post

SEO – Оптимизација за пребарувачи

SEO - Оптимизација за пребарувачи Во претходните 10-тина дена имаше еден серијал на написи за оптимизација за пребарувачи (SEO) на претприемач. Бидејќи останаа некако расфрлани се одлучив да ги групирам во овој еден со линкови до секој дел.

Овој серијал всушност претставува еден почетнички водич за спроведување на една ваква оптимизација на Вашиот веб сајт. Па така она што беше опфатено е следново:

  1. SEO – Оптимизација за пребарувачи – Маркетинг средство 60. Овој напис беше најава на серијалот за оптимизација за пребарувачи како еден вид на маркетинг средство на претприемач. Тука навлегов во некои основи на SEO и некои претходни постови во кои ја чепнав оваа проблематика.
  2. Што претставува SEO? SEO не значи измама за да пребарувачот смета дека токму твојата веб страна треба да се појави меѓу првите кога некој пребарува за нешто на интернет. SEO едноставно значи да се прилагоди веб страната за да се обезбеди полесна достапност од страна на пребарувачите…
  3. SEO – Основни столбови – Столб 1 – Клучни зборови. Во овој пост се наведените трите основни столбови на еден SEO процес и целосно се навлезе во првиот од трите столба – истражување и анализа на клучни зборови. Овој столб е еден од најважните столбови за еден SEO процес. Велам најважен бидејќи и останатите два столба ќе ги користат информациите од овој столб.
  4. SEO Основни столбови On-Page оптимизација. Овој наслов се однесува на вториот столб на овој процес. Во овој столб спаѓаат фактори и елементи на кои што вие имате влијание и се наоѓаат на Вашиот сајт и слободно можете да ги менувате, едитирате или организирате, а во исто време имаат влијание на појава на вашата веб страна на резултатите на пребарувачите…
  5. SEO Основни столбови – Off-Page Фактори. Овој наслов се однесува на третиот столб на овој процес. Основата на овој столб е да имате повеќе влезни линкови со подобар квалитет за да имате подобро рангирање на страната со резултати на пребарувачите.
  6. Блогирање како дел од SEO стратегија. Блогирање е една од најдобрите алатки кога станува збор за SEO, особено што претставува и како посебно маркетинг средстви и како алатка за подобрување на Вашите напори во однос на SEO процес…
  7. SEO – Дали размена на линкови вреди? Овој наслов се однесува на размената на линкови што всушност третиот столб ве тера да го правите. Се обидов да презентирам неколку информации и сознанија за ова преку тестирањата и анализите кои ги имам спроведено.
  8. SEO – Алатки кои може да се користат. Во овој последен пост од овој серијал дадовме кратка презентација на најважните алатки (бесплатни) кои можете да ги користите и комбинирате за целиот овој SEO процес кој го опфативме досега.
post

RSS – Маркетинг Средство 61

RSS како маркетинг средство

RSS како маркетинг средство

RSS навистина може да претставува моќно маркетинг средство за еден бизнис и еден претприемач. Ова е 61-вото маркетинг средство на претприемач по еден турбо серијал за SEO. Досега бевме сконцентрирани околу креирање на содржина на интернетот преку Вашата бизнис веб страна и блог. Ова маркетинг средство е повеќе за распространување на таа содржина.

Постојат многу дилеми дали ова маркетинг средство треба да се применува. Па така има некои кои мислат дека доколку овозможите RSS потенцијалните купувачи нема да стигнат до Вашата веб страна каде може да ја забележат Вашата понуда туку само ќе ја прочитаат информацијата преку RSS читачот. Но, сепак сметам дека не треба да се размислува на ваков начин. Со овозможена RSS технологија Вие само ја правите широко подостапна Вашата содржина, а со тоа и маркетинг елементите во неа. Сепак за да го искористите максимумот ќе треба таа содржина да биде изработена доста професионално со што ќе се намали ефектот на стравот од губење на посетители кон веб страната.

Што е RSS?

Наједноставно кажано RSS претставува технологија со која се овозможува автоматско превземање на содржините од веб страните кои ве интересираат.

Читателот користи некој RSS читач преку кој секогаш кога веб страните чии RSS фидови ги има поставено во тој читач ќе добие информација дека има нешто ново објавено и ќе може едноставно да го прочита преку тој читач или пак ако е само делумен текст да кликне на прочитај повеќе и преку веб да ја дочита содржината.

Еден ваков читач претставува и Google Reader во кој едноставно ги поставувате RSS URL-ата до различните веб страни од Ваш интерес и следите и читате што излегува како новитет.

Google Reader како еден RSS читач

Google Reader како еден RSS читач

Една веб страна преку RSS URL изгледа на ваков начин:

RSS Feed

Како изгледа RSS Feed

RSS како маркетинг средство

Што Вие како претприемач и Вашиот бизнис добивате со воспоставување на RSS како маркетинг средство преку Вашата бизнис веб страна или блог? ќе се обидам да дадам една мала листа на бенефициите што еден бизнис може да ги добие со ова маркетинг средство:

  1. RSS маркетинг е едноставно и секако без трошоци при што можете да го воспоставите системот уште денес и да започне да функционира под услов да имате свежа содржина на Вашиот бизнис блог.
  2. Целата Ваша онлајн содржина и маркетинг пораки ќе биде лесно достапна за оној кој сака да биде достапна. Се сеќавате за влезен маркетинг и маркетинг базиран на одобрение.
  3. Намалена веројатност дека некоја од RSS пораките во вид на Ваша онлајн содржина нема да стигне онаму каде што треба заради spаm филтрите.
  4. Можност за споделување на квалитетната содржина помеѓу потенцијалните купувачи при што ќе се зголеми на Вашата веб страна а со тоа и видливоста на Вашиот бизнис.
  5. Можност Вашата содржина да биде објавена на некоја друга веб страна и доколку тие што реобјавуваат содржини постапат онака како што треба да достават линк до Вашата веб страна ќе ја зголемите Вашата видливост како и онлајн репутацијата во очите на пребарувачите за што зборувавме во Off Page фактори на еден SEO процес.
  6. RSS маркетинг ќе овозможи градење на долгорочни односи со потенцијалните купувачи притоа воопшто не изгледа како една нападна маркетинг стратегија со која се создава притисок.

Но, треба да бидеме реални, дека започнување со ова маркетинг средство бара неколку предуслови:

  • Да имате бизнис веб страна.
  • Да имате бизнис блог која всушност ќе ги генерира тие RSS содржини.
  • Да имате квалитетни содржини. Ова се однесува на тоа да не продавате, туку да давате информации, а продажбaта сама по себе после квалитетни информации ќе си дојде.
  • Да понудите различни поедноставувања за пристап до вашите RSS содржини. Постојат повеќе опции за користење. Едната беше преку посебен читач што ја споменав погоре, може директно преку интернет прелистувач, може да се обезбедува претплата и преку e-mail…

Доколку немате онлајн содржина која што редовно ќе ја ажурирате воопшто и не го разгледувајте како опција.

post

SEO – Алатки кои може да се користат

SEO Алатки

SEO Алатки

Ќе го завршам овој серијалот за SEO како дел од маркетинг средства на претприемач со овој пост. Тука ќе се обидам да презентирам неколку алатки кои ќе можат да ви помогнат во овој процес. Во овој серијал поминавме нешто општо за SEO, потоа навлеговме во тоа што претставува SEO, го претставивме првиот основен столб на еден ваков процес – истражување и анализа на клучни зборови, вториот столб – On-Page оптимизација или неколку најважни фактори за оптимизација кои се наоѓаат на самата страна, третиот SEO столб – Off-Page фактори за оптимизација, Блогирање како дел од SEO стратегија која само ќе го подбри севкупниот процес и неколку збора за тоа дали размената на линкови вреди.

