
Лансирање на бизнис – кога можете да тргнете

Дали вие сте претприемач?

6 Прашања за креирање на вашиот модел на приходи
Успехот на вашиот бизнис модел и успехот на вашиот бизнис често пати ќе се базира на успехот на моделот на приходи. Доколку моделот на приходи функционира, ќе генерира доволно приход за да се покријат сите трошоци, но и ќе обезбеди доволно профит со кој ќе можете да го финансирате идниот развој на вашиот бизнис.

Кога можете да бидете сигурни дека идејата ќе даде резултати?
Сигурно веќе сте свесни дека бизнис идеја значи решение на проблем. Проблемот може да биде опишан едноставно како проблем, како желба за нешто, или пак потреба од нешто. А, како еден претприемач постојано имате идеи за решавање на проблеми за купувачите, исполнување на нивните желби или пак задоволување на нивните потреби.

3 Темели како основа на одржлив бизнис
Пред неколку денови ги групирав факторите (ги имам над илјада) кои влијаат на градење на одржлив бизнис кои ќе бидат дел од премиум претприемач 2.0 и работев на график кој ќе ги поврзе тие фактори со значењето на одржлив бизнис во мојата канцеларија. Гледајќи го графикот на таблата едноставно ми дојде идеја да направам кратка видео презентација на истиот.
Бидејќи имам купено различна опрема за оваа намена уште пред две години, а сеуште ваков вид на материјали не сум подготвил за претприемач се одлучив да направам тест. Кога го прегледав тест видеото ми беше јасно дека може да се објави бидејќи содржи корисни информации. Па така, беа потребни помалку од 5 минути за снимање и уште 10 минути за едитирање и аплоад на YouTube и сега сме тука каде што сме.
Еве ги трите основни темели за одржлив бизнис.

Зошто повеќето мали бизниси остануваат мали или едноставно исчезнуваат?
Зошто повеќето мали бизниси остануваат мали или едноставно исчезнуваат?
Прашањето е навистина сложено! Не затоа што на истото содржи сложен одговор туку затоа што едноставно не сме научени да размислуваме поинаку.
Одговорот би го потенцирал како не согледување на бизнисот како еден поширок и покомплексен концепт од една можност или едно работно место.
Ќе се обидам одговорот да го дадам преку објаснување на овие поими кои се значајни при градење на успешен бизнис.

4 Стапици при учење од тестирање на претпоставки
Прашањето е како да ги тестирате претпоставките? Лесно ќе дојдете до нив, но важно во процесот е тие да бидат тестирани и потврдени или прилагодени ако не се потврдат.
Проблемот е што постојат повеќе стапици кога се наоѓаме во мод на учење преку тестирање на хипотези. Мора да бидете свесни за нив за да ги избегнете, затоа што доколку бидете под нивно влијание процесот нема да ви успее.
Да разгледаме некои почести стапици.

4 Клучни претпоставки на кои ќе се базира вашиот бизнис
Денес живееме во светот на претпоставки, а не на планови. Денес живееме во крајно неизвесен свет каде плановите во зависност за кој период се однесуваат можат само да не закочат. И денес грешките ни се потребни повеќе од кога и да е.
Бидејќи знаете дека планот нема многу да ви помогне во гарантирање на вашата успешност, туку едноставно ќе ви одземе драгоцено време и пари за што пишував во претходниот пост насловен како планирање на нешто што не може да се испланира.
Таму е мојата шкработина, односно график во кој ги базирам основите на оваа мое тврдење. Но, еве го повторно тука за да не мора да се префрлувате на тој наслов.

[Презентација] Како да креирате успешен стартап?
Креирање на успешен стартап не е едноставна задача за претприемачите. Постојат многу алатки кои можете да ги користите и задачи кои треба да ги изведете доколку сакате да успеете како сопственик на еден стартап. Но, многу често постоечките алатки ќе ве збунат. Збунетоста води до фрустрација. Комбинација помеѓу збунетост и фрустрација ќе ја зголеми веројатноста вашиот стартап да не успее.
Оваа презентација од Alexander Osterwalder објаснува еден навистина важен процес кога сакате да го изградите вашиот стартап.
Мора да напоменам, дека сето онаа што во оваа презентација е прикажано во една видео сесија од модулот 1 од премиум претприемач 2.0 го разработуваме во најситни детали и ги обезбедуваме сите потребни алатки.