Ако земеме да го анализираме нашиот просечен работен ден ќе видиме дека работиме се и сешто. Важно и неважно. Интересно и неинтересно. Корисно и некорисно. Ургентни и неургентни.
Кога ќе го сместиме сето тоа во еден просечен ден на еден лист хартија ќе видиме колку многу хаотичен е тој наш еден ден.
Сето тоа “не” треба да се отфрли. Да започнеме со важноста која треба да не насочи само на оние најважните разботи за нас.
Овој наслов има за цел да ве поттикне да размислите за некои прашања, а не да ви даде решение за вашите проблеми околу важноста. Решенијата се уникатни за секој од вас и во целосна одговорност на вас самите.
Па, што мислите за вашите одговори на следниве прашања?
- Кога ме контактира некој преку било кое средство за комуникација, дали темата е важна за мене, за него или двострано?
- Кога еден од моите вработени влегува во мојата канцеларија со прашање, дали прашањето е важно за мене, мојот бизнис, за мене и мојот бизнис или само за поставувачот на прашањето.
- Кога седнувам да работам на мојата “да направам” листа колку од задачите се важни за мене, а колку се важни за некој друг?
- Кога мојот бизнис го контактира потенцијален купувач, колку тој купувач е важен за бизнисот, и колку вредат напорите за негово интегрирање во продажната инка?
- Кога се наоѓам на состанок, колку од темите на агендата се важни за мене како еден претприемач, а колку се важни за останатите учесници на состанокот?
- Колку јас самиот си го губам времето, а колку некој друг го губи моето време?
Важноста е значаен елемент во еден твој претприемачки живот. Дали си целосно фокусиран кон најважното за тебе или кон најважното за другите?
Добро е да размислиш, а одговорите ќе те доведат до можни решенија на некои проблеми или пак до можни идни активности заради подобрување. Но, подобрување кое ќе го подобри твојот живот.



