post

5 Митови за претприемништвото кои не се точни

За претприемништвото многу се пишува, многу се зборува, многу се проучува…

Сето тоа доведува до дузина различни мислења, теории и тврдења.

Но, проблемот е што претприемништвото сеуште како една научна дисциплина нема воспоставено цврста рамка за тоа што е лошо а што добро, што дава резултати, а што не дава резултати, што е потребно за успех, а што не е потребно за успех…

Причината за ваквата состојба е фактот што секој бизнис е различен, секој пазар е различен и секоја индустрија е различна. Но, и секој бизнис, пазар и индустрија се подлежни на крупни промени како што поминува времето. Затоа и многуте детални анализи и проучувања додека да се завршат, дел од нив стануваат невалидни заради променетите услови на стопанисување на еден бизнис.

Кои се оние митови кои што ги знаеме, а кои сепак не се точни?

1. Доволна е добра бизнис идеја и успехот ќе следува

Бизнис идејата е само почеток, но не и гаранција за успех. Многу добри бизнис идеи воопшто не се преточени во успешен бизнис или успешен процес на претприемништвото.

Една бизнис идеја мора да биде во согласност со потребите и проблемите на пазарот, но и да биде имплементирана.

2. Сите претприемачи се богати луѓе

Ако некој е претприемач не значи по автоматизам дека е богат човек. Пред сопствено богатење постојат многу чекори кои треба да се изодат, многу процеси кои ќе треба да се имплементираат и многу елементи во кои ќе треба да се инвестира.

3. Претприемачот е сам свој газда

Иако изгледа така, сепак реалноста е сосема друга, дури понекогаш и многу полоша. Од еден газда или еден шеф, претприемачот добива повеќе газди и шефови. Тоа се повеќе луѓе кои на ваков или онаков начин наредуваат, бараат, притискаат…

Купувачите, снабдувачите и државата се само дел од новите можни газди за еден претприемач.

4. Потребни се многу финансиски средства за претприемништвото

Некако кога се зборува за претприемништвото прво што му паѓа на ум на секој човек е дека се потребни многу пари за започнување, растење и развој на бизнисот.

Во некои случаи за одредени бизнис идеи тоа е точно, но сепак постојат многу можности за започнување на бизнис и без огромни вложувања на пари.

5. Претприемништвото е нешто вродено кај претприемачот

Дали претприемачот се раѓа или развива? Прашање кое доста актуелно.

Практиката покажува дека сепак доколку потенцијалниот претприемач се насочи во соодветна насока на личен развој ќе успее во своите намери да стане успешен претприемач.

post

4 Филмови кои е пожелно повторно да се прегледаат од претприемачите

Од секој филм може да се извлечат различни лекции за секојдневието за секој човек.

Претприемништвото е дисциплина која содржи и може да содржи различни аспекти од животот на еден претприемач.

Подолу се 4 филмови од кои може еден претприемач да извлече нешто заради позиционирање на сопствениот пат кон успешноста.

1. Кум

Навистина заслужено место како прво да се започне една ваква листа. Еден од најдобрите филмови (трилогија) за едно семејство како од ништо станува едно од најголемите криминални семејства во САД.

На тој пат може да се забележат многу лекции за кои пишував и посебен наслов – 4 лекции за претприемништво од Кум.

Понуда која не може да се одбие!

2. Роки

Повторно приказна за успех на човек кој од ништо станува нешто. Инспиративна филмска приказна за одрекувања и постигнувања. За упорност и истрајност на патот кон успешноста.

Мојата поента е дека правам нешто, никој не е премногу среќен за тоа.

3. Forrest Gump

Приказна за просечен, можеби и подпросечен човек кој се обидува да си го живее животот на начин на кој знае, притоа имајќи само една цел. Иако случајно, сепак неговиот живот поминува низ многу успеси.

Приказната покажува дека не мора да си гениј за да успееш во животот. Доволно е да сакаш нешто да направиш.

Ќе мора да го направиш најдоброто со она што Бог ти го дал. ~ Мајката на Forrest Gump

4. Wall Street

Светот на финансии е добар, но и опасен свет. Големи игри без правила, или со правила кои служат за да се прекршат. Филмот е одличен во прикажување на млад човек кој сака да успее и при тоа е спремен да направи се, дури и вон на неговите граници на можноста.

