post

Транспортна Берза – Нов Портал во Македонија

Од 30.09.2009 година започна со работа новиот портал наречен транспортна берза. Транспортна берза е место каде транспортерите – оние кои нудат транспорт и фирмите кои имаат потреба од транспорт може да се најдат и да ги задоволат своите потреби. Адресата на порталот е www.transport.com.mk.
Како што е наведено на самиот портал transport.com.mk претставува:

веб-базиран систем за администрирање со понуда и побарувачка на товар и возила како за Македонија така и за цела Европа. Преку овој систем се разменуваат податоци помеѓу фирмите: транспортери, шпедитери, трговци, производители …

http://pretpriemac.com/myPictures/Transportna-Berza.png

Она што е најважно услугите на овој портал се бесплатни. За да објавите потреба за превоз на товар или пак за да објавите слободни возила или пак да добиете некоја информација за онаа што се наоѓа како понуда или пак побарувачка на пазарот на транспортот потребно е само да се регистрирате.
Еве и некои предности кои се наведени на порталот за фирмите кои нудат товар за транспорт (трговци, производители, шпедитери…):

  • Бесплатна регистрација !
  • Заштедете време и пари (намалете ги трошоците) !
  • Бесплатно објавување на товар за кој ви е потребен транспорт !
  • Можност за брзо добивање на понуди за превоз од различни транспортери !
  • Избор на вистинскиот транспортер по најповолна цена !
  • Економичност во работењето (без дополнително трошење на време и водење на скапи телефонски разговори) !
  • . . .

А предности за транспортерите се:

  • Бесплатна регистрација !
  • Оптимално искористување на транспортните средства !
  • Можност за објавување на транспортните капацитети за кој ви е потребен товар !
  • Можност да го намалат бројот на празни тури. Не дозволувајте вашите транспортни средства да се движат празни.
post

50 Совети за да бидете Успешен Претприемач

Започнување и менаџирање на успешен бизнис не е едноставна задача. Постојат премногу потешкотии за еден претприемач. Во моето практично искуство, направив премногу грешки. Со овој напис сакам да споделам 50 различни совети кои ги извлеков од моето искуство како практично така и на научно ниво.

http://entrepreneurshipinabox.com/wp-content/uploads/50Advices.png
Ова се 50-те совети кои би ги споделил и кои ми паднаа на ум кога го разработував овој напис:

  1. Размисли повќепати пред да го започнеш бизнисот.
  2. Користи книга со бизнис идеи за да ја забележиш секоја бизнис идеја која ќе светне во твојот мозок.
  3. Не размислувај за квалитетот на бизнис идеите до кои ќе дојдеш само забележи ги во книгата со бизнис идеи. Ќе ги анализираш подоцна.
  4. Бидни колку што може покреативен за твоите бизнис идеи.
  5. Размислувај за уникатноста на бизнис идејата.
  6. Пронајди го вистинскиот пазар и дознај што сака тој пазар.
  7. Избери добро бизнис име.
  8. Направи добро лого.
  9. Потроши одредено време за подготовка на бизнис план. Но, не претерувај. Многумина научно ќе те учат за добар бизнис план во вид планирај го бизнис планот (вообичаено од луѓе кои никогаш не започнале бизнис). Ова може да те вовлече да останеш засекогаш во фазата на сонување.
  10. Потроши одредено време за да ја провериш актуелната сoстојба со она што си го испланирал во бизнис планот.
  11. Започни со градење на листа од самиот почеток.
  12. Користи вмрежување пред и по започнување на бизнисот.
  13. Користи ги социјалните медиуми. Имаат преголема моќ.
  14. Започни со градење на односи со други луѓе од индустријата и надвор од неа.
  15. Никогаш не запирај со подобрување на личните вештини.
  16. Учи, учи и само учи.
  17. Пронајди го вистинскиот начин во балансирање на бизнис животот со семејниот живот.
  18. Најмувај најдобри вработени, не членови на семејството.
  19. Побарај помош кога имаш потреба од помош.
  20. Бидни трпелив, успешноста не е нешто што доаѓа преку ноќ.
  21. Секогаш размислувај за подобрување на продажната инка.
  22. Започни со делегирање на неважни активности на твоите вработени.
  23. Гледај во промените како нешто нормално и нешто што никогаш не запира.
  24. Не се противи на промените.
  25. Користи ги сугестиите на вработените за можните подобрувања.
  26. Секогаш барај да го дознаеш она што твоите потрошувачи го сакаат.
  27. Продавај придобивки за твоите потрошувачи, не производ и услуга.
  28. Не се плшаи од грешките, туку учи од истите.
  29. Преземај ризик. Претприемачите се преземачи на ризик и калкулатори на ризик.
  30. Никогаш не запирај со маркетинг за твојот бизнис.
  31. Промовирај го бизнисот иако и на места кои не се за промоција.
  32. Зборувај со луѓето и сподели ги твоите идеи.
  33. Користи блог за промоција на бизнисот.
  34. Барај препораки и претходни искуства за твојот бизнис од страна на твои потрошувачи и искористи ги за промотивни активности.
  35. Не ги гледај твоите конкуренти како твои непријатели. Учи од нив и користи ги нивните грешки.
  36. Немој никогаш да конкурираш само на цената. Тоа е лоша стратегија.
  37. Пробај да тестираш било што пред да го започнеш.
  38. Не троши ги бизнис парите на бизнис зделки кои не знаеш да ги спроведеш.
  39. Пробај да го зголемиш профитот од секоја продажба.
  40. Користи различни продажни стратегии.
  41. Автоматизирај се што може да се автоматизира.
  42. Користи го твоето време на најефективен можен начин.
  43. Бидни ефективен и ефикасен во исто време.
  44. Направи го твојот бизнис да биде ефикасен и ефективен.
  45. Секогаш анализирај ги работите околу и во твојот бизнис.
  46. Мери ги најважните показатели.
  47. Размислувај и континуирано подобрувај ја твојата репутација и имиџ на бизнисот.
  48. Секогаш размислувај за штедење на пари и кратење на непотребни трошоци. Ќе имаш потреба од пари за „лоши денови“.
  49. Биди подготвен за „лоши денови“ како да ќе дојдат утре, а работи како никогаш дека ќе нема да дојдат.
  50. Размислувај постојано за иднината и позицијата на твојот бизнис во таа иднина.

