post

Како можете да успеете и да изградите успешен бизнис?

Се онаа што го сакаме е да успееме во се она што ќе го започнеме. Како еден претприемач сакате да станете успешен претприемач што значи да изградите успешен и одржлив бизнис.

успех

Но, што треба да направите за да изградите успешен бизнис и на таков начин да станете успешен претприемач?

Дали вие и вашиот бизнис сте единствените ентитети на кои треба да се стави фокусот за да успеете во тие намери?

Продолжи…

post

Аутсурсинг како опција за малите бизниси

Како еден претприемач вие ќе мора да изведувате повеќе активности за вашиот бизнис. Исто така, доколку сакате вашиот бизнис да функционира секогаш на најдобар можен и најоптимале начин ќе мора тие активности да се спроведуваат секојдневно.

Дали вие и вашиот бизнис имате доволен потенцијал за се?

Знам дека сакате да контролирате се во вашите раце. Дека тоа е најсигурното нешто за вас. Но, многу поважно прашање е дали имате доволно потенцијал да држите се во вашите раце и така да овозможите вашиот бизнис да расне онака како што сакате?

Денес не е важно што можете да направите, туку како ќе го направите и вреди ли да го правите тоа за вас, вашата компанија, вашите вработени, вашите купувачи и вашите партнери.

Да бидеме искрени, не можете да контролирате се и сешто. Затоа е добра идејата да размислите за аутсурсинг како голем потенцијал кој може да ви помогне во вашите напори во раст на вашиот мал бизнис.

Продолжи…

post

6 фази на претприемништво

На почетокот на оваа година GEM (Global Entrepreneurship Monitor) го објави извештајот за 2012 година за состојбата во однос на претприемништвото низ светот. (Напомена: што значи да излегуваат извештаи веднаш по завршување на годината).

Конечно овој викенд имав прилика да го разгледам малку во однос на новите откритија од оваа глобално истражување.

Онаа што на прва ми остави силен впечаток е шесте фази на претприемништво согласно GEM. На скицата подолу се претставени тие фази.

Продолжи…

post

Како да ги откриете вашите силни страни

Секој човек има сопствени силни страни. Па и вие како еден претприемач исто така имате силни страни. Тоа е нешто што не може лесно да се копира од другите. Нешто што е уникатно, специфично и силно врзано само за вас.

Потребно е само да се откријат и секако да се користат. Понекогаш силните страни се длабоко сокриени во индивидуата, но понекогаш тие се забележителни и се користат од индивидуалците и особено од претприемачите.

Силните страни, онаа во што сте најдобри, претставуваат еден и единствен клуч за вашата успешност како еден претприемач. Од друга страна онаа за што сте свесни дека денес претставува ваша силна страна не значи дека тоа се и единствените. Сигурно постои уште нешто.

Со помош на овој наслов ќе можете постојано да ги следите и откривате вашите силни страни, но и веднаш по откривањето да ги користите како вашиот бизнис постојано ќе ја одржува својата супериорност.

Продолжи…

post

Дали сте претприемач кој стратешки размислува?

Да одиме со една мала вежба. Вежба преку одговор на неколку прашања кои имаат за цел да ви покажат дали сте на вистинскиот пат и дали сте претприемач кој стратешки размислува и стратешки го гради сопствениот бизнис.

Денес е најлесно да се започне бизнис. Но, потоа следуваат следниве искази:

  • Никој не купува, а имаме најдобри цени и одличен квалитет.
  • Не сакаат да ја сменат конкуренцијата.
  • Направив веб сајт но, Google не ме покажува при пребарување.
  • Моите вработени не се на ниво на кое треба да бидат.
  • Не можам повеќе, работам по 15 часа дневно и повторно ништо.

Ова се само дел од прашањата кои ги имам добиено во претходните неколку месеци. Но, не е проблем што се поставуваат прашањата, проблем е очекувањето од страна на претприемачите кои ми ги поставиле тие прашања, а тоа е многу полошо. Очекување дека некој со еден едноставен одговор ќе ги научи каде грешат, што треба да прават и дали може нешо да променат не се очекувања на вистински и потенцијално успешни претприемачи.

Продолжи…

post

Идеи кои можете да ги искористите од февруари 2013

За малку ќе ја пропуштев оваа практика секој месец да ги издвоиме највредните идеи во вид на постови објавени на претприемач од претходниот месец, а тоа февруари 2013 година.