Престани со бркање на лесни пари и започни да правиш нешто со твојот живот. Креирај, наместо да живееш со купување и продавање за некој друг.

post

Одлуки на патот кон успехот

Поседување на сопствен бизнис и играње на претприемачката игра не е лесна задача за вас. Доколку претприемништвото било толку лесно нема да има вработени. Секој ќе биде претприемач.

Но, различни луѓе имаат различни движечки сили кои ги носат до успехот. Некои луѓе сакаат да го прават она што навистина сакаат да го прават, без разлика на приходите што ќе ги добијат, некој ќе сака да го задржи зголемувањето на бизнисот до најмногу десет луѓе.

Да погледнеме некои прашања кои ќе бидат корисни доколку сакате да ја најдете вашата движечка сила што ќе ве однесе до успехот.

#1 Што навистина сакате да правите?

Дали навистина сакате да го правите она што вашиот бизнис ќе го побара од вас? Тука не станува збор само за сакање, веројатно најважниот дел е да се знае што е она што навистина треба да се прави.

Многу пати, претприемачите не се ни свесни што се е потребно да прават за нивниот бизнис. Тоа е првиот и можеби најголемиот конфликт помеѓу нив и нивните компании.

Но, ако знаете што треба да се правите, а тоа е многу повеќе од иновирање во областа на вашиот бизнис ќе треба и да сакате да го правите. На пример, ќе треба да управувате, да размислувавате за финансии, набавка, маркетинг…

#2 Што е со вашата сегашна состојба?

Важно да знаете што е она што го имате денес во вашите раце. Ќе треба да знаете што имате, и што потенцијално може да изгубите со започнување на бизнисот.

Понекогаш, вашата сегашна состојба може да ве врати назад, што значи дека нема да ги преземете чекорите што треба да се преземат.

#3 Колку голем сакате да биде вашиот бизнис?

Некои претприемачи не сакаат да имаат голем бизнис со многу вработени и без семејна атмосфера.

Други сакаат да го развиваат и раснат својот бизнис колку што е можно повеќе.

Различните пристапи поинаку ќе го дефинираат вашиот успех и патот до тој успех.

#4 Што е со финансиите?

Вашите финансии многу пати ќе бидат важен креатор на патот кон успехот.

Дали ви се потребни дополнителни средства? Како ќе ги добиете? Дали ќе треба да се откажете од некој дел од вашата компанија? Кој ќе одлучува?

Ова се важни прашања за вашиот бизнис и секако вашето работење во иднина.

#5 Што е со вашите лични морални вредности?

Вашите лични морални вредности многу пати ќе ја дефинираат иднина на бизнисот. Тие ќе бидат патоказ кој ќе ви каже кога ќе треба да ја менувате насоката на движење, за да останете на вистинскиот пат, единствениот кој води до успехот.

Овие вредности ќе ви помогнат да ги разликувате добрите од лошите работи и многу пати вашите одлуки ќе се базираат токму на нив.

#6 Што е со луѓето со која сакате да работите?

Не можете да бидете, или не можете да останете сам, кога сте претприемач. Ќе морате да работите со различни луѓе на дневно, неделно или месечно ниво.

Каков тип на луѓе ви се допаѓаат, и со кои луѓе ке сакате да работите, ќе влијае на вашите бизнис одлуки.

#7  Подготвени сте да преземате ризик! Но, колку?

И како последно, но исто така важно е ризикот кој сте спремни да го поднесете. Секој потфат значи ризик за вас, вашето семејство и вашиот бизнис. Колкав ризик можете да преземете?

post

Идеи кои може да ги искористиш од Април 2012

Со завршување на четвртиот месец од оваа 2012 година и започнување на петиот месец време е за серијалот од месечни идеи. Овој пост претставува збир на оние најчитаните, односно најдобрите постови кои како идеи може да ги искористиш за развој на твојот бизнис, а се објавени претходниот месец, во овој случај април.

Овие наслови, на крајот на годината по уште една анализа на популарноста ќе влезат на страната Започни тука.

Во април 2012 на претприемач беа објавени 29 наслови што е помалку од вообичаениот квантитет, но не заради мрзеливост, туку повеќе заради недостаток на време заради некои проекти на кои морав да работам. Од друга страна имавме и празници.

