post

30 работи кои можете да ги направите во однос на вашиот бизнис план

 

Бизнис план

Бизнис план

Бизнис план претставува алака која значи живот за вашиот бизнис. Тој е тука за да ти помогне како на еден претприемач, твојата компанија да биде подобра, попрофитабилна, постабилна… Мора да го искористиш потенцијалот складиран во една таква алатка – бизнис план.

Имам видено бизнис кои немале бизнис план и сепак успеале. Но, како и да е потенцијаот на тие бизниси би бил многу поголем доколку претприемачите користеле и имплементирале процес на бизнис планирање кој ќе го дизајнира (мапира) патог кон успехот. Најмалку, бизнис планот би го намалил времеот од започнување до успехот.

Затоа тука е направен обид да се сублимираат некои работи кои би можеле да ги направите во однос на вашиот бизнис план како во ниво на подготовка, така и во ниво на имплементација.

  1. Нека биде едноставен.
  2. Нека поттикнува акција.
  3. Нека биде реален.
  4. Направи го ветувачки.
  5. Направи го да биде ориентиран кон потрошувачите.
  6. Нека биде едноставен за користење.
  7. Нека биде едноставен за имплементација.
  8. Нека овозможи лесно следење на имплементацијата.
  9. Нека претставува рамка за вашиот бизнис.
  10. Користи го како блуптинт.
  11. Користи го како средство за финансирање на започнување.
  12. Користи го како генератор за бизнис идеи.
  13. Користи го како средство за опис на твоите идеи.
  14. Користи го како алатка за имплементација на стратегија.
  15. Користи го како мапа за идни бизнис активности.
  16. Користи го секогаш кога треба да донесеш некаква одлука.
  17. Користи го за развој на нови производи и услуги.
  18. Користи го кога имаш потреба за мозочна регулација.
  19. Користи го како алатка за контролната функција.
  20. Користи го за подобрување на твојот бизнис.
  21. Користи го како алатка за менаџирање на сегашен и иден ризик.
  22. Користи го за проверка на тоа дали целите се остварени.
  23. Користи го за подобрување на твојот глобален бизнис модел.
  24.  Користи го како водич за градење на посилна заедница околу твојата компанија.
  25. Користи го како алатка за комуникација помеѓу тебе, твојот менаџерски тим и сите вработени.
  26. Користи го како регулатор за трошење на пари.
  27. Користи го како алатка за наоѓање и анализа на твоите силни страни.
  28. Користи го како алатка за наоѓање и анализа на твоите слаби страни.
  29. Користи го како алатка за наоѓање и анализа на можности.
  30. Користи го како алатка за наоѓање и анализа на закани.
post

Идеи кои можете да ги искористите од Јули 2011

Претприемач

Претприемач

Овој месец малку задоцнивме со идеи кои можете да ги искористите од минатиот месец. Ова се постови кои ќе влезат во потесен избор за најдоброто за оваа година и најдобрите ќе станат дел од Започни тука – страната која на некој начин претставува збир на уптства и водичи за претприемачите. Да видиме што е она што од минатиот месец ќе влезе во потесна категорија за „најдоброто“.

Продажба

Секој претприемач се стреми продажбата да биде на ниво кое ќе обезбеди нормално функционирање на бизнисот, но и остварување на профит. Во јули се занимававме со:

Менаџмент и продуктивност

Категоријата за менаџмент и особено продуктивноста беше најзастапена категорија во јули, од кои ги издвојуваме следниве:

Маркетинг

Бизнис идеја

post

Што е она што го продаваш на твоите потрошувачи?

Што ти или твојот бизнис им продава на потрошувачите? Твојот одговор како и одговорот на повеќето претприемачи би бил дека тоа се твоите производи и/или услуги.

Некој можеби ќе одговори дека продава решени за проблемите на целниот пазар. И тоа е точен одговор.

Некој пак може да одговори дека продава задоволување на потреби за потрошувачите. И тоа е точен одговор.

Како и да е, она што го забележувам во одговорите и секако од разговорите со претприемачите е многу тесен поглед при едни вакви одговори кога станува збор за вистинската ситуација на пазарот.

Денешните, но и идните пазари се како екосистеми. Потребите и решенијата кои им се нудат не се веќе само производи или услуги. Ова е една од најважните заклучоци до кои како еден претприемач мора да дојдеш заради идните подобрувања и прилагодувања на твојот бизнис.

Да, твојот суштински бизнис е продажба на производи или услуги, но ќе мора да продаваш многу повеќе од тоа доколку сакаш да опстоиш на пазарот.

