post

[Презентација] Избери се себеси

Иако ја имам, а сеуште не можам да најдам време за да ја прочитам книгата сепак пораката ми се допаѓа.

Избери се себеси.

post

Изградете повеќе дисциплина во се што ќе започнете

Градење на дисциплина во вашата претприемачка работа е важна работа за вас како претприемач. За жал, забележителни се многу претприемачи кои навистина се трудат да изградат дисциплина во онаа што го работат, но сепак залудно.

Доколку сакате да завршите се што ќе започнете, ќе мора да бидете подисциплинирана личност особено кога работите на различни задачи кои треба да ве доведат до посакуваните остварувања за вас и вашиот мал бизнис.

Како да станете подисциплиниран претприемач, или личност која ќе интегрира подисциплинирано однесување во себе?

Продолжи…

post

Трансформациски претприемачи – кои се тие

Пред некаде околу четири или пет години за првпат прочитав за овој термин – трансформациски претприемачи (не се сеќавам точно каде) но знам дека беше нешто сосема ново (дали книга или списание). Тогаш мислев дека овој термин е нов “модерен” хит термин кој ќе послужи за опишување на една иста личност – претприемачот.

Од денешен аспект, кога гледам на истиот термин слободно можам да кажам и дека сум бил во право, но и дека не сум бил во право. Зошто?

Прво сум бил во право дека терминот има за цел да поттикне поглед од сосема поинаков агол при гледање во ист субјект. Сепак, зборуваме за ист субјект, без разлика што времињата се промениле и описот на навиките или задачите на тој ист субјект се променети доста. Не сум бил во право затоа што навистина се покажа дека таквите претприемачи се потреба бидејќи тие се оние кои го менуваат светот и тоа е факт.

Тука би сакал да нафрлам неколку карактеристики на овие претприемачи едноставно како поттик да се обидеме да го промениме светот.

Продолжи…

post

Идеи кои можете да ги искористите од Април 2013

Секој месец ги групираме идеите, односно насловите кои можете да ги искористите за вашиот бизнис и вашиот претприемачки пат. Овој месец малку задоцнивме, но сепак еве успеваме на крај да ги објавиме и овој наслов.

Насловите од овој серијал на постови на претприемач, на крајот на годината по уште една анализа ќе влезат на страната започни тука која служи за полесно следење на онаа што е најкорисно за вас како претприемачи а е резултат од скоро петгодишна работа на овој сајт.

Во април месец 2013 година на претприемач беа објавени 27 наслови од различни теми од областа на претприемништвото. Овој месец преовладуваа наслови од категоријата претприемач и претприемништво.

Продолжи…

post

Епизода #1: Процес на следење и мерење на резултати [подкаст]

Добредојдовте во нашиот нов подкаст насловен како “претприемачки пат”. Исто како и сајтов претприемач, и овој подкаст ќе биде наменет за обработка на теми од претприемништво за претприемачи, при што ќе одиме еден чекор понапред, олеснување и подобрување на вашиот претприемачки пат. Нашата цел е да ви помогнеме да го подигнете патот на нивото кое со сигурност ќе ви обезбеди успех во вашата претприемачка кариера.

Оваа е прва епизода, сигурно дека ќе има многу грешки, особено што сите технички предуслови не се прилагодени онака како што треба, но сепак без да започнеме нема ни да знаеме што треба да подобриме или промениме. Во секој случај очекувам дека по првите десет се ќе биде на свое место.

Планираме овој подкаст да биде неделен подкаст, што значи секоја недела по една нова епизода од различни теми.

Продолжи…

post

Некогаш и сега во бизнисот

Претприемачите мора да бидат свесни дека деловниот свет претрпе огромни промени во последниве десетина години, а и ќе трпи уште брзи промени во иднина.

Иднина за бизниси

Вака изгледа се лесно кога се раѓаме и живееме во свето во кој што функционира се како што функционира. Но, сепак не можам да заборавам како се одвиваше работата на моето прво работно место и сега.

Продолжи…

post

Како тим лидер мора да обезбедите поддршка за вашиот тим

Вие сте претприемач, личност која креира нешто вредно за вашите купувачи од ништо. Но, исто така вие сте и лидер, бидејќи не можете да креирате и дистрибуирате вредност за купувачите како индивидуалец кој е сам.

Имате потреба и веројатно веќе имате тим кој ќе работи со вас и ќе ви помогне за да ги постигнете вашите цели.

Согласно моите анализи на група на претприемачи, открив дека без поддршка од страна на претприемачот постигнувањата на тимот (или малиот бизнис како целина) се 30% до 50% помалку отколку кај бизниси со целосна поддршка на претприемачот.

Што значи оваа? Еве некои примери:

Продолжи…

post

Ситуација кога едноставно не знаете што да направите

Во реалноста вие како еден претприемач ќе се најдете себеси во повеќе ситуации во кои едноставно не знаете што да направите како следно. Тоа е нормално, и не постои место за појава на сомневање во себеси или пак страв. Тука ќе објаснам 5 работи кои ќе можете да ги направите доколку се најдете во таква позиција.

Повеќе пати се имам најдено себеси во ситуација кога навистина не знам што да правам. Тоа беа навистина фрустрирачки ситуации пред да успеам ефективно да ги менаџирам.

Таквите ситуации се опасни за секое лице, а особено за претприемачите. Таквите ситуации ќе можат да го скршат вашиот цел свет за момент и не дозволуваат брзо враќање во реалноста. На пример, доколку не знаете што да направите како следно, лесно ќе:

Продолжи…

post

Идеи кои можете да ги искоритите од Март 2013

Поминаа првите три месеци од оваа година. Многу подготовки кои ги направивте при крајот на минатата година и почетокот на оваа година со чекори кои треба да ги спроведете веќе се во имплементација со полна пареа.

Насловите од овој серијал на постови на претприемач, на крајот на годината по уште една анализа ќе влезат на страната започни тука која служи за полесно следење на онаа што е најкорисно за вас како претприемачи а е резултат од скоро петгодишна работа на овој сајт.

Во март месец 2013 година на претприемач беа објавени 22 наслови од различни теми од областа на претприемништвото. Овој месец преовладуваа наслови од категоријата менаџмент во која се содржани и продуктивноста и безхартиеното работење.

И повторно се држевме до главната тема за оваа година, а тоа е процес на безхартиено работење, што значи дека минимално еден наслов во месецот ќе биде посветен на оваа тема.

Да видиме што е она најактуелното што можете да го искористите за вашиот бизнис од март 2013 година.

Започнување на бизнис

  1. Тестирајте ја вашата бизнис идеја преку следниве прашања
  2. 4 Стапици при учење од тестирање на претпоставки
  3. Сигурни сте за вашите цели, но што потоа?
  4. 6 Важни прашања за вашите цели

Претприемач

  1. Како претприемач ќе треба да одговорите на 6 важни прашања
  2. Спроведете ги следниве вежби за да бидете пофокусиран претприемач

Mаркетинг

  1. Едноставна, но најдобра дефиниција за пазарот

Mенаџмент

  1. Инфографи – Топ 10 “вшмукувачи” на вашето време
  2. Како да заштедите 10 часа и повеќе од една работна недела?
  3. Како лидерите можат да ги подобрат вештините на членовите на тимот
post

6 Знаци дека треба да прекинете со тековната визија

Вашата визија претставува една од најкруцијалните делови од вашиот претприемачки пат која ги става сите ваши погони на максимална моќност за да ве донесе до толку посакуваната дестинација опишана во визијата. Но, што доколку треба да прекинете со вашата визија?

Можете да имате визија за да станете милијардер. Но, што доколку не можете да станете милијардер поради објективни причини?

Веќе знаете дека ќе имате различни препреки на вашиот пат за реализација на визијата. Тие препреки можат да бидат објективни и субјективни.

Понекогаш едноставно ќе откриете дека не можете веќе да ја следите вашата визија што значи дека ќе треба да запрете и започнете одново со нова визија. Но, кои се знаците кои ќе ви кажат дека треба да прекинете со тековната визија и започнете со нова?

Да разгледаме некои од нив.

Продолжи…