Па, да видиме што е она најактуелното што можеш да го искористиш за твојот бизнис од Мај 2012 година.

Започнување на бизнис

Менаџмент

Маркетинг

Претприемач

post

[Видео] Мотивирачко видео за креативност и смелост

Пред два дена пишував за креативноста и смелоста која се уништува уште од мали нозе кај децата. Тоа беше едно мое искуство низ образовниот систем. Опасноста е во тоа што нема многу промени од пред повеќе од 20 години. Простотиите се исти. Амбиентот е ист. Технологијата и методите се исти.

Промени се потребни. А, оваа видео е само како мотивација за креативни и смели луѓе, како и оние кај кои општеството успеало да влијае на креативноста и смелоста.

post

Креативност и смелост преку промени во образованието

Враќање во училиште за да станеш одличен Навистина кога сме деца се е едноставно. Живееме во тој детски свет каде лесно можеме да бидеме кој сакаме, да фантазираме, да креираме, но и да не бидеме разберени.

Потоа доаѓаат зборовите од нашите родители, не тоа, ќе се повредиш, не смееш…

Потоа доаѓа училиштето. Ах, тоа училиште кое уште повеќе не “дотепува”, а тоа е цената која ја плаќаме за да научиме да пишуваме и читаме. Во мое лично искуство, учев во ОУ Крсте Мисирков во Куманово, и освен што научив да не бидам креативен, да јадам ќотек и кога не требав од страна на професорите, да пишувам, читам, собирам, одзимам, множам и делам ништо друго не научив. Всушност научив и за моќта. Кога татко ми не го издаде нашиот дуќан под кирија на мојата професорка по географија од четворка добив единица. Секој час бев пред таа “проклета” географска карта и секој ден бев пред тие книги насловени како географија кои и ден денес ми се гадат. Дали научив географија? Не.

Од мојот професор по историја повторно научив дека има некој со моќ, а некој кој треба да молчи. Првиот час, од тој професор добив шлаканица со изговор дека тој е добар пријател на татко ми, а јас не сум бил на своето место кога влегувал. Вториот час ме влечеше за уво низ целата училница за да ме доведе до моето место, притоа намерно грешејќи го патот. Дали научив историја? Не. Научив нешто по повеќе години кога ги читав томовите од Историја на Македонскиот народ. Но, научив дека треба да молчам, да седам на место, да го слушам моќниот…

Музичко на крајот во осмо одделение имав тројка, иако сите имаа петки затоа што не сакав да пеам, отворено му кажав на професорот не сакам, ќе бидам инженер. Мојата казна затоа што му го нарушив угледот беше единица која со оние просеци дојде до тројка. Казна, затоа што знаев што сакам. И преживеав со тројка музичко. Но, она што е важно е дека не молчев и се побунив. Сепак, не ја уништиле смелоста целосно во мене. Иако целта им беше токму тоа.

Потоа дојде средно. Техничко училиште со најлош глас во градот, но тоа ме смени. Имав професор по математика со кој седевме во кафуле и одговарав следниот час на табла затоа што пиев пиво. Но, математиката ја научив. Целта ми беше тројка и имав тројка. Но, тој ми постави поголема цел да добијам четворка и добив четворка. Потоа ми постави цел која никогаш не мислев дека би можел да ја реализирам, да имам петка математика. Но, и тоа го реализирав. Професорот беше строг, никој не го сакаше, но ме научи математика. Потоа следуваше матурирање кога и ме прогласија за најдобар математичар во последните две децении во тоа училиште.

Дојде и факултетот. Првите години со слабо развивање на креативноста и смелоста, но и доста големи поттикнувачи на креативноста кога се запишав на насоката каде луѓето од Институтот за производно машинство го формираа Индустриско инженерство и менаџмент. ја имав таа среќа да бидам на Машински Факултет во Скопје каде се беше поразлично од останатите факултети во земјата.

Ова е само еден дел од моето искуство кога станува збор за образовниот систем и едно мислење дека тој игра и може да игра важна улога во развојот на претприемништвото (Очигледно дека во последно време се прават се поголеми напори, особено во средното и високото образование). Но што е со основното? Кај мене постојат изгубени 4 години (од пето до осмо).

И сега нема многу промени, освен “ќотекот”. И сега се користат истите методи како пред повеќе од 20 години, а децата се далеку поинтелигентни, баратаат со многу посилна технологија.