Полека, веќе се стабилизираме, веќе ги гледаме првите трендови во однос на оваа година иако изборниот процес сепак влијае на одредени бизнис активности. Сепак, месец февруари веќе ги дава првите знаци на стабилизација и вклучување на турбо погоните на нашиот мотор за реализација на онаа што е предвидено за следната година.

Насловите од овој серијал, на крајот на годината по уште една анализа ќе влезат на страната Започни тука која служи за полесно следење на онаа што е најкорисно за вас како претприемачи.

Во февруари 2013 година на претприемач беа објавени 22 наслови од различни теми од областа на претприемаништвото. Знаете дека како главна тема за оваа година ја одбравме темата за процес на безхартиено работење, што значи дека минимално еден наслов во месецот ќе биде посветен на оваа тема.

Да видиме што е она најактуелното што можеш да го искористиш за твојот бизнис од февруари 2013 година.

Претприемач

Бизнис план

Маркетинг

Продуктивност

Продажба

post

Вашиот претприемачки пат не е пат од А до B

Секој претприемач ќе треба да има свој сопствен уникатен претприемачки пат кој ќе го одведе до посакуваниот успех.

Но, еден проблем кој го гледам кај повеќето претприемачи е нивното линеарно размислување во однос на тој пат. Оваа значи дека тие вообичаено го гледаат патот како една права линија што е доста опасно размислување што во повеќето случаи води до неуспех на нивните намери да изградат навистина успешен бизнис.

Секогаш започнувате со вашата изија за тоа каде сакате вашиот бизнис да биде во иднина. Едноставно знаете каде сте и каде сакате да бидете, односно конечната дестинација. Можеме да го нацртаме оваа како на следниот график. На пример, вашата тековна позиција е А, а вие сакате во иднината да бидете во позиција Б.

Продолжи…

post

Како претприемач ќе треба да одговорите на 6 важни прашања

Прашањата се важни за секој претприемач бидејќи тие се скогаш присутни околу нив. Прашањата и одговорите на тие прашања имаат потенцијал да ги подобрат вашите претприемачки вештини и имаат силен потенцијал да го подобрат вашиот бизнис.

Дали имате различни прашања кои постојано ви се врткаат во вашата глава?

Веројатно вашиот одговор е да, имате многу прашања и тоа одговарате многу прашања на дневна основа.

Но, кои се најважните прашања за вас како еден претприемач? Кои прашања мора постојано да се одговараат од ваша страна?

Да разгледаме 6 важни прашања кои можат да ја подобрат вашата продуктивност и вашиот севкупен претприемачки живот.

Продолжи…

post

4 Клучни претпоставки на кои ќе се базира вашиот бизнис

Денес живееме во светот на претпоставки, а не на планови. Денес живееме во крајно неизвесен свет каде плановите во зависност за кој период се однесуваат можат само да не закочат. И денес грешките ни се потребни повеќе од кога и да е.

Бидејќи знаете дека планот нема многу да ви помогне во гарантирање на вашата успешност, туку едноставно ќе ви одземе драгоцено време и пари за што пишував во претходниот пост насловен како планирање на нешто што не може да се испланира.

Таму е мојата шкработина, односно график во кој ги базирам основите на оваа мое тврдење. Но, еве го повторно тука за да не мора да се префрлувате на тој наслов.

Продолжи…

post

Идеи кои можете да ги искористите од Јануари 2013

Да продолжиме со практиката од минатат година по поминување на секој месец да ги издвоиме најчитаните, но и најкорисните наслови од претходниот месец кои можете да ги искористите како идеи за вашиот бизнис.

Почетокот на секоја година е почеток на големи подготовки за годината која следува. Што ќе се прави? Како ќе се прави? Кои ќе бидат целите? Како ќе ги реализираме целите? Што ќе користиме?

Сето тоа се прашања кои ќе треба да се одговорат а од кои ќе зависи текот на годината.

Насловите од овој серијал, на крајот на годината по уште една анализа ќе влезат на страната Започни тука.

Во јануари 2013 година на претприемач беа објавени 21 наслов од различни теми од областа на претприемаништвото. Како главна тема за оваа година ја одбравме темата за процес на безхартиено работење, што значи дека минимално еден наслов во месецот ќе биде посветен на оваа тема.

Да видиме што е она најактуелното што можеш да го искористиш за твојот бизнис од јануари 2013 година.

Продолжи…