Понекогаш премногу се трудиме да ја зголемиме сопствената продуктивност. И тоа е добро за секој претприемач, бидејќи попродуктивен претприемач значи и попродуктивен бизнис и поголема успешност на бизнисот воопшто.
Но, во самиот тој процес за постојано зголемување на продуктивноста можеме да направиме некои грешки кои скапо може да не чинат.
Кои се тие грешки кои ќе треба да ги избегнете кога се обидувате да ја зголемите продуктивноста?
1. Мултитаскинг
За мултитаскингот веќе пишував во насловот мултитаскинг – паралелно на повеќе работни задачи. Во тој пост дојдовме до заклучок дека:
Зголемен мултитаскинг = намален фокус и концентрација кон поединечна задача на која работиме
Ова е логично, бидејќи за да работиме на повеќе активности одеднаш, мора да го споделиме и нашиот фокус и концентрација. Затоа
Зголемен мултитаскинг = намален квалитет на завршената задача
Намален квалитет на завршените задачи значи дека ќе има потреба од повторна преработка или едноставно неисполнување на целите кои сме си ги зацртале. Затоа и зголемениот мултитаскинг доведува до намалена продуктивност. Можеби краткорочно ќе ја зголемите продуктивноста, но гледано на долги стази тоа нема да биде случај.



