post

Кога можете да бидете сигурни дека идејата ќе даде резултати?

Кога можете да бидете сигурни дека вашата идеја ќе даде резултати? Навистина интересно и важно прашање за сите претприемачи и потенцијални претприемачи.

Идеја и резултати

Сигурно веќе сте свесни дека бизнис идеја значи решение на проблем. Проблемот може да биде опишан едноставно како проблем, како желба за нешто, или пак потреба од нешто. А, како еден претприемач постојано имате идеи за решавање на проблеми за купувачите, исполнување на нивните желби или пак задоволување на нивните потреби.

Продолжи…

post

Тестирајте ја вашата бизнис идеја преку следниве 11 прашања

Вам ви требаат бизнис идеи доколку сакате да станете претприемач. Ви ребаат бизнис идеи доколку сакате да останете пред конкуренцијата. Ви требаат бизнис идеи доколку сакате да бидете лидери на пазарот. Ви требаат бизнис идеи доколку сакате да ги задоволите тековните купувачи и да привлечете нови.

Но, кога зборуваме за бизнис идеи и тука постои 80/20 правило кое ни кажува дека 20% од сите ваши бизнис идеи ќе ви донесат 80% успех во вашите намери. Секоја бизнис идеја нема да биде редна за имплементација денес.

Затоа ќе треба да ги тестирате вашите бизнис идеи пред да започнете со процесот на имплементација на истите.

Тука се презентирани 11 прашања кои можете да си ги поставите и да ги најдете одговорите кои ќе ви помогнат во вашите напори за тестирање на вашите бизнис идеи.

Продолжи…

post

Не ви треба брилијантна идеја, едноставно откријте ја

Првин да ви посакам успешен почеток на неделата. Некако сум навлезен во фазата на најиновативно размислување за бизнис, иновации и претприемништво што беше резултат на насловите од целата претходна недела и би сакал да ја започнам и оваа недела на ист начин, со ист тон и со ист интензитет.

Знам дека некои се најдоа погодени од овој серијал на постови на претприемач, но јавно им се извинувам дека немам намера да ги повредам, единствената намера е да ги поставам темелите на еден сосема поинаков начин на размислување кои подетално ги разработувам во премиум претприемач 2.0. Тоа се факти на денешницата и добро поддржани за утрешницата. Дали ќе ги искористите, односно ќе користите GPS наместо карта од 1960-тата година останува на вас.

Минатиот пат зборував за неизвесноста, избегнување на неизвесноста, безгрешен претприемачки процес, линеарен наместо кружен претприемачки процес…

Да продолжиме со уште некои иновативни размислувања и тоа за бизнис идеите. Сигурно веќе сте слушнале, сте прочитале или пак сте учеле дека вам ви треба брилијантна бизнис идеја која всушност претставува препознавање на можност на пазарот. Не, дека не е точно, точно е тоа. Но, проблемот што тој исказ е се помалку функционален денес.

Продолжи…

post

Дали вашата бизнис идеја е доволно голема?

Големите идеи претставуваат животен крвоток на секој успешен бизнис. Сите претприемачи имаат потреба од нив. Но, прашањето е како ќе знаат дали соодветната идеја е доволно голема да донесе уште поголем успех за бизнисот.

Дали идејата вреди да се имплементира? Зошто треба да започнам со оваа идеја наместо некоја друга идеја?

Оваа се прашањата кои ќе бидат поставени од секој претприемач пред да започнат со процесот на имплементација.

Сите ние имаме многу големи идеи. Некои од нив стануваат реалност, но поголемиот дел никогаш нема да бидат дел од процесот на имплементација.

Продолжи…

post

Како оваа година да биде поразлична?

Би ја започнал и оваа нова 2013 година со концептот што го започнав на крајот на 2011 и првата четвртина на 2012 година, пред на светско ниво да се зборува за истиот тој концепт.

Всушност, мојот концепт кој го нареков како теорија на бизнис идеи беше за првпат тука споменат уште во 2009 година кога пишував за трите чекори при развој на една бизнис идеја:

Основната идеја на овие наслови од веќе далечната 2009 година е дека секоја бизнис идеја треба перфектно да се смести во сите овие подрачја за да гарантира успех во започнување на бизнисот. Тогаш, а во повеќе случаи и денес бизнис идејата ја мериме преку бизнис потенцијална енергија, енергија која е складирана во бизнисот и има потенцијал да донесе успех на истиот.

Во 2011 и 2012 година теоријата, подоцна пренесена во многу практични компании исфрли еден сосема нов термин наречен лин стартап.

Продолжи…

post

5 Состојки кои постојано ќе бидат потребни на вашиот бизнис

Што е онаа што постојано ќе му треба на вашиот бизнис?

Дали се тоа повеќе купувачи? Или пак подобри производи и услуги? Или пак подобри бизнис процеси?

Доколку продолжиме со бреинстормирање на потребите на еден мал бизнис кои ќе го направат успешен бизнис, лесно ќе дојдеме до стотици или пак илјадници посебни потреби.

Но, сите тие не се изолирани. Една потреба (состојка) ќе помогне на друга.

Сега, кои се најважните состојки кои постојано ќе му бидат потребни на вашиот бизнис?

Да погледнеме некои од нив.

