде на многу ниско ниво.

Поради тоа, како прв чекор, или првото нешто што како претприемач можеш да го подобриш по подобрување на креативноста е да се подобри процесот на комуникацијата на идеите кои се резултат на креативниот процес.

Тоа можат да бидат идеи за развој на нови производи или услуги. Тоа можат да бидат идеи за подобрување на технолошкиот процес. Тоа може да се нови идеи за маркетингот. Тоа може да биде нови продажни процеси. Тоа може да биде сè ново што до денес во твојот бизнис го немало.

Комуницирањето на идеите за подобрување значи тие да се покажат и да дискутира за нив како внатре во твојот бизнис така и надвор од исиот.  Ти треба процес за комуницирање на идеите кои произлегуваат од креативниот процес во твојот бизнис.

Внатрешна комуникација

Твоите идеи треба да бидат комуницирани внатре во твојот бизнис, бидејќи тие се само идеи. Секоја идеја може да се подобри ако се гледа од различни гледни точки во твојата компанија.

Надворешна комуникација

Надворешна комуникација е потребна за да ги провериш идеите преку надворешниот свет, односно твојата најблиска бизнис заедница.

Некои идеи не може да се комуницираат со надворешниот свет, бидејќи се строга тајност. Но сепак, можните резултати од самите идеи секогаш можат и треба да бидат комуницирани со надворешниот свет. На пример, не можеш отворено да зборуваш за идеи за технолошки подобрувања, но ќе можеш да зборуваш за резултатите од тоа подобрување како на пример квалитет на производите, пократки циклуси на истражување и развој, пократко време за производство, пониски трошоци на производство…

Процесот на комуникација на твоите идеи има за цел да го провери она што надворешниот свет го мисли за нив, а доколку светот ги сака дали има нешто што може да се подобри во согласност со нивните потреби. Важен дел од овој процес е да се провери дали идеите ги задоволиле потрошувачките очекувања, потреби и желби.

Пред да почнеш со комуникацијата ќе треба да создадеш процес. Еве неколку прашања кои треба да ги одговориш:

  • Која е твојата цел за комуницирање на идеите? Запомни дека различни идеи ќе имаат различни цели.
  • Зошто би требало другата страна да се грижи за тие идеи?
  • Што би сакал другата страна да направи?
  • Која е заедницата со која би сакал да ги комуницираш твоите идеи?
  • Кои се корисностите кои се добиваат со идеите?
  • Кои се можните подобрувања за идејата од самиот процес на комуникација?

Сега да разгледаме некои совети кои может да ти помогнат во подобрувањето на процесот на комуникација на идеите.

  • Користи визуелни ефекти кога ќе ги комуницираш идеите.
  • Најдобрата комуникација е кога постојат две страни во процесот, но со двонасочна комуникација.
  • Користи повеќе од еден начин за комуникација на твоите идеи.
  • Најди лица внатре и надвор од твојот бизнис, који ќе слушаат и ќе ти дадат соодветен feedback.
  • Поставуваj прашања. Поставувај многу прашања.
  • Комуницираj ги резултатите во вид на можните корисности, а не само идејата, или пак најзините карактеристики.

Утре ќе продолжиме со третиот ден, каде што ќе се работи на подобрувањето на заедницата со која ќе ги комуницираш твоите идеи.

post

Ден 1: Зголемување на креативноста – 77 подобрувања за 77 дена

Подобрување на креативност Ова е првиот ден од предизвикот за подобрување на твојот бизнис во 77 дена, каде што твојата задача е да ја зголемиш креативноста и да го подобриш целокупниот креативен процес во твојот бизнис.

Зголемување на сопствената креативност, креативноста на твојата работна средина и тимот на твојот мал бизнис е важна улога во подобрување на твојот вкупен бизнис.

Како и сè околу тебе, креативноста, исто така, може да се подобри. Ако се подобри твојата креативност и креативноста на твоите вработени, тоа ќе значи дека твојата компанија ќе создава поголема вредност за твоите потрошувачи, но исто така и ќе испорачува поголема вредност за нив.

Па, што е креативноста?

Во наједноставна форма, креативен си, ако направиш нешто од ништо. Криетивни луѓе ги гледаат можностите да создадат нешто од ништо.

Уметниците се креативни, бидејќи тие ставаат бои на бела хартија. Претприемачите се креативни, бидејќи тие создаваат нешто од ништо. Тоа нешто е бизнис, кој донесува вредност за потрошувачите.

Сето ова значи дека:

  • Треба да ја одржуваш креативноста во твојата компанија на високо ниво.
  • Треба да најдеш начини да ја зголемиш таа креативност.
  • Конечниот проценител на успехот во твоите напори за во креативноста во твојот бизнис ќе бидат твоите потрошувачи, или твојот пазар.

