post

КОГА и КАДЕ е важно исто како и ШТО

Претприемачите вообичаено, односно по природа се започнувачи, но и завршувачи, односно спроведувачи на нивните идеи.

Безброј идеи, проекти, задачи и активности се моткаат секојдневно во главата на еден претприемач. Може да бидат корисни, но и некорисни. Може да бидат важни (приоритетни) но и неприоритетни. Може да се однесуваат за денес, но може да се однесуваат и за утре, задутре, по една недела, по еден месец, по една година или пак по неколку години.

Уште една карактеристика на претприемачите која доаѓа од тоа започнување е возбуденоста кога се започнува нешто ново, нешто непознато, нешто што може да го промени светот во кој живееме… Не значи дека е лошо да се започнуваат идеите, работите, проектите, задачите, активностите… Но, не е добро да се започнуваат нови без да се завршат веќе започнатите.

Честопати можеме да се најдеме себеси, да работиме на нешто, да започнеме нешто друго иако сеуште не сме го завршиле тоа нешто и на крај да ги оставиме (зае….) и недовршените и штотуку започнатите активности па да се префрлиме на трети. И така се “натрупуваме” не постигнуваме ништо, а притисокот почнуваме да го чувствуваме како нешто навистина неиздржливо.

Но, претприемништвото не се однесува само на тоа што сте започнале да го работите, туку и на тоа што сте завршиле и постигнале со тоа завршување.

Како да се излезе од една таква непосакувана ситуација, со која се чини се соочуваат сите претприемачи, а особено стартап претприемачи?

Продолжи…

post

Избришете се и започнете од почеток

Знаеме дека “да направам” листи може да ви помогнат во зголемување на продуктивноста. Но, процесот на изработка на “да направам” листа е многу поедноставен отколку да се имплементира самата листа.

Особено е тешко кога досега сте направиле повеќе обиди, сте користеле повеќе алатки за да организирате една таква листа и секако се да завршите. Првиот проблеме што првата таква листа ќе има премногу задачи, бидејќи едноставно се обидувате да исфрлите се од вашиот мозок надвор. Од друга страна, листата се надополнува постојано со нови идеи со нови “да направам” задачи, нови проекти… Сето тоа несредено, без соодветен контекст за имплементација, односно спроведување, без приоритети…

Самото погледнување на една таква полна листа го намалува моралот, а со тоа и вашиот потенцијал да се организирате и започнете со имплементација и расчистување на истата.

Што да направите во една таква ситуација?

Продолжи…

post

15 Начини да го избегнете одложувањето

Одложувањето на завршување на работите претставува навика и тоа лоша навика.

Како и секоја навика, така и одложувањето преку соодветна вежба може да биде елиминирано од вашиот живот, барем за важните приоритети кога станува збор за вашиот бизнис.

Има време!

Можам и утре!

Ќе бидне!

Не мора денес!

Сите овие претставуваат оправдувања со кои се лажеме себеси за да одложиме некоја работа.

Искуствено забележувам дека имаме тенденција да си поставиме многу поголеми рокови за завршување на работите отколку што навистина ни се потребни. На пример, во понеделник велиме дека до петок мора да завршиме нешто. Но, не започнуваме да работиме на тоа нешто се до четврток или пак петок наутро.

И го завршуваме до петок, но дали навистина за тоа нешто се потребни толку денови или само еден ден?

Дали сме можеле да го завршиме тоа нешто уште во понеделник?

Дали би се чувствувале порастеретено доколку го завршиме тоа нешто во понеделник?

Секоја личност се однесува различно кога одложува. Користи различни методи на одложување и различни причини за да ги померува работите за во иднина. Мора да се проучите себеси и да знаете што ќе функционира за вас, а што нема да функционира.

Подолу се дадени 15 начини кои може да ви помогнат во процесот на намалување на одложувањето.

  1. Едноставно започни веднаш со работата.
  2. Вежбајте самодисциплина.
  3. Користете тајмер за работно и неработно време.
  4. Поставете си рокови.
  5. Добро менаџирајте го ваето време.
  6. Исклучете се околу вас.
  7. Добро изолирајте се кога работите на важни активности во вашиот бизнис.
  8. Јавно искажете ја задачата која ќе ја имплементирате.
  9. Проучете ги последиците од завршување и незавршување на задачата.
  10. Споредете ги последиците од завршување и незавршување на задачата.
  11. Поделете ја задачата во помали активности (како еден проект).
  12. Обезбедете си награда за завршување.
  13. Осигурајте се дека имате вистинска пасија за задачата.
  14. Доколку немате пасија, делегирајте или елиминирајте.
  15. Зголемете ја самодовербата преку размислување за вашата емоционална сотојба по претходните успешно завршени задачи.
post

Зголемeте ја продуктивноста, дури и ако мислите дека не можете

Секој кој работи на нешто, секогаш ќе сака да биде попродуктивен.

Нормално е да сакаме да завршиме повеќе работа со подобар квалитет побрзо. Тоа значи подобра продуктивност. Поради тоа не сакаме да изгубиме дури ни секунда од нашиот ден особено затоа што знаеме дека денес нашето време е најскапиот ресурс.

