post

Непредвидливост на иднината на вашата компанија

Многу пати пишував и зборував на претприемач за неизвесноста како единствено сигурно нешто околу вашиот бизнис. Но, еден проблем кој се јавува со неизвесноста е непредвидливоста на иднината на компанијата.

непредвидливост

Сега, прашањето е како можеме да се подготвиме за успешно менаџирање со една компанија, без разлика за каква компанија станува збор дали за мала со неколку вработени или пак за поголема од десетици па и стотици вработени. Како еден претприемач вам тоа менаџирање ви е на одговорност како задача. Едноставно тоа е притисок да се подготвите за иднината.

Продолжи…

audio

Епизода #31: Kако да бидете и останете поорганизиран претприемач

Ќе продолжам со триесет и првата епизода на “претприемачки пат” во која повторно продолжуваме со продуктивноста односно како да бидете и останете поорганизиран претприемач.

поорганизиран претприемач

Добро, веќе најавив дека до паузата со овие епизоди на “претприемачки пат” фокусот ќе биде на темата продуктивност, поточно за ефективно менаџирање на времето за еден претприемач што значи и обезбедување на поголема организираност како дел од тие напори.

Продолжи…

post

Kако да стандардизирате процеси во вашиот бизнис

Веројатно си го поставувате прашањето: зошто стандардизација кога можеби илјада пати на претприемач споменував дека еден бизнис функционира во крајно неизвесно опкружување?

стандардизирање на процеси

По едно вакво прашање сигурно се отвораат и други теми како да стандардизирам кога во моментот ќе имплементирам стандарди неизвесноста ќе си го направи своето и ќе доведе до нивно застарување, неприменливост или пак погрешно изведување на работата во самата компанија.

Продолжи…

post

По купувачите следува вашиот продажен тим

Освен купувачите кои се наоѓаат надвор од вашиот бизнис, следниот важен ентитет за успех на секоја компанија особено доколку процесот се изведува преку физичка локација или некој вид на директна интеракција производ – купувач е вашиот продажен тим.

ваш продажен тим

Од продажниот тим во голем дел ќе зависи успехот на бизнисот бидејќи едноставно од нив ќе зависи и одговорот на следниве прашања:

Продолжи…

post

Вашите купувачи иако се проблематични, без нив не се може

Како еден бизнис, можете да ги имате најдобрите производи и услуги, да ги дизајнирате и комбинирате најдобрите процеси, но сепак да не успеете. Зошто? Затоа што немате купувачи.

купувачи за вашиот бизнис

Некако се чини дека постојаната трка со конкуренцијата, фокусот на производите и процесите како да ги заборава газдите, директорите, односно најглавните во еден бизнис. Да, купувачите претставуваат најкорисна личност за вашиот бизнис и време е да ги третирате како такви.

Продолжи…

audio

Епизода #30: Систем за ефективно менаџирање на времето

Продолжуваме со триесетата епизода на “претприемачки пат” во која повторно продолжуваме со продуктивноста односно ефективно менаџирање на времето за еден претприемач.

менаџирање на времето

Како што веќе најавив во претходната епизода, фокусот во следните неколку епизоди на “претприемачки пат” ќе биде на темата продуктивност, поточно за ефективно менаџирање на времето за еден претприемач. Ефективно менаџирање на времето е повеќе од користење на една “да направам” листа и алатки за имплементација на истото. Затоа во оваа епизода ќе продолжам со некои препораки за да успеете да имплементирате ефективен систем за менаџирање на вашето време.

Продолжи…

post

Вашите некупувачи и неколку можни тактики во однос на нив

Зошто некупувачи? Истото тоа прашање вообичаено ми го поставуваат и клиентите, но кога ќе завршиме со процесот на нивното вклучување во нивните идни бизнис планови и кога ќе ги почувствуваат бенефитите веднаш има станува јасно.

купувачи и некупувачи

Како што знаете главната тема на претприемач за оваа година се иновации и иновативност, па и тука која ќе се обидеме да ги откриеме вашите некупувачи и онаа што можете да го направите во однос на нив на некој начин ќе биде поврзано со иновациите и зголемување на севкупната иновативност на вашиот бизнис воопшто.

Продолжи…

post

Тестирање на идеи… Дали ќе успеам?

Да се има многу идеи е само едерн мал дел од постигнувањата кои ќе ги имате како еден претприемач. Сепак, главното не е завршено. Идеите едноставно не се доволни.

тестирање на идеи

Сега доаѓаме во фаза кога треба да ја тестирате вашата „голема идеја”. Дали ќе успеете? Анализите, истражувањата, размислувањата може да покажуваат навистина дека треба да ги имате производите или услугите, процесите или бизнис моделот кои се резултат на тие идеи.

Продолжи…

audio

Епизода #29: Ефективно менаџирање на времето

Ова е дваесет и деветата епизода на “претприемачки пат” во која станува збор за продуктивноста односно ефективно менаџирање на времето за еден претприемач.

продуктивност ефективно менаџирање на времето

Во оваа и во следните неколку епизоди на “претприемачки пат” ќе се фокусираме на темата за продуктивност, поточно за ефективно менаџирање на времето за еден претприемач. На некој начин и оваа тема ќе биде поврзана со двете претходни во кои зборував за стандардизација и стабилизација на вашите работни процеси, бидејќи доколку се знае што треба, односно што мора да се направи ќе биде и полесно менаџирање на времето во вашиот бизнис.

Продолжи…

post

Матрица на понуда и побарувачка

Колкава е понудата и побарувачката на пазарот на специфични производи или услуги кои ќе резултираат од вашата бизнис идеја? За одговор на оваа прашање може да се користи матрица на понуда и побарувачка.

понуда и побарувачка

Матрица на понуда и побарувачка е една алатка која ја имам развиено уште пред повеќе од пет години со цел да можам во определени аспекти да ја мерам бизнис потенцијалната енергија на една бизнис идеја.

Продолжи…