Ајде да погледнеме некои совети кои можат да ти помогнат да се стекне и да се зголеми процесот на креативноста во твојата компанија:

  • Ако не се обидеш нема ни да знаеш. Треба да се проба нешто ново, ако сакаш да бидеш креативен. Не можеш само да го чекаш вистинскиот момент. Понекогаш вистинскиот момент никогаш нема да дојде.
  • Лоши идеи денес можат да бидат добри идеи утре. Не плаши се дека ти или твоите вработени ќе имате лоши идеи. Ова е најголемата пречка на инвентивноста во твојот бизнис.
  • Бидете подготвени, идеите може да дојдат од секаде. Да, креативни идеи можат да дојдат од секаде, но тие можат и да бидат заборавени набргу, ако не ги запишеш. Секогаш биди подготвен да сочуваш идеи за анализа во иднина. Можеш да користиш лаптоп компјутери или уредите за снимање. Денес барем ова е лесно. Исто така, охрабри ги своите вработени да го сторат истото.
  • Направи твој бизнис да биде многу креативно работното место. Не мислам за мебел или боја на ѕид. Мислам на процеси, процедури и стандарди кои се користат во твојата компанија. Тие се едни од најголемите непријатели на иновации. Но, не треба да ги отстраниш, бидејчи од друга страна пак тие се нешто што може да ја зголемат продуктивноста. Едноставно, треба да ги промениш за да донесат повеќе слобода во процесот на работата, да овозможат споделување на идеите во рамките на твојот бизнис и да овозможат сите луѓе лесно да се префрлуваат од еден вид на работните активности на друг. Тоа ќе ја зголеми иновацијата и креативноста во твојата компанија.
  • Користи mind maps. Овие мапи се едно од најкреативното оружје на креативни луѓе.
  • Обиди се да ја охрабриш промената во рутините. Секојдневната рутина е убиство за инвентивноста во твојот бизнис. Обиди се да најдеш начин да направиш што е можно побрзи промени на рутини во твојот живот и твојот бизнис.
  • Користи вмрежување за да ја зголемиш креативноста во твојот бизнис. Сретнувај различни луѓе, разменувај различни мислења и зборувај за различни искуства со нив. Користи социјални мрежи за да се поврзеш и да комуницираш со колку што е можно повеќе различни луѓе. Охрабри ги своите вработени да го прават истото. Ова ќе го зголеми нивото на иновации во твојата компанија.
  • Наградувај ја инвентивноста. Користи различни наградни системи за да ги охрабриш сите во твојот бизнис да бидат покреативни.
  • Користи brainstorming состаноци за поттикнување на иновациите. Tреба да планираш некое време секоја недела да поминеш со твојот бизнис тим каде што ќе зборувате за нови идеи и можната имплементација на истите. Сите нека бидат охрабрени да споделуваат идеи.
  • Погледнете ги проблемите и различни решенија. Проблемите кои постојат во твојата компанија можат да бидат совршен извор на инвентивност, но и на креативноста.

Следува: Ден 2: Комуницирајте ги идеите

post

Планирање на 2012 – Време е да се започне

SEO елементи Како што сме се поблиску и поблиску до 2012 година, треба да го почнеш планирањето на твоите идни бизнис чекори, или што се ќе треба твојата компанија да направи во 2012 година. Не ми се допаѓаат класичните бизнис планови со многу делови извлечени од книгите. Не ми се допаѓаат бизнис планови тешки за следење и имплементирање. Тоа е затоа што имам лошо искуство со таков бизнис план кој е многу непродуктивен.

Мојот идеален бизнис план е план кој што е целосно имплементиран, кој мерлив и лесно може да се анализира. Овој бизнис план може да ми донесе повеќе знаење и идни подобрувања за мене и за мојот бизнис.

Сепак, прашањето е што можеме да направиме во овој период на годината што може да го направи нашиот бизнис план поефикасен за следната година? Треба да ги започнеме подготовките затоа што времето не не чека нас.

Ајде да зборуваме за некои можни подготовки кои можат да се превземат од денес.

1. Проекции на продажба

До денес, веќе имаш солидна количина на податоци за продажбата кои можат да се споредат со планираните. Исто така, овие податоци можат да ти дадат некои можни трендови кои можеш да ги практикуваш во проекциите за наредната година. Треба да одовориш на следните прашања:

  • Дали планираните продажни бројки, се поголеми или помали од реализираните оваа година?
  • Зошто тие се поголеми или помали? Кои се причините за разликите?
  • Има ли нешто што може да се види како шило (големи натфрлувања)? Зошто се појавуваат такви шила? Што е она што твојата компанија ја имплементирала и резултирало со таков скок? Дали шилата се само за време на празниците или тие се исто така и во некои од останатите денови?
  • Дали има некои фактори во околината кои влијаеле на твојата продажбата за оваа година? Кои се тие? Како реагираше на нив? Дали твоите акции во справувањето со нив донеле резултати или не?
  • Дали има некои потенцијални фактори од околината кои ќе можат да влијаат на продажбата следната година? Што би можело тоа да биде? Како може да се справиш со нив? Што треба да направиш за да се справиш со нив?
  • Што мислиш за побарувачката за следната година? Може ли да се зголеми и што можеш да направиш за да ја зголемиш побарувачката на твоите производи и услуги за следната година?
  • Колкава продажба може да се очекува следната година врз основа на твоите бизнис цели и претходно одговарените прашања? Дали треба да се направи нешто повеќе за да се остварат продажните бројки во следната година?