Во овој последен пост од овој серијал ќе се обидам да дадам кратка презентација на најважните алатки (бесплатни) кои можете да ги користите и комбинирате за целиот овој SEO процес кој го опфативме досега. Сакам да напоменам дека ова не се единствените алатки кои што постојат, но за оваа цел јас ги избрав овие.

1. Алатки за аналитика

Прво нешто што ќе ви биде потребно пред се друго останато е да ја следите аналитиката на Вашата веб страна. Како што веќе напоменав од аналитиката ќе можете да дојдете до клучните зборови преку кои доаѓат посетителите од страната на пребарувачите. Ќе можете да видите од каде доаѓаат посетителите. Ќе можете да забележувате трендови. И уште многу други елементи кои ќе ви донесат квалитетни информации.

  • Google Analytics. Ова е една од најкористените алатки за веб аналитика на сопствената веб страна и алатка која мора да ја имате.

Google Аналитика

Google Аналитика

  • Google Website Optimizer. Оваа алатка овозможува да спроведете одредени тестирања на различни страни кои имаат иста намена и да проверите како различните кампањи влијаат на остварување на целта на страната и секако да ја иставите онаа страна која е подобра во исполнување на сопствената цел. Целта е да преку тестирање успеете да ја оптимизриате веб страната.

Google Website Optimizer

Google Website Optimizer

2. Алатки за анализа на клучни зборови

Во еден SEO процес клучните зборови претставуваат првиот столб н што се базира се она останато што ќе се изведува. Затоа како основа е да спроведете квалитетна анализа.

  • Google Adwords Keyword Suggestion Tool. Ова е одлична алатка каде што може да се започне процесот. Иако е наменета за анализа на зборови за Adwords кампањи сепак може да биде доста корисна и за овој процес на анализа на клучни зборови. Целта е да се генерираат идеи на клучни зборови преку анализа на она што луѓето внесуваат во пребарувачите кога пребаруваат.

Клучни зборови

Клучни зборови

  • Wordtracker Free Keyword Suggestion Tool. Ова е една одлична алатка која може да се искористи за идеи за клучни зборови. Имаат бесплатен и платежен сервис. Но, претставува една од најнадежните алатки кога станува збор за анализа на клучни зборови.

Wordtracker алатка за клучни зборови

Wordtracker алатка за клучни зборови

Резултати за клучни зборови - Wordtracker

Резултати за клучни зборови - Wordtracker

3. Алатки за анализа на конкуренцијата

Многу е важно да се проучи конкуренцијата за да се откријат нивните силни и слаби страни во рангирањето на пребарувачите. Силните страни ќе треба да се копираат додека слабите страни конкурентите да се направат силни за Вас. Ќе презентирам неколку алатки кои може да се користат во една ваква анализа:

  • Alexa. Иако не може да се каже дека оваа алатка е прецизна и точна сепак може да се искористи за да се види некоја слика за конкуренцијата, да се направи споредба и да видат некои елементи кои конкуренцијата ги користи.

Анализа на конкуренција преку Alexa

Анализа на конкуренција преку Alexa

  • Google Website Trends. Оваа алатка покажува проценка на сообраќај, топ 10 веб страни поврзани со оние анализираните, од кои земји доаѓаат посетителите и 10 поврзани клучни зборови со овие веб страни. Оваа алатка е добра доколку анализирате страни со голем сообраќај, бидејќи за помалку посетувани веб страни не дава податоци.

Google Website трендови

Google Website трендови

Доколку сакате да ги следите PR на Google или рангот на Alexa ќе треба да ги инсталирате нивните додатоци за интернет прелистувачот кој го користите па така ќе имате постојано увид во овие елементи во моментот кога разгледувате некоја веб страна преку Вашиот прелистувач.

За крај сакам повторно да потенцирам дека постојат безброј алатки кои во зависност од тоа што анализирате и кои Ви се потребите можете да ги користите. Ова се само еден мал дел кои како основа може да ви помогнат.

post

SEO – Дали размена на линкови вреди?

Дали вреди размена на линкови

Дали вреди размена на линкови

Продолжуваме со серијалот за SEO како дел од маркетинг средства на претприемач. Во овој пост ќе навлезам малку во една табу тема кога станува збор за SEO. Во овој серијал поминавме нешто општо за SEO, потоа навлеговме во тоа што претставува SEO, го претставивме првиот основен столб на еден ваков процес – истражување и анализа на клучни зборови, вториот столб – On-Page оптимизација или неколку најважни фактори за оптимизација кои се наоѓаат на самата страна, третиот SEO столб – Off-Page фактори за оптимизација и Блогирање како дел од SEO стратегија.

Досега веќе напоменав во овој серијал (па и во самото видео во делот за блогирање) дека не е важен број на дојдовни линкови. Многу е поважен квалитетот на тие дојдовни линкови.

Што претставува размена на линкови?

На светско ниво постојат огромен број на маркетинг агенции кои се занимаваат со SEO и чија основна задача е да бараат на интернет веб страни кои ќе бидат интересни за нивните клиенти за добивање на линк преку размена на линкови.

Размена на линкови претставува едноставно еден процес во кој администратор на една веб страна ве контактира Вие да поставите линк до нивната веб страна и за возврат тие ќе постават линк до Вашата веб страна.

Класичниот приод е веб страна А дава линк кон веб страна Б која возвраќа линк кон веб страна А.

Размена на линкови 1-1

Размена на линкови 1-1

Овој начин кој претставува размена на линкови 1 на 1 нема да донесе некои резултати. Затоа што корисноста што А ја дава на Б, Б ја губи со враќање на линк кон А. Набргу и сите оние кои се занимаваат со интернет маркетингот го сфаќаат сето ова и нормално бараат начини да може да се надмине преку внесување на трети страни во процесот на размена. Ова би изгледало нешто вака:

Размена на линкови 1-2-3

Размена на линкови 1-2-3

Затоа и се раѓаат огромен број на сервиси или интернет маркетинг агенции кои се вклучуваат во оваа математика со цел да бидат рангирани подобро од страна на пребарувачите. Потсетете се на видеото во Блогирање како дел од SEO оптимизација.

Но, можам да кажам уште нешто повеќето од „најдобрите“ или „најпрепорачуваните“ вакви сервиси денес не постојат. Значи дека се откриени и нормално нема глас плус во очите на пребарувачите.

Зошто мислам дека не треба да сте преокупирани со размената?

Кога започнав да се занимавам со оваа проблематика прочитав многу материјали од многу SEO експерти. Некои беа квази експерти но, некои се навистина докажани експерти. Кога зборувам за она што сум прочитал не станува збор за читање на блогови, туку различни купени книги, е-курсеви, прирачници, софтвери… Она што не смеам да го изоставам како важен елемент во градењето на знаењето е што успеав да споредам квази експерти со вистински експерти. Разликата е што едни учат за брзо – краткорочно остварување на резултати и едноставно потоа од високото краткорочно летање брзо спуштање на земјата – тоа се квази експертите. Вторите или оние вистинските експерти пропагираат стратешки долгорочен приод за градење на релевантноста и кредибилитетот во очите на пребарувачите што на некој начин и јас преку овој серијал се обидувам да го презентирам.