На пример, Apple продава производ (hardware – iPhone, iPad), но исто така продава и производи на други луѓе или бизниси како апликации, игри, весници и магазини. Дали сметате дека оваа компанија би го имала денешниот успех доколку не успеала во привлекување на дизајнери и бизниси кои едноставно само додаваат вредност на нивниот основен производ?

Евиденција за истиот пазар е Nokia и нивните денешни проблеми иако имаат одлични производи, но немаат соодветен екосистем околу тие нивни производи. (Повеќе за Nokia и нивните проблеми во Писмо на CEO до вработените на Nokia).

Твоите производи и услуги се само еден мал дел од вашата севкупна понуда. Понудата може да биде вашиот основен производ или услуга и се друго што додава или има потенцијал да додаде вредност во очите на твоите потрошувачи. Тоа се друго може да биде:

  • Внатрешни елементи. Она што е додадено од твојот бизнис (логистика, гаранција, поврзани производи или услуги, бонуси, цени, поддршка, достапност…)
  • Надворешни елементи. Она што се додава во понудата а не излегува директно од твојот бизнис (производи и услуги кои на некаков начин се поврзани со твоите и можат да го подобрат задоволството на твоите купувачи, но се обезбедени од страна на други луѓе или бизниси).

Бизнис екосистеми

Сега, размисли каде е твојот бизнис во оваа борба на екосистеми.

Севкупна понуда и бизнис екосистеми

post

Што еден претприемач и спајдермен имаат заедничко?

Спајдермен и претприемач

Спајдермен и претприемач

Спајдермен е вид на суперхерој кој има неверојатна моќ која едноставно ја насочува кон обезбедување на бенефити за заедницата. Еден претприемач, исто така е моќна личност која креира повеќе корисности за заедницата. Претприемачите иновираат, градат и испорачуваат вредност, креираат работни места, исполнуваат различни потреби, прават нешто од ништо…  Сите овие бенефити се за заедницата каде што функционира еден претприемач.

Пред извесен период, бев принуден од мојот петгодишен син да ги гледам сите делови од серијалот на филмови за Спајдермен.

Гледајќи ги филмовите се прашав себеси што има заедничко Спајдермен со претприемачот, или што е она што го има кај Спајдермен а е корисно за еден претприемач.

Во оваа моја мала анализа гледајќи филмови издвоив 5 заеднички карактеристики.

1. Со голема моќ доаѓа и поголема одговорност

Колку поголема моќ како претприемач имате (раст и развој на бизнисот), одговорноста за заедницата ќе ви се зголемува. Зголемувајќи ја вашата моќ, ја зголемувате и вашата одговорност кон заедницата.

2. Фокусирај се на нешто кое што вреди за фокусирање доколку сакаш да успееш

Успехот на бизнисот се базира на соодветен фокус на претприемачот за да ги направи правите работи. Доколку го загубите вашиот фокус, веројатноста за успех ќе се намали.

3. Не можеш да бидеш секаде

Поврзано со претходниот фокус е и тоа дека вие не можете да бидете секаде во исто време. Најдобриот опис на ова е цитатот од Bill Cosby:

Не го знам клучот за успехот, но клучот за неуспех е обид да се задоволат сите.

4. Еден момент понекогаш може да ти ја смени целата судбина

Понекогаш еден момент, една одлука, или пак една акција ќе може да ти ја смени целата судбина и твојот личен и бизнис живот. Биди внимателен со одлуките кои ги носиш и акциите кои ги превземаш. 

5. Секогаш избирај ја вистинската страна

Која е насоката која ја бираш за твојот бизнис? Дали тоа е онаа вистинската страна? Дали е вистинската страна која ќе гарантира успех? Знам дека секогаш имаме повеќе насоки од кои треба да избереме една. Како и да е, само една или неколку се оние вистинските за бизнис успехот.

post

Препораки за бизнис модел од Guy Kawasaki

Бизнис моделот е стартната точка на секој бизнис и првата работа која би требало да ја направите по иницијалната бизнис идеја. Тој е еден од најважните бизнис елементи, бидејќи сите останати елементи како бизнис стратегија, бизнис план или акциони чекори ќе се базираат токму на тој твој бизнис модел.

Тој може да биде едноставна слика во вид на дијаграм кој ги поврзува различните бизнис елементи како вредноста, дистрибуцијата на вредноста, комуникациските канали, потрошувачите, конкурентите стејкхолдерите…

Но исто така може да биде и во вид на парче хартија со неколку зборови или реченици кои наративно ги опишуваат истите конекции од погоре.