Доколку имате искуство со нешто за кое би дале совет за претприемачите слободно поделете го Вашето мислење преку оставање на коментар подолу.

post

БИЗНИС – ШТО Е ТОА БИЗНИС И КАКО ДО БИЗНИС?

На претприемач постојано пишуваме за бизнис, но воопшто не навлегов во суштината за тоа што претставува бизнис. При крајот на 1980-тите години и почетокот на 1990-тите години овој збор стана многу популарен. Така да и децата во градинките и во училиштата знаеја за бизнис и го користеа на некој начин во своите игри. Тогаш и практично почнаа да се развиваат одредени видови на бизниси кои беа сосема поразлични од онаа што тогаш беше вообичаен пракса за ООЗТ или ОЗТ.

Интересно е дека многу луѓе се наоѓаат во некаков бизнис а не се ни свесни дека имаат бизнис кој можат да го развиват за да изградат бизнис империја. Некои успеват да станат свесни, па своето таканаречено „хоби“ го трансформираат во вистински бизнис.

Бизнис дефиниција за бизнис

Бизнис како термин може да се користи на различни начини.

  • Израз дека имаат работа – Имаме некој бизнис!
  • Израз дека поседуваат компанија – Имам сопствен бизнис!
  • Именка – Мал бизнис

Да видиме некои дефиниции за бизнис:

Wikipedia: Бизнис е легална организација усмерена кон остварување на материјални добра или услуги наменети за потрошувачот. Бизнисот доминира во капиталистичкото општество,највеќе како приватна сопственост на поедино лице или некоја друга форма на здружување,која има за цел остварување на профит,кој би го зголемил богатството на сопственикот и би го зголемил обемот на самиот бизнис. Сопствениците и операторите за да успеат во некој бизнис мора да бидат претпазливи со капиталот што го располагаат,состојбата на пазарот,како и да преземат ризик доколку тоа е неопходно.

Oxford Dictionary: Бизнис претставува активност на правење, купување, продавање и снабдување на одредени работи за пари; комерција, трговија.

Бизнис речник (Business Dictionary): Бизнис претставува економски систем во кој производите и услугите се разменуваат за друг производ или услуга или пак за пари врз основа на нивната вредност. Секој бизнис бара одредена форма на инвестирање и доволен број на потрошувачи за кој неговиот аутпут ќе биде продаден за профит на конзистентна основа.

Бизнис во Oxford Dictionary уште се опишува како задача, професија, занимање, настан.

Мислам дека овие дефиниции се доволни за суштината на овој напис: Што е тоа бизнис? Можеме да забележиме дека од три дефиниции сите се различни, а сепак сите опишуваат ист збор и сите се вистинити. Би тргнал со една кратка анализа на истите во однос на клучните аспекти во поглед на бизнис.

Прво, Wikipedia.