Купив и еден софтвер специјализиран за SEO кој едноставно служеше за автоматизација на овој процес на размена и анализа да најдеш кои веб страни се добри со кои можеш да се вклучиш во процес на реализација. Извршив тестирање и воспоставив контакти со неколку веб администратори на страни кои согласно анализата беа добри за да разменам линкови. И разменив линкови. Но, знаете што се случи? И по неколку месеци иако PR на мојата веб срана се искачи јас сепак немав ни 10% од вкупниот сообраќај од страна на Google. Значи нешто не беше ОК. Веднаш потоа го откажав софтверот бидејќи плаќав (мислам 47$ месечно за негово користење).

Во исто време како што ја зголемував содржината и секако на некои подолги зборови почнував да бидам рангиран повисоко почнат сами веб администратори или тие интернет маркетинг агенции да ме контактираат за да разменуваме линкови. Понудите навистина ми беа невообичаени. Тогаш јас имав PR 2, а тие ми нудеа линк од страна со PR 4. Еве еден пример како изгледа тоа едно барање:

Предлог за размена на линкови

Ги избришав личните податоци заради заштита на приватноста за имиња, веб страни и компании. Забележувате ми нуди два линка за замена на мојот еден со PR 2. Ова е изведено од една интернет маркетинг агенција за некој нивен клиент. Но, изгледа премногу добро за да биде вистинито.

Што се случува по извесен период откако направивме размена. Тие на понудените страни ставаат илјадници линкови кон други страни при што нормално биле забележани од Google и нивниот PR веќе е за никаде и секако биваат казнети. Мојата веб страна има линк од лоши дечки, па така дел од последиците ги сносам и јас и секако илјадниците веб страни кои учествуваат во оваа трансакција со линкови.

Затоа сметам дека еден ваков систем на размена на линкови не вреди за Вашето рангирање на резултатите на Google. Оваа размена на линкови може да ја направите само во еден ограничен круг на веб страни (на пријатели, блиски или оние на кои им верувате дека нема да претеруваат).

Неколку збора за линкови и нивното значење

На крајот од овој пост сакам да дадам коментар преку неколку зборови за линковите и нивното значење. Линковите се важни, и нивната важност можевте да ја видите во постот за Off-Page фактори за оптимизација. Но, она што е забележително е премногу насочување кон линкување и заборавање на содржината и самата оптимизација на веб страната. Две најважни работи кои се ценети од пребарувачите се следниве:

  • Релевантност. Релевантна содржина за клучниот збор (или зборови) за кои што сакате да бидете високо рангирани.
  • Кредибилитет. Каков кредибилитет има Вашата веб страна. Дали користите валкани техники, кој се се линкува до Вас, до кого се линкувате вие…

Но, она што е интересно тука е што релевантноста може да доведе до зголемент кредибилитет. Колку повеќе имате релевантна содржина и колку повеќе веб страни природно се повикуваат на Вашата содржина, толку подобро ќе бидете рангирани на пребарувачите.

И уште нешто би сакал да додадам како дел од мои анализи и истражувања. Веќе неколку пати напоменав дека различните податоци ги собирам во една база на податоци преку која можам едноставно да се играм и да спроведувам различни анализи. Иако сеуште податоците не се доволно многу (6 месеци) сепак добив интересни резултати по спроведување на корелациона анализа со Пирсонов коефициент на корелација. Имаше периоди кога оваа веб страна имаше PR 3. Сега е повторно на PR 0. Анализата на податоци се однесуваше на тоа движење на сообраќај од страна на Google при PR 3 накај сегашните PR 0. Од таа корелациона анализа се доби силна негативна корелација што значи следново:

  • Поголем PR помал сообраќај од страна на Google.
  • Помал PR зголемен сообраќај од страна на Google.

Овој резултат не мора да биде сосема точен бидејќи се случи тоа што се случи со размена на линкови, а во исто време обрнав поголемо внимание на релевантноста на содржината и соодветната оптимизација согласно клучни зборови. Но, мораме да бидеме реални, овие резултати укажуваат дека она што сите сакаме да го имаме како основа PR нема некое приоритетно или врвно влијание врз резултатите од пребарувањето доколку релевантноста не е на прво место.

Затоа, SEO претставува процес а не едноставна размена на линкови што повеќето интернет маркетинг агенции сметаат. И уште нешто, овој процес ни малку не спаѓа во група на лесни процеси. Ова е само еден дел од она што можам да го опишам во еден блог пост за оваа проблематика.

Прочитајте го последниот пост од овој серијал:

post

Блогирање како дел од SEO стратегија

Блог како дел од SEO стратегија

Блог како дел од SEO стратегија

Ќе продолжам со серијалот за SEO како дел од маркетинг средства на претприемач. Овој пост како дел од овој серијал е повеќе како средство кое може да ви помогне да го подобрите севкупниот процес за кој што досега стана збор. Досега во овој серијал поминавме нешто општо за SEO, потоа навлеговме во  тоа што претставува SEO, го претставивме првиот основен столб на еден ваков процес – истражување и анализа на клучни зборови, вториот столб – On-Page оптимизација или неколку најважни фактори за оптимизација кои се наоѓаат на самата страна и секако третиот SEO столб – Off-Page фактори за оптимизација.

Блогирање е еден од најдобрите алатки кога станува збор за SEO, особено што претставува и како посебно маркетинг средстви и како алатка за подобрување на Вашите напори во однос на SEO процес. Ова подобрување на еден SEO процес особено се однесува на фактот што блогот е одлично средство за градење на содржина на веб.

Корисност на блогот како дел од SEO стратегија

Постојат многу бенефиции за блогот да биде дел од Вашата онлајн стратегија, но тука во однос на еден SEO процес би претставил две најважни корисности.

1. Повеќе страни оптимизирани за повеќе зборови

Во претходниот пост каде што стана збор за Off-Page фактори за оптимизација наведов дека не може да се очекува тие неколку страни во вид на брошура дека ќе бидат оптимизирани за илјадници клучни зборови до кои што дојдовме при истражување и анализа на клучни зборови. Тие страни ќе бидат оптимизирани согласно нивната намена. На пример, Вашата страна со производи ќе биде оптимизирана за клучните зборови за тие производи кои се прикажани на таа страна. Вашата About страна ќе биде оптимизирана за Вашата компанија, на пример бизнис име, брендот, локација, експертиза…

Но, вие имате бреинстормирано илјадници зборови со кои различни категории на Ваши потенцијални купувачи ќе пребаруваат нешто на интернетот. Вашата цел како еден претприемач или маркетинг менаџер на една компанија е да успеете да бидете најдени (вашата веб страна да биде најдена) кога некој ќе пребарува некој од тие зборови. Затоа блогот е едно квалтетно средство преку кое ќе успеете со текот на времето да изградите илјадници страни со квалитетна содржина оптимизирани согласно различните клучни зборови. Ова е таа една предност на блог како дел од SEO стратегија.