Имам забележано дека многу бизниси страдаат токму поради тој недостаток на јасно дефиниран бизнис модел, бидејќи без него, не еден претприемач не може да изготви соодветна стратегија или бизнис план кој би ја поддржал таа стратегија.

Во видеото подолу е Guy Kawasaki кој објаснува три препораки за бизнис моделот:

  • Биди специфичен!
  • Нека биде едноставен!
  • Прашај жена!

post

Разгледај ги овие идеи за да го подобриш твојот бизнис

 

Синергија и анергија во бизнисот

Идеи за подобрување

Подобрување е секојдневна работа на секој од нас, како личности, но и како претприемачи. Дури и да не сме свесни, сепак како поминува времето сите ние се подобруваме.

Тука се 5 идеи кои можете да ги искористите уште денес за да најдете можни подрачја за подобрување за твојот бизнис, или едноставно искористете ги 77 бизнис подобрувања за 77 дена.

1. Погледни во твојот бизнис модел

Твојот бизнис модел е фундаментален елемент каде ќе ги најдеш можните подрачја за подобрување. Постави прашања за конкуренцијата, за потрошувачите, за вредноста која твојот бизнис ја нуди, за односите со потрошувачи, за твоите бизнис активности и за твоите бизнис ресурси.

Твојот бизнис модел е нешто што едноставно во една слика објаснува како твојата компанија креира, дистрибуира и комуницира вредност со твоите потрошувачи.

Можеш да прочиташ повеќе за дефинирање и редефинирање на твојот бизнис модел.

2. Погледни во твојот бизнис план

Еден бизнис план во исто време може да биде алатка за иницирање на подобрувања и предмет на самото подобрување.

Погледни во твојот бизнис плани и спореди ги актуелните постигнувања со оние планираните. Секаде каде што постои голема разлика е одличен знак дека нешто треба да се превземе за да се подобри подрачјето каде постои разлика.

3. Разгледај ги сите твои бизнис процеси

Твоите бизнис процеси се места каде што секогаш можете да најдете можности за подобрување. Тие секогаш може да бидат подобри утре за разлика од денес.

Затоа погледни во сите важни процеси во твојата компанија и обиди се да најдеш проблеми, „тесни грла“ или се што може да биде подобрено на некој начин.

Започнете со маркетинг процеси, продажни процеси, производствени процеси, процеси за регрутација на свежи кадри…

4. Погледни во историски податоци

Историските податоци претставуваат одлично место каде можеш да започнеш со барање на трендови и можни подрачја за подобрување.

Погледни во твоите податоци од продажба, во податоците за трошоци, или во било кои податоци кои во некаков облик се складирани на некаков начин во твојата компанија. Ќе најдеш огромен број на откритија кои може да се искористат за целите на подобрување на твојата компанија.

5. Погледни во твојата ценовна стратегија

И последно, и секако не и конечно место за можни подобрувања е твојата ценовна стратегија. Запрашај се и одговори ги следниве прашања:

  • Дали ценовната стратегија ми овозможува да ги покријам сите трошоци и да обезбедам доволен профит?
  • Каква ценовна стратегија се користи од страна на моите главни конкуренти?
  • Како можам да ја зголемам профитабилноста на мојата компанија?

Ова се само 5 места во кои можеш да започнеш со барање на можни подобрувања, но секако не се и единствени. Се што мислиш дека може да се подобри, вреди да се проба.

Затоа, започни со подобрувања на твојот бизнис уште денес!

post

5 Најчести грешки при определување на цената


Грешки при определување на цени

Грешки при определување на цени

Определување на цени претставува уметност од една страна и наука од друга страна. Ова го потенцирам почесто тука на претприемач бидејќи навистина кога определуваме продажни цени не можеме само да се концентрираме на уметноста без науката и обратно, науката без уметноста. Во игра се многу фактори како психолошки така и аналитички.

Доколку некој ми понуди iPad за цена од 50$ нема ни да го погледнам бидејќи веднаш знам дека нешто не е во ред со цената. Иако ова е еден екстремен пример (можеби и не е бидејќи имам видено некои копии) сепак врз основа на цената многу пати ги проценуваме и понудите.

Затоа како еден претприемач сигурно знаете дека цената е многу важен елемент во вашиот бизнис бидејќи се што ќе направите има влијание на цената, додека од друга страна таа влијае на вашата понуда, продажба и перцепција од страна на купувачите.

Сепак не е лошо да се потсетиме и да потенцираме некои можни грешки кои може да се направат и кои може да бидат „кобни“ за бизнисот.

