post

Сите бонуси на нова локација

Како што веќе знаете, оваа година е година на крупни промени на премиум претприемач, а со тоа и промени на претприемач.

Досега поделивме повеќе екниги, некои (оние првите) веќе не се достапни затоа што не се прилагодени за времето во кое живееме туку за време од пред 4 години. Така и овие постоечките кои што ги обезбедуваме бесплатно за вас: екнига за бизнис план, екнига за маркетинг план, екнига блогирање за бизнис, алатки за изработка на бизнис план, бизнис план темплејт, калкулатор за анализа на готовински тек, како и 10 бизнис темплејти (во моментов се ажурираат да бидат во текот со 2013 година, бидејќи се креирани во 2009-2010) се предмет на постојано ажурирање и подобрување.

Последното ажурирање беше на екнигата за подготовка на бизнис план.

Продолжи…

post

Инспиративно видео: Реализирање на соништа од детството

Се започнува од нашето детство, нашите соништа без никакви ограничувања во сонувањето.

Се сеќавате кога се беше можно? Кога се качувавме на дрвата без да мислиме дали ќе паднеме? Или кога скокавме од различни висини без да мислиме на последиците?

Оваа е одлично инспиративно видео каде Randy Pausch зборува за неговото искуство и дава совети како да ги постигнете вашите цели и соништа.

Вредно е да потрошите време да го изгледате целото предавање.

post

Инспиративно видео: Никогаш не се откажувај

Никогаш не се откажувај е советот што го давам секогаш и особено на претприемачите.

Не е лесно. Знам, сум поминувал и поминувам. Било и подобро. Знам, и тоа сум го поминал. Но, започнување на еден пат, кој да бидеме искрени не е баш лесен пат и кој е наречен претприемачки пат значи дека враќање назад нема. Успехот не се случува преку ноќ. Потребна е и упорност и истрајност (карактеристки на успешни претприемачи).

Затоа и сакам да го споделам оваа видео во кое се гледа упорноста да се опстои, да се преживее и да не се откаже од основната цел (преживување).

Уживајте, а вашето мислење е добредојдено, преку коментарите подолу.

post

8 причини да преземете акција веднаш

Дали сега е вистинското време да го направам тоа и тоа?

Прашање кое често пати се поставува не само од страна на претприемачите, туку и од сите луѓе. Но, и прашање кое честопати доведува до т.н. “претприемачка блокада”, што значи застој, status quo, продолжување со она што е…

Сепак тоа не претставуваат двигатели на еден бизнис, туку едноставно блокирачи на севкупниот претприемачки процес.

Зошто да преземете акција веднаш?

Продолжи…

post

Премиум претприемач – втора новогодишна шанса

Во сабота заврши првата етапа од новогодишната промоција за премиум претприемач, што занчи дека прмотивната цена од 2000 денари за фул пристап заврши и од недела е активна втората промотивна цена во износ од 2500 денари.

Фазите на промоцијата до новата година ќе се одвиваат на следниов начин:

  • 20-22.12.2012 – 2000 денари (завршено)
  • 23-25.12.2012 – 2500 денари (завршено)
  • 26-28.12.2012 – 3500 денари (актуелно)
  • 29-31.12.2012 – 5000 денари (следува)

Доколку сакате да ја искористите оваа втора шанса, сеуште можете да пристапите до севкупниот материјал кој ќе ви ја обезбеди претприемачката слобода и ќе ги намали сите ваши фрустрации.

“Втора шанса” трае до утре или поточно 25.12.2012, што значи и заштеда на 3500 денари од официјалната цена од 6000 денари.

Интересно е што иако е обезбедено директно плаќање преку интернет, сепак повеќето бараа да добијат жиро сметка и да го изведат плаќањето на мануелен начин. Како сеуште да постои страв.

Голем поздрав до новите членови на премиум претприемач семејство.

post

Идеи кои можете да ги искористите од Ноември 2012

Полека, но сигурни изминува и овој последниов месец од 2012 година. Како вчера да беше кога ја испраќавме претходната година.

