Бидете секогаш најиновативни! Алатки, екниги и видео презентации само за најхрабрите!

image

Помалку купувачи значи помалку проблеми но…

Да, купувачи носат проблеми, но тоа е нормално во животот на еден претприемач и еден бизнис. Тие постојано бараат нешто ново, имаат нови желби, негодуваат… Сето тоа можеби навистина претставува проблем за вашиот бизнис, но истовремено и можност да се подобрите, да иновирате. Ако ги избегнувате купувачите заради намалување на проблемите, истовремено го избегнувате и поголемиот приход, а со тоа и поголема профитабилност.
post

Мерки кои живот значат за успешна продавница на мало

Не постои претприемач или сопственик на мал бизнис кој не користи различни мерки за донесување на клучни одлуки за иднината на компанијата.

мерки за продавница на мало

Истото е случај и со продавници на мало. Традиционално ние постојано следиме и мериме нешто, споредуваме со некои таргети и донесуваме одлуки дали тоа нешто е добро или лошо, дали сме успеале или не сме успеале, дали треба да се корегираме или не…

Продолжи…

post

Епизода #34: Што да продавате производ или време?

Сигурно сте слушнале, ве учеле или пак сте прочитале дека услугите се наплаќаат врз основа на времето кое го вложувате во креирање на услугата. Сепак, тоа не е баш најдобар случај.

претприемачки пат 34 - што да продавате, производ или време

Во оваа епизода на претприемачки пат зборувам за eдно можеби суштинско прашање за вашата иднина, а тоа е што да продавате, производ или време. Не, ова нема да биде дефиниција на тоа што претставува производ, а што услуга, туку што добивате ако продавате услуга како производ, а што ако ја продавате истата како ваше време.

Продолжи…

audio

Епизода #33: Претприемачки часовник

Претприемачки часовник претставува еден вид на презентација на претприемачки процес со кој драстично се менува самиот процес кој се изведува од страна на претприемачите.

претприемачки пат - претприемачки часовник

Во оваа епизода, триесет и трета по ред на “претприемачки пат” зборувам за претприемачки часовник кој беше дизајниран пред неколку години за целите за книгата “Иновации и претприемништво”. Во последните неколку месеци часовникот претрпе неколку измени со што согласно моето искуство се вклучија сите елементи кои недостасуваа во претходната верзија.

Продолжи…

post

7 Причини зошто бизнис идеи се бесплатни

Бизнис идеите претставуваат почеток на претприемачкиот процес, што ќе видите и од утрешната епизода на “претприемачки пат”.

7 причини зошто бизнис идеите се бесплатни

Сепак, да се има бизнис идеја не значи дека се има бизнис или пак потенцијален бизнис.

Сите имаме идеи. Сите имаат идеи. Во изминатите десетина години имам добиено стотици пораки и имам разговарано со стотици претприемачи кои се полни со идеи и едноставно низ шепот ми кажуваат за што станува збор. Или пак кога станува збор за пораки бараат никому да не кажам или пак ми кажуваат дека стравуваат да излезат со бизнис идејата во јавноста поради страв дека некој ќе им ја зеде, “украде”.

Продолжи…

image

Дали купувачите ќе платат

Дали купувачите сакаат и колкав износ се спремни да платат за вашиот производ или услуга. За една алатка веќе зборував во последната епизода на претприемачки пат насловена како ниво на подготвеност за плаќање на купувачите.
post

Систем за ефективно менаџирање на времето

Како да воспоставите еден системски пристап во однос на менаџирање на времето во вашиот бизнис на вас како еден претприемач?

ефективно менаџирање на времето

Добро, кога зборуваме за бизнис не е доволно да зборуваме само за вас како претприемач и вашето време бидејќи за комплетен успех потребно е и членовите на вашиот тим да бидат успешни во менаџирање на нивното време. Но, верувајте дека доколку успеете кај вас, лесно вашите добри практики ќе се трансферираат и кај вашите вработени.

Продолжи…

audio

Епизода #32: Ниво на подготвеност за плаќање на купувачите

Сигурно секој од вас се нашол во ситуација во која од повеќе идеи ќе избере една бизнис идеја која ќе ја имплементира. Прашањето е која бизнис идеја треба да има приоритет?

претприемачки пат подкаст 32 - ниво на подготвеност за плаќање

Во оваа епизода дискутирам за една алатка, односно техника која ја имам развиено за да ги рангирам повеќето бизнис идеи кои ги имаат претприемачите со кои што работам кога сакаме да бидеме сигурни дека вредноста на избраната идеја, односно бизнис потенцијалната енергија на истата е најголема.

Продолжи…

post

Ефективно менаџирање на времето

Што се случува утре. Ајде запрете за момент и размислете го утрешниот ден за вас како еден претприемач. Дали утрешниот ден ви е веќе испланиран?

продуктивност ефективно менаџирање на времето

Што се треба да завршите за утре? Дали утре едноставно е вашиот најзафатен ден во целата недела?

Зошто утрешниот ден скоро секогаш ни е најзафатен за целата недела? Навистина тешко прашање, но дали ви се случило да кажувате на луѓето нешто како:

  • Немој утре имам многу обврски.
  • Утре имам многу важна работа, нема да можеме да се видиме ајде нека биде задутре.
  • За утре ми е се испланирано да оставиме за некој следен ден.

Продолжи…

post

Три големи ситници во семејните компании

Семејните компании претставуваат една од опции за влегување во светот на бизнисот. Сепак, семејните компании носат доста дилеми кои ќе треба да се разрешат.

мерење

На 24.06.2015 година (среда) на Скопски саем ќе се одржи прва конференција насловена како “Предизвици на транзицијата на семејните бизниси” на која во поголеми детали ќе се зборува за замките на на семејните/приватните компании. Тука ќе стане збор за три такви замки и тоа:

  • Прва работа на наследникот не смее да биде генерален менаџер;
  • Членовите на семејството не треба да имаат повисоки плати од нивните колеги на иста позиција на која ги извршуваат истите задачи;
  • Членовите на семејството треба да го почитуваат работното време…

За жал, практиката не уверува дека се случува токму спротивното.

Продолжи…