post

Испорачајте исклучително доживување на купувачите преку надминување на 7 препреки

Нема потреба да зборувам за важноста на испорака на исклучително доживување на вашите купувачи. Но, да бидам искрен, тоа не е едноставна задача за претприемачите особено поради фактот што на вашиот пат за испорака на исклучително доживување ќе имате повеќе препреки. Тука ќе зборувам за седум поважни препреки кои ќе треба да ги надминете.

Од лично искуство знам дека една испорака на исклучително доживување ќе донесе три до пет пати повеќе купувачи за бизнисот. Секогаш кога ќе го насочам сиот мој напор за да испорачам повеќе од ветеното и повеќе од очекувањата на купувачите во следните месеци се зголемува базата на купувачите но и приходот.

Затоа и сметам дека секој претприемач ќе треба да вложи максимални напори за да испорача исклучително доживување за своите купувачи.

Еве некои од бенефити кои ќе ги добиете.

Продолжи…

post

Што вашите купувачи навистина сакаат?

Вашите купувачи претставуваат срцето на вашиот бизнис. Без нив, вашиот бизнис нема веќе да постои. Без нив не можете да очекувате вашиот бизнис да расте.

Се онаа што го правите за вашиот бизнис ќе биде на некаков начин поврзано со вашите купувачи. Мора да ги познавате. Мора да разговарате со нив. Мора да ги задоволите нивните барања и потреби.

Дали сакаат подобар производ или услуга? Дали сакаат подобра услуга од вашата компанија по завршување на купувањето? Дали сакаат брзо време на испорака на вашите производи или услуги? Дали сакаат квалитет на вашите производи? Дали сакаат карактеристики интегрирани во вашиот производ?

Постои огромна база на вакви прашања кои се поврзани со купувачте и онаа што тие навистина го сакаат. Секое од овие прашања постојано ќе ви се вртка низ главата.

Продолжи…

post

Справување со лутите купувачи

Како претприемач, веројатно имате искуство во справување со лути купувачи. Понекогаш вашите лути купувачи се во право поради направените грешки од ваша страна, или грешки направени од страна на вашата компанија, но понекогаш нивната лутина е затоа што тие постојано се лутат или поради други проблеми кои што ги имаат.

Како можете да се справите со различни разлутени купувачи?

Вие веројатно знаете дека купувачите се секогаш во право. Но, во многу случаи тоа може да биде погрешен пристап. Велам погрешно, заради вас и вашето време кое ќе ви треба за да се справите со таа лутина.

Еве еден процес кој би можеле да го користите.

Продолжи…

post

6 Совети за задржување на купувачите

Целта на секој претприемач во секојдневната работа е да стекнува, одржува и го зголемува бројот на купувачите во неговиот бизнис.

Иако, се чеини лесно, сепак не е така. Успехот во овој процес на стекнување, одржување и зголемување на купувачите ќе биде трансфериран во успех на целиот бизнис. Затоа што поголем број на купувачи, значи поголем приход и поголема профитабилност за бизнисот.

Подолу се дадени 6 совети кои ќе ви помогнат во задржување, односно одржување на тековните купувачи за вашиот бизнис.

Продолжи…

post

20 Работи што можете да ги направите за вашите купувачи

Купувачите се срцето на секој бизнис. Ние може да зборуваме за бизнис план, процеси, системи, процедури, менаџмент… Но, без купувачи сето тоа е непотребно. Затоа што на крајот работата на сите елементи на бизнисот има за цел да придобие, одржи и развива купувачи.

Да се стекнат нови купувачи ниту е лесно, ниту е евтино. Но, да се одржат постоечки купувачи е многу поедноставно, но често пати се заборава. Фокусот на малите бизниси се става на нови купувачи со цел проширување на бизнисот.

Еве некои идеи за тоа што се мжете да направите за вашите купувачи, во процесот на нивно задржување во добри релации со вашиот бизнис.

Продолжи…

post

Обезбедете исклучително доживување за вашите купувачи

Што претставува исклучително доживување за вашите купувачи?

Како можете да знаете дека сте им обезбедиле исклучително доживување на вашите купувачи?

Ако вашите купувачи се задоволни со вашата компанија, тие повторно ќе се вратат, ќе се чувствуваат добро кога купуваат или кога го препорачуваат вашиот бизнис на нивните семејства, пријатели или колеги, тогаш најверојатно сте им обезбедиле исклучително доживување.