  • Бизнис е легална организација – Точно. Бизнис е само легална организација – Неточно. Постојат и нелегални и организации кои се занимаваат со бизнис. Легална организација значи кога бизнисот е внесен во правниот систем на државата. А, колку бизниси постојат кои не се внесени во правниот систем на државата. Но, сепак се бизниси. Тие бизниси продаваат производи и услуги на потрошувачи за пари.

Второ Oxford Dictionary.

  • Бизнис е активност – Точно. Таа активност е правење, купување, продавање и снабдување на одредени работи за пари. Значи бизнисот може да биде производство, трговија на мало и големо како и услужен бизнис.

Трето, бизнис речник.

  • Бизнис претставува економски систем во кој се разменуваат производи и услуги за други производи или услуги или за пари. Значи не мора да значи дека размената се врши само за пари, туку може и други производи или услуги. Но, сепак на крајот целта е да се добијат пари со продажба на тие други производи.

Едноставно можеме да кажеме дека бизнис е секоја активност со која заработуваме пари. Постојат и непрофитни бизниси, но од некаде мора да добијат пари за да ги платат вработените и останатите трошоци на таквите типови на бизниси. Значи секој бизнис во секој случај е поврзан со пари.

Бизнис практики

Она што го извлеков од дефинициите и мојата напомена дека бизнисот не мора да биде легална организација. Значи бизнисот може да се започне со некоја едноставна купопродажба. Идејата е да се купи нешто за повтино и да се продаде поскапо. Како пример, можат да бидат зелените пазари на кои се продава се и сешто. Производите кои се продаваат таму се купени за поевтино на пазарите на големо во Македонија или надвор од неа. За производите набавени од надвор не се платени царински и други давачки. Но, овој бизнис не може да биде вечен иако има некоја солидна заработка. Втора етапа во развојот е да се легализира бизнисот, односно да се внесе во правниот систем.

Но, ваквиот начин на развој на бизнисот ќе бара откажување од поголем дел од сегашната заработка и вложување во локација, во поквалитетни производи, во давачки кон државата итн. Но, во секој случај е подобро да се искористи моментот и да се започне со вистинскиот бизнис.

Како дете имав започато три бизниси со уште двајца мои пријатели. Првиот беше обична купопродажба. Ги купивме сите гумички во боја во книжара. Ако ги купивме за 10 денари ги продававме за 20 денари. Бидејќи ги купивме сите никој друг не можеше да ги најде во книжарницата, па имавме можност за поголема заработка. Значи, ја препознавме можноста и ја искористивме. Но, сепак се откажавме од секојдневните благодети на парите што ги имавме за јадење, сокче или нешто друго што ни следуваше во тие денови. Значи се откажавме од сегашната благосостојба за да инвестираме во еден „бизнис“, но затоа подоцна имавме доволно пари за секој викенд да бидеме во слаткарница.

Вториот бизнис не беше успешен како првиот. Но, третиот бизнис доживеа навистина огромен успех. Третиот бизнис во моето детство беше романотека. Изнајмувавме романчиња во сопствен продажен простор. Повторно со истите партнери ги здруживме силите со инвестиција на пари за нови романчиња и оние кои ги имавме. За време на целиот летен распуст работевме. Заработката беше одлична бидејќи можевме да си дозволиме секоја вечер да бидеме во слаткарница.

Значи и овие бизниси претставуваат бизнис.

Голема грешка е кога не се искорити моментот за развој на бизнисот. Не смеете да си дозволите да не ја искористите можноста.

post

12 ГРЕШКИ КОИ ПРЕТПРИЕМАЧИТЕ НАЈЧЕСТО ГИ ПРАВАТ ПРИ ЗАПОЧНУВАЊЕ НА БИЗНИС

Грешките се дел од нашиот секојдневен живот. Некои грешки нема да не чинат нишMistakeто, но некои од нив можат да бидат скапи и катастрофални. Затоа мора да се избегнат грешките што можат да донесат катастрофа во нашиот бизнис или живот. Но, исто така, некои грешки може да бидат добри затоа што можеме да научиме нешто ново од истите.
Сепак, грешките се нешто што не е извршено правилно или онака како што треба или нешто што го правиме во погрешна насока.
Периодот на започнување на бизнис претставува еден од најчувствителните периоди за бизнисот и за животот на еден претприемач. Започнувањето на бизнисот е проследено со:

  • Недостатокот на финансии
  • Недостаток на потрошувачи
  • Недостаток на време за да го развиваат бизнисот.

