Дали имате искуство, или пак можеби подобро е да кажам дали се чувствувате како постојано да бркате нешто, постојано поправате, ги затнувате дупките, едноставно се наоѓате во ситуација да постојано ја одржувате status-quo ситуацијата во вашиот бизнис.

Претприемачки мајндсет – Во 2014 проактивност наместо реактивност

Променете го вашиот претприемачки мајндсет во оваа 2014 година
Доколку одговорот е да, тогаш следете ги насловите од овој месец Јануари на претприемач затоа што ќе обезбедиме серијал на наслови со совети за промена на вашиот претприемачки мајндсет, не за да ве подготви само за оваа 2014 година, туку за да ве подготви за следната деценија во развојот на вашиот бизнис.

10 прашања како за почеток на годината
Но, проблемот со целите е што често пати тие остануваат на хартија и само на хартија без нивна конкретна трансформација во специфични чекори и мерливи индикатори кои ќе доведат до нивното остварување. На еден таков начин целите иако важни, стануваат само обични желби на еден претприемач изразени во пишана форма во некој документ.

Менаџмент – најдоброто од 2013 година
Некој мора да постои за да интегрира различни подсистеми во вашиот бизнис систем, да ги насочи во вистинската насока, да ги планира следните чекори, да ги контролира и да доднесува одлуки за крупните работи. Менаџментот си ја има сопствената улога во развојот на секој бизнис, па дури и малите во кои е зебележително избегнување на оваа тема.
Кои прашања да си ги поставите на овој последен ден во годината?

Маркетинг – најдоброто од 2013 година
Да, маркетинг е составен дел на секој бизнис и тоа е неизбежен факт кој мора да се знае, но и да се практикува. Иако понекогаш се пренагласува фокусот, сепак овие активности се нешто што додаваат и треба да додаваат вредност за секој бизнис, нормално доколку се имплементираат како што треба.
Како за крај на годината, еве некои прашања кои можеби ќе бидат интересни да си ги поставите со цел подобро да ја започнете новата 2014 година кога станува збор за маркетинг активности.

Започнување на бизнис – најдоброто од 2013 година
И во новата година очекувам дека темава ќе биде сеуште застапена, заљтоа што сеуште е важна и потребна на многумина дури и за оние кои веќе имаат искуство со започнување на бизнис и веќе имаат успешен бизнис.
Но, ајде да презентирам некои прашања кои можеби ќе ви бидат интересни доколку сакате да започнете сопствени бизнис во 2014 година.

Продажба, финансии и технологија – најдоброто од 2013 година
Овие теми не се толку комплекси и претставуваат едноставно механика на претприемачкиот еко систем. Сепак, можеби ќе се обидам оваа година да ги вклучам малку повеќе и преку посебни наслови на претприемач но и преку подкастот „претприемачки пат”.
Еве некои прашања на кои можеби би сакале да размислите сега на крајот на оваа година или на самиот почеток на следната година.

Претприемач – најдоброто од 2013 година
Се знае дека одговорноста за успех/неуспех се наоѓа во рацете на претприемачот и тоа е факт иако повеќе пати не сакаме да признаеме дека е така.

Најдоброто на претприемач во 2013
Крајот на годината служи за една анализа и преглед на онаа што е планирано и што е сработено, но и врз база на тоа се прават подготовки за следната година. Следниве прашања може да бидат важни за вас во овој момент:

Епизода #19: Апликации без кои не можам
Како што веќе напишав во најавата, ќе стане збор за 10 апликации кои се на листата на апликации кои секојдневно на некој начин ги користам и кои ми овозможуваат поголема продуктивност и полесно изведување на различни работни задачи со помош на истите.
Да не должам многу преминете на слушање.


