Еден проблем кој го забележувам е барање и чекање на таа мноооогу мнооогу голема идеја и тогаш бууууум успехот е неминовен. Но, во 99,99999% на случаи таа голема идеја воопшто нема ни да дојде. Секако дека големите идеи имаат и поголема бизнис потенцијална енергија, но сепак мора да ви биде јасно и тоа дека голема потенцијална енергија не значи дека успешно ќе се трансформира во тој износ во кинетичка енергија која носи до успехот.
Големи идеи и не мора да бидат големи идеи
Во светот не недостасуваат идеи, туку оние кои ќе ги реализираат
Да расчистиме уште на старт, не значи дека бизнис идеите не се важни, но не значи и дека се најважни за да генерираат успех. Веќе знаете дека тие имаат бизнис потенцијална енергија, но сепак таа енергија е само еден многу, многу многу мал дел од севкупната енергија потребна за генерирање на успех. Особено што како прво таа треба да се пренесе како прво на друг елемент со бизнис потенцијална енергија и потоа со понатамошен пренос да се трансформира во бизнис кинетичка енергија.
Кога можете да бидете сигурни дека идејата ќе даде резултати?
Сигурно веќе сте свесни дека бизнис идеја значи решение на проблем. Проблемот може да биде опишан едноставно како проблем, како желба за нешто, или пак потреба од нешто. А, како еден претприемач постојано имате идеи за решавање на проблеми за купувачите, исполнување на нивните желби или пак задоволување на нивните потреби.
Вашите идеи од идеја до реализација
Бизнис идеи како идеи на лист хартија не додаваат вредност ниту за вашиот стартап, ниту за вашиот веќе постоечки бизнис. Тие за да додадат вредност за вашиот бизнис мора да се реализираат.
Добри идеи се само оние идеи кои ќе се реализраат, но не и оние кои ќе останат во вашата глава или на лист хартија нереализирани.
Сега, не значи дека секоја бизнис идеја ќе даде добри резултати. Сепак, едно е јасно без нивна имплементација нема да знаете дали е добра или лоша, нема да можете да научите за идните чекори и можни подобрувања доколку не успее и нема да можете со сигурност да ги почувствувате придобивките доколку успее.
Како да ја трансферирате вашата бизнис идеја од вашиот мозок во реализиран проект?
Одговорот на оваа прашање е даден во следниве препораки.
Тестирајте ја вашата бизнис идеја преку следниве 11 прашања
Вам ви требаат бизнис идеи доколку сакате да станете претприемач. Ви ребаат бизнис идеи доколку сакате да останете пред конкуренцијата. Ви требаат бизнис идеи доколку сакате да бидете лидери на пазарот. Ви требаат бизнис идеи доколку сакате да ги задоволите тековните купувачи и да привлечете нови.
Но, кога зборуваме за бизнис идеи и тука постои 80/20 правило кое ни кажува дека 20% од сите ваши бизнис идеи ќе ви донесат 80% успех во вашите намери. Секоја бизнис идеја нема да биде редна за имплементација денес.
Затоа ќе треба да ги тестирате вашите бизнис идеи пред да започнете со процесот на имплементација на истите.
Тука се презентирани 11 прашања кои можете да си ги поставите и да ги најдете одговорите кои ќе ви помогнат во вашите напори за тестирање на вашите бизнис идеи.
Не ви треба брилијантна идеја, едноставно откријте ја
Првин да ви посакам успешен почеток на неделата. Некако сум навлезен во фазата на најиновативно размислување за бизнис, иновации и претприемништво што беше резултат на насловите од целата претходна недела и би сакал да ја започнам и оваа недела на ист начин, со ист тон и со ист интензитет.
Знам дека некои се најдоа погодени од овој серијал на постови на претприемач, но јавно им се извинувам дека немам намера да ги повредам, единствената намера е да ги поставам темелите на еден сосема поинаков начин на размислување кои подетално ги разработувам во премиум претприемач 2.0. Тоа се факти на денешницата и добро поддржани за утрешницата. Дали ќе ги искористите, односно ќе користите GPS наместо карта од 1960-тата година останува на вас.