Поради тоа многу е важно во овој суштински период за бизнисот да не се прават некои „глупави“ грешки што можат да го уништат бизнисот уште во раните фази. Најчестите грешки кои претприемачите може да ги направат во период на започнување на бизнис и кои понекогаш можат да бидат катастрофални за успехот на бизнисот се:

  1. Бизнис идејата не решава никаков проблем на пазарот. Секој бизнис продава нешто. Оној што плаќа за тоа нешто плаќа затоа што очекува дека ќе му биде решен проблемот. Доколку бизнисот не решава нечиј проблем тогаш тоа и не е бизнис.
  2. Започнуваат бизнис без истражување на пазарот. Секој почеток треба да има претходница од истражување на пазарот. Без соодветно истражување на пазарот нема да се знае кои производи и услуги да се понудат и за кои производи и услуги потрошувачите се спремни да одвојат пари.
  3. Сакаат да започнат и започнуваат бизнис, за кој не поседуваат вештини.
  4. Бизнисот кој го започнуват не им е забавен. Често пати се водат од заработката пред се. Иако, треба она што ќе го работат да им биде забавно и да го сакаат.
  5. Немаат доволно пари за започнување на бизнис, а сепак започнуваат. Поради слабата проценка на потребни инвестиции влегуваат во бизнис за кој немат финансиски капацитет.
  6. Немаат трпеливост. Секој бизнис бара трпеливост. Не постојат лесни пари. Можеби за да се почувствуват првите поволности ќе поминат две до три години.
  7. Не вработуваат за да го развиваат сопствениот бизнис. Не гледаат во вработување на луѓе како процес на развој и раст на сопствениот бизнис туку како трошок. Иако тој трошок може скапо да ги чини подоцна.
  8. Мислат дека се можат да направат сами. Една од најголемите грешки. Што од недоверба во други луѓе, што од страв за ширење на бизнисот.
  9. Не го планираат започнувањето на бизнисот.
  10. Потрошувачите не им се едиствената движечка сила.
  11. Немат знаење од менаџментот. Кога тогаш бизнисот ќе бара менаџирање. Некои побргу, некои подоцна. Без доволно знаење од менаџментот постои опасност од губење на потенцијалот на бизнисот кој бргу се развива.
  12. Не користат ментори. Ова се грешки од типот што не прифаќат добронамерни бесплатни совети, а во исто време не бараат професионална помош од консултанти.
post

4 ВИДА НА ЛУЃЕ СОГЛАСНО БОГАТ И СИРОМАШЕН ТАТКО – ROBERT KIYOSAKI

Robert Kiyosaki е познат по неговиот серијал од книги за приказна за богат и сиромашен татко. Тоа се приказни за двајца татковци кои имаат сосема различни вредности и различни совети за своите деца. Овие книги се продадени во милионски примероци низ светот. Јас имав прилика да прочитам неколку од нив.

Последната книга која сеуште не е објавена има сосема уникатен начин на издавање. Таа во завршна фаза Robert Kiyosaki ја постави на веб страната на интернет да може да се симне од повеќе луѓе бесплатно и да дадат свои предлози и искуства кои би влегле во конечното издание.

Ова е видео кое го добив по препорака преку Twitter и сакам да го поделам со сите посетители на претприемач. Јас се најдов во него и го повлеков првиот чекор во трансформација на вредностите од сиромашен татко кон вредностите на богатиот татко.

Неколку работи би ги потенцирал:

  • Има 4 типа на луѓе:
    • Вработени – работници, шефови, началници, директори.
    • Самовработени – сопственици на мал бизнис кои самите работат се и сешто.
    • Бизнисмени – сопственици на поголеми бизниси за кои работат други вработени.
    • Инвеститори – Луѓе кои инвестираат.

Советите на сиромашниот татко се:

Учи, работи напорно за некоја владина институција, за некоја друга фирма, напредувај низ хиерархијата и ќе бидеш успешен.

Советите на богатиот татко се:

Немој да работиш напорно, нека работат твоите вработени за тебе. Зошто да работиш и да се убиваш од работа кога тоа не е твое и можат да те отпуштат било кога сакаат без разлика дали си вреден или не.

Како е кај нас?

Учи за да се вработиш во некоја државна институција. Ако може Царинска управа или пак Управа за јавни приходи би било одлично. Ќе напредуваш како напредуваат политичките партии. Ќе бидеш успешен низ хиарархијата со париска книшка. А на крајот сепак ќе бидеш отпуштен зошто ќе се смени политичката гарнитура на власт.

Дали Robert Kiyosaki кажува нешто неточно во видеото погледајте сами. Видеото е само 10 минути но вредноста на информациите во него е непроценлива. Но, навистина треба да ги смениме вредностите во општеството. Затоа другите земји се поуспешни од нас.