Дали постои претприемач, на кој не му се допаѓа таковото чувство кај нивните купувачи? Постои ли претприемач кој не сака купувачите да се вратат и да го препорачаат неговиот бизнис на нивните семејства, пријатели или колеги? Одговорот на овие прашања е не.

Но, како ќе можете да ги фокусирате вашите напори и да обезбедите такво чувство кај вашите купувачи?

Еве шест важни активности со кои можете да почнете.

Продолжи…

post

Претпоставки на кои НЕ треба да се потпрете

Многу активности што како еден претприемач ќе ги преземете се базираат на претпоставки. Затоа и насоките во кои ќе се движи бизнисот се базираат на претпоставки.

Понекогаш и немаме доволно информации за да донесеме одлука, па затоа мора да се водиме од претпоставките. Но, некои претпоставки може да бидат навистина опасни за претприемачот и за бизнисот воопшто.

Некои одлуки не смеат да бидат базирани на непотврдени претпоставки, особено во фазата на започнување на бизнисот. Кои се тие претпоставки?

Одговорот е едноставен, тоа се два вида на претпоставки на кои се базираат повеќето бизниси:

  • Претпоставка за тоа што купувачите сакаат и
  • Претпоставка за тоа кои карактеристики треба да ги содржи вашиот производ.
post

10 Прашања пред одлука за купување

На крајот резултатот на секој бизнис се мери во реализирани продажби кои допринесуваат да се обезбеди приход, кој пак носи профит/загуба.

Не постои бизнис, ниту претприемач кој не сака повеќе купувачи да донесат позитивна одлука кога одлучуваат дали да го купат вашиот производ или услуга. Поголем процент на позитивни одговори, повеќе купувачи, поголем приход и нормално поголем профит.

Но, за да се успее потребно е знаење на повеќе од една научна дисциплина. Не е само економијата која вашето однесување го наведува на принципот на понуда и побарувачка. Не е само кибернетиката која ви обезбедува систематичен пристап. Не е само, психологијата која навлегува во мозокот на потенцијалниот купувач. Не е само претприемништвото кое ве учи за испорака на вредноста на купувачот. Не е само…

Но, сите заедно даваат една солидно исцртана патека, и тоа не било каква патека, туку патека која води кон тоа посакувано да.

Вашите купувачи се интелигентни, не смеете да го заборавите тоа и да ги потцените. Историјата ги научила да бидат претпазливи, да поставуваат прашања и бараат одговори дури и во секунди. Тие неколку секунди при поставување на тие прашања и одговорите ќе бидат клучни за одлуката.

Некои имаат потенцијал да одговорат на неколку десетици прашања, а некои на помалку. Прашањата може да бидат од едно до повеќе десетици, а можеби и стотици во зависност од пазарот и индустријата во која се наоѓа бизнисот. Но тука се само 10, можеби најважните и за кои би ребало да се обидете да обезбедите едноставно позитивно одговарање во фазата на продажба.

Еве ги тие прашања:

  1. Дали воопшто ми треба тоа?
  2. Дали тоа ќе ги задоволи моите потреби или реши моите проблеми?
  3. Го користел ли некој претходно тоа?
  4. Какво е искуството на тие кои го користеле?
  5. Дали би сакал да купам од тој бизнис?
  6. Дали би сакал да купам од тој продавач?
  7. Треба ли и зошто да му верувам на бизнисот?
  8. Дали вредноста ја оправдува цената која треба да ја платам?
  9. Можам ли да си го дозволам тоа?
  10. Што потоа откако ќе го купам?
post

10 работи кои вашите купувачи сакаат да ги знаете

Иако формално-правно вие како еден претприемач го водите вашиот бизнис, сепак купувачите се оние од каде ќе бидат повлечени повеќето од конците за управување на бизнисот.

Она што го правите, она што го продавате и она што го промовирате има само една јасна цел – купувачот и неговото задоволување.

Најкомплексната и најзначајната личност за еден бизнис претставуваат купувачите. Тие се и почеток и средина и крај на секој бизнис. Комплексни се затоа што нивните потреби се една од најпроменливите категории, а токму тие потреби претставуваат фокусот на секој претприемач и секој бизнис.

За да успеете мора постојано да си ги поставувате вистинските прашања кога станува збор за вашите купувачи, а едно од поважните е: Што е она што вашите купувачи сакаат вие да го знаете?

Иако одговорот може да има повеќе стотици потреби кои што треба да ги знаете, сепак, тука се групирани најважните 10.