2. Буџетот за 2012 година

Сега кога ги знаеш продажните бројки, и знаеш што може да влијае на нив и што е она што треба да го знаеш, сега може да започнеш со подготовка на твојот буџет за следната година.

3. Потреби на купувачи

Треба да ги знаеш твоите потрошувачи. Тоа значи дека треба да знаеш што сакаат, кои им се потреби, желби, сонувања, емоции … Кога зборуваме за бизнис план тебе ти треба ова знаење за да гоимплементираш во твојот план. Користи ги следниве прашања за да го прошириш знаењето за твоите купувачи:

  • Кои се прашањата што тие ги поставувале оваа година?
  • Има ли нешто дополнително што тие имаат потреба од твојата компанија? Што е тоа? Може ли да се спроведе тоа?
  • Дали има некои потрошувачи кои не купиле нешто од твојата компанија годинава? Зошто? Можеш ли да ги прашаш нив?
  • Дали има некои купувачи кои рапидно го зголемиле нивното купување од кај тебе оваа година? Зошто? Дали си направил нешто поради тоа? Можеш ли да ги прашаш за тоа?

Можеш да подготвиш едноставен прашалник за да ги прашаш за нивните потреби, проблеми, желби, најголемите фрустрации, соништа … Ова е најдобар начин да се соберат информации за потребите на потрошувачите.

4. Најголемите проблеми од 2011

Не постојат мали бизниси без проблеми. Ако не постојат проблеми веројатно не постои ни бизнисот во целина. Твојот бизнис план е нешто со што сакаш да ја подобриш твојата компанија. Зошто да не запреш еден момент и да размислиш за најголемите проблеми кои си ги имал оваа година и да најдеш начини да ги избегнеш истите следната година.

5. Најголеми пречки од 2011 година

Освен проблемите, исто така има и пречки кои го уназадуваат твојот бизнис успех. Кои се најголемите пречки? Што треба да направиш за да ги избегнеш следната година?

6. Маркетинг план

Ги имаш проценетите бројки за твојот буџет. Знаеш што ти треба за да ги исполниш очекуваните продажни бројки во следната година. Сега треба да направиш едноставен маркетинг план. Користи ги 5-те прашања и една табела за да го направиш твојот маркетинг план:

  • Кој е твојот целен пазар за следната година? Дали е истиот како и оваа година? Кои се промените на пазарот?
  • Кои се твоите маркетинг цели за следната година?
  • Кои ќе бидат твоите маркетинг стратегии за да се исполнат маркетинг целите?
  • Кои ќе бидат твоите маркетинг тактики (средства, канали)?
  • Кои ќе ти бидат активности и одговорности за спроведување на твојот маркетинг план?
post

Предизвик за 77 подобрувања за 77 дена

77 Подобрувања за 77 дена Сакаш ли да го подобриш твојот бизнис?

Сакаш ли да го подобриш твојот бизнис за максимум 77 денови?

Твоите напори за подобрување како еден претприемач се едни од најважните напори кои ги имаш ти како еден претприемач кои започнуваат уште од раните фази на твојот стартап и не завршува се додека твојот бизнис е жив.

Пред извесен период напишав за 77 подобрувања на бизнисот за 77 дена. Тој пост претставува листа на 77 подобрувања кои може да се спроведат во 77 денови, еден предмет на подобрување за секој ден.

Денес сакам да започнеме еден предизвик за следните 77 денови за да го подобриш твојот бизнис. Секој ден ќе објавиме по едно подобрување за тој ден и потребните акции кои како еден претприемач ќетреба да ги превземеш.

Откако секој ден ќе биде објавен, ќе се ажурира и линкот на овој пост.

Во наредниот дел е презентиран распоредот и календарот за овој предизвик.

Бизнис идеја

Бизнис план

  • Ден 9: Претходно искуство
  • Ден 10: Предвидување
  • Ден 11: Знаење
  • Ден 12: Бизнис модел
  • Ден 13: Цели
  • Ден 14: Графици
  • Ден 15: Намената на бизнис планот
  • Ден 16: Интересност
  • Ден 17: Реалистичност наместо оптимистичност
  • Ден 18: Јас, јас и само јас синдром
  • Ден 19: Поглед кон конкуренцијата
  • Ден 20: Перспективи
  • Ден 21: План за имплементација на планираното
  • Ден 22: Докази

Финансии

  • Ден 23: Извор на финансии
  • Ден 24: Готовински тек
  • Ден 25: Вештини за готовински тек
  • Ден 26: Трошоци
  • Ден 27: Рентабилност
  • Ден 28: Проекции на профит/загуба
  • Ден 29: Коефициент на економичност
  • Ден 30: Коефициент на повраток на инвестиција
  • Ден 31: Стапка на акумулативност

Продуктивност

  • Ден 32: Организација
  • Ден 33: Планирање
  • Ден 34: Системи
  • Ден 35: Личен живот
  • Ден 36: To-Do Листи
  • Ден 37: Препреки
  • Ден 38: Аутсурсинг
  • Ден 39: Вработени
  • Ден 40: Менаџмент системи
  • Ден 41: Информативни системи и софтвер алатки
  • Ден 42: Систем за учење

Бизнис процеси

  • Ден 43: Организирај го неорганизираното
  • Ден 44: Систематизирај ги бизнис процесите
  • Ден 45: Технологија
  • Ден 46: Влез/Излез
  • Ден 47: Бизнис модел

Маркетинг

  • Ден 48: Маркетинг план
  • Ден 49: 4P
  • Ден 50: Маркетинг средства
  • Ден 51: Маркетинг календар
  • Ден 52: Повик за акција
  • Ден 53: Сегментација
  • Ден 54: Листа на потрошувачи
  • Ден 55: Листа на потенцијални потрошувачи
  • Ден 56: Блог дизајн
  • Ден 57: Дизајн на веб страна
  • Ден 58: Маркетинг кампањи
  • Ден 59: Онлајн стратегија
  • Ден 60: Внимание, репутација и доверба
  • Ден 61: Дополнителна услуга
  • Ден 62: Запознај ги подобро потрошувачите
  • Ден 63: Ургентност
  • Ден 64: Корисности
  • Ден 65: Кредибилитет
  • Ден 66: Понуда
  • Ден 67: Социјални медиуми
  • Ден 68: SEO

Продажба

  • Ден 69: Продажна инка
  • Ден 70: Влез во продажна инка
  • Ден 71: Стапка на конверзија
  • Ден 72: Просечна продажба
  • Ден 73: Времетраење на продажна инка
  • Ден 74: Продажен тим
  • Ден 75: Знаење на продажниот тим
  • Ден 76: Насмевка
  • Ден 77: Објаснување
post

Предизвици на претпреимач

Бизнис блог за 30 дена Како што можеше д забележиш од минатите 30-тина дена секојдневно одеше по еден пост за секој ден со активности за тој ден за блогирање за бизнис. Ова е предизвикот за блогирање за бизнис.

30 дена за градење на блог за твојот бизнис. 30 дена за одлична можност за привлекување на внимание, градење на репутација, кредибилитет и доверба. Но, тука не застануваме.

Овие 30 денови ќе бидат обработени во детали и ќе служат за ажурирање на книгата насловена како блогирање за бизнис. Работата е започната.

Иако оваа недела завршивме со предизвик за блогирање за бизнис на претприемач, од понеделник започнуваме со нов предизвик, кој е уште попредизвикувачки и ќе трае 77 денови.

Тоа можноство наредните 77 дена да работиш интензивно на подобрување на твојот бизнис.

Основата на овој предизвик е 77 бизнис подобрувања за 77 дена. Ова ќе биде еден систематски пристап кој секојдневно ќе нвлегува во по еден ден од тие 77 дена и кој ќе ти помогне со мали подобрувања и размислувања за подобрувања да успееш на крајот од 77 ден да имаш бизнис кој драстично ќе се разликува од она што претставува и како изгледа денес.

Често пати ме прашуват зошто токму 77 подобрувања и 77 денови. Кога работев на насловот едноставно одлучив да ги напишам можните подобрувања за кои сметам дека се најмоќни за еден мал бизнис и на крајот да го прилагодам насловот во однос на бројот на подобрувања и во однос на бројот на денови. Така да бројката е само случајна.

Но, и ова нема да биде се. По завршување на овој предизвик за пдообрување ќе одиме со следен. Веќе имаме неколку во план, но доколку сакаш нешто посебно да се разработи во еден ваков предизвик на претприемач слободно коментирај подолу. И врз основа на тоа ќе ги направиме приоритетите во иднина.

Тоа би било се за оваа најава. Уште во текот на денов ќе одиме со првиот оној нјавен пост за 77 подобрувања за 77 дена во кој ќе биде презентиран редоследот на деновите за кои од утре ќе стане збор секојдневно во наредните 77 денови.