Благодарам Robert за прекрасниот материјал.

post

БИЗНИС ТЕМПЛЕЈТИ – 10 ФОРМИ

Изработивме 10 специјални темплејти како дел од книгата Бизнис потенцијална енергија (Business Potential Energy) која е наменета www.EntrepreneurshipInaBox.com. Ова се дел од темплејти кои служат за зголемување на бизнис потенцијалната енергија на следниве бизнис елементи:

  • Започнување
  • Извршување на активностите на претприемачот
  • Маркетинг
  • Внатрешни и надворешни влијанија (SWOT – анализа)
  • Конкуренција

BiznisTemplejti

Овие бизнис темплејти служат да помогнат во спроведување на одредени важни бизнис активности, анализи и некои маркетинг средства. Во оваа прилика сакаме да ги споделиме и со Вас – читателите на www.pretpriemac.com. За да можете да ги симнете ќе треба да се регистрирате за неделни билтени на претприемач во формата од десната страна (слика).

2009-07-02_111936 Кои темплејти се во овој пакет?

  • Книга со бизнис идеи. Служи да ви помогне во организирање на Вашите бизнис идеи и збор на најдобрата која ќе има најголема бизнис потенцијална енергија.
  • Листа на активности за започнување на бизнис. Оваа е форма во која ќе можете да ги евидентирате сите основни активности како би започнале бизнис кој ќе има голема бизнис потенцијална енергија.
  • Листа на неделни активности. Оваа форма е дизајнирана да ви помогне да остнете организирани за извршување на најважни неделни активности поврзани со Вашиот бизнис. Целта е да се зголеми ефективноста и ефикасноста на претприемачот.
  • Годишен акционен план. Секогаш на крајот на годината реба да ги дефинирате најважните активности за наредната година кои ќе бидат во согласност со целите и стратегите на бизнисот. Оваа форма дава едноставно следење за тоа што кога ќе треба да се спроведе.
  • Конкурентна анализа. Оваа е една анализа која што секој бизнис треба да ја спроведува за да може лесно да се види каде се наоѓаме во однос на конкуренцијата. Оваа форма ги содржи најважните елементи во однос на кои ќе треба да се споредите со Вашата конкуренција и со едноставен поглед на пополнетата форма да знаете каде сте појаки, каде послаби во однос на Вашите конкуренти и што треба да спроведете за да се подобрите и со тоа да ја зголемите бизнис потенцијалната енергија.
  • SWOT анализа. Оваа форма ќе ве спроведе низ процесот на изведување на SWOT анализа и ќе ви овозможи едноставен увид во тоа кои се Вашите:
    • Слаби страни
    • Јаки страни
    • Можности и
    • Закани
    • Кои сратегии ќе ги спроведете за секои парови од горните елементи (СМ-стратегии, ЈМ-стратегии, СЗ-стратегии, ЈЗ-стратегии)
  • Маркетинг календар. Оваа форма мора секој бизнис да ја има и спроведува. Служи за бележење на сите планирани маркетинг активности за одреден период и за мерење на резултатите од секоја активност. Така сите оние маркетинг активности кои се неуспешни нема да ги спроведуваме, а со тоа ќе ја зголемиме ефективноста и ефикасноста на маркетингот, а со тоа и бизнис потенцијална енергија.
  • База на податоци за потенцијални и тековни потрошувачи. Оваа форма служи за водење на евиденција на сите маркетинг активности во однос на еден потенцијален (иден, можен) потрошувач и тековните потрошувачи. Со формата ќе следите и кога еден потрошувач преминува од потенцијален во вистински купувач.
  • Фактура и профактура. Оваа е форма на фактура која ги содржи сите елементи за фактура како маркетинг средство. На самиот темплејт имате упатство со црвена боја каде што треба самите да додадете за да ја направите Вашата фактура како вистинско маркетинг средство со што ќе ја зголемите вашата бизнис потенцијална енергија.

За користење на темплејтите ќе ви биде потребен најмалку Adobe Acrobat Reader 8.0 или понова верзија. Голем дел на полиња се направени во вид на паѓачка листа со изборни елементи за да се избегне забуната што да се стави во кое поле. Откако ја пополните потребно е да ја испринтате формата било во нов pdf формат или на хартија.

