Се започнува од вашите цели и уште поважно вашето обврзување за нивно постигнување. Погледајте го следниов инфографик од Education Database Online за поставување и постигнување на вашите цели.

Можете ли да изградите лојалност кај вработените
Сите ја сакаме лојалноста. Сакаме семејството да ни биде лојално. Сакаме пријателите да ни бидат лојални. Сопругите или девојките и обратно да бидат лојални.
Како претприемачи сакаме купувачите да ни бидат лојални на нашиот бизнис.
Но. што е со вработените? Дали сакате тие да бидат лојални на вашиот бизнис?
Прашањето е што можете да направите за да обезбедите повеќе лојалност од страна на вашите вработени.

75 Алатки за градење на супериорен бизнис
За успешен бизнис потребен е труд и соодветна имплементација на разни активности кои полека но сигурно ќе ве направат посупериорни од вашата конкуренција.
За да ги имплементирате дневните претприемачки активности во вашиот бизнис потребни ви се повеќе алатки, форми, темплејти, калкулатори…
Подолу се дадени алатките кои би требало да ги имате и користите, а се дел од Премиум претприемач 1.0. Но, оваа е само почеток, оваа година како дел од Премиум претприемач 2.0 ќе има барем уште толку како дополнување.
Бизнис идеи
- Алатка за ваша самоанализа во однос на бизнис идеи
- Книга со бизнис идеи
- Систем за прибирање на информации за бизнис идеи
- Алатка за анализа на бизнис идеи
- Алатка за спроведување на анализа на за бизнис идеја (анкетирање, собирање и анализа на податоци)
Истражување на пазар и планирање
- Алатка за планирање на истражување на пазарот
- Алатка за прибирање и анализа на информации за купувачи
- Алатка за прибирање и анализа на информации за конкуренти
- Алатка за прибирање и анализа на иформации за доставувачи
- Алатка за прибирање на информации од пазарот
- Калкулатор за бизнис план
- Калкулатор за готовински тек
- Калкулатор за рентабилност
- Водич за подготовка и користење на бизнис план
Градење на супериорна вредност
- Алатка за подготовка на елементи на супериорност
- Алатка за анализа на супериорноста во споредба со конкуренција
- Алатка за анализа на супериорноста на вашиот бизнис
- Акционен план за градење на супериорна вредност
- Форма за пресметка на повраток на инвестиција на купувачот
- Форма за изработка на јасен систем за тоа како вашата понуда креира вредност за купувачот
Привлекување на внимание
- Форма за креирање на 4 јадра на вашиот кредибилитет
- Форма за план за привлекување на внимание
- Форма за анализа на конкуренција
- Форма за анализа на онаа што прави конкуренција
- Форма за анализа на онаа што прават лидерите во индустријата и пазарот
Вистински цени, пат кон успех
- Форма за анализа на влијателни фактори за вашите цени
- Форма за анализа на понудата заради зголемување на бизнис вредноста во очите на купувачите
- Форма за анализа на понудата заради зголемување на потрошувачка вредноста во очите на купувачите
- Форма за докажување на севкупната вредност на вашата понуда
- Форма за пресметка на повраток на инвестиција и период на отплата за купувачот
- Форма за докази за вашата вредност
- Темплејт на студија на случаи за докажување на вашата вредност
- Форма за анализа на вашите клучни конкуренти
- Форма за споредба на вас во однос на конкурентите
- Форма за анализа и избор на ценовна стратегија
- Форма – Што да понудите наместо ниски цени
- Форма за самоанализа во однос на цените (дали сте за ниски или високи цени)
- Формата за анализа на цените во однос на тоа дали се прениски или превисоки
Маркетинг
- Формата за определување на подцели или тактики за остварување на главните цели
- Форма на основен план за имплементација на маркетинг стратегија
- Форма за анализа на маркетинг средства
- Форма за анализа на нови маркетинг средства и дали да се додаде во стратегијата
- Форма за онлајн маркетинг средства
- Форма за офлајн маркетинг средства
- Форма за избор на маркетинг средства врз основа на клучни критериуми
- Форма за следење на потенцијални купувачи/сообраќај
- Форма за следење на посетители во продавница или вебсајтот
- Форма за следење на клучните стапки во однос на маркетингот
- Форма за следење на клучни мерки за генерирање на потенцијални купувачи
- Форма за анализа на генерирање на потенцијални купувачи
- Маркетинг календар
- Алатка/Темплејт за имплементација на процес на подобрување во маркетингот
Онлајн стратегија
- Темплејт на уредувачки календар
- Темплејт на матрица за содржина
- Основен план за имплементација на онлајн стратегија
- Форма за анализа на онлајн канали во твојот бизнис
- Форма за анализа на нови канали пред да се имплементираат во стратегијата
- Форма за анализа на различни онлајн маркетинг средства
- Форма за критериуми за избор на онлајн маркетинг средства
- Форма за анализа и имплементација на Upsell стратегија
- Форма за определување на стратегии и тактики за Upsell стратегија
- Форма за имплементација на методи за континуирана онлајн комуникација
- Форма за техники за зголемување на зачестеноста на купување
Социјални медиуми
- Алатка за следење и мерење на настапот на социјални медиуми
- Темплејт – Scorecard за Социјални медиуми
Постојано подобрување
- Темплејт/План за подобрување
- Форма за следење на клучните елементи во вас како претприемачи а кои може да бидат предмет на подобрување
- Форма за следење на клучните елементи во маркетингот кои може да бидат предмет на подобрување
- Форма за следење на елементите од вашите стратегии кои може да бидат предмет на подобрување
- Форма за следење на елементите од бизнис моделот кои може да бидат предмет на подобрување
- Форма за следење на луѓето и одредени елементи кои може да бидат предмет на подобрување
- Форма за следење на ресурсите и елементите кои може да бидат предмет на подобрување
- Форма за следење на идеите и елементите кои може да бидат предмет на подобрување
- Форма за следење на продажбата и елементите кои може да бидат предмет на подобрување
- Форма за следење на финансии и и елементите кои може да бидат предмет на подобрување
Сите овие алатки, темплејти и калкулатори можете да ги добиете со премиум претприемач сеуште по стара цена се додека не започнеме со имплементација на новите модули (овој месец тргнуваме со модул 1 од Премиум претприемач 2.0 – Лин стартап).

Некои индикатори за состојбата на стартапот
Кога станува збор за стартапи веќе повеќе пати нагласив дека тие претставуваа привремени организации кои едноставно ја тестираат својата способност да опстојат како главен бизнис.
Во лин стартап модулот кој во текот на овој месец најверојатно ќе биде испорачан за Премиум претприемач 2.0 основата на која најмногу се базираме е токму тестирање. Таму, составив еден цел процес од А до Ш низ кој треба да помине еден стартап.
Тука би сакал малку да нагласам некои индикатори за состојбата на стартапот.
Знаеме дека самиот процес бара пивотирање. Знаеме и дека во соодветно време ќе треба да пивотираме. Но, што треба да следиме за да донесеме вистинска одлука дека е потребно пивотирање и особено таа одлука да биде навремена одлука. Оваа е потребно затоа што секоја ненавремена одлука ја зголемува веројатноста на смртност на еден стартап.
Најгенеролно гледано индикациите можат да се поделат на две главни групи.

Инспиративно видео: Реализирање на соништа од детството
Се започнува од нашето детство, нашите соништа без никакви ограничувања во сонувањето.
Се сеќавате кога се беше можно? Кога се качувавме на дрвата без да мислиме дали ќе паднеме? Или кога скокавме од различни висини без да мислиме на последиците?
Оваа е одлично инспиративно видео каде Randy Pausch зборува за неговото искуство и дава совети како да ги постигнете вашите цели и соништа.
Вредно е да потрошите време да го изгледате целото предавање.

Како да подготвите одлична презентација?
Како еден претприемач ќе имате потреба да користите презентации за да ја испорачате пораката која сакате да ја испорачате за различна аудиенција. Користите ли презентации како моќно орудие во вашиот бизнис?
Како претприемач имате потреба да испорачате различни пораки, да градите различни односи, да изградите сопствен авторитет и доверба, да комуницирате со различни луѓе. Сакете да успеете со се што ќе се обидете да го испорачате.
Добри презентациски вештини се важни за вас како еден претприемач. Сакам да споделам некои од мои заклучоци од претходно искуство при испорака на презентации за различни типови на аудиенција.
Едноставно, го поделив целиот процес на испорака на одлични презентации во три делови: подготовка на презентација, ваша лична подготовка и менаџирање на процесот на презентација.
Да започнеме со еден по еден дел од процесот.

Креирајте ја вашата стратегија за маркетинг со содржина
Содржината станува една од најважните маркетинг тактики за денештните претприемачи. Сега, секој мал бизнис станува креатор и на содржина.
Зошто имате потреба од различна содржина за вашиот мал бизнис?
Живееме во ера на социјални медиуми, каде секој креира нешто, дава нешто, споделува нешто, зборува за нешто… Тоа нешто е еден вид на содржина креирана од лица кои се обидуваат да креираат различни релации со други луѓе. Тие креираат и споделуваат пораки, блог постови, слики, видео, презентации…
Растот на различните социјални медиуми околу нас го прават овој процес на креирање и дистрибуција како и достапноста на различна содржина за различни лица многу полесен. Малите бизниси го знаат или пак треба да го знаат тоа и едноставно сакаат да бидат дел од севкупниот екосистем на креирање, дистрибуција и консумпција на различна содржина.
Во овој наслов, сакам да зборувам малку за стратегија за маркетинг со содржина бидејќи доколку знаете дека ви треба содржина, знаете и дека ќе ви треба одлична стратегија. Одлична стратегија значи дека ќе имплементирате стратешки приод за да успеете во вашиот напор во однос на креирање и дистрибуирање на содржина заради зголемување на потенцијалот на бизнисот.

Зошто на администрацијата и се потребни индустриски инженери
Сакам овој пост да го претворам во еден вид на искуство што го доживеав пред некој ден, но испреплетено и со искуството и кога јас бев дел од административната служба во земјава.
Веќе мислам дека 20 години зборуваме за “тромава” администрација, неефективна администрација, скапа администрација… Но, ми се чини дека остануваме на тоа зборување.
Марк Твен вели:
Акцијата зборува погласно од зборови, но не и толку често.
Тоа и се случува, секогаш сме појаки на зборовите отколку на делата и акциите кои ги преземаме. Па, дали ниедна влада досега не успеа да забележи подрачја за подобрувања. Не, ни требаат огромни пари, ниту скапи консултантски компании, ниту пак премногу дополнителни ресурси… Нам едноставно ни треба да ги искористиме сопствените ресурси но да ја подобриме работата на администрацијата, но и подобра услуга за народот кој ја користи услугата од тие административни органи.

Кампања со директна пошта во 12 чекори
Директна пошта е важен дел од вашата стратегија за стекнување на нови купувачи и задржување на постоечки купувачи.
Користите ли директна пошта како маркетинг средство за вашиот бизнис?
Следниве чекори ќе ви помогнат во започнување и подобрување на вашите претприемачки напори во однос на директна пошта како едно маркетинг средство за вашиот мал бизнис.
Успехот на оваа маркетинг средство се базира на вашата претприемачка креативност, тестирање и прилагодување на сите елементи од вашата кампања, наместо чекање успехот да се појави со самата кампања.
Можеби некој ќе ми каже дека не вреди сега да се пишува за директна пошта. Дваесет и први век, интернет, маркетинг преку е-пошта, социјални медиуми… Сето тоа држи вода. Но, како и секогаш кога станува збор за претприемништвото секогаш постои некако “но”, традиционалните маркетинг средства сеуште може да одиграат важна улога во креирање на успехот на вашата компанија.
Зошто? Не би сакал во овој наслов да навлегувам, но имам подготвена една драфт верзија на пост за Entrepreneurship in a box во која се наведени причините за сеуште големата важност на директна пошта која ќе биде објавена и тука на претприема. Тогаш ќе дискутираме за тие елементи.
Сега да се вратиме на темава. Тука би сакал да презентирам 12 различни чекори кои ќе ви помогнат во вашите напори да ја оптимизирате кампањата со директна пошта и да го зголемите повратокот на инвестиција преку стекнување на повеќе купувачи, обезбедување на поголем приход и поголема профитабилност за вашиот бизнис.

Инспиративно видео: Никогаш не се откажувај
Никогаш не се откажувај е советот што го давам секогаш и особено на претприемачите.
Не е лесно. Знам, сум поминувал и поминувам. Било и подобро. Знам, и тоа сум го поминал. Но, започнување на еден пат, кој да бидеме искрени не е баш лесен пат и кој е наречен претприемачки пат значи дека враќање назад нема. Успехот не се случува преку ноќ. Потребна е и упорност и истрајност (карактеристки на успешни претприемачи).
Затоа и сакам да го споделам оваа видео во кое се гледа упорноста да се опстои, да се преживее и да не се откаже од основната цел (преживување).
Уживајте, а вашето мислење е добредојдено, преку коментарите подолу.







