post

5 Состојки кои постојано ќе бидат потребни на вашиот бизнис

Што е онаа што постојано ќе му треба на вашиот бизнис?

Дали се тоа повеќе купувачи? Или пак подобри производи и услуги? Или пак подобри бизнис процеси?

Доколку продолжиме со бреинстормирање на потребите на еден мал бизнис кои ќе го направат успешен бизнис, лесно ќе дојдеме до стотици или пак илјадници посебни потреби.

Но, сите тие не се изолирани. Една потреба (состојка) ќе помогне на друга.

Сега, кои се најважните состојки кои постојано ќе му бидат потребни на вашиот бизнис?

Да погледнеме некои од нив.

Продолжи…

post

Идеи кои можете да ги искористите од Ноември 2012

Полека, но сигурни изминува и овој последниов месец од 2012 година. Како вчера да беше кога ја испраќавме претходната година.

Добро ли поминавме или лошо? Прашањето е сега. Бара одговори. Бара идие за утре, за следната година.

Сигурно веќе главите на претприемачите се полни со можните одговори на прашањето како новата година да биде подобра за бизнисот?

Како и секој месец, овој наслов претставува собирање на најчитаните наслови од претходниот месец, или серијал од месечни идеи кои можете да ги искористите од претходниот месец, во овој случај Ноември 2012.

Насловите од овој серијал, на крајот на годината по уште една анализа ќе влезат на страната Започни тука.

Во ноември 2012 на претприемач беа објавени 22 наслови во кои доминираше темата за започнување на бизнис. Тука се презентирани 8 наслови од тие 22 кои се најчитаните и доколку сте ги пропуштиле можеби ќе ви се најдат во вашите напори за развој на бизнисот.

Да видиме што е она најактуелното што можеш да го искористиш за твојот бизнис од ноември 2012 година.

Продолжи…

post

[Презентација] Претприемачко учење

Минатата недела учествував на работулница за претприемачко учење, каде главната тема беше подготовка на стратегија за претприемачко учење на Македонија.

Овде е мојата презентација во која нагласив 3 подрачја на кои треба да се фокусираме.

Последниве слајдови објаснуваат како денес е лесно доколку се сака да се дојде до потребното знаење. Како пример ја зедов квантната физика.

post

Денес е вчерашното утре

Сите ќе се сложиме дека насловот е точен. Да, денес е вчерашното утре. Просто.

Но, дали доволно го разбираме значењето особено кога станува збор за претприемачите и бизнисот?

Денес, вчера, утре… Циклус кој не запира.

Она што го правиме денес ќе ја смени утрешноста и на нашиот живот и на нашиот бизнис. Како ќе ја смени, ќе зависи од она што сме го правеле вчера, што правиме денес…

Една алка од синџирот доколку попушти, функцијата на целиот синџир ќе биде загубена.

Денес планираме што ќе правиме утре. Денес правиме нешто што ќе даде резултати утре. Денес ги уживаме благодетите на она што сме го направиле вчера.

Се она што го правиме оваа година, ќе има влијание на резултатите на нашиот бизнис идната година. Оваа година уживаме во резултатите од активностите минатата година.

Овие прашања може да придонесат во вашето континуирано подобрување како претприемач:

  • Што треба да направам денес за подобро утре?
  • Што направив вчера со што имам подобро денес?
  • Дали треба да го повторам она што го направив вчера со што допринесов за подобро денс?
  • Што направив вчера со што не сум придонел за подобро утре?
  • Што направив вчера со што нема да допринесам за подобра иднина?
  • Дали треба да го правам она што го направив вчера, а со што не допринесов за подобра иднина?
  • Можам ли повеќе?

Добра идеја е водење на личен дневник, кога станува збор за вашите активности во однос на вашиот бизнис, со што лесно ќе можете да ги споредите активностите и резултатите во бизнисот. Дневникот не е само “да направам” листа, затоа што често пати (ако не и во 100% на случаи) вие излегувате од рамката на таа листа и правите нешто што не е планирано за соодветен ден. Ваквиот дневник ќе ги содрќи сите ваши остварувања, односно активности кои лесно ќе се поврзат со вашите чувства, резултати и подобрувања.

 

post

Имплементација на процес за безхартиено работење

Како што најавив во една од претходните статии насловена како безхартиено работење, напорно работам на воведување на еден таков процес во мојот бизнис и секако во личниот живот. Напоменав и дека ќе следуваат уште наслови од оваа област.

Првин би започнал со некои резултати како надополнување на она што тогаш го напишав.

  • Од 15 регистратори бројката се намали на 5. Оваа значи помал потребен простор, поголема продуктивност во однос на наоѓање на потребното тогаш кога ми треба.
  • Фрлен еден метар кубен хартија. Повторно поголем простор и поголема продуктивност.

Но, и тоа не е се. Процесот продолжува и допрва ќе се почувствуваат резултатите кои очекувам да имаат влијание на продуктивноста, но и на финансиски аспекти на работењето, а глобално и на екологијата.

Продолжи…

post

Падовите не се трагични, трагично е да не успеете да станете

Претпреимништво не е процес во кој се ќе биде онака како е испланирано, или пак онака како што претприемачот сака да биде.

Тоа не е возможно. Никогаш. Затоа и не е лесен процес.

Ќе има повеќе падови отколку успеси во самиот процес. Но, процесот завршува само доколку вие како претприемач не успеете да станете по секој пад и да продолжите по корегираниот пат кон успехот.

Затоа не гледајте во падот како нешто трагично, тие се неминовни и ќе постојат. Но, прашањето е колку ќе сте истрајни и упорни за да станете и да продолжите, бидејќи трагично е да не успеете да станете.

За да успеете да станете ќе морате:

  • Падовите на некој начин да ги планирате. На пример, започнувате со нешто мало за да видите какво влијание ќе има на вашиот бизнис, а потоа го прилагодувате доколку нешто не е во ред.
  • Да бидете свесни дека падовите се нормални случки во претприемачкиот процес. Без свесност дека тие ќе бидат присутни во вашиот претприемачки пат, ќе бидат сватени како нешто трагично.
  • Да го елиминирате стравот од паѓање. Стравот претставува опасна пречка за секој претприемач. Дури се поставува и прашањето дали еден претприемач може да биде претприамч доколку стравува.
  • Да ги менаџирате падовите. Потребно е да бидете менаџер на сопствените падови. Не треба да дозволите да се случат без да имате систем за менаџирање да станете.
  • Да имате стратегија за станување. Да, потребна ви е стратегија. Доколку ги планирате падовите, ќе имате и стратегија за тоа како да станете, да продолжите. И не само тоа, кога ќе станете да станете уште посилни од претходно.
  • Да научите нешто од секој пад. Лошо е доколку падот остане така, без да ја сфатите пораката од тоа зошто сте паднале.

Уште еднаш, морате да сфатите дека доколку не успеете, паднете не е крај на светот во претприемчкиот живот. Тоа е почеток на еден нов свет, свет во кој сте посилен вие, збогатен со ново искуство, ново знаење…

post

E-Learning платформа за претприемништво и иновации

Задоволство ми е да ви ја претставам E-learning платформата за претприемништво и иновации која е изработена во соработка со Business Start-up Centre и Национален центар за развој на иновациите и претприемачкото учење.

Платформата е целосно бесплатна и веќе има поставено содржина од повеќе теми:

  • теми за претприемач и претприемништвото,
  • теми за бизнис идеја,
  • теми за изработка на бизнис план,
  • теми за маркетинг, теми за менаџмент,
  • теми за технологија,
  • теми за финансии и
  • теми за продуктивност.

За сите теми се изработени и тестови за проверка на знаење кои едноставно може да ви покажат до кое ниво се наоѓа вашето знаење во однос на соодветната тема. Од друга страна по завршување на тестот можете да ги видите и резултатите, односно грешно и точно одговорени прашања.

Маркетинг тест e-learning

Тестовите можете да ги разгледате на страната со тестови.

Платформата ќе биде динамична, ќе се додаваат уште содржини и планирано е да се додаде форум за е-претприемачко учење.

Тимовите кои работеа на овој проект и кои ќе продолжат со работа на истиот Business Start-up Centre, Национален центар за развој на иновациите и претприемачкото учење како и претприемач се надеваат дека оваа платформа ќе даде свој придонес во развој ан претприемништвото во Македонија и дека оваа е само почеток на овој процес.

post

[Видео] Иновација во стилот на “Вруќ ветар”


Не, не, не… Воопшто не ни е потребен таков луксуз.

Мало видое во кое едноставно сакам да го нагласам погрешниот процес во самата иновација. Се однесува на иновација во алкохолни пијалоци кои не опиваат во една од најпопуларните серии во поранешна Југославија.

Но, иновацијата пазарот не ја сака. Сепак, оној кој консумира алкохол сака да се опие. Доколку не сака ќе си пие сок.

post

Премногу нереални цели е полошо од немање на цели воопшто

Понекогаш навистина претеруваме. Дали, поради недоволно самопознавање или пак поради нешто друго сепак знаеме да претераме.

Знаеме да си поставиме цели кои не се реални, кои се премногу на број и кои никако не можеме да ги реализираме.

Во една таква состојба едноставно може да се случи да почнеме премногу работи, а ниедна од нив да не биде завршена до крај.

Премногу нереални цели е полошо отколку да немаме воопшто цели. дефокусираност, стресни ситуации, конфузија… Сето тоа се резултати на премногу нереални цели кои сте ги поставиле пред вас како еден претприемач.

  • Целите претставуваат основа за остварување на вашата претприемачка визија. Ни помалку ни повеќе. Едноставно, тие треба да обезбедат чекор по чекор да се приближувате кон вашата долгорочна визија. Тие не претставуваат волшебно стапче кое утре ќе доведе до остварување на визијата.
  • Целите бараат планови. Целите само како цели без конкретни планови претставуваат само пишани или непишани зборови. Ви требаат ли цели кои ќе стојат на хартија, или едноставно во вашиот мозок и кои ќе ги гледате секојдневно без да знаете што треба да правите? Секако дека не. Премногу цели ќе бараат и премногу планови и покомплексни планови кои ниту може да се започнат со имплементацијата, ниту може да се реализираат онака како што треба.
  • Плановите содржат задачи/активности. Секој план мора да содржи активности, доколку сакате да го имплементирате. Но, премногуте цели, премногуте планови и комплексноста на плановите ќе бараат и премногу активности. Прашањето е дали ќе можете да ги спроведете во периодот за кој се однесуваат тие цели и планови.
  • Задачите/активностите бараат труд од страна на претприемачот. Секоја задача, односно активност е нешто што бара вложен труд. Не можете да очекувате дека доколку се ставени задачите на хартија тоа гарантира дека ќе бидат и реализирани. Потребно е да ги завратите ракавите и да започнете со работа. освен вложен труд ќе треба да вложите и време за секоја од задачите. Повтроно, можете ли?
post

Приоритизација на вашите задачи

Приоритизација е важен процес за секој претприемач. Мора да се знае што е поприотитетно во однос на останатото и тоа да биде првата задача која мора да се заврши во соодветниот работен ден.

За соодветна приоритизација потребно е да се инсталира и соодветен процес од страна на претприемачот. Процесот има за цел да обезбеди дека претприемачот ќе го применува и секако ќе работи согласно аутпутот од истиот.

Да разгледаме еден таков процес.

Продолжи…