Па, се надеваме дека навистина ќе ја зголемите Вашата бизнис потенцијална енергија со користење на овие бизнис темплејти. А, дизајнирање на дополнителни допрва следува.

post

PRETPRIEMAC.COM ПО 6 МЕСЕЦИ

Поминаа шест месеци од постоење на претприемач на овие простори. Време е да сублимираме и да дадеме отчет за она што е сработено во претходните 6 месеци. Еве накратко што се можете да најдете на pretpriemac.com и на блогот на pretpriemac.com:

  • До 20.06.2009 има објавено 151 артикли на pretpriemac.com. Во просек секој артикал е по 3 страни при што се добива електронска книга за претприемништво од над 450 страници. Овој број постојано се зголемува и ќе се зголемува. Ова се материјали за претприемништво и бизнисот, започнување на бизнис, финансии, маркетинг, бизнис план, анализи итн. Тие се во вид на упатства, анализи, истражувања. Сите имаат одредена вредност која може да биде упоребна за Вашиот бизнис. Сите тие овозможуваат учење, а учењето ќе ве зајакне со знаење, а знаењето ќе ви даде моќ. Во изминатиот период поминавме и поминуваме три интересни и многу значајни теми за малите бизниси: Изработка на бизнис план, Менаџмент филозофии за организациски промени и Маркетинг микс.
  • До 20.06.2009 објавивме 102 блог написи на блогот на pretpriemac.com. Секој од овие блог постови е над 1 страна и тоа се над 100 страни материјал. Ова е необавезен материјал како мислења, ставови, препораки и слободни состави кои едноставно можат да ви дадат идеа за некои насоки за Вашиот бизнис. Тие се дизајнирани да можете да давате и Ваши коментари со цел да се подобрува целокупната содржина на pretpriemac.com. На блогот можете да прочитате за започнатите над 100 маркетиншки средства за малите бизниси.
  • Завршивме со едно исражување кое траеше 3 месеци. Оваа е општа нализа на пазарот во Република Македонија. Резултатите се објавени и на блогот и на pretpriemac.com. Изработивме извештај во pdf формат на резултатите од анализата проширен со поспецифични статистички методи и техники и истиот е проследен до сите кои се регистрирани за неделни билтени на претприемач. Инаку секој кога ќе се регистрира за добивање на неделни билтени ќе има можност и за симнување на извештајот.
  • Имаме изработено 5 видео материјали кои се од 3-7 минути едно. Доколку една слика менува 1000 зборови, колку зборови менува едно видео? Овие видео материјали се и ќе биднат со практични содржини како да направите нешто, како да користите некој софтвер и се тоа во полза на Вашиот бизнис. Искористете ги тие се БЕСПЛАТНИ.
  • Подготвуваме специјален премиум сајт на претприемач кој ќе содржи над 70 видео материјали, над 70 скрипти по секое видео и над 70 акциони планови за спроведување за започнување и градење на Вашиот бизнис. Освен тоа ќе има 2 е-курса од по една недела, виртуелен консултант и листа на ресурси за бизнисите и претприемачите. Вакво нешто не постои на овие простори. Набргу ќе имате можност да симнете неколку е-книги од премиум на претприемач.
  • Подготвивме еден електронски курс за започнување на бизнис кој ќе трае неколку недели. Секој кој ќе се регистрира за неделните билтени ќе има автоматски можност да биде вклучен во овој курс.

Затоа искористете со регистрација за неделни билтени да добиете:

  1. Збирка со топ 20 бизнис идеи за 2009
  2. Е-курс за започнување на бизнис кој ќе го добивате еднаш неделно секој од наредните недели
  3. Општа анализа на пазарот
  4. Можност за симнување на калкулатор за анализа на готовински тек

Затоа преземете го чекорот како на сликата:

  • Подготовка на entrepreneurshipinabox.com кој ќе претставува претприемач на англиски јазик.

Да сублимираме: 550 страни материјал од областа на претприемништво за читање, едно завршено и објавено истражување, видео материјали од околу 25 минути, подготовка на премиум на претприемач, е-курс за започнување на бизнис и подготовка на entrepreneurshipinabox.com. Сето ова е достапно на pretpriemac.com за само 6 месеци. А што се ќе има по 3 месеци, сеуште и ние не можеме да замислиме. Се надеваме стартуван премиум претприемач, една нова е-книга, уште видео материјали и секако континуирано текстови на pretpriemac.com и на блогот на pretpriemac.com.

post

ОСТВАРЛИВА ЦЕЛ – ОСНОВА ЗА ОСТВАРУВАЊЕ

Сите бизниси функционираат врз основа на поставување на цели и реализација на одредени активности за да се остварат тие цели. Поставената цел е таа која го води бизнисот на патот кон успехот. Без цел нема ни успешен бизнис, целта е таа која го померува бизнисот од status quo состојбата. Целта може да биде зголемување на продажба за толку и толку проценти, зголемување на приход за толку и толку проценти, зголемување на профитот за толку и толку проценти, зголемување на учеството на пазарот за толку и толку проценти…

Cel Многу често се случува бизнисите да пропаѓаат и како главна причина да биде нереално поставената цел. Оваа нереално поставена цел е целта за која знаеме дека не можеме да ја оствариме. Ние можеме лесно да поставиме цел за зголемување на приходи за 100%, но не е лесно да се остварат тие 100% зголемување. Затоа кога поставуваме цел треба да тргнеме од размислување дали ќе можеме да ја оствариме таа цел инаку подобро е воопшто да не поставиме таква цел.

Некои професионални програми за изработка на бизнис планови воопшто не ви даваат да пишувате проценти кои се неколку пати поголеми од просекот на индустријата за која се однесува Вашиот бизнис план. Многу пореално зголемување на приходи е 10-30% одколку зголемување на приходи од над 100%. Не, дека 100% зголемување не е остварливо, за некои бизниси и претприемачи можеда биде остварливо, но за некои и повеќето нема шанси. Затоа е потребно да се примени систематски приод во поставување на целите.

Како да се изведе тој систематски приод? Еве некои чекори кои во најмала мерка би требало да ги примените:

  • Постојано следете ги бројките на Вашиот бизнис:
    • Продажба
    • Приходи
    • Профит
    • Готовински тек
  • Најдета ја меѓузависноста на тие бројки
  • Видете како во минатото се зголемувале тие бројки на годишно ниво и колкав е процентот на тоа зголемување
  • Размислете колку нови потрошувачи ќе ви треба за остварување на некоја цел која ќе претставува зголемување на тие бројки
  • Размислете дали и како би можело тоа да се оствари
  • Доколку може и знаете како да се остваи тогаш вашата цел е реална и остварлива.

Поставете ја како цел за нареден период таа која е реална и остварлива. Ова ќе овозможи:

  • Постигнување на целта
  • Зголемување на потенцијалната енергија на претприемачот и на вработените во бизнисот заради остварување на целите
  • Остварување на плановите и зголемување на ефикасноста и ефективноста на бизнисот
  • Среденост на целиот бизнис систем бидејќи нема да се брка она што не може да се оствари.
post

ДВИЖЕЧКА СИЛА НА ПРЕТПРИЕМАЧОТ КАКО ОСНОВА ЗА УСПЕХ

Многу добри бизниси се започнати но сепак доаѓаат до рана смрт заради непостоење или пак немање на движечка сила која ќе го води на патот кон успехот. Оваа движечка сила на секој мал бизнис се наоѓа во претприемачот. Во почетокот можеби тој ќе е сам и газда, и продавач, и набавувач, и ќе води сметка за маркетинг, финансии, право… Доколку во сите овие подрачја нема движечка сила која ќе го натера да ги изврши сите тие активности, веројатноста за поминување во наредната фаза од животниот циклус на бизнисите –  проблематичен период е премала. Подоцна, кога ќе се премине во фазата на проблематичен период, финансиите ќе бидат стабилизирани, односно ќе има постојан прилив ќе може да се вработат луѓе кои би ги изведувале сите овие активности. Во, оваа фаза одреден дел од движечката сила ќе треба да се префрли на вработените. Но, сепак главната улога во поттикнување и префрлување на таа движечка сила ќе биде претприемачот. Е, тука влегуваме во едно ново подрачје кое се нарекува менаџмент.

Dvizecka_Sila Во раната фаза на бизнисот – започнување, движечката сила ќе зависи од:

  • Едукацијата или знаењето на претприемачот
  • Бизнис како хоби
  • Пасија кон тоа што го работи претприемачот
  • Желба за успех.

Првите три беа и првите чекори при креирање на бизнис идеја. Четвртото е желбата за успех која во секоја работа што ја работиме има свое влијание. Доколку немаме желба за успех логично е и да не постигнеме успех. На таков начин на првите проблеми (сопки) ќе се откажеме. А проблеми ќе има секогаш.

Но, движечка сила може да бидат и првите знаци на успех. На пример, првата продажба, првите повисоки приходи, првите задоволни купувачи кои се враќаат. Сето ова може да ја зголеми движечката сила на претприемачот. Сепак, првите успеси може да дојдат и подоцна. Но, доколку се очекуват и се знае дека она што денес го правиме ќе даде резултати утре, секако дека ќе имаме движечка сила.

Она што е најважно е секогаш да постои движечка сила за претприемачите. Ова ќе го постигнеме со:

  • Постојано зголемување на нашата потенцијалната енергија
  • Постојано имање на желба за успех
  • Да имаме пасија за она што го работиме
  • Работата во бизнисот да претставува забава и задоволство
  • Да знаеме да ги префрлиме обврските кон вработените
  • Да знаеме да ги мотивираме вработените за појава на движечка сила и кај нив
  • Планирање кое ќе бара систематско спроведување на активности на патот кон успехот.

