post

Успешни стартапи и она што кретивни претприемачи го прават

Претприемачите се креативни луѓе, тоа е факт. Но, што е онаа што тие го прават на вистинскиот начин за нивните стартап бизниси?

Секое општество има потреба од претприемачи. Зошто? Едноставно затоа што тие се личности кои креираат вредност за целото општество. Тие прават нешто од ништо. Ги подобруваат животите на луѓето.

Можете ли да бидете еден од тие успешни претприемачи, но во вистинска смисла на зборот? Да, можете. Но, да ги разгледаме најкреативните работи кои претприемачите ги прават во нивните стартапи.

Продолжи…

post

Време е за целите за следната 2013 година

Секој крај на годината претставува еден вид на нов почеток за претприемачот и бизнисот воопшто. Кога си ја честитаме новата година посакуваме среќа, успех, подобро од минатата година…

Но, честитките сами посебе нема да дадат резултати. Резултатите во вид на подобра следна година ќе бидат реалност само доколку уште во старт знаете што сакате да постигнете.

Е сега, тоа постигнување е донекаде поврзано со јасно дефинирани цели. Но, сепак не земајте го ниту оваа како здраво за готово. јасно дефинирани цели, одлични цели или супер супер одлични цели повторно не се гаранција за нивната реализација и подтигнување на она што сакате да го постигнете.

Следното е акција.

Но, мора да одиме од почеток, Акциите се последици на јасно дефинирани цели. Не дека нема да преземете ништо доколку немате цели, но сигурен сум дека она што ќе го преземете ќе биде несистематично, можеби неадекватно и веројатно некорисно. А, вие како претприемач го сакате спротивното.

Па, ајде да ги дефинираме целите за следната 2013 година, но овој пат на малку поинаков начин.

Продолжи…

post

Го развивте ли вашиот продажен модел за 2013

За крајот на годинава оваа е доста прикладно прашање.

Дали го развивте вашиот продажен модел за следната година? Или едноставно се ќе остане како што е?

Се вели кравата која што дава млеко не се менува. Дали ова го мислите за вашиот продажен модел? Доколку одговорот е да, сепак би ве замолил да си поставите уште едно важно прашање: Дали има простор за подобрување?

Е, тука веќе нема бегање од одговорноста. Простор за подобрување секогаш постои. Секогаш можете да имате 1500 наместо 1300 продажби. Секогаш можете да имате поголема стапка на конверзија, подобра успешност на продажниот тим…

Но, добро, треба да го подобрите, развиете или прилагодите вашиот продажен модел. Што е следниот чекор.

Ништо! едноставно следете ги следниве чекори и веќе ќе го развиете или прилагодите. Доволни се само идеите.

Па, да започнеме.

Продолжи…

post

8 причини да преземете акција веднаш

Дали сега е вистинското време да го направам тоа и тоа?

Прашање кое често пати се поставува не само од страна на претприемачите, туку и од сите луѓе. Но, и прашање кое честопати доведува до т.н. “претприемачка блокада”, што значи застој, status quo, продолжување со она што е…

Сепак тоа не претставуваат двигатели на еден бизнис, туку едноставно блокирачи на севкупниот претприемачки процес.

Зошто да преземете акција веднаш?

Продолжи…

post

Премиум претприемач – втора новогодишна шанса

Во сабота заврши првата етапа од новогодишната промоција за премиум претприемач, што занчи дека прмотивната цена од 2000 денари за фул пристап заврши и од недела е активна втората промотивна цена во износ од 2500 денари.

Фазите на промоцијата до новата година ќе се одвиваат на следниов начин:

  • 20-22.12.2012 – 2000 денари (завршено)
  • 23-25.12.2012 – 2500 денари (завршено)
  • 26-28.12.2012 – 3500 денари (актуелно)
  • 29-31.12.2012 – 5000 денари (следува)

Доколку сакате да ја искористите оваа втора шанса, сеуште можете да пристапите до севкупниот материјал кој ќе ви ја обезбеди претприемачката слобода и ќе ги намали сите ваши фрустрации.

“Втора шанса” трае до утре или поточно 25.12.2012, што значи и заштеда на 3500 денари од официјалната цена од 6000 денари.