Но, тоа е полесно да се каже отколку да се имплементира во секојдневната работа. Имаме тони задачи кои треба да се сработат. Имаме тони идеи подготвени за имплементација. Имаме тони одвлекувања на вниманието околу нас…

Како можеме да бидеме попродуктивни во таков хаотичен свет во кој што живееме? Одговорот е едноставен: треба да бидеме самодисциплинирани, подобро организирани, и подготвени да ги смениме работите околу нас, со цел да ја подобриме нашата сопствена продуктивност.

Тука сакам да ја споделам мојата листа со 33 чекори кои започнав да ги имплементирам. Ова е мојот акционен план за зголемување на сопствената продуктивност, и она што веќе го имам имплементирано ми ги дава саканите резултати.

Продолжи…

post

Следете ги работите кои ги делегирате

За да ја зголемите вашата продуктивност ќе треба да делегирате доколку сакате да завршите повеќе важни работи, и да бидете попродуктивни.

Делегирањето е процес кога едно лице пренесува некои од задачи или одговорности на друго лице.

Еден од најголемите проблеми за луѓето кога станува збор за делегирање е дека тие не се сигурни за квалитетот на извршената работа преку процесот на делегирање. Тие не се сигурни дека се ќе се заврши со соодветен квалитет и во соодветен временски период. Во таква ситуација, најбрзото и во исто време најлошото решение е одлуката да не се делегира.

Но, таквата одлука ќе ви наштети. Што можете да направите за да ја избегнете таквата ситуација?

Второто решение, што е многу подобро за вашата севкупната продуктивност е да ги следите задачите кои што сте им ги делегирале на другите.

Ајде да погледнеме некои работи што можете да ги направите.

Продолжи…

post

[Видео] Моќта на дремката во енергизирање на оргaнизмот

Напнатоста, стресот и заморот предизвикуваат намалување на нашата енергија, а со тоа и продуктивноста и квалитетот на завршена работа.

Но, понекогаш едноставно работата не ни дозволува да си дозволеми попладневна кратка дремка за да се реенергизираме.

Сигурно сте се почувствувале крајно заморено доколку се отспиете и станете по еден подолг период, а тоа станување ви е навистина тешко. Ништо не оди од рака извесен период.

Видеото подолу од ASAP Science објаснува како спиењето функционира преку три нивоа низ кои поминува:

  • Ниво 1: Кога се чувствувате релаксирано, но доколку се разбудите не ни забележувате дека сте заспале
  • Ниво 2: Кога мозокот целосно се исклучува од надворешноста
  • Ниво 3: Кога навлегуваме во длабок сон и потешко ни е да станеме. Кога навлезете во оваа фаза се чувствувате заморено и не сакате да станете.

Затоа попладневната дремка за вашето целосно ре-енергизирање е најдобро да биде до половина час, односно првите две фази.

Погледајте го видеото кое ни ја објаснува науката за дремката.

post

Истражување: 28% од работната недела на епошта

Досега знаев дека поминувам доста време во читање, праќање и средување на епоштата, но никогаш не сум размислувал колку тоа време влегува процентуално во севкупното работно време.

Проучувајќи голем број на системи за зголемување на продуктивноста во последниве неколку години, ми беше чудно што скоро сите тие системи го имаа инкорпорирано и процесот на читање и одговарање на епошта. Но, полека сфаќав дека и мене тие активности ми одземаат доста време, а според некои мои проценки продуктивното време од тоа време е некаде од 10-20%.

Едно истражување на McKinsey Global Institute објавено во Јули оваа година и насловено како “Социјална економија” вели дека вработените кои имаат одредена интерактивна работа (а дали денес постои неинтерактивна работа) 28% од нивната работна недела читаат и одговараат на епошта.

Ако имаме 40 часа работна недела, согласно овој процент излегува дека над 11 часа поминуваме пред нашата епошта. Можеби некој ќе каже нема шанса, но сигурно некој ќе каже и дека поминува уште повеќе време.

Истражувањето не е во однос на епошата, туку се однесува на користење на социјални технологии од страна на компании во однос на некои секојдневни активности, а посебно во делот на комуникациите, споделување на знаење и соработка низ самата организација како надополнување на вообичаените активности (поврзување со потенцијални купувачи, прибирање на информации за развој на нов производ, маркетинг и помош на купувачите).

Од друга страна, проценките на McKinsey Global Institute се дека со целосна имплементација на социјалните технологии ќе успеат да ја зголемат продуктивноста за 20-25%, додека во однос на читање и одговарање на епошта зголемувањето на продуктивноста би било од 25-30%.

За оваа цел ќе бидат потребни крупни промени во сегашните организации преку структурата, процесите, но и културата која сепак е нешто најтешко да се промени. Но, предизвикот е голем, особено поради фактот што социјалните технологии сеуште од поголем број на менаџери се разгледуваат како нешто што ја намалува, наместо да ја зголемува продуктивноста.

Сепак овие технологии само што започнаа да се појавуваат и ние само што започнуваме да навлегуваме во пронаоѓање на различни начини на нивно користење.