Минатиот пат зборував за неизвесноста, избегнување на неизвесноста, безгрешен претприемачки процес, линеарен наместо кружен претприемачки процес…
Да продолжиме со уште некои иновативни размислувања и тоа за бизнис идеите. Сигурно веќе сте слушнале, сте прочитале или пак сте учеле дека вам ви треба брилијантна бизнис идеја која всушност претставува препознавање на можност на пазарот. Не, дека не е точно, точно е тоа. Но, проблемот што тој исказ е се помалку функционален денес.
Дали вашата бизнис идеја е доволно голема?
Големите идеи претставуваат животен крвоток на секој успешен бизнис. Сите претприемачи имаат потреба од нив. Но, прашањето е како ќе знаат дали соодветната идеја е доволно голема да донесе уште поголем успех за бизнисот.
Дали идејата вреди да се имплементира? Зошто треба да започнам со оваа идеја наместо некоја друга идеја?
Оваа се прашањата кои ќе бидат поставени од секој претприемач пред да започнат со процесот на имплементација.
Сите ние имаме многу големи идеи. Некои од нив стануваат реалност, но поголемиот дел никогаш нема да бидат дел од процесот на имплементација.
Претворање на проблем во вистински бизнис
Сите ние имаме почувствувано одредени проблеми. Сите ние имаме одредени незадоволени потреби.
Но, дали и некој друг има таков ист проблем или потреба? Веројатно да. Сепак потребно е и другите да го разбираат онака како што вие како еден претприемач го разбирате и гледате тој проблем кој е основа за вашиот бизнис.
Можете ли проблемот да го претворите во вистински бизнис или пак да го интегрирате во вашиот постоечки бизнис доколку веќе имате бизнис?
Сепак мора да размислувате и за раст и развој на постоечкиот бизнис доколку веќе сте претприемач, а не само за проблеми како основа за нов бизнис.
Подолу се дадени некои прашања на кои би требало да дадете одговор.
Како постојано да генерирате бизнис идеи
Дали сметате дека е доволно да имате една бизнис идеја и да започнете бизнис?
Можеби понекогаш е доволна само една идеја, но сепак ќе ви биде намален проторот во кој можете да “маневрирате” како еден претприемач.
Дали сметате дека кога го поминавте стартап периодот веќе не ви се потребни идеи?
Секој бизнис во одредена фаза ќе дојде до својата максимална точка на раст со што ќе се сведат на минимум идните можности. Поради тоа се потребни и нови свежи идеи.
Единствено нешто што никогаш во бизнисите не е доста претставуваат бизнис идеите. секогаш има простор за нова идеја.
Прашањето со кое повеќето претприемачи се соочуваат е од каде да се генерираат потребните идеи, за базенот со идеи секогаш да биде доволно полн за нормално функционирање на бизнисот и обезбедување на подолгорочен раст и развој на истиот.
Еве некои совети кои можете да ги искористите за оваа намена.
3 Дополнителни прашања за секоја идеја која ја имате
Пред повеќе години тука напишавме пост насловен како 3 елементи кои секоја бизни идеја мора да ги има.
Тие елементи доаѓаат од купувачот и пазарот при што:
- Тој треба да има проблем,
- Тој треба да има силна желба да го реши тој проблем и
- Да постојат мали шанси дека проблемот ќе биде решен без идејата која се разгледува.
Оваа логика претставува одлична појдовна точка за развој на една бизнис идеја. Но, сепак недостатсува една важна алка. Алка која ги држи сите останати алки во синџирот. Тоа е претприемачот.
Што е со претприемачот? Каде е тој во процесот? Го нема. Во пракса постојат повеќе случаи кога на пазарот постои проблем, постои и желба за решавање на проблем и досега проблемот не е решен, а сепак претприемачот да не биде задоволен со резултатите кои ги носи бизнисот.
Тука се три дополнителни прашања кои ќе реба да ги одговорите за секоја бизнис идеја.