Продолжи…

post

Како да создадете производ кој ваште купувачи ќе го сакаат?

Сè она што вашиот бизнис го прави има одредена цел. Целта е купувачите да сакаат да ги купуваат производите и услугите кои вашиот бизнис ги нуди. Тие ќе ги купат, доколку ги сакаат. Тие ќе ги купат вашите производи и услуги, доколку им се потребни.

Вашите купувачи се срцето на вашиот бизнис. Тие се оние кои диктираат што треба да направите, што треба да промените или она што треба да подобрите.

Без нив (купувачите), нема да преживеете на пазарот.

По вашите купувачи, вториот важен елемент тесно поврзан со вашите купувачи се производите и услугите кои ги нудите. Ова е тврда врска помеѓу вашиот бизнис и вашите купувачи, бидејќи на крајот може да се каже дека ќе успее само кога производите од вашиот бизнис ќе доајдат во рацете на вашите купувачи.

Но, и тоа не е доволно денес. Нема да успеете со таа една трансакција, затоа што ќе ви требаат повеќе трансакции, повеќе купувања и повеќе купувачи. Затоа, вашите купувачи треба да ги сакаат вашите производи и услуги.

Еве неколку идеи што може да ги вклучите во процесот на развој на производи и услуги, доколку сакате да бидете сигурни дека вашите купувачи ќе ги сакаат.

1. Најди вистински проблем со вистинска желба за решение.

Вашиот бизнис мора да решава вистинските проблемза вашите купувачи. Размислете за нешто што користите и вежбајте да откриете зошто вие го користите тоа, зошто ви се допаѓа и каков вид на проблем тоа нешто решава за вас. Потоа, размислете за проблемите со кои се соочуваш и за кои до денес не можеш да најдеш решение. Продолжи со вежбата, но во однос на проблемите кои се делумно решени за вас. Веројатно, веќе користите нешто што не доведува до целосно решение за вашите проблеми. Сега, имаш една листа на можни проблеми кои се веќе искусени од ваша страна. Време е да почнете да размислувате преку еден поглед на потенцијалните купувачи. Дали тие имаат таков проблем? Каков е начинот на кој тие ги решаваат таквите проблеми сега? Дали тие ги решаваат целосно? Ваквите прашања ќе обезбедат дека:

  • Постои пазар за можното решение,
  • На пазарот има желба да се реши или подобри решавање на таков проблем и
  • Пазарот е доволно голем за поддршка на вашиот бизнис.

2. Понудете решение за тој проблем.

Кога ќе го најдете вистинскиот проблем за вистинскиот пазар со доволен број на потенцијални купувачи кои сакаат да решат таков проблем може да го понудите вашиот решение. Лансирање на вашиот производ како решение не значи дека сте завршиле со вашата работа како претприемач. Ќе треба да ја следите состојбата за да видите дали може да се направи нешто повеќе или да се понуди нешто повеќе на вашите купувачи. Бидете сигурни дека тие ги сакаат вашите производи и услуги.

3. Секогаш прилагодувајте ги производите во однос на потребите на купувачите.

Вашите купувачи со текот на времето не остануваат исти. Ќе се подобруваат и развиваат како и се останато. Нивните потреби и нивните проблеми се променлива категорија. Ако вашите производи и услуги не се вклопуваат нивните нови потреби, веројатно ќе станат нешто заборавено. Затоа треба да ја прилагодите вашата понудаза да се осигурате дека таа секогаш ќе се вклопи со потребите на купувачите.

4. Бидете блиску до вашите купувачи.

Ако сакате да го испорачате вистинското решение за вашите купувачи, решение кое што тие ќе го сакаат, ќе треба да бидете секогаш блиску до нив. Тоа значи дека ќе треба да биде многу повеќе од едноставен решавач на проблеми за нив. Поставувајте прашања, разговарајте со нив и иницирајте различни разговори кои ќе ви помогнат да ги разберете нивните потреби или нивните вистински проблеми. Запомнете дека без нив, нема да можете да бидете голем решавач на проблеми за нив.

5. Слушајте ги.

Како еден претприемач, една од најважните задачи за вас е да ги слушате, да научите од тоа слушање и да преземете соодветни акции од она што сте научиле од тоа слушање. Господ ни дал две уши и една уста, а ние треба да ги користите во директен сооднос. Треба да запамните дека единствениот валиден извор на информации за можните подобрувања на вашиот бизнис се вашите купувачи.