1. Недостаток на аналитичен приод во определување на цената

Цените се базираат на бројки, тоа е факт. Бројки од трошоци, бројки од продажба, бројки од пазарот… Сите тие бројки имаат или ќе имаат влијание на вашата цена. Затоа цените не се определуват онака „од ракав“ туку се анализира пазарот преку потрошувачите, конкуренцијата понудата и побарувачката, се анализираат трошоците, се анализираат трендовите…

Сите тие анализи само ќе ја подобрат одлуката која би ја донеле во поглед на избор на вистинската цена со која ќе ги наплаќате вашите производи и/или услуги.

2. Преголемо базирање на „и јас“ стратегија

Иако конкуренцијата има влијание врз цената, сепак не е најважното или највлијателното нешто врз база на што треба да определите цена. Премногу претприемачи едноставно за да избегнат да навлегуваат во анализи одлучуваат копирање или „и јас“ стратегија кога станува збор за цената.

Но, што ако вашата севкупна понуда е подобра? Што ако вашите трошоци се поголеми? Што ако вашиот квалитет е подобар? Што ако дополнителните услуги се поголеми?

3. Поставување на цените на вашите производи или услуги прениско

Знам, конкурентската предност се базира на вашата ниска цена. Но, нема ли други елементи на кои можете да ја базирате вашата конкурентска предност.

Ако се земам самиот себеси како пример, можам да кажам дека нешто е прескапо доколку не верувам во квалитетот што го добивам. Ќе кажам дека нешто го има поевтино доколку услугата и сервисот каде што е поскапо не се разликува од онаму каде што е поевтино.

Во секој случај цената треба да биде последна на листата кога станува збор за конкурентската предност.

4. Се гледа само производот или услугата без еден поширок поглед

Производот или услугата е само еден мал дел од она што вие го продавате. Можеби навистина продавате леб, но продавате и насмевка на продавачот, продавате и амбиент, продавате и испорака, продавате и совет…

Во денешно време функционираат екосистеми, а не изолирани производи. Изолираниот производ е само 30% од потребата на потрошувачот.

Затоа и при определување на цените треба да се започне од еден поширок поглед во однос на вашата севкупна понуда.

5. Користење на застарени методи за определување на цени

Новото време и новите потреби на пазарот си го направија своето во однос на досегашните најчесто користени методи за определување на цената. Навистина, методата трошоци плус е корисна, но за изолиран производ. Таа метода не може да се користи за покомплексни понуди кои се потребни денес.

Затоа, не ја базирајте вашата цена само на една ваква метода, секогаш размислете подлабоко.

post

Одлука за акција

Секојдневно донесуваме одлуки. Тоа е факт!

Понекогаш имаме време за проценки, анализи, алтернативни решенија, избор на алтернативно решение… Понекогаш одлуката едноставно излетува од нашиот мозок и се претвора автоматски во акција. За времето и неговото влијание повеќе можете да прочитате во временска рамка помеѓу одлучување и имплементација. Секако не треба да се заборави и важноста да се донесат брзи одлуки.

Понекогаш одлуките за превземање на некоја акција ги спроведуваме систематично. Но, понекогаш едноставно се базираме на интуиција.

Донесување на одлуки е процес кој претставува последица на решавање на проблеми. Колку е проблемот покомплексен, толку ќе се бара и поголема внимателност и систематичност на претприемачот.

Проблемот е последица на одредена наша анализа. Проблемот е нешто што не е како што треба и бара решение за да состојбата на системот биде онаква како што треба.

Но, тие проблеми не се само заради слабости на системот како внатрешен елемент на бизнисот и заканите кои доаѓаат кон системот како надворешен елемент на бизнисот. Можеби најголемата грешка кога станува збор за адекватна анализа на проблемите со кои е соочен еден бизнис е што најчесто се фокусираме само на слабостите и заканите. Тие иако се важни и во голем број на случаи предизвикуваат проблеми кои бараат решение, сепак не се и единствени.

Проблемите може да бидат и последица од анализи на силните страни на системот како внатрешни елементи и секако можностите кои претставуваат надворешни елементи.

Сето ова што досега го опфатив во овој пост покажува една многу важна корелација помеѓу проблемите (кои доаѓаат преку силни страни, слабости, можности и закани) и секако бизнис идеи (кои се резултат на процесот на одлучување – доаѓање до и избор на алтернативно решение).

Затоа и графикот кој тука ќе го презентираме е важен како за постојано генерирање на бизнис идеи така и за одлучување во однос на акција која треба да се превземе (кликни за поголема верзија).

Донесување на одлука за акции

Донесување на одлука за акции

Процесот е едноставен. По анализа на силните страни, слабостите, можностите и заканите на бизнисот за сите 4 се генерираат два вида на алтернативи. Првиот е сегашни алернативи кои може да се применат веднаш и кои се во тек со времето во кое се однесуваат проблемите. Додека, вторите се идни алтернативи кои бараат поглед во иднината и за кои е потребно подетално разгледување заради нивна примена. Овие вториве се важни за претприемачите, бидејќи тие се креатори на иднината. Откако ќе се генерираат доволно алтернативи следува избор на најсоодветните при што едни ќе се отфрлат, додека останатите ќе се прифатат за кои веднаш следува превземање на акција.

post

24 Совети за менаџирање на времето

Email Маркетинг - Ажурирање на бизнис поимник

Менаџирање на време

Една од најважните задачи за претприемачите е потребата за ефективно менаџирање на сопственото време. Знам дека ова понекогаш може да биде доста разочарувачки, доколку не се забележи прогрес во напорите за соодветно менаџирање на сопственото време.

Знаеме дека секогаш можеме да го менаџираме нашето време поефективно и во таков случај да завршиме повеќе работи за помалку време. Од друга страна доколку се постигне успех во менаџирање на сопственото време ќе се постигне успех и во балансот помеѓу работата и приватниот живот.

Менаџирање на времето е значаен дел од процесот на постигнување на целите кој ќе воведе еден менаџмент систем на вашето дневно време кое го трошите на постигнување на целите.

Со соодветен менџмент систем, ќе можете да го менаџирате вашето време поефективно, и ќе завршите повеќе работи за помалку време.

Тука се 24 совети кои ќе ви помогнат во однос на менаџирање на вашето претприемничко време.

  1. Секогаш имај и одржувај свежа to-do листа.
  2. Постави лични и бизнис цели.
  3. Направи приоритизацијата на сите твои активности.
  4. Категоризирај ги активностите согласно важноста и ургентноста.
  5. Не одложувај.
  6. Имплементирај систем за менаџирање на одвлекување на вниманието.
  7. Биди реалистичен во однос на твоите способности и можности.
  8. Прави паузи.
  9. Користи тајмер или аларм кој ќе те потсети да запреш со работата за денес.
  10. Избегнувај мултитаскинг.
  11. Избегни ги сите неважни задачи.
  12. Ветувај го само она што можеш да го испорачаш за семејството и за клиентите / потрошувачите.
  13. Подели го денот врз база на рутински задачи и оние вистински проекти кои заработуваат пари за твојот бизнис.
  14. Осигурај се дека рутинските задачи се последни на листата за завршување.
  15. Делегирај се што може да биде делегирано.
  16. Користи аутсурсинг за дел од активностите.
  17. Често евлуирај го трошењето на твоето време.
  18. Елиминирај се што ти го троши залудно времето.
  19. Побарај помош кога ти е потребна.
  20. Имплементирај рутини секаде каде што е возможно.
  21. Прави ги правите работи на прав начин од првпат.
  22. Не обидувај се да бидеш перфекционист.
  23. Запчни да го слушаш твоето тело.
  24. Награди се себеси.
post

Пребарувај ги белешките во Evernote кога го пребаруваш Google

Evernote е алатка која може да ви помогне да ја зголемите сопствената продуктивност во однос на идеи, белешки, складирање на надворешно знаење или било што што ви е важно и сакате да го запомните за да го искористите набргу.

Понекогаш белешките ги ставам во мојата сметка преку компјутерот, понекогаш преку iPhone или пак iPad за да ги користам во иднина. Но, забележувам дека честопати и заборавам дека имам такво нешто забележано. Понекогаш кога мислам дека имам некаква забелешка побарам преку Evernote и ја наоѓам, но понекогаш може да се случи тие белешки да стојат и со месеци без и да знам дека ги имам.

Пред некој ден случајн ја открив функцијата насловена како Simultaneous Search која што не сум ја користил претходно иако е скоро една година активна. Едноставно сум требал да ја активирам преку Evernote екстензијата на мојот интернет прегледувач Chrome.

Активирање на функцијата

Активирање на функцијата

Неверојатно е како оваа функција овозможува да се најдат забелешките кои сосема се заборавени, а се сместени на сметката на Evernote. Денес кога нешто пребарувам на Google функцијата автоматски ми кажува дека имам некои забелешки поврзани со тоа пребарување(слика подолу).

Пребарување на Google и Evernote забелешки

Пребарување на Google и Evernote забелешки