post

Креативноста како поттикнувач на успехот

Многу индустрии и пазар немаат многу голем маневарски простор кога станува збор за иновација, или пак едноставно го користат тој стереотип за да најдат оправдание заради сопствената неинвентивност и недостаток на креативност.

креативноста како потреба за успех

За да успеете да дојдете до голема идеја, без разлика далис танува збор за нов производ или услуга, процес или пак бизнис модел, многу важна карактеристика која треба да ја поседувате е креативноста.

Продолжи…

post

Идеи за утрешницата: Како да се подготвите за утрешните „жешки” идеи?

Успешен претприемач мора да има способност да го избере или создаде вистинскиот производ услуга што ќе им ги понуди на купувачите на пазар на кој нормално постоела, постои и ќе постои конкуренција.

идеи за утрешницата

Сигурно и некој пред вас започнал сличен бизнис и нуди некои видови на производи или услуги на пазарот. Сигурно и купувачите во моментов успеваат на некој начин да ги задоволат потребите кои вие сакате да им ги задоволите или пак воопшто не ни знаат дека имаат таква потреба. Но, вистинскиот производ или услуга кој вие ќе го изберете ќе ви го каже почетната анализа на пазарот.

Продолжи…

post

Како ефективно да конкурирате со поевтина конкуренција

Еден од најголемите проблеми кај претприемачите е цената како единствена конкурентска предност. Па, во таков случај како можете да конкурирате со поевтина конкуренција?

конкуренција со поевтини конкуренти

Да, овој проблем е еден од најголемите проблеми особено во индустрии во кои еден бизнис нема огромно влијание врз цената, но и кога не постои доволно знаење за можните опции кога станува збор за нивните ценовни стратегии. Најопшто кажано, постојат неколку работи кои вие како еден претприемач можете да ги преземете доколку сакате да конкурирате со такви конкуренти без притоа да изгубите дел од вашата профитабилност.

Продолжи…

post

Дали имаме премалку време за да завршиме се што сакаме

Оваа прашање често си го поставував во минатото, па дури и сега понекогаш ми поминува во главата. Дали имаме премалку време да завршиме се што сакаме да завршиме?

премалку време

Времето, кога зборуваме за продуктивност претставува ограничена категорија. Не можеме да имаме повеќе од 24 часа во едно деноноќие. Тука нема бегање. Тоа е факт.

Продолжи…

post

Тестирање на претпоставки во услови на неизвесност

Тестирање и експериментирање претставува една од главните обврски за вас како еден претприемач. Имате претпоставки, се занимавате со тестирање на тие претпоставки и притоа внимавате на стапиците и едноставно подобрувате бидејќи сепак тоа се само претпоставки, а не факти.

тестирање на претпоставки

Ќе започнам со едно истражување на Стенфорд Универзитет спроведено од Д-р Керол Двек кое покажува како луѓето размислуваат за нивните акции и како тие се поврзуваат со успех и неуспех во еден неизвесен свет на еден од два начини.

Продолжи…

post

6 причини зошто треба да инвестирате во иновација

Зошто треба да инвестирате во иновација? Вакво и многу слични прашања ми ги поставуваат секојдневно различни претприемачи и тука би сакал да презентирам 6 причини кои ги давам како одговор на прашањето.

иновација

Инвестиција во иновација не значи автоматски инвестиција во форма на пари. Кога зборувам за инвестиција во иновација мислам на инвестиција на пари, време, човечки и други ресурси за да еден иновациски процес профункционира во вашата компанија.

Продолжи…

post

Најголемиот проблем за вашиот бизнис и како да го решите

Факт е дека во вашиот деловен свет секогаш ќе постојат определени проблеми кои ќе бараат решение и секако превенција од повторно појавување. Но, сепак тоа не е најголемиот проблем во вашиот бизнис.

проблем

Најголемиот проблем е нешто сосема друго. Нешто многу поопасно за вашата компанија. Нешто што во повеќе од 90% води до неуспех за малите бизниси. Што е позначајно повеќето претприемачи едноставно не се ни свесни за постоење на таквиот проблем.

Продолжи…

audio

Епизода #28: Стабилизација на процеси и како до стабилни процеси

Во дваесет и осмата епизода на “претприемачки пат” станува збор за стабилизација на процеси и можности да ги направите вашите процеси постабилни.

Претприемачки пат

Со оваа епизода на “претприемачки пат” ќе продолжам од темата за која зборував во минатата епизода. Тогаш зборував за стандардизација на процесите, а сега ќе зборувам за стабилизација на вашите деловни процеси.  Оваа тема едноставно претставува суштината на сите ваши напори во обезбедување на соодветни системи во вашиот бизнис на кои слободно ќе можете да се потпрете.

Продолжи…

post

“Да направам” листа која ќе гарантира успешност

Една „да направам” листа претставува ливче со цртички за се онаа што треба да направите. Забележувате дека велам „што треба” да направите, а не велам „што сакате” да направите. Како прво тука лежи и основната разлика на листите кои водат кон успешност и поголема продуктивност и листите кои само доведуваат до поголем притисок и дефокусираност.

бизнис план

Треба и сакам се сосема различни концепти. Се онаа што треба да направите претставуваат активности кои се суштествени за вашиот бизнис, тоа се активности кои додаваат вредност за вашиот бизнис, но и учествуваат во креирање на вредноста што вашиот бизнис ја испорачува за вашите купувачи. Од друга страна, се онаа што сакате да направите не мора да значи дека е суштествено за вашиот бизнис, може да биде суштествено но утре или по една недела или по една година итн. Но, може да биде и несуштествено, неприоритетно, неважно…

Продолжи…

post

Вашата најважна работа не се случува во вашата канцеларија

Вашата канцеларија веројатно е сеуште една од најважните во вашата работа, но во денешен свет на бизнисот, очигледно е дека значењето се повеќе се намалува.

канцеларија

Развојот на технологијата како интернето, облак решенија и социјалните медиуми едноставно ве прават вас и целиот ваш тим се повеќе и повеќе мобилни. Тоа е факт. Но, не само што стекнувате мобилност, туку и станувате попродуктивни.

Продолжи…