2. Почесто нова содржина почесто индексирање

Пребарувачите користат специјални програмчиња наречени како Web Crawler или Web Spider. Овие програмчиња имаат за цел да го пребаруваат интернетот и да бараат нови веб страни на кои прават копија која влегува во базите на податоци на пребарувачите што претставува индексирање, за да се обезбеди побрзо пребарување. Ова значи дека Вие кога пребарувате нешто вие пребарувате низ таа база на податоци на пребарувачите. Затоа за да бидете прикажани на резултатите првин ќе мора тие веб страни да бидат индексирани од страна на пребарувачите.

За тоа какво значење има за еден бизнис кога повеќе веб страни се индексирани ќе можете да прочитате во Повеќе Индексирани Страни – Повеќе Потенцијални Купувачи.

Блогот едноставно претставува средство за постојано објавување на нова содржина на веб страната во вид на посебни артикли кои пак претставуваат посебни веб страни кои се индексираат од страна на пребарувачите. Затоа доколку пребарувачите увидат дека имате почесто додавање на нови веб страни тие почесто ќе доаѓаат да проверат дали има нешто ново заради индексирање. Тоа е нивната работа, тие сакаат содржина и тоа квалитетна содржина.

Неколку препораки за користење на блогот во SEO процес

Тука ќе се обидам накратко да наведам неколку препораки за тоа како да го искористите блогот во еден SEO процес.

1. Избери категории

Пред да започнеш со било што добро размисли за категории кои ќе бидат опфатени на блогот. Доколку веќе ги имаш резултатите од анализата и истражувањето на клучните зборови обиди се да најдеш од 6 до 10 клучни зборови кои ќе бидат категории на блогот. Во исто време, размислувај сите ие зборови да бидат важни и всушност да асоцираат на Вашиот бизнис или бизнис активности.

2. Користи ги препораките од SEO основни столбови

Се она што го наведов како важно во основните столбови на еден SEO процес искористете го и тука. Започнете од зборовите кои ги имате изберено, групирај ги во можни теми или наслови за постови и започни со пишување.

3. Обиди се да објавуваш нови написи барем 2 до 3 пати неделно

Блогот ќе Ви помогне во Вашите SEO напори само доколку останете конзистентни во намерата да успеете. Не можам да кажам дека ќе биде лесно. Ќе треба да дојдете до идеи за можни написи, да ги напишете да внимавате на столбовите, а во исто време да не забегате од содржината и квалитетот, односно од фокусот кон читателот или потенцијалниот клиент. Но, ова е единствениот начин блогот да ви помогне.

4. Ако се двоумиш за платформа, избери Word Press

Иако Word Press најмногу е познат како платформа за блогирање, се почесто гледам целосни веб решенија на оваа платформа. Минатата година е изберен како надобра Open Source CMS платформа за 2009 (платформа за менаџирање на содржина на интернетот). Повеќе детали за ова можете да прочитате на Open Source CMS Award.

Од друга страна кога станува збор за SEO ова е навистина едно квалитетно и солидно решение. Не сакам да навлегувам во детали, но затоа можете да го погледнете видеото од презентацијата на Matt Cutts од Web Spam тимот на Google (преку WorPress.tv) подолу во кое овој експерт дава некои мислења во однос на оваа прашање. Видеото е долго 46 минути, но вреди да се погледа презентацијата бидејќи само ќе го повтори и надополни сето она што можете да го прочитате во овој серијал.

https://videopress.com/v/wp-content/plugins/video/flvplayer.swf?ver=1.21

Продолжете со следниве написи:

post

SEO Основни столбови – Off-Page Фактори

SEO Off-Page фактори

SEO Off-Page фактори

Стигнавме до навистина најтешкиот столб на еден SEO процес, а тоа е Off-Page фактори за оптимизација или фактори на кои ние немаме или пак имаме сосема мало влијание врз истите. Досега поминавме нешто општо за SEO, потоа разграничивме за тоа што претставува SEO, го претставивме првиот основен столб на еден ваков процес – истражување и анализа на клучни зборови и вториот столб – On-Page оптимизација или неколку најважни фактори за оптимизација кои се наоѓаат на самата страна.

Велам дека овој столб потешко се менаџира бидејќи во голем дел зависи од други, а не од самите Вас. Сега реално може да се каже дека постојат начини и стратегии преку кои можете да влијаете на овие фактори, но сепак тие не се толку едноставни, а најдобро е доколку се остварат на природен пат. Основа на овој столб на еден SEO процес претставуваат дојдовни линкови.

Во Што претставува SEO накратко навлегов во една историја на развој на пребарувачите и дека се користи метод на рангирање врз основа на вкупен број на цитати или во овој случај вкупен број на линкови кон една веб страна. Тоа се дојдовни линкови од друга страна кон Вашата.

Основата на овој столб е да имате повеќе влезни линкови со подобар квалитет за да имате подобро рангирање на страната со резултати на пребарувачите.

Ќе се обидам во наредниот дел од овој пост да навлезам во неколку најважни Off-Page фактори:

1. Линкови од страни со висок авторитет

Кога станува збор за подобар квалитет на влезни линкови прво што ми паѓа на ум е линкови од веб страни со висок авторитет во очите на пребарувачите. Ова се веб страни кои имаат илјадници и илјадници линкови од други веб страни кон нивната содржина. На пример, линк од Wikipedia кон Ваша веб страна ќе значи многу повеќе отколку 1000 линкови од веб страна со никаков авторитет.

Зошто Wikipedia има толку висок авторитет? Затоа што скоро секојдневно некоја веб страна или блог се повикува на некоја дефиниција или нешто што е напишано на Wikipedia. Затоа и пребарувачите препознавајќи ги тие линкови сметаат дека Wikipedia претставува навистина авторитетен извор на информации. Е, сега тој авторитет на Wikipedia и доколку некаде постои цитат од Вашата веб страна и линк до вашата веб страна на страната на Wikipedia автоматски ќе го зголеми авторитетот и на Вашата веб страна.

Ова се веб страни кои имаат висок Page Rank. Линкови кои доаѓат од веб страни со поголем PR кој се движи од 0 до 10 ќе биде повреден за рангирањето на Вашата веб страна.

2. Anchor Text

Anchor Text претставува текст на кој е поставен хиперлинк. На пример, страна А поставува линк до Вашата страна а текстот е Кликни тука или Име на ваш бизнис или пак Ваш клучен збор. Еве уште еден пример: Претприемач. Текстот има линк до почетна страна на претприемач, а anchor text во овој случај е она што еден посетител го гледа – Претприемач.

Овој фактор е можеби еден од најважните фактори во Off-Page столбот на еден SEO процес. Она што е најдобро за еден ваков процес е anchor text да биде клучниот збор за кој вршиме оптимизација на нашата веб страна. Еден ваков линк со квалитетен збор како anchor text му кажува на пребарувачот дека Вашата страна има авторитет за таков збор.

Вие веќе имате клучни зборови од вториот столб, но сите тие клучни зборови не се подеднакво важни. Еден од нив претставува најважен збор за кој Вие се обидувате да ја оптимизирате дадената веб страна. Така да најценето од пребарувачите е дојдовниот линк да има anchor text кој ќе биде ист со Вашиот најважен клучен збор.