Промените се потребни во кои ќе учествуваат сите инволвирани страни, затоа што развојот на претприемништвото бара смелост и креативност кои пак се градат од мала возраст.

Професори, учители, палката е кај вас и родителите. Мора да работите заедно за развој на поквалитетно општество во оваа земја. Тоа мора да ви биде првата работа без разлика на верска, етничка или политичка припадност. Оставете ги проблемите (кои сите ги имаме) пред влезот во училиштето и вклучете се иако несвесно во развојот на претприемништвото.

post

Можеш ли да го направиш она за што мислиш дека не можеш?

Фокус на претприемачот Можеш да го направиш она што сите други го прават! Тоа е факт.

Можеш да го направиш она за што сите други немаат храброст да го направат! Тоа е исто така факт.

Но, исто така можеш да ги правиш нештата, за кои што мислиш дека не можеш да ги направиш!

Како човечки суштества многу пати ние самите немаме доволно верба во нашите сопствени способности за да направиме нешто што се чини неверојатно за нас.

Сè може да се направи. Сè  може да се подобри. Сè може да се научи.

Ако веруваш во себе, и си подготвени да преземеш активности, можеш да направиш работи за кои мислиш дека не можат да се направат.

Стравот е една од најопасните сили која ќе те повлече назад. Твојот страв ти прави да не веруваш во себе. Твојот страв ти кажува да не се преземаш акција секогаш кога ќе треба да се презема акција. Стравот ти кажува да запреш кога знаеш дека треба да продолжиш. Зошто ти е потребно да го слушаш твојот страв? Што ќе изгубиш ако ќе продолжиш? Што ќе добиеш ако запреш? Дали ги знаеш одговорите на овие прашања?

Мора да се направи нешто. Мора да се промени нешто ако сакаш да успееш. Започни со зголемување на својата верба во себе, а потоа победи го стравот и започни да ги работиш работите за кои мислиш дека не можеш да ги направиш.

Ако си просечен претприемач, просечен сопственик на фирма или просечен човек кој продава просечни производи и услуги како можеш да очекуваш дека твоите купувачи ќе те разликуваат од твоите конкуренти?

Поради тоа треба да бидеш исклучителен. Треба да бидеш број еден. Ти треба да го направиш она што мислиш дека не можеш да го направиш! Треба да ги направиш работите за кои твоите купувачи сметаат дека не можеш да ги направиш. Твојот бизнис треба да биде уникатен, затоа што е твој, но со доволно самодоверба и без страв.

Добиваш сила, храброст и доверба со секое искуство во кое што престануваш да гледаш страв… Мора да започнеш да ги правиш работите за кои мислиш дека не можеш да ги направиш. ~ Eleanor Roosevelt

post

Идеи кои може да ги искористиш од Март 2012

Претприемач

Претприемач

Веќе сме во четвртиот месец од оваа 2012 година кога помина првата недела. Овој пост претставува месечен серијал за оние најчитаните, односно најдобрите постови кои како идеи може да ги искористиш за развој на твојот бизнис, а се објавени претходниот месец. Претходниот месец во овој случај е март 2012 година.

Овие наслови, на крајот на годината по уште една анализа на популарноста ќе влезат на страната Започни тука.

Во февруари на претприемач беа објавени 44 наслови во кои преовладуваше темата за започнување на бизнис што е логично како главна тема за оваа 2012 година на претприемач.

Па, да видиме што е она најактуелното што можеш да го искористиш за твојот бизнис од Март 2012 година.

Започнување на бизнис

Маркетинг

Продажба

Претприемач

post

Видео: Вил Смит и патот кон успехот

Вил Смит еден од најуспешните луѓе во светот споделува некои негови искуства за неговиот пат до успехот.

Инспиративно видео.

post

Видео: Се започнува од ништо

Вистинските претприемачи се луѓе кои од ништо прават нешто. Дури и кога копираат, копираат на еден уникатен начин. Копијата станува вистинска креативност со навистина иновативни бенефити за купувачите.

Се што користиме денес во минатото не постоело.

Најголемите компании во светот и најуспешните луѓе имаат една заедничка карактеристика – започнале од ништо. Идеја и визија претворена во нешто опипливо.

Видео во кое најмладите претприемачи кажуваат како навлегле во претприемништвото: