Но, онаму каде што ќе се појави раст некаде ќе биде брз, а некаде навистина спор. Брзината на растот е определена од вашите постапки како еден претприемач. Па затоа и со овој наслов сакам малку да дискутираме за вашите опции кога се наоѓате во ваква состојба.

5 Опции за раст на вашиот бизнис

Кои мерки треба да ги следите?
Дали сте си го поставиле прашањето од насловот на овој пост? Доколку сте претприемач со висок потенцијал за успех сигурно веќе барем еднаш сте си го поставиле оваа прашања.
Понекогаш сметам дека главната улога на претприемачот е да постави вистински мерки кои ќе ги следи и врз основа на кои ќе донесува квалитетни одлуки кои пак ќе го туркаат бизнисот нанапред.
Во денешен деловен свет лесно можеме да наброиме не десетици, не стотици, не илјадници туку милиони различни мерки кои на овој или оној начин може да имаат влијание на вашиот бизнис. Некои од нив се директни мерки кои покажуваат износ од нешто на пример мерката профит покажува дали работите во добивка или загуба. Но, од оваа една мерка може да произлезат илјадници други мерки кои не се директни туку едноставно служат за подобро да го разберете работењето на вашиот бизнис. На пример, профит по број на вработени, или профит по број на купувачи, или пак профит по вложени средства… Сите овие мерки имаат за цел да ја видите пореално состојбата во која се наоѓа вашиот бизнис.

6 Знаци дека треба да прекинете со тековната визија
Вашата визија претставува една од најкруцијалните делови од вашиот претприемачки пат која ги става сите ваши погони на максимална моќност за да ве донесе до толку посакуваната дестинација опишана во визијата. Но, што доколку треба да прекинете со вашата визија?
Можете да имате визија за да станете милијардер. Но, што доколку не можете да станете милијардер поради објективни причини?
Веќе знаете дека ќе имате различни препреки на вашиот пат за реализација на визијата. Тие препреки можат да бидат објективни и субјективни.
Понекогаш едноставно ќе откриете дека не можете веќе да ја следите вашата визија што значи дека ќе треба да запрете и започнете одново со нова визија. Но, кои се знаците кои ќе ви кажат дека треба да прекинете со тековната визија и започнете со нова?
Да разгледаме некои од нив.

7 чекори да ги промените вашите лоши навики
Сите имаме одредени видови не навики. Некои навики си ги носи е од детство, некои сме ги научиле во образовниот систем, некои сме ги наследиле од родителите, а некои ни се од нашето сопствено искуство.
Навиките во многу случаи се добри! Тие создаваат чувство на сигурност кога нешто работиме и честопати со нивна помош воопшто не треба да се змараме и да ги размислуваме кога ги користиме. Навиките обезбедуваат работите да ги изведуваме по автоматизам, и во многу случаи тие навики и тој автоматизам обезбедуваат да бидеме попродуктивни.
Но, проблемот не е во добрите навики, проблемот е што постојат и сигурно имаме и лоши навики. Лоши навики се оние навики кои не прават понепродуктивни, кои не обезбедуваат додадена вредност на онаа што го правиме и кои едноставно имаат потенцијал да ни наштетат.
Како да ги промените лошите навики во нови, подобри навики кои ќе ве направат попродуктивен и подобар претприемач?
Како одговор на оваа прашање ќе ги презентирам следниве чекори.

Што да правам тие едноставно ме копираат?
Денес живееме во свет каде се и сешто се копира, и едноставно иновативните претприемачи доаѓаат до навистина една тешка позиција да се заштитат себеси и бизнисот кој што иновира. Фактот дека е полесно да се копира отколку иновира и дека може да даде огромни резултати можете да го потврдите и преку примерите на Microsoft во минатото но и преку чекорите на Samsung во последните неколку години при што од првично копирање влегуваат во драстични иновации.
Доколку не можете да го направите добро, направете најмалку да изгледа добро. – Bill Gates
Сепак, понекогаш станува проблем поради некои мали ситни иновативни решенија кои едноставно влијаат на купувачите, а сепак лесно може да се забележат од конкуренцијата сегашна или пак потенцијална и да биде интегрирано во нивните производи или пак деловни процеси.

Што претставува успешен бизнис?
Што претставува успешен бизнис? Прашање кое е значајно, но сепак заради неточен одговор предизвикува многу бизниси да пропаѓаат.
Успешен бизнис е оној бизнис кој ќе обезбеди реализација на сите ваши цели и соништа. Бизнис кој ќе ви го обезбеди животот кој што го сакате.
Успешен бизнис значи дека ќе ти овозможи да работите онолку часови колку што сакате и од каде што сакате. Да ги изведувате работите кои што сакате да ги изведувате и да заработите онолку колку што сакате да заработите.
А, за да го постигнете тој успех, ќе мора да ги разберете елементите кои доведуваат до него.
Најголемиот проблем зошто 80% од претприемачите не постигнуваат успех во првите 5 години од започнување, односно пропаѓаат, а оние 19% кои ќе успеат во тие 5 години, односно преживеат стануваат заглавени во бизнисот е што во самото креирање на бизнисот не знаат што е успех.
Можеби знаат што е успех, но сигурно успехот го гледаат како претесно нешто, а не нешто што е малку поопширно за да биде добра основа за вашата успешност.

Три лица кои ќе имаат влијание на вашиот продажен тим
Вашиот продажен тим е значаен за вашиот бизнис. На нивните перформанси ќе се базираат сите останати бизнис активности. Доколку тие успеат, и вашиот бизнис ќе успее да ги зголеми приходите, обезбеди поголема профитабиност и имплементира различни инвестиции за во иднина.
Веројатно веќе го имате изградено вашиот продажен тим. Тие се најдобрите за вас во моментов. Но, како и се останато во вашиот бизнис и продажниот тим ќе мора континуирано да се подобрува.
Кога зборуваме за подобрувања во однос на продажниот тим не смееме да ги заборавиме различните влијателни фактори околу нив исклучувајќи ве вас како претприемач и вашиот бизнис како нешто нормално и вообичаено.
Можеме да излистаме голем број на влијателни сили околу вашиот продажен тим, но денес сакам да зборуваме за најважните лица кои ќе имаат големо влијание на перформансите на вашиот продажен тим.
Да започнеме со првите, најважните или највредните лица за вашиот продажен тим.

Алатки за безхартиено работење
Како една од главните теми за ова година на претприемач е процес на безхартиено работење. Како што веќе и претходно пишував овој процес е важен заради следниве причини:
- Обезбедува значајни заштеди во севкупното работење на бизнисот.
- Обезбедува зголемување на продуктивноста како на вас како претприемачи, така и на целиот тим кој работи со вас.
- Директно се учествува во креирање на т.н “зелен бизнис” кој размислува и е вклучен во заштита на околината.
Во овој наслов сакам да ги напоменам некои од основните алатки кои ги користам во процесот, како и некои размислувања за во иднина. Нема да навлегувам во детален опис на начинот на користење, туку само ќе ги наведам основите на потребата од нивно користење.
Но, пред да започнеме со алатки, предлагам првин да се потсетиме на претходните наслови од овој серијал (за сите кои првпат доаѓаат до овој наслов):
- Безхартиено работење. Овој пост имаше цел да ги презентира некои конкретни придобивки кои започнав да ги чувствувам при започнување со имплементацијата.
- Имплементација на процес на безхартиено работење. Тука продолжив со придобивките и ги скицирав основните елементи на процесот, односно основните подпроцеси на самиот процес.
- Процес на безхартиено работење. Тука веќе преминав на конкретна скица на првата верзија од процесот кој го применив. Таа скица е доста променета досега, за што ќе зборувам во идните постови (сепак се е сеуште тестирање и до конечна верзија на она што дава најоптимални резултати се надевам дека ќе дојдам до крајот на годината).
- Мала автоматизација на процесот на безхартиено работење. Презентирав еден пример за автоматизација во процесот со помош на една алатка.

Зошто на администрацијата и се потребни индустриски инженери
Сакам овој пост да го претворам во еден вид на искуство што го доживеав пред некој ден, но испреплетено и со искуството и кога јас бев дел од административната служба во земјава.
Веќе мислам дека 20 години зборуваме за “тромава” администрација, неефективна администрација, скапа администрација… Но, ми се чини дека остануваме на тоа зборување.
Марк Твен вели:
Акцијата зборува погласно од зборови, но не и толку често.
Тоа и се случува, секогаш сме појаки на зборовите отколку на делата и акциите кои ги преземаме. Па, дали ниедна влада досега не успеа да забележи подрачја за подобрувања. Не, ни требаат огромни пари, ниту скапи консултантски компании, ниту пак премногу дополнителни ресурси… Нам едноставно ни треба да ги искористиме сопствените ресурси но да ја подобриме работата на администрацијата, но и подобра услуга за народот кој ја користи услугата од тие административни органи.

Процес на безхартиено работење
Кога веќе започнав да пишувам за безхартиено работење, би продолжил и оваа година со моите тестови и експерименти. Претходните два наслови од овој серијал можете да ги погледнете преку следниве линкови:
Додека во претходните наслови можевте да ги видите некои од првите резултати од имплементација на овој процес како и три основни процеси на овој процес, овој наслов претставува продолжување на овој серијал и навлегување во самите подпроцеси кои ги опишав.
На сликата подолу е претставен општиот процес од кој започнав со имплементација. Иако, моменталниот кој го користам е значително изменет, сепак ќе одам итеративно дел по дел со објавување на постовите од овој серијал.