Добро ли поминавме или лошо? Прашањето е сега. Бара одговори. Бара идие за утре, за следната година.

Сигурно веќе главите на претприемачите се полни со можните одговори на прашањето како новата година да биде подобра за бизнисот?

Како и секој месец, овој наслов претставува собирање на најчитаните наслови од претходниот месец, или серијал од месечни идеи кои можете да ги искористите од претходниот месец, во овој случај Ноември 2012.

Насловите од овој серијал, на крајот на годината по уште една анализа ќе влезат на страната Започни тука.

Во ноември 2012 на претприемач беа објавени 22 наслови во кои доминираше темата за започнување на бизнис. Тука се презентирани 8 наслови од тие 22 кои се најчитаните и доколку сте ги пропуштиле можеби ќе ви се најдат во вашите напори за развој на бизнисот.

Да видиме што е она најактуелното што можеш да го искористиш за твојот бизнис од ноември 2012 година.

Продолжи…

post

Падовите не се трагични, трагично е да не успеете да станете

Претпреимништво не е процес во кој се ќе биде онака како е испланирано, или пак онака како што претприемачот сака да биде.

Тоа не е возможно. Никогаш. Затоа и не е лесен процес.

Ќе има повеќе падови отколку успеси во самиот процес. Но, процесот завршува само доколку вие како претприемач не успеете да станете по секој пад и да продолжите по корегираниот пат кон успехот.

Затоа не гледајте во падот како нешто трагично, тие се неминовни и ќе постојат. Но, прашањето е колку ќе сте истрајни и упорни за да станете и да продолжите, бидејќи трагично е да не успеете да станете.

За да успеете да станете ќе морате:

  • Падовите на некој начин да ги планирате. На пример, започнувате со нешто мало за да видите какво влијание ќе има на вашиот бизнис, а потоа го прилагодувате доколку нешто не е во ред.
  • Да бидете свесни дека падовите се нормални случки во претприемачкиот процес. Без свесност дека тие ќе бидат присутни во вашиот претприемачки пат, ќе бидат сватени како нешто трагично.
  • Да го елиминирате стравот од паѓање. Стравот претставува опасна пречка за секој претприемач. Дури се поставува и прашањето дали еден претприемач може да биде претприамч доколку стравува.
  • Да ги менаџирате падовите. Потребно е да бидете менаџер на сопствените падови. Не треба да дозволите да се случат без да имате систем за менаџирање да станете.
  • Да имате стратегија за станување. Да, потребна ви е стратегија. Доколку ги планирате падовите, ќе имате и стратегија за тоа како да станете, да продолжите. И не само тоа, кога ќе станете да станете уште посилни од претходно.
  • Да научите нешто од секој пад. Лошо е доколку падот остане така, без да ја сфатите пораката од тоа зошто сте паднале.

Уште еднаш, морате да сфатите дека доколку не успеете, паднете не е крај на светот во претприемчкиот живот. Тоа е почеток на еден нов свет, свет во кој сте посилен вие, збогатен со ново искуство, ново знаење…

post

E-Learning платформа за претприемништво и иновации

Задоволство ми е да ви ја претставам E-learning платформата за претприемништво и иновации која е изработена во соработка со Business Start-up Centre и Национален центар за развој на иновациите и претприемачкото учење.

Платформата е целосно бесплатна и веќе има поставено содржина од повеќе теми:

  • теми за претприемач и претприемништвото,
  • теми за бизнис идеја,
  • теми за изработка на бизнис план,
  • теми за маркетинг, теми за менаџмент,
  • теми за технологија,
  • теми за финансии и
  • теми за продуктивност.

За сите теми се изработени и тестови за проверка на знаење кои едноставно може да ви покажат до кое ниво се наоѓа вашето знаење во однос на соодветната тема. Од друга страна по завршување на тестот можете да ги видите и резултатите, односно грешно и точно одговорени прашања.

Маркетинг тест e-learning

Тестовите можете да ги разгледате на страната со тестови.

Платформата ќе биде динамична, ќе се додаваат уште содржини и планирано е да се додаде форум за е-претприемачко учење.

Тимовите кои работеа на овој проект и кои ќе продолжат со работа на истиот Business Start-up Centre, Национален центар за развој на иновациите и претприемачкото учење како и претприемач се надеваат дека оваа платформа ќе даде свој придонес во развој ан претприемништвото во Македонија и дека оваа е само почеток на овој процес.

post

22 Прашања при секоја акција на еден претприемач

Многу пати тука на претприемач пишував за идеи, за преземање на акции, за мотивација, за фокус…

Но, често пати како човечки суштества не ни е јасно зошто размислуваме да преземеме некоја важна акција. Најважно е да ја откриеме вистинскиата мотивациска сила за тоа зошто треба да преземеме нешто. Доколку знаеме, ќе започнеме и ќе завршиме.

Да разгледаме некои прашања кои како еден претприемач би можеле да си ги поставите секогаш кога чувствувате дека треба нешто да преземете, но сепак се двоумите, или едноставно не сте сигурни дали е вистинскиот чекор за вас или пак вашиот бизнис.

  1. Од што стравувам?
  2. Кои се основните факти на тековната ситуација?
  3. Што се обидувам да избегнам во однос на ситуацијава?
  4. Спремен ли сум да бидам отворен за овие прашања?
  5. Што е онаа за што се обидувам да не зборувам.
  6. Што е она за што не сум целосно искрен спрема себеси?
  7. Каде го фокусирам моето време?
  8. Каде ја фокусирам мојата енергија?
  9. Како би се разгледувал себеси или сопствените акции доколку не сум јас оној кој просудува.
  10. Што би направил доколку имам неограничен буџет?
  11. Какви промени треба да имплементирам?
  12. Кои потреби сеуште не се исполнети во мојот бизнис и личен живот?
  13. Во што успеав минатат недела?
  14. Во што потфрлив мината недела?
  15. Кои се работите кои се најважни за мојот бизнис и моето семејство?
  16. Кои се работите кои најмногу додаваат вредност во мојот личен и приватен живот?
  17. Дали сум свесен за потребите за моите најблиски (семејство, пријатели, членови на тимот, вработени…)?
  18. Дали ги знам потребите на моите најблиски (семејство, пријатели, членови на тимот, вработени…)?
  19. Што би направил доколку имам поголема храброст?
  20. Како се чувствуваат оние кои работат околу мене?
  21. Што можам да направам и другите околу мене да бидат попродуктивни?
  22. Која е таа една работа која можам да ја започнам, запрам или продолжам, а која ќе има најголемо влијание на:
    • мене,
    • моето семество,
    • моите пријатели,
    • мојот тим и
    • моите вработени?
post

Идеи кои можете да ги искористите од Октомври 2012

Времето минува многу бргу, се наоѓаме само уште еден календарски месец пред започнување на новата година. Нова година, кога циклусот започнува повторно. Тука се целите, редефинирање на стратегиите, бизнис планот… Што е добро а што лошо од претходната година?

Како идната година да биде подобра за еден бизнис? Тоа е прашањето кое започнува да се мотка низ главата на еден претприемач во овој период.

Како и секој месец, овој наслов претставува собирање на најчитаните наслови од претходниот месец, или серијал од месечни идеи кои можете да ги искористите од претходниот месец, во овој случај Октомври 2012.

Насловите од овој серијал, на крајот на годината по уште една анализа ќе влезат на страната Започни тука.

Во октомври 2012 на претприемач беа објавени 20 наслови во кои доминираше темата за продуктивноста, бизнис идеи и стартапи. Тука се презентирани 8 наслови од тие 20 кои се најчитаните и доколку сте ги пропуштиле можеби ќе ви се најдат во вашите напори за развој на бизнисот.

Да видиме што е она најактуелното што можеш да го искористиш за твојот бизнис од октомври 2012 година.

Бизнис план

Бизнис идеи

Продуктивност

Маркетинг