Во секој случај оваа анализа содржи доста корисни информации и насоки каде би можеле да се движиме во иднината барајќи соодветни подобрувања на сите организациски процеси.

post

10 едноставни чекори да станете попродуктивни уште денес

Mожемe да го имаме најдобриот софтвер за менаџирање со задачите и најдобрите системи за продуктивност, но повторно, нашите напори да бидеме попродуктивни нема да ги дадат резултатите што ги очекувавме.

Што е проблемот?

Од моето лично искуство, најголемиот предизвик да се биде попродуктивен е вежбање. Што значи вежбањето за вас? Мислам на тоа да земете еден систем кој ќе го приспособите за себе и да почнете со завршување на работите. Сепак, тоа не значи дека автоматски ќе станете попродуктивен, тоа значи дека го започнувате процесот на вашето лично подобрување.

Не можете да најдете нешто што ќе ги прави овие вежби и подобрувања наместо вас. Вие сте одговорни за зголемувањето на вашата сопствена продуктивност.

Еве 10 едноставни чекори кои можат да ви помогнат во вежбањето за да станете попродуктивни.

Продолжи…

post

Како да се продолжи кога имаме премногу следни активности?

Продуктивните и добро организирани луѓе користат “да направам” листа.

Продуктивните и добро организираните луѓе користат систем за продуктивност кој ќе им овозможи да ги завршат работите кои треба да ги завршат.

Продуктивните и добро организираните луѓе ги завршуваат работите кои треба да ги завршат.

Но, сепак тоа не е лесно. На пример, се одлучувате да бидете поорганизирани и да започнете со “акција“. Започнувате со исфрлање на сите идеи, активности, проекти, мислења, потреби или било што друго од вашата глава и ги ставате на лист хартија или некоја алатка за менаџирање на активности. И наместо, поттик да започнете со имплементација, вие едноставно гледате во 500 – 1000 активности кои треба да се спроведат за да ги реализирате вашите цели. Наместо започнување, чувствувате стрес, страв, несигурност…

Што да се прави?

Да се заборави се и да се продолжи како досега, или едноставно да се завратат ракавите и да се започне со реализација едно по едно.

Но, и доколку започнете со реализација на една по една активност,  и да кажеме успеете да реализирате по 10-20 дневно, сепак вашиот мозок не мирува. Тој мисли, има нови идеи, нови активности, нови цели… Едноставно листата се надополнува понекогаш и со повеќе од она што сте го завршиле денес. Сепак, има една предност, работите почнуваат да се движат нанапред. Единствената опасност е деморализирање поради очигледно не намалување на листата и зголемување на чувство на фрустрација.

Како да излеземе од една ваква ситуација која самите си ја наметнавме?

Сега засега имате завршено одлична работа, го исфрливте се она што ве мачеше од вашиот мозок. Сега треба да се организираме и да започнеме со реализација на активностите без притоа да се деморализираме или чувствуваме крајно исфрустрирано.

Еве нешто што ќе ви помогне.

  1. Приоритизација.  Првин не се сите активности со ист приоритет. Добро е да направите приоритизација на истите и да ги поделите на прв, втор и трет приоритет. Вака ќе имате големо ослободување од притисок за завршување на работите.
  2. За завршување/некој ден. Кога веќе ги знаете приоритетите добро е да ги поделите активностите во две категории, едната за завршување додека втората за некој ден. Оние за завршување активности ќе бидат нешто на што ќе треба да започнете да го работите веднаш и што ќе биде распоредено на вашата “да направам” листа. Активностите кои ќе бидат во категорија некој ден се оние кои не се приоритетни и за кои сеуште не мора да размислувате да ги започнете.
  3. Каде и што. Понекогаш приоритетите не можат да имаат влијание на процесот на завршување на работите. Затоа што некои активности едноставно се поврзани со она каде се наоѓате во моментот и што имате при ака за завршување на работите. На пример, активноста која треба да ја завршите надвор од канцеларија нема да можете да ја завршите кога сте во канцеларија дури и да е најприоритетната активност. Затоа класифицирајте ги активностите и врз основа на оместотот каде се наоѓате и потребните алатки за завршување. Така, да кога ќе се најдете на пример во банка за некоја приоритетна активност и забележите дека имате активност од категорија некој ден која исто така треба да се заврши во банка, ќе можете да ја завршите и таа активност со што полека но сигурно ќе ги намалувате задачите од листата.
post

Основните грешки во обид за зголемување на продуктивноста

Понекогаш премногу се трудиме да ја зголемиме сопствената продуктивност. И тоа е добро за секој претприемач, бидејќи попродуктивен претприемач значи и попродуктивен бизнис и поголема успешност на бизнисот воопшто.

Но, во самиот тој процес за постојано зголемување на продуктивноста можеме да направиме некои грешки кои скапо може да не чинат.

Кои се тие грешки кои ќе треба да ги избегнете кога се обидувате да ја зголемите продуктивноста?

1. Мултитаскинг

За мултитаскингот веќе пишував во насловот мултитаскинг – паралелно на повеќе работни задачи. Во тој пост дојдовме до заклучок дека:

Зголемен мултитаскинг = намален фокус и