Продолжи…

post

[Бизнис идеја] Пред било што друго, одговорете на овие прашања

Постојат многу примери на започнати бизнис идеи при што по започнување претприемачот сфаќа дека се безвредни. Едноставно не успеваат.

Тоа е многу болен процес. Замислете да вложите пари (се што имате) и да вложите труд за да по неколку месеци или уште полошо по неколку години откриете дека сето тоа било залудно.

Не само што веќе ќе загубите и пари и време од вашиот драгоцен живот, туку ќе бидете и скршени од болка, психички притегнати во агол во кој не можете никако да се свртите и тешко можете да излезете.

Но, стратешки пристап на започнување и водење на бизнис е нешто сосема друго. Стратешкиот пристап е она за што тука на претприемач постојано пишуваме. Стратешкиот пристап бара да одговорите на некои прашања пред да го преземете одлучувачкиот чекор за започнување на вашиот бизнис.

Кои се тие прашања?

Продолжи…

post

Како постојано да генерирате бизнис идеи

Дали сметате дека е доволно да имате една бизнис идеја и да започнете бизнис?

Можеби понекогаш е доволна само една идеја, но сепак ќе ви биде намален проторот во кој можете да “маневрирате” како еден претприемач.

Дали сметате дека кога го поминавте стартап периодот веќе не ви се потребни идеи?

Секој бизнис во одредена фаза ќе дојде до својата максимална точка на раст со што ќе се сведат на минимум идните можности. Поради тоа се потребни и нови свежи идеи.

Единствено нешто што никогаш во бизнисите не е доста претставуваат бизнис идеите. секогаш има простор за нова идеја.

Прашањето со кое повеќето претприемачи се соочуваат е од каде да се генерираат потребните идеи, за базенот со идеи секогаш да биде доволно полн за нормално функционирање на бизнисот и обезбедување на подолгорочен раст и развој на истиот.

Еве некои совети кои можете да ги искористите за оваа намена.

Продолжи…

post

3 Дополнителни прашања за секоја идеја која ја имате

Пред повеќе години тука напишавме пост насловен како 3 елементи кои секоја бизни идеја мора да ги има.

Тие елементи доаѓаат од купувачот и пазарот при што:

  • Тој треба да има проблем,
  • Тој треба да има силна желба да го реши тој проблем и
  • Да постојат мали шанси дека проблемот ќе биде решен без идејата која се разгледува.

Оваа логика претставува одлична појдовна точка за развој на една бизнис идеја. Но, сепак недостатсува една важна алка. Алка која ги држи сите останати алки во синџирот. Тоа е претприемачот.

Што е со претприемачот? Каде е тој во процесот? Го нема. Во пракса постојат повеќе случаи кога на пазарот постои проблем, постои и желба за решавање на проблем и досега проблемот не е решен, а сепак претприемачот да не биде задоволен со резултатите кои ги носи бизнисот.

Тука се три дополнителни прашања кои ќе реба да ги одговорите за секоја бизнис идеја.

Продолжи…

post

Можеби најдобриот процес на започнување на бизнис е…

Кој е најдобриот начин за започнување на бизнис?

Постои ли такво нешто?

Постои ли прецизно дефиниран процес на започнување на бизнис?

Постојат еден куп на книги, блогови, алатки, совети…

Но, многу ретко можете да најдете прецизно дефиниран процес со одличен редослед на активности.

Од друга страна секој процес е различен како што и секоја идеја е различна, како и што секој претприемач е различен, како што и секој пазар и индустрија се различни…

Па, има ли процес?

Може да има, но не е сигурно дека е добар за вас. Затоа тука во следниве 7-точки ќе се обидам да го презентирам тој процес (кратко и јасно)

Ако сакаш да започнеш бизнис:

  1. Постојано набљудувајте специфична пазарна ниша и обидете се преку тоа набљудување да научите за потребите, проблемите како и вообичаените производи или алатки за решавање на тие проблеми или задоволување на тие потреби.
  2. Дојдете до иновативна бизнис идеја. Но, лесно е да се каже, сепак потешко е да се изведе. Зголемување на креативноста, дискусија, прашување на потенцијални купувачи, бреинстормирање, морфолошка матрица, вредносна анализа, пиење на пиво… Сето тоа се можни извори на бизнис идеи, што ќе користите зависи од вас.
  3. Идентификувајте ја вашата конкурентска предност во споредба со конкуренцијата. Google, социјални медиуми, статистика, весници, data mining, извештаи, списанија…
  4. Моделирајте го вашиот иден бизнис. Да, добро читате, сепак ќе ви треба бизнис модел преку кој ќе можете лесно да следите што понатаму ќе треба да направите…
  5. Тестирајте го бизнис моделот. Прашалници, анкети, состаноци, телефонско јавување, блог постови, MVP, обод за продажба… Не е важно што се ќе користите, важно е да добиете повратни информации директно од пазарот.
  6. Пивотирајте или имплементирајте го наученото од фидбекот од претходниот чекор во процесот. Промена на стратегија, мисија или визија, карактеристики и бенефити содржани во производот…
  7. Постојано набљудувајте ги, разговарајте со нив и слушајте ги вашите купувачи.
  8. Постојано повторувајте ги чекорите 6 и 7.