Ќе прикажам еден пример, кој се користи секогаш како еден училишен пример за прикажување на значајноста на овој anchor text. Ќе извршам пребарување на Google за зборот Click Here. Резултатите се следниве:

Резултати за пребарување на Click Here

Резултати за пребарување на Click Here

Забележувате дека на прво место на органско пребарување се појавува страната на Adobe која се однесува на нивниот производ Adobe Reader. Ако отидете на таа нивна страна ќе забележите дека воопшто зборот Click Here не се наоѓа на странатa ниту пак се користи како клучен збор во некој од факторите за On-Page оптимизација. Зошто е тоа така? Единствен логичен заклучок е дека на интернетот постојат многу веб страни кои даваат линк кон оваа страна на Adobe со Anchor Text Click Here.

3. Линкови кон специфична страна

Како трет фактор би го издвоил потреба од линкување кон одредена, специфична веб страна. Она што е важно тука е да се знае дека не можете за 100 зборови една веб страна да ја оптимизирате за пребарувачите. На пример имате почетна веб страна на основно домен име и сакате за 100 клучни зборови да ја оптимизирате. Оваа практично е невозможно, или пак доколку успеете нема да изгледа онака како што треба. Затоа, и се очекува да имате повеќе веб страни оптимизирани за различни зборови и успех за Off-Page оптимизација ќе биде доколку доаѓаат линкови од различни веб страни до тие ваши страни со anchor text кој е клучниот збор за соодветната страна.

Методи со кои ќе можете да влијаете на овие фактори

Значи ова линкување од надвор кон специфична ваша веб страна може да оди по т.н „природен пат“ и она што јас го нарекувам „неприроден пат“. Ова неприроден пат не значи дека Вие ќе мамите, туку едноставно учествувате во овој процес со градење на линкови кон Вашата веб страна. Со користење на овој начин ќе имате влијание и на anchor text и на специфичната страна со клучниот збор за кој се оптимизира таа страна.

Во овој дел би навел неколку стратегии. Некои сум ги користел и имам изградено сопствено мислење, некои ги анализирав врз основа на статистичкиот примерок од мојата база на податоци, но постот би бил предолг за да гиопфатам сите овие заклучоци. Затоа планирам овој серијал да го доработам и средам во една е-книга. Прво што ми падна на ум за овој дел се следниве 5 методи:

  1. Дистрибуција на артикли
  2. Купување на линкови
  3. Размена на линкови (ќе следи посебен пост од овој серијал)
  4. Коментирање на блогови
  5. Веб директориуми

Продолжете со следниве написи:

post

SEO Основни столбови On-Page оптимизација

On-Page фактори за SEO оптимизација

On-Page фактори за SEO оптимизација

Да продолжиме со вториот и третиот столб на еден процес на оптимизација за пребарувачи (SEO). Досега поминавме нешто општо за SEO, потоа разграничивме за тоа што претставува SEO и го претставивме првиот основен столб на еден ваков процес – истражување и анализа на клучни зборови.

Треба да напоменам дека овие таканаречени столбови на еден SEO процес претставуваат континуирана работа и активност. Оваа материја или проблематика е променлива. Трендовите се менуваат многу често, така да за некои подрачја или ниши на пазарот еден тренд може да биде сега додека по еден час да се појави нешто ново како тренд. Затоа барем на месечно ниво морате да следите што се случува со клучните зборови и секако да го ажурирате и применувате сето она до што ќе дојдете. Значи SEO e стратешки и континуиран процес за еден бизнис.

Првин, што претставуваат On-Page фактори за оптимизација? Тоа се сите фактори и елементи на кои што вие имате влијание и се наоѓаат на Вашиот сајт и слободно можете да ги менувате, едитирате или организирате, а во исто време имаат влијание на појава на вашата веб страна на резултатите на пребарувачите.

Во овој дел ќе се обидам да ги наведам главните елементи што спаѓаат во оваа столб на еден процес на SEO.

1. Title Tag – Наслов на страната

Насловот е она што се појавува на врвот на интернет пребарувачот кога посетуваме една веб страна. На сликата подолу е даден пример на насловот на страната:

Наслов на страна - Title Tag

Наслов на страна - Title Tag

Забележувате дека оваа веб страна во насловот го има клучниот збор кој го пребарував на Google (Welded Steel Pipe). Не можам да кажам дека овој наслов е нешто најдобро оптимизиран, но сепак за индустријата во која се наоѓа овој бизнис и секако слабото познавање на SEO од страна на други конкуренти го прават најдобар. Еве друг пример да видите една страна која воопшто ја нема до 10-та страна од пребарувачите, а е од иста индустрија:

Веб страна без наслов

Документ без наслов, тоа е значењето на насловот на оваа веб страна.

Ова е еден од најважните On-Page фактори кои еден пребарувач го гледа и препознава како прво нешто на една веб страна. Затоа со помош на зборовите кои ги анализиравте претходно определете квлитетни наслови за секоја страна или за секој текст артикал или некој опис што ќе го користите на таа веб страна.

2. Клучни зборови и Опис

Клучните зборови и опис се елементите кои Вие ги наведувате на секоја веб страна, а кои за разлика од насловот не се директно видливи за посетителот на веб страната, но се користат од страна на пребарувачите за да ја најдат и да препознаат за што се однесува Вашата веб страна. Овие елементи немаат огромно влијание и важност како во минатото, но сепак играат важна улога во SEO. Ова особено се однесува на описот бидејќи истиот се појавува на страната со резултатите на Google (види слика подолу).

Резултати - Наслов и опис

Резултати - Наслов и опис

А еве што е она што пребарувачите го читаат во кодот на Вашата страна:

Позадински код - Наслов, опис и клучни зборови

Позадински код - Наслов, опис и клучни зборови

Уште еднаш да напоменам, дека овој пример не е пример за добро оптимизирана веб страна. Туку само како пример каде што се наоѓа што Вие можете да го оптимизирате. Забележувате одредено претерување во примерот во однос на опис и клучни зборови, ми се чини дека имаат повеќе клучни зборови отколку број на зборови во текстот на страната. Дали тоа Google нема да го забележи? Секако дека ќе го забележи само што во овој случај конкурентите се уште послаби од овој бизнис па затоа и котира високо на резултатите од пребарување.

3. H1, H2, H3 Tags – Поднаслови

Третиот елемент по важност кои што пребарувачот ги гледа во проценка на релевантноста на една веб страна се поднасловите или зборувано на технички јазик H1, H2, H3..

Ова е исто како кога во MS Word пишувате некој текст и ги означувате поднаслови во вид на стил: Heading 1, Heading 2…

MS Word споредба со SEO

MS Word споредба со SEO

Да напоменам дека важноста во определување на релевантноста на Вашата веб страна во однос на некој збор кој се пребарува за да се појави на резултатите на пребарувачот се движи од 1 нагоре. Ова значи дека поднасловот означен како h1 е поважен од поднасловот означен како h2 и h2 e поважен од h3 итн.

Бидејќи страната која што ја анализирав нема вакви поднаслови (h1,h2,…) па затоа ќе го претставам позадинскиот код на една страна од претприемач:

Поднаслови h2

Поднаслови h2

4. Содржина – Густина на зборови

Забележувате дека одиме од горе према надолу на една страна. Досега ниту ние ниту пребарувачите не погледнавме во текстот што е содржан на една страна. Пребарувачите не се живи суштества и не можат да разберат што е значење и каков е квалитетот на содржаниот текст на една веб страна. Но, затоа можат да препознаат каква е густината на зборовите за кои Вие ја оптимизирате Вашата страна.

