Многу бизниси се наоѓаат на локација која претставува нискофреквентна локација, односно локација на која нема доволен сообраќај. Ова особено ги погаѓа малите бизниси и тоа малите бизниси од малопродажниот сектор.
Оваа видео е презентација на еден реален случај за еден ваков проблем и можните решенија за истиот кои во вид на коментари на написот за Маркетинг Средства – Вашиот Продажен Тим.
Презентацијата можете да ја погледнете на следново видео:
Што е она што може да се сублимира од оваа виде:
- Дефинирајте ги Вашите купувачи. Во овој случај мајки на деца.
- Размислете каде се наоѓаат Вашите потенцијални купувачи. Во овој случај игротеки, згради, градинки, паркови, фризерници…
- Направете Вашиот бизнис да биде присутен таму. Во овој случај флаери – летоци, брошури, визит карти, попустни картички…
- Мерете ги резултатите од сите тие маркетинг средства кои ќе ги спроведете и со кои ќе бидете присутен на тие локации. Користете маркетинг календар. Можете да прочитате за маркетинг календар во Маркетинг средство 13 – Маркетинг календар.
- Специфицирајте како да ве најдат. Направета мапа доколку користите традиционален визуелен маркетинг.
- Подобрувај. Се она што не чини менувај и се она што чини подобри го.
Доколку имате било која друга идеја слободно можете да ја споделите во вид на коментар, преку формата за коментирање под написот.









Во секоја маркетинг кампања претприемачите се обидуваат да бидат присутни на местата каде што се потенцијалните потрошувачи. А кои се тие места? Каде еден потенцијален потрошувач или интересент за некој производ или услуга започнува со сопственото информирање за производите или услугите кои се нудат?