Без движечка сила, ќе нема ни потенцијална енергија на бизнисот. Колку имаме поголема движечка сила, толку и потенцијалната енергија ќе биде поголема, толку ќе бидат поголеми и бизнис перформансите, толку ќе биде поголема и веројатноста за успех на бизнисот. А секој успех предизвикува уште поголема движечка сила. Така да влетуваме во еден кружен циклус кој е постојан и никогаш не прекинува. Но, сепак од претприемачот зависи да ги помине првите две фази од животниот циклус на бизнисите.

post

БИЗНИС ОД ЗАБАВА, БИЗНИС СО ЉУБОВ И ЗДРАВЈЕ

Малку еден друг момент или пак друга страна на претприемништвото и бизнисот. Досега често пишувавме треба ова или она со цел зголемување на успешноста и рофитабилноста на бизнисот. На таков начин запоставивме неколку важни сегменти од бизнисот атоа е надворешната страна. Не треба да се лажеме и да велиме дека започнуваме бизнис заради тоа и тоа што претставува секаков друг изговор без да се каже дека започнуваме бизнис заради пари. Во суштина длабоко во срцето на секој претприемач целта за започнување на бизнис се пари. Парите претставуваат извор на сигурност. Со пари можеме да си приуштиме добар одмор, да возиме скап автомобил, да си дозволиме било каква играчка за нас или пак за нашите деца.

Но од друга страна парите неможат да ни ги обезбедат следниве работи:

  • љубов
  • здравје
  • среќа

Значи, за успешен претприемач и успешен бизнис ќе бидат потребни пари од бизнисот и љубов, здравје и среќа за претприемачот.

Во овој натпис ќе опфатиме нешто што често пати се заборава, а тоа е среќата. Кога сме среќни? Среќни сме кога сме здрави. Среќни сме кога сме вљубени. Среќни сме кога се забавуваме. Среќни сме кога имаме пари.

Значи за прбите три причинители на среќата не ни е потребен бизнис. Бизнис не ни е потребен за љубов, здравје и и забава. Парите можат на некој начин да влијаат на овие три елементи. И не само на некој начин туку во реалноста навистина влијаат. За пари потребен ни е бизнис или вработување. Но, при вработување сигурно нема да ја имаме можноста за доволно пари при што би се задоволиле апетитите на еден просечен човек. Па затоа како поголема финансиска сигурност останува бизнисот.

Љубов можете да имате и пред започнување на бизнисот. Можете да имате и солидна забава пред започнување на бизнисот.ljubov-pari-sreca-zdravje Здравјето може да биде на одлично ниво пред започнување на бизнисот. Но, бизнисот од друга страна може да допринесе во расипување на овие три елементи кои не се обезбедуваат со пари. Доколку е таков случај што сме направиле? Имаме бизнис и пари, а немаме љубов, здравје или пак среќа.

Па во последно време претприемнштвото како наука бара начини и врши истражувања како да се интегрираат сите овие елементи во еден успешен  бизнис. Постојат многу истражувања за оваа подрачје.

Значи, доколку при работата што ја работиме не се забавуваме нема да бидеме среќни? Доколку заради работата ја изгубиме нашата љубов, повторно нема да бидеме среќни. За здравјето пак да не зборуваме. Сите овие елементи се испреплетени и влијаат еден на друг. На, пример без љубов ќе бидеме депресивни, што ќе влијае на нашето здравје, нема да се забавуваме и бизнисот ќе трпи. Значи едно без друго не оди. Сите пари на светот не можат да заменат некој момент со некој кој го сакате. Изгубеното здравје нема да можат да го надоместат парите. Вашата среќа и среќата на вашето семејство не можат да се надоместат со било која сума на пари.

Значи сево ова може и треба да се интегрира. Целта на бизнисот е да ја зајакне нашата љубов кон оној кој го сакаме, да ни обезбеди добра забава и нормално да ни го одржува здравјето на високо ниво. Но, како ова да се постигне?

Љубовта е поголема доколку повеќе време се поминува со саканата личност. Забавата е подобра кога не работиме или пак имаме бизнис. Со работа се троши и здравјето. Па, што тогаш останува? Три работи:

  • АВТОМАТИЗАЦИЈА,
  • ЕФЕКТИВНОСТ И ЕФИКАСНОСТ,
  • 80/20 ПРАВИЛО

Со автомаизација на сите акивности кои се рутински незабавни ќе ослободиме повеќе време за љубовта и ќе го заштедиме нашето здравје. Со ефективност и ефикасност и 80/20 правило (парето принцип) ќе ги работиме работите кои ни се најзабавни, ни носат најмногу пари и не прават најсреќни.