Бидете секогаш најиновативни! Алатки, екниги и видео презентации само за најхрабрите!

status

Национален Get In The Ring (GITR) натпревар за инвестиција до €1.000.000

Национален Get In The Ring (GITR) натпревар за инвестиција до €1.000.000

Get In The Ring

Драги старт-ап компании и претприемачи,

Со големо задоволство ви го претставуваме националниот Get In The Ring (GITR) натпревар. Не пропуштајте ја оваа исклучителна можност, пријавете се и учествувајте во трката за инвестиција до €1.000.000. Националниот Get In The Ring натпревар ќе се одржи на 8.10.2014 (среда), а крајниот рок за пријавување на старт-ап компаниите е 20.9.2014. Пријавувањето се врши директно на страната на GITR:

Продолжи…

post

Вашиот бизнис мора да биде подобар

Како еден претприемач вие градите нешто што ќе има вредност за вашите напори. Креирате ентитет, жив организам со свој сопствен живот.

понуда и побарувачка

Тој систем ви овозможува да се насочите на подобрување на бизнисот додека истиот ви овозможува финансиска слобода да си го живеете животот од соништата.

Продолжи…

post

Како малопродажен бизнис може да дојде до купувачи?

Купувачите се оние за кои постои секој бизнис па и малопродажниот. Едноставно тие се оние кои создаваат проблеми, но сепак без нив не се може. Нема купувачи, нема ни бизнис.

малопродажба купувачи

Зошто велам созадаваат проблеми?

Затоа што тие се оние кои го палат огинот, а вие како сопственик на малиот бизнис, вашите менаџери на продавница и сите од продажниот тим сте оние кои постојано морате да ги следите и да го гасите огинот кој што тие ќе го запалат. Но, проблемот не е во однос на еден огин. Кога станува збор за малопродажба зборуваме за стотици па и илјадници мали, но значајни искрички кои едноставно палат на повеќе страни одеднаш и постојано низ компанијата. Како и да е, мора да сфатите дека сепак купувачите се оние кои први можат да ви помогнат во водењето на вашата компанија кон сигурна успешност.

Продолжи…

video

Што се случува со креативност и иновација?

Иако иновацијата и креативноста не се исти работи, сепак не можете да имате иновација без креативност, или пак креативноста нема да биде нешто вредно доколку не се искористи во иновациски процес. Го препорачувам ова видео и особено треба особено внимание да посветиме за тоа што се случува со нашите деца кои што едноставно ја губат сопствената креативност како што растат (случајно или не се поклопува и со формалното образование).
post

За да имате супер идеи, треба да имате многу идеи

Да, за да имате супер идеја, ќе треба и да имате многу идеи од кои ќе изберете една врз основа на тестирања, споредувања и анализи.

тестирање на идеи

Кога зборуваме за идеи и бизниси, мора уште на почетокот од овој наслов да напоменам дека не станува збор само за идеи за бизнис, односно за започнување на бизнис. Идеи се и сите оние идеи за нови производи, нови процеси, подобрувања на производи или процеси или пак и подобрувања најситни движења во вашата работна средина.

Продолжи…

post

Причина за постоење на вашиот бизнис

Пред да започнете со дизајнирање на вашиот бизнис вие како еден претприемач ќе треба да бидете сигурни за тоа која е вистинската цел, односно причина за негово постоење. Што е логично при дизајнирање на било што друго.

мисија или причина за постоење

Иако целта на започнување на бизнисот е една, целта, односно причината за постоење на бизнисот (што се нарекува и мисија) не е иста со целта на започнување. На пример, целта на започнување може да бидете вие како еден претприемач, вашата благосостојба и вашиот подобар живот како и на вашето потесно семејство.

Продолжи…

post

6 Победнички практики за малопродажба

Конкурираат со исти или слични производи. Конкурираат со исти или слични цени. Конкурираат со сличен внатрешен дизајн. Конкурираат со сличен број на вработени. Конкурираат со исти или слични деловни процеси. Конкурираат со ист или сличен бизнис модел. Тоа се малопродажни бизниси. Тогаш прашањето кое често пати го слушам е дали и како може да се обезбеди силна конкурентска предност?

практики за малопродажба

Забележувате дека секаде како опции за конкурентност стои „или слични”, понекогаш токму таа разлика која ја прави сличноста доведува до голема конкурентска предност на еден малопродажен објект во однос на друг. Сепак сето тоа се нијанси обезбедени од различни варијации на функционалности како на понудените производи, така и на севкупниот бизнис модел на еден малопродажен бизнис.

Продолжи…

post

Како до стабилизација на процеси

Првата, а можеби и најважната цел кога креирате процеси е да обезбедите тие да функционираат со определно ниво на стабилност.

стабилизација на процеси

Всушност и целта на секој систем и неговите составни елементи во вид на процеси е да обезбеди стабилизација на функционирањето на компанијата иако истата функционира во крајно непредвидливи и нестабилни услови.

Продолжи…

post

Комбинација на видот на малопродажба како потенцијал за успех

Очигледно е дека денес навистина постои еден хаос кога станува збор за обид да се направи некаква класификација на малопродажни продавници, особено поради фактот што границите кои порано постоеа веќе не постојат и едноставно правилата на игра се комплетно редизајнирани, но редизајнирани во приказ на „не постојат правила”.

малопродажба

На пример, ако се обидеме да кажеме дека продавниците на мало може да се поделат во однос на индустрии како што се фармацевтска индустрија, прехрамбена индустрија, детски играчки и други индустрии веќе не можеме затоа што ако ги земеме аптеките кои се продавници на мало за фармацевтска индустрија во нив ќе забележите дека се продаваат и производи од козметичката индустрија, па дури и во некои можете да најдете и играчки за деца. Во поголемите маркети може слободно да се каже дека има од „игла до локомотива” при што многу индустриски гранки си го наоѓаат своето место за да стигнат до крајните купувачи токму преку овие маркети како посебен вид на продавница на мало.

Продолжи…

post

Непредвидливост на иднината на вашата компанија

Многу пати пишував и зборував на претприемач за неизвесноста како единствено сигурно нешто околу вашиот бизнис. Но, еден проблем кој се јавува со неизвесноста е непредвидливоста на иднината на компанијата.

непредвидливост

Сега, прашањето е како можеме да се подготвиме за успешно менаџирање со една компанија, без разлика за каква компанија станува збор дали за мала со неколку вработени или пак за поголема од десетици па и стотици вработени. Како еден претприемач вам тоа менаџирање ви е на одговорност како задача. Едноставно тоа е притисок да се подготвите за иднината.

Продолжи…