Сега сигурно ќе се запрашате каков е тој наслов на оваа епизода, особено за паметни одлуки или пак дали одлуките може да се делат на паметни и глупави одлуки. Во секој случај, целта на оваа епизода на претприемачки пат е токму тоа, да разјасни нешто што може да се каже дека претставуваат паметни одлуки, а се останато нормално ќе се најде во останатата група. Сепак тука ќе слушнете за 6 паметни одлуки при иновирање кои ќе ви ќе ви помогнат во креирање на беспрекорен иновациски процес

Епизода #16: Паметни одлуки при иновирање

Епизода #15: што е најважно да презентирате за вашата иновативна идеја
Во оваа епизода зборувам за нешто многу важно кога станува збор за стартапи или мали бизниси кои имаат идеја, но немаат финансиски ресурси за реализација на истата. Во една таква ситуација бараат начини да убедат потенцијални инвеститори или пак доколку учествуваат на бизнис план натпревар или некоја друга манифестација во стилот стартап викенд, старт бла, стартап блу… за да победат, добијат награда вообичаено финансирана од поголема глобална компанија…

Епизода #14: Стекнување и користење на влијание
Како што веќе кажав во најавата за оваа епизода на „претприемачки пат”, ќе зборувам за ”стекнување и користење на влијанието за вашиот бизнис”.

Епизода #13: Преживување на преоптеретување со информации
Информациите пристигнуваат од секаде околу нас, не можеме да избегаме од нив. Тоа е факт. Но, можеме да бидеме посистематични во менаџирање на истите и користење заради реализација на бизнис цели. Сепак информациите постојат заради некоја цел и вие како претприемач морате да ги искористите во преземање на одредени акции. Темата од оваа епизода на “претприемачки пат” се однесува на тоа како да го преживеете преоптеретувањето со информации и при тоа да ги трансформирате во резултати за вашиот бизнис.

Епизода #12: Отпадоци или расфрлања во бизнисот
Темава е доста интересна бидејќи според некои мои анализи и истражувања од терен скоро 60% од деловните активности на малите бизниси припаѓаат на онаа што се нарекува отпадоци. И оваа не се однесува само за малите бизниси, туку и за средните и големите, а да не споменувам пак за државните служби и органи.

Епизода #11: Kако да изградите профил на купувачи
Да се има и да се користи профил на купувачи во секојдневното менаџирање на операциите на вашиот бизнис е повеќе од корисно. Профилот на купувачи обезбедува да ги знаете вашите купувачи, а кога ги знаете многу активности кои ќе ги спроведувате ќе бидат прилагодени согласно тие информации.

Епизода #10- Email маркетинг и основни прашања на кои треба да одговорите
Темата за email маркетинг е доста интересна тема и секако дека ќе бара многу поголем простор за да се опфатат сите важни елементи од овој процес кој доколку го дизајнирате како што треба, ќе постигнете неверојатни резултати.

Епизода #09- Убедување на потенцијалните купувачи дека токму вашето решение е вистинско решение
Претходната епизода од подкасот претприемачки пат се однесуваше на билдање на свесност кај купувачите дека имаат проблем кој вие, односно вашиот бизнис го решава како би успеале поиновативните производи или услуги да ги направите поприфатливи за купувачите. Во таа епизода зборував за седум тактики кои можете да ги имплементирате за да изградите свесност за постоење на проблемот. Значи сега веројатно постои свесност за проблем, но купувачот не е свесен за вас, односно вашиот бизнис како некој кој го решава токму тој проблем и не само тоа туку и не е свесен дека токму вашето решение е идеално за нив.

Епизода #08 – Билдање на свесност кај купувачите дека имаат проблем кој вие го решавате
Веќе најавив во шестата епизода од “претприемачки пат” која се однесуваше на купувачите и нивната моќ која го содржи интересот за себеси, ќе имаме повеќе епизоди во овој почетен циклус со главен фокус на купувачите. Сепак, нели тие се најважните за секој бизнис. Во оваа епизода ќе се обидам да ви помогнам да го направите вистинскиот спој помеѓу производот и купувачите без разлика дали станува збор за идни купувачи за стартап бизниси, или пак за идни и постоечки купувачи кај тековен бизнис.

Епизода #07: Неколку идеи за подобрување на вашиот бизнис кои можете да ги спроведете уште денес [Подкаст]
Подобрување и особено континуирано подобрување е тема што постојано ќе биде актуелна за претприемачите и малите бизниси, но не само за нив (иако оваа епизода на “претприемачки пат” е наменета токму за нив) туку и за сите менаџери на сите нивоа во пирамидално-хиерархиската структура на една организација. Без постојано подобрување, бизнисот стагнира, привремено се одржува во состојбата во која што е, но сепак тоа се знаци кои кажуваат дека започнува патот на назадување на компанијата. Поради оваа важност ја избрав темава за подобрување да биде меѓу овие први 10 епизоди на овој подкаст.