post

[Презентација] 10 бизнис лекции од играта Battlefield

Одлична презентација со одлични бизнис лекции од играта Battlefield. Иако слабо играм игри сепак сметам дека тие се корисни за подготовка на претприемачи.

post

[Презентација] Избери се себеси

Иако ја имам, а сеуште не можам да најдам време за да ја прочитам книгата сепак пораката ми се допаѓа.

Избери се себеси.

post

Дали вашиот бизнис има проблеми?

Дали вашиот бизнис има проблеми?

Не знам дали денес може да се постави оваа прашање без да се добие позитивен одговор. Колку и да се чини дека ситуацијата е идеална сепак проблемите ќе постојат.

Но, во овој наслов сакам да зборувам за “страшни” проблеми, проблеми поради кои завршува животот на еден бизнис кој со голема еуфорија бил започнат од претприемачот. Нема да навлегувам тука во начинот на решавање на проблемите (ќе бидат потребни десетина книги), туку доволно е за почеток да биднете свесни дека можете да ги имате, а решението самите ќе си го барате.

Генерално постојат 10 клучни проблеми поради кои може да згасне еден бизнис. Што е уште пострашно, овие проблеми не се исклучиви, туку еден проблем поттикнува друг, со што потешко се менаџираат и решаваат.

Кои се тие 10 проблеми?

Продолжи…

post

Грешките се неизбежни, тоа е факт

Сите грешиме, тоа е факт. Но, сите ние не ги третираме грешките на ист начин. Некој од грешките учи, некој паѓа во депресија, некој не ги признава, некој едноставно ги игнорира…

Сите тие постапки доведуваат до различни иднини во однос на вашиот бизнис, нормално доколку грешките се однесуваат за бизнисот. А, тука зборувам за бизнис грешки кои ги правите вие како еден претприемач.

Вообичаено кога се проучува претприемништвото се тргнува од идеална ситуација. Иако имам 500 книги од оваа проблематика во кои може да се пронајдат различни примери и искуства, односно case studies, сепак нема ни 0,01% во тие книги опис на неуспеси или грешки.

Продолжи…

post

Единствениот претприемачки пат е…

Како изгледа претприемачкиот пат? Кој пат треба да го помине еден претприемач?

Интересни прашања кои звучат едноставни, но сепак неможе да се даде едноставен одговор.

Вобичаено ќе ви го кажат следново:

Претприемачкиот пат претставува откривање на можност за бизнис (бизнис идеја), подготовка на бизнис план, определување на потребни средства и ресурси и реализација на бизнис идејата.

Јас и сите вие би биле пресреќни доколку е тоа така.

Зошто?

Прочитајте го повторно исказот.

Дали еден ваков процес ја содржи компонентата на динамичност во неа? Не.

Дали еден ваков пристап ги опфаќа грешките? Не.

Дали еден ваков пристап ја содржи неизвесноста? Не.

Дали еден ваков пристап ги содржи купувачите? Не.

Па дали може да се користи како одговор на нашите поставени прашања? Не.

Продолжи…

post

Среќна нова 2013 година

Нова година

post

Започнување на бизнис – Најдоброто од 2012

Овој наслов е дел од серијалот најдоброто на претприемач во 2012 година. Продолжуваме со категоријата започнување на бизнис.

Оваа година голем фокус дадовме на оваа категорија која има вкупно 133 наслови.

Започнување на бизнис не е едноставен и лесен процес. Многумина велат дека доволна е бизнис идеја и бизнис план кој ќе се имплементира со што бизнисот е започнат. Но, значењето на оваа фаза е поголемо отколку што можеме да замислиме. Колку подобро ја спроведеме оваа фаза толку подобро ќе се обезбеди нормално функционирање на бизнисот во следните фази.

Да разгледаме кои се најдобрите наслови од оваа година кои може да ви помогнат доколку размислувате да започнете бизнис. Насловите се разделени во подкатегории:

Продолжи…

post

Претприемач – Најдоброто од 2012

Го започнуваме овој серијал на најдоброто од претприемач од 2012 со темата за претприемачот.

Категоријата претприемач содржи анализи, видео материјали, општо за претприемништво, книги и разни совети за претприемачите. Може да се најдат 380 различни наслови кои ќе ви помогнат во вашите напори да се развиете како успешен претприемач.

Личен развој на претприемачот е важен аспект во развој на вашиот бизнис. Што ќе следува по започнувањето ќе зависи од тоа колку вие сте спремни за се она што ве очекува.

Да ги разгледаме насловите како најдобри од оваа 2012 година во категорија претприемач.

post

[Презентација] Претприемачко учење

Минатата недела учествував на работулница за претприемачко учење, каде главната тема беше подготовка на стратегија за претприемачко учење на Македонија.

Овде е мојата презентација во која нагласив 3 подрачја на кои треба да се фокусираме.

Последниве слајдови објаснуваат како денес е лесно доколку се сака да се дојде до потребното знаење. Како пример ја зедов квантната физика.

post

[Цитат] Разбирање на купувачи

Разбирањето зошто купувачите велат НЕ е многу поважно отколку разбирањето зошто кажуваат ДА. Мора да разберете каде во процесот со појавува одбивањето…

~ Стив Бланк и Боб Дорф во книгата The Startup Owner’s Manual

Во обидите да го разберете купувачот, фокусирајте се кон причините зошто оние што ве одбиваат ве одбиваат. Тука се одговорите за понатамошни подобрувања.