post

Идеи кои можете да ги искористите од Јули 2013

Секој месец ги групираме идеите, односно насловите кои можете да ги искористите за вашиот бизнис и вашиот претприемачки пат. Забележувајќи дека изминува и август ќе заборавев за овој серија на постови кој треба да ги групира најкорисните наслови од месецо Јули 2013 година.

претприемач јули

Насловите од овој серијал на постови на претприемач, на крајот на годината по уште една анализа ќе влезат на страната започни тука која служи за полесно следење на онаа што е најкорисно за вас како претприемачи а е резултат од скоро петгодишна работа на овој сајт.

Во Јули месец 2013 година на претприемач беа објавени 27 наслови од различни теми од областа на претприемништвото. Овој месец преовладуваа наслови од категоријата претприемач. Некако актуелна тема за сите потенцијални и тековни претприемачи. Во јули оваа година ги завршивме првите десет епизоди од подкастот “претприемачки” пат и по едномесечна пауза овој месец ќе продолжиме со новиот серијал од 02.09.2013 година. Исто така, јули месец се карактеризираше со неколку крупни промени кои сеуште не се завршени како дизајн и нов вид на содржина..

Во наредниот период очекувам поголемо нагласување со нова содржина на YouTube каналот на претприемач, па доколку сте заинтересирани да ги следите нови видео објави можете да кликнете Subscribe на каналот на претприемач.

Веќе со овој месец навлеговме во втората половина од годината и можеби сега е вистинското време да проверите до каде сте со реализација на целите кои си ги поставивте за оваа година. Сепак, остануваат уште пет месеци за да можете да запнете онаму каде што треба да запнете и да се фокусирате онаму каде што треба да се фокусирате повеќе.

Кога сме веќе кај месецот јули, продолживме со подкастот насловен како “претприемачки пат” и голема благодарност до сите вас кои ги следевте тие епизоди со што дури и бевме еден период во категоријата на “нови и вредни” на iTunes, а и затоа и одлуката да продолжиме со нив. Во јули имавме објавено 4 епизоди:

Да видиме што е она најактуелното што можете да го искористите за вашиот бизнис од Јули 2013 година.

Започнување на бизнис

  1. 6 прашања за креирање на вашиот модел на приходи
  2. Подгответе бизнис план во услови на крајно променливо опкружување

Претприемач

  1. Активности за претприемачко учење во Македонија
  2. 50 работи кои никогаш не треба да прекинете да ги изведувате како еден претприемач
  3. 7 начини драматично да ја подобрите вашата кариера

Маркетинг

  1. Како вашиот купувач да не ве замени?
  2. Кога ќе ве нападне конкуренцијата
  3. 10 совети за говорот на телото при презентирање

Менаџмент

  1. 100+ идеи за подобрување на бизнисот
  2. Како да водите ефективен состанок?

Прашање: Имате ли нешто како идеја за која сакате да биде опфатено повеќе во иднина на претприемач? Можете да оставите коментар со клинкнување тука.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*