Интересно е што иако е обезбедено директно плаќање преку интернет, сепак повеќето бараа да добијат жиро сметка и да го изведат плаќањето на мануелен начин. Како сеуште да постои страв.

Голем поздрав до новите членови на премиум претприемач семејство.

post

[Видео] Научно објаснување на продуктивноста

Оваа година една од најчестите теми на претприемач беа темите за продуктивноста, особено поради фактот што во изминативе неколку години забележав дека продуктивноста е нешто во што најмногу страдаат претприемачите без разлика на нивниот претприемачки стаж, пазарот или пак и индустријата во која функционира нивниот бизнис.

Но, за темите и затворање на оваа година на претприемач во текот на оваа последна недела и првиот ден од следната како последен ден во оваа 2012 година.

Не можев да одолеам да не го споделам оваа видео на Asap Science тука кое навистина ги расчленува проблемите за продуктивноста на една солидна научна основа.

Основата е да разберете од каде доаѓаат проблемите во однос на вашата продуктивност, а потоа да се насочите во нивното ефикасно и ефективно решавање.

Се надевам дека уживавте во оваа видео.

post

7 Важни прашања за продуктивноста

Кога зборуваме за нашата продуктивност, зборуваме за нашите лични и бизнис цели како и нивното остварување.

Доколку успеете да ги постигнете тие цели во времето кое што сте си го поставиле, слободно можете да кажете дека се продуктивна личност.

Едноставно започнуваме со нешто. Работиме за да ги реализираме нашите цели и ги валидираме крајните резултати согласно тие цели.

Затоа, мислам дека треба да одговориме на седум важни прашања кои ќе имаат големо влијание на нашата продуктивност. Доколку имаме јасни одговори, ќе успееме во менаџирањето на нашата работа за да бидеме попродуктивни.

Кои се тие 7 прашања?

Продолжи…

post

Новогодишна понуда – премиум претприемач…

Веќе 4 години премиум претприемач е активен како виртуелен консултант за малите бизниси. Оваа понуда досега не сме ја понудиле.

Одлучивме овој новогодишен подарок да биде поинаков. Премиум претприемач за само 2000 денари во следните 3 дена.  По завршување ќе оди на 2500, 3000 и така се до почетокот на новата година кога ќе се врати на нормалната цена од 6000 денари. Вака ќе се движи враќањето на цената во нормала:

  • 20-22.12.2012 – 2000 денари
  • 23-25.12.2012 – 2500 денари
  • 26-28.12.2012 – 3500 денари
  • 29-31.12.2012 – 5000 денари

Што добивате: 

  • Секоја недела во следните 54 недели видео презентација, алатки и темплејти за таа недела и “да направам” листа за таа недела.
  • Пристап до вебинари на премиум претприемач
  • Пристап до некои модули од Премиум Претприемач 2.0 (ќе има 13 нови модули како надополнување на овие сегашни 9)

ПРЕМИУМ ПРЕТПРИЕМАЧ ЗА 2000 ДЕНАРИ

Не пропуштајте ја можноста до 23.12.2012 за само 2000 денари добивате фул пристап до премиум претприемач. 

Виртуелен консултант преку 54 неделни активности за вашиот бизнис, сега промотивно за само 2000 денари до 23.12.2012

Со оваа понуда која ќе биде актуелна до крајот на годинава, ќе добиете и пристап до е-книгата “Иновации и претприемништво” од Д-р Радмил Поленаковиќ и М-р Драган Шутевски.

post

5 Чекори до стартап идеја

Идеите се најлесниот дел од секој претприемачки процес. Туе се тука, насекаде околу нас.

Но, многу поважно прашање е дали тие се вредни за започнување на бизнис.

Прашањето е уште потешко, особено поради фактот што претприемачите не се тие кои ги евалуираат идеите, туку пазарот, поточно купувачите се оние кои ја вршат таа работа. Доколку поминат, ќе бидат прифатени како производи и услуги.

Да разгледаме еден процес за наоѓање и евалуација на стартап бизнис идеи.

Продолжи…

post

[Презентација] Креирање на претприемачко знаење

Презентација од предавање одржано во амфитеатарот на Машински Факултет пред повеќе од 200 наставници по предметот иновации и претприемништво при промоција на книгата Иновации и Претприемништво.