Густина на зборови претставува зачестеност на појава на еден збор во содржината на веб страната. На пример ако имаме текст кој содржи 100 збора и нашиот клучен збор се повторува 2 пати тоа значи дека густината ќе биде 2% (2/100).

Внимавајте да не претерате со повторувања на зборови бидејќи веднаш ќе бидете отфрлени, или казнети од страна на пребарувачот и вашата страна нема да биде земена во предвид при прикажување на резултатите.

Втората работа која сакам да ја напоменам тука е да се обидете сите зборови кои ќе ги имате во клучни зборови да ги искомбинирате и во текстот или пак доколку ги немате воопшто не ставајте ги како клучни зборови.

5. Слики

Мислам дека не постои веб страна која не користи некакви слики. Се вели дека сликата менува 1000 зборови. Но, пребарувачите не можат толку едноставно да ја прочитаат сликата односно текстот на сликата. На пример, доколку имам една ваква слика:

Мој клучен збор - Слика

Мој клучен збор - Слика

Пребарувачот гледа дека има некоја слика но, не знае што е на таа слика. Во овој случај – Мој клучен збор. Но затоа, во има начин на кој што пребарувачот ќе може да знае и да ја прочита текстуалната замена на сликата. Тоа се т.н. alt tags. Така да доколку во позадинскиот код каде што е сликата направам вака:

Alt tag на слика за SEO

Alt tag на слика за SEO

сликата ќе биде препознатлива за пребарувачите или барем дел од она што треба да означува таа слика ќе биде прочитано од страна на пребарувачите. Забележувате дека ние не правиме тука никаква измама, туку едноставно им олеснуваме на пребарувачите подобро да ја разберат нашата страна.

Како дополнителен елемент претставува и името на сликата. На пример име на една слика е попрепознатливо за пребарувачите доколку е moj_klucen_zbor.jpg отколку 2010-06-10_142707.jpg.

Ова би биле основните On-Page фактори за оптимизација за пребарувачи. Постојат и различни дополнителни елементи кои може да се разгледуваат како на пример болдиран текст, внатрешни хиперлинкови, вкупен број на зборови… Некои до тие ги опфатив во Како на прво место за неколку минути? Но, во секој случај ова се најважните елементи кои би требало да ги разгледате и имплементирате за секоја страна од Вашиот веб сајт.

Продолжете со следниве написи:

post

SEO – Основни столбови – Столб 1 – Клучни зборови

SEO - Прв столб - Клучни зборови

SEO - Прв столб - Клучни зборови

Третиот пост од овој серијал на постови за SEO како маркетинг средство се однесува на трите основни столба на кои се базира еден ваков процес на оптимизација за пребарувачи. Доколку не сте го прочитале првиот пост каде е разграничено што точно претставува SEO би препорачал да го прочитате првин него пред да навлезете во проблематиката која ќе ја опфатиме со овој пост.

Три основни столбови на SEO

Од претходниот пост заклучивме дека пребарувачите препознаваат зборови и скенираат содржина на интернет со што прават сопствена база на податоци преко која се добиваат страните кои се најрелевантни кога еден индивидуалец ќе побара нешто на интернет.

Функционирањето на овој процес со поедноставени зборови би изгледал на следниов начин:

  • Индивидуалецот која бара информација на интернет оди на Google, внесува збор, фраза или прашање што го интересира и кликнува на Барај копчето.
  • Пребарувачот проверува во сопствената база на податоци за клучните зборови кои ги има внесено оној кој бара информација колку се совпаѓаат со она што пребарувачот го има во сопствената база на податоци. Тука веќе напоменав дека по сложен алгоритам се врши пресметка. Веб страните кои најмногу се совпаѓаат со она што е барано ги рангира согласно релевантноста за која што стана збор во претходниот пост.
  • Така рангирани ги враќа на страната со резултати од пребарувањето.

Од тука би можеле да ги извлечеме основните три столба на еден SEO процес:

  • Истражување и анализа на клучни зборови,
  • Фактори на самата веб страна (On-Page) и
  • Фактори кои не се на самата веб страна (Off-Page).

Пред да започнам со приказ на трите столба би сакал да напоменам дека процесот е уште посложен бидејќи истите не се взаемно исклучиви, односно без истражување на клучни зборови нема да можете да ги имплементирате факторите на самата веб страна ниту факторите кои не се на самата веб страна или пак ако ги имплементирате резултатите нема да бидат онакви како што треба да бидат.

Истражување и анализа на клучни зборови

Овој столб е еден од најважните столбови за еден SEO процес. Велам најважен бидејќи и останатите два столба ќе ги користат информациите од овој столб.

Започнуваме со овој столб бидејќи уште на почетокот ќе сакаме да знаеме кои се зборови за кои сакаме да постигнеме повисоко рангирање на резултatите на пребарувачите. Овој процес е многу посложен отколку што може да замислиме. Пред извесен период мислев дека ова е навистина едноставно, но како навлегував се повеќе во проблематиката сфаќав дека не претставува само користење на некоја бесплатна алатка и влечење на најбараните зборови. Многу повеќе овој столб претставува стратешки концепт на вашата онлајн бизнис присутност. На пример, постои суштинска и концепциска разлика помеѓу следниве зборови:

  1. играчка за деца
  2. играчка за деца – топче
  3. бакуган топче
  4. цена на бакуган топче
  5. купи бакуган топче
  6. бакуган турнир

Сите зборови се наменети за еден бизнис – бизнис со играчки за деца. Но, сите зборови се различни и прикажуваат различна интенција на оној кој пребарува. Во првиот случај некој можеби само сака да види какви играчки за деца постојат. Во вториот случај индивидуалецот бара топче како играчка за деца. Третиот е специфицирана играчка во вид на бакуган топче. Четвртата и петата фраза претставува потенцијален купувач бидејќи се бара информација за цена на производот и секако места каде може да се купи, додека со шестата фраза бара информација за турнир за деца со игра со бакуган топче.

Можеме да погледнеме на овие фрази и на еден ваков начин:

  • Цел: Зајакнување на бренд. Прва, втора, трета и шеста фраза.
  • Цел: Зголемување на продажба. Четврта и пета фраза.

Па потоа овие фрази ќе имаат и подфрази, подпрашања, доспецификации…

Значи целта со оваа истражување и анализа е да дојдеме до клучни зборови во согласност со нашата онлајн стратегија.

Ќе се обидам да направам поедноставено расчленување на овој процес на анализа и истражување на клучни зборови.

1. Определи 5-6 збора поврзани со твојот бизнис!

Едноставно започни со 5-6 збора кои асоцираат на твојот бизнис. Размисли што Вие би внеле во полето за пребарување на еден пребарувач кога би барале информација за Вашиот бизнис.

2. Погледнете ги најдобро рангираните веб страни за тие зборови.

