Знаеме дека “да направам” листи може да ви помогнат во зголемување на продуктивноста. Но, процесот на изработка на “да направам” листа е многу поедноставен отколку да се имплементира самата листа.
Особено е тешко кога досега сте направиле повеќе обиди, сте користеле повеќе алатки за да организирате една таква листа и секако се да завршите. Првиот проблеме што првата таква листа ќе има премногу задачи, бидејќи едноставно се обидувате да исфрлите се од вашиот мозок надвор. Од друга страна, листата се надополнува постојано со нови идеи со нови “да направам” задачи, нови проекти… Сето тоа несредено, без соодветен контекст за имплементација, односно спроведување, без приоритети…
Самото погледнување на една таква полна листа го намалува моралот, а со тоа и вашиот потенцијал да се организирате и започнете со имплементација и расчистување на истата.
Што да направите во една таква ситуација?



