За малку ќе ја пропуштев оваа практика секој месец да ги издвоиме највредните идеи во вид на постови објавени на претприемач од претходниот месец, а тоа февруари 2013 година.
Полека, веќе се стабилизираме, веќе ги гледаме првите трендови во однос на оваа година иако изборниот процес сепак влијае на одредени бизнис активности. Сепак, месец февруари веќе ги дава првите знаци на стабилизација и вклучување на турбо погоните на нашиот мотор за реализација на онаа што е предвидено за следната година.
Насловите од овој серијал, на крајот на годината по уште една анализа ќе влезат на страната Започни тука која служи за полесно следење на онаа што е најкорисно за вас како претприемачи.
Во февруари 2013 година на претприемач беа објавени 22 наслови од различни теми од областа на претприемаништвото. Знаете дека како главна тема за оваа година ја одбравме темата за процес на безхартиено работење, што значи дека минимално еден наслов во месецот ќе биде посветен на оваа тема.
Да видиме што е она најактуелното што можеш да го искористиш за твојот бизнис од февруари 2013 година.
Претприемач
- Сите бонуси на нова локација
- Што претставува успешен бизнис?
- Научи па преземи акција… Погрешно!
- Грешките се неизбежни, тоа е факт
- Единствениот претприемачки пат е…




Speak Your Mind