На пример, доколку нашиот бизнис произведува заварени челични цевки ќе побарам на Google за зборот Welded Steel Pipes како еден од тие основни 5-6 збора кои асоцираат на нашиот бизнис. Еве ги резултатите:

Пребарување на Google за Welded Steel Pipes

Пребарување на Google за Welded Steel Pipes

Во овој случај ќе ги гледам веб страните кои се појавуваат како резултати во органскиот дел (неплатен). Ќе ги отворам сите први 10 страни и ќе ги разгледам во однос на тоа што пишуваат, која е густината на зборот welded steel pipe, кои други зборови користат во keywords, каков дизајн користат… На пример за да видам кои клучни зборови ги имаат поставено ќе го погледам позадиснкиот код на страната при што ќе видам нешто вакво:

Позадински код за зборови за SEO

Позадински код за зборови за SEO

Од ова можам да видам каков наслов користат, каков опис користат (за што ќе стане збор во вториот столб) и секако она што не интересира кои зборови ги користат. Од ова анализа на првите 10 веб страни ќе извлечам уште десетици или стотици зборови кои се користат од потенцијалните конкуренти.

3. Искористи го Google Keyword Tool

Ќе ја користиме оваа алатка за да дојдеме до идеи на фрази кои ќе ги користиме во нашите процеси на оптимизација за пребарувачи. На пример преку Google Keyword Tool ќе можеме да дојдеме до уште клучни зборови за примерот од погоре:

Google Keyword Tool зборови за SEO

Google Keyword Tool зборови за SEO

Оваа алатка е дизајнирана повеќе за Google Adwords кампањи кои на претприемач ќе ги опфатиме во посебно маркетинг средство. Но, интересно е што преку оваа алатка освен идеи за зборови ќе дојдеме и до анализи за тоа колку пребарувања има месечно за одреден збор или фраза како и конкуренцијата за соодветниот збор или фраза.

4. Користи ги фразите од пребарување од Google Analytics

Доколку веќе имате веб страна можете да ги видите најкористените зборови кои ви носат сообраќај кон Вашата веб страна преку бесплатната алатка Google Analytics. Ова е корисно бидејќи можете да забележите некои зборови кои носат одреден број на посетители иако вие не сте направиле оптимизација за тој збор, па така едноставно да го вклучите во Вашиот процес на оптимизација. Еве пример како изгледа овој процес во Google Analytics:

Google Analytics зборови за SEO

Google Analytics зборови за SEO

5. Класифицирај, селектирај, планирај

Со овој процес можеби ќе дојдете до илјадници потенцијални зборови кои на некаков начин се поврзани со Вашиот бизнис. Затоа како последна фаза од овој процес е да се направи соодветен план за тоа како ќе се користат овие зборови. Мора да ги класифицирате во групи, како на пример погоре што споменав класификација со зајакнување на бренд, зголемување на продажба… Ќе мора да направите и план на активности за соодветна употреба и инкорпорирање на овие зборови на вашата веб страна.

Ова е се за овој напис како дел од серијалот за SEO на претприемач. Планирав сите три столба да бидат во еден пост, но навистина ќе излезе предолго. Затоа утре следуваат останатите два столба: Off-Page и On-Page оптимизација.

Продолжете со следниве написи:

post

Што претставува SEO?

Што претставува SEO?

Што претставува SEO?

Ќе продолжам со 60-тото маркетинг средство на претприемач кое оди во серијал на написи. Како што најавив во претходниот напис SEO – Оптимизација за пребарувачи – Маркетинг средство 60 потребно е јасно разграничување на тоа што претставува оптимизација за пребарувачи. Сметам дека тука лежи и најголемата грешка која може да се направи да сите други активности да бидат бесцелни.

Првин би сакал да напоменам дека SEO не значи измама за да пребарувачот смета дека токму твојата веб страна треба да се појави меѓу првите кога некој пребарува за нешто на интернет. SEO едноставно значи да се прилагоди веб страната за да се обезбеди полесна достапност од страна на пребарувачите кои врз база на нивниот алгоритам ќе одлучат на кое место да ја покажат вашата веб страна (на пример, 1-во или 50-то место).

Дефинирање на SEO

Да започнам со нешто формално. Во Wikipedia оптимизација за пребарувачи (SEO) се дефинира како:

процес на подобрување на количина и квалитет на сообраќај кон една веб страна од страна на пребарувачите преку „природен“ или неплатен („органски“ или преку алгоритамот) резултат од пребарување како спротивно на маркетинг на пребарувачи (SEM – Search Engine Marketing) кој се однесува на платено прикажување.

Ги болдирав оние важните елементи во дефиницијата:

  • SEO претставува процес на подобрување. Значи наместо користење на процес на измама користиме процес на подобрување на веб страната како полесно би била пронајдена од страна на пребарувачите.
  • Освен со број на посети SEO се занимава и со квалитетот на тие посетители. Ова е многу значаен елемент особено за еден претприемач и неговиот бизнис. Може да имаш огромен број на посети, но едноставно тие доаѓаат и си одат. Нема конверзија, нема враќање, процесот завршува тука.
  • SEO се однесува на органскиот сообраќај од пребарувачите. Тоа значи на оној дел за кој не се плаќа. Кога станува збор за Google постојат две подрачја од екранот со резултати кои се неоргански (платени реклами) додека останатиот најголем дел се однесува на оние бесплатни резултати кои се добиваат со помош на SEO. Како што е прикажано на сликата десниот дел (до 8 места има дозволен простор) се однесува на приказ на резултати на оние кои му плаќаат на Google (Google Adwords) за да се појават тука. Постои уште едно подрачје кое се наоѓа веднаш над органскиот дел каде исто така се прикажуваат резултати од платен маркетинг, а не SEO.

Резултати од пребарување на Google

Што не е SEO – Еден пример

Преку различните обуки низ кои што поминав ми беа покажани различни веб срани за тоа што не претставува SEO, но пред некое време налетав и на една веб страна од Македонија која сосема погрешно го сватиле SEO процесот. Затоа и напоменав на почетокот од овој пост дека SEO не претставува измама од страна на администраторот на веб страната за да биде забележана таа веб страна како вредна. Можеби пред 10-тина години ова функционирало, но денес не функционира. Погледнете една веб страна (го прикажувам само долниот дел):

Лош SEO пример

Ме зачуди зошто толкав простор оставен на дно?

А кога направив селекција на се што има на страната еве што произлегува:

Лош SEO пример

Но чудењето беше кратко - Причина е погрешно SEO

Втор пример на истата страна што го забележав е URL-то на страните. Погледнете само како изгледа:

http://www.kupi.com.mk/store/Macedonia_Computers_Rainbow_Makedonija_Kompjuteri_Prodavnica_Shop_Store_Acer_ Apacer_ASUS_Epson_HP_Dell_IBM_LG_Logitech_Samsung_SONY_Toshiba_WD_Intel_AMD.asp

Во написот за домен име како маркетинг средство пишував дека ова има влијание на SEO но тоа не значи дека треба да направите километарско URL со што само ќе ги нафрлате зборовите. Што мислите дали ова поминува кај Google? Од лично мое искуство преку тестирања и истражувања не ви дава предност, туку само ќе обезбеди банирање на вашата веб страна или контраефект на она што сакате да го постигнете.

Принцип на работа на пребарувачите

За да навлеземе полека во процесот на SEO мора накратко да навлезам и во историјатот на принципот на работа на пребарувачите.

Раниот начин на работење на пребарувачите се базирал на неколку решенија. На пример Yahoo имале креирано систем кој предвидувал да сопственикот на веб страната специфицира категорија на страна и клучни зборови кои се однесувале на таа страна. Откако на таков начин веб страната ќе се испратела до Yahoo, луѓе специјалисти вработени во Yahoo нарчени како онтологисти ја проверувале релевантноста на она што е доставено. Но, овој метод едноставно давал многу непрецизни резултати иако барал Yahoo да вработи многу луѓе кои збор по збор, јазик по јазик ќе ги проверуваат доставените веб страни и ќе вршат рангирање на истите.

