Многу често бизнисот го поврзуваме со вредноста која ја нуди. Една бизнис идеја претставува вредност. Она што го купуваат купувачите претставува вредност. Она што го прави бизнисот претставува вредност.
Па, што претставува вредност кога станува збор за бизнисот?
- Вредноста ја дефинираме кога ја обликуваме бизнис идејата.
- Вредноста е содржана во бизнис моделот кој претставува основа за развојот на нашиот бизнис.
- Вредноста е нешто за што постојано еден претприемач размислува кога станува збор за подобрување.
- Вредноста е нешто со што секојдневно се занимава еден бизнис, претприемачот и сите негови вработени.
Но, за вредноста постои и друга страна. Таа вредност не се вреднува од страна на бизнисот или претприемачот, туку од страна на купувачот. Затоа што вредноста значи решавање на проблем кој го има купувачот.
Од друга страна таа вредност не претставува неисцрпен елемент на еден бизнис. Може да биде со најголем потенцијал, но како одминува времето потенцијалот се намалува, а со тоа се намалува и севкупната бизнис потенцијална енергија на компанијата.
Па, како да се одржува потенцијалот на вредноста на највисоко можно ниво?