Некои други пребарувачи во тоа време ги класифицирале веб страните врз основа на временски период што еден посетител се задржувал на таа страна. Но, набргу со појава на интернет прелистувачи со повеќе јазичиња за преглед на страни овој метод бил нефункционален. Тоа значи дека доколку некој отвори повеќе јазичиња може да заборави да исклучи некои од претходно, а истите добивале поени врз основа на тоа време.

За разлика од останатите пребарувачи основачите на Google, Larry Page и Sergey Brin сметале дека репутацијата на една стран е најдобра мерка за рангирање на истите, но наместо да користат време кое еден посетител се задржувал на една веб страна, го искористиле методот кој се користел од научниците за да се рангира еден научен труд како повреден од другиот. Тоа е вкупен број на цитати или во овој случај вкупен број на линкови кон една веб страна.

Но овој процес тие во голем дел го подобриле и затоа не е толку едноставен како што изгледа. На пример, секој линк (цитат) нема еднаква важност.  Да земеме еден пример, секако дека цитат во една книга објавена од Harvard Business School нема да има иста вредност со цитат во еден учебник кај нас. Не дека се потценува знаењето на авторот тука, но едноставно името, репутацијата, вложените средства во научно истражувачка работа, награди и признанија го прават HBS да биде повлијателен кога се мерат цитатите кон еден научно истражувачки труд. Оваа паралела ја извеле на тој начин што линкови од веб страни кои се цитирани повеќе имаат поголема вредност за Google.

На оваа основа се додадени дополнителни елементи во вид на клучни зборови, растојание помеѓу зборови кога има повеќе од еден збор… Можете да забележите дека овој метод претставува сложена математичка операција. Можеби за повеќето од вас во оваа фаза сеуште е неразбирливо, но во останатите постови од овој серијал ќе се обидам да ги опфатам сите важни елементи во овој процес. Но, она што може да се забележи е следново:

  • Пребарувачите препознаваат зборови,
  • Пребарувачите ја скенираат содржината,
  • Пребарувачите класифицираат согласно релевантност која се мери во Page Rank (од 0-слаба релевантност до 10-највисока релевантност)
  • Пребарувачите сакаат да им овозможите едноставен пристап до веб страната за да ги изведат претходно наведените функции.

Продолжете со следниве написи:

post

SEO – Оптимизација за пребарувачи – Маркетинг средство 60

Стигнавме можеби до најважното маркетинг средство за малите бизниси особено кога станува збор за онлајн маркетинг средства. Тоа е оптимизација за пребарувачи или попопуларно кратенката SEO. Ова маркетинг средство ќе се обидам да го разработам на претприемач малку поинаку од другите поради фактот што ќе биде премногу долго за да го сместам во еден пост. Затоа и излегувам од распоредот секој вторник да биде резервиран за маркетинг средство и во овој случај ова ќе биде серијал од неколку написи за SEO.

Досега неколку пати пишував за оваа маркетинг средство и тоа особено за некои мои анализи и резултати од тестирања на еден реален веб сајт. Тие тестирања и натаму продолжуваат и базата на податоци се полни со навистина квалитетни информации кои едноставно ми овозможуваат одредена математичка релација помеѓу она што произлегува како резултат. Некои од сознанијата ги напишав во Како на прво место на Google за неколку минути. Она што можам сега да го претставам е дека навистина тој наслов кој го претставив во тој пост е најчитан во последниве месеци гледано на месечно ниво.

Кога сум веќе тука би сакал и да ги презентирам резултатите од примена на тие принципи наведени во тој напис за број на посетители добиени од органско пребарување на Google.

Ова е споредбен график за два периоди: првиот од 01.02.2010 до 31.03.2010 и вториот од 01.04.2010 до 31.05.2010. Овој период го избрав затоа што ги користев тие препораки кои ги наведов во гореспоменатиот пост. Она што може да се забележи е дека благо започнува да се зголемува број на посетите кои што доаѓаат од пребарување на Google. Заради подобра претстава подолу се и графиците кои се однесуваат на поединечен период за точно да се види бројот на посети и секако број на клучни зборови кои донеле посета.

Ова е график кој се однесува на периодот Февруари-Март, период кога започнувам да обрнувам внимание на клучни зборови, структура на текстот, линкови итн. Можете да забележите дека веќе при крајот на март започнува веќе да се зголемува бројот на посетители кои доаѓаат преку пребарување и секако во тој период оваа веб страна имала 1821 посетители преку 867 клучни зборови. Да видиме сега како е во следниот период:

Во следниот период веќе има над 1000 посетители повеќе и тоа преку 1505 клучни зборови. Ова значи дека и фондот на зборови за кои оваа веб страна е забележана од пребарувачот е зголемен за скоро двојно. Ова не се некои огромни резултати за кратко време, сепак на оваа веб страна се работи скоро една година. Но, сепак може да се заклучи дека претставуваат стратешка инвестиција кога станува збор за онлајн маркетинг средства.

Зошто серијал од постови за SEO?

Се одлучив на еден ваков чекор поради фактот што сметам дека проблематикава сеуште е слабо разработена кај нас, дури и претставув непознаница. Така да може да забележите понуди од веб дизајнери кои нудат ваква услуга, а она што го навеле не е ни С од SEO. Од друга страна последниве две години инвестирав многу време и пари во истражување на оваа проблематика и она што е најважно тестирав различни стратегии, тактики, алатки… Од сите тие тестирања произлегоа различни заклучоци и сознанија. Тестирањето не го вршев на претприемач туку на една друга веб страна (Entrepreneurship in a box) која е на англиски со цел да дојдам до сознанија кои ќе им помогнат на македонските компании – извозници да бидат видливи кај пребарувачите. Како еден пример кој го обработив на претприемач можете да прочитате во следниве написи:

Што ќе биде опфатено во овој серијал за SEO?

  • Што претставува SEO? Потребно е јасно разграничување на тоа што претставува оптимизација за пребарувачи. Тука лежи и најголемата грешка која може да се направи сите други активности да бидат бесцелни. Ова ќе биде еден посебен напис во кој ќе разграничиме што претставува SEO, а што не претставува SEO.
  • Основни столбови на SEO. Во овој дел од овој серијал ќе навлезам во трите најосновни столба на оваа оптимизација: Клучни зборови, Фактори на самата веб страна (On-Page) и фактори кои не се на самата веб страна (Off-Page).
  • Блогирање како дел од SEO стратегија. Моќта на содржината и блогот како едно средство за производство на содржината има големо влијание на оптимизација на пребарувачи. Затоа како надополнување на блогот како маркетинг средство ќе ја разгледаме и оваа дополнителна улога.
  • Дали размена на линкови вреди? Оваа прашање го анализирам повеќе време и веќе во последниот месец дојдов до квалитетен одговор. Се вклучив активно во примена на овие стратегии за да видам како влијаат, но се случи нешто за што подетално ќе опишам во постот кога ќе дојде ред.
  • Користење на алатки. Како последен наслов ќе биде користење на одредени алатки во еден ваков процес.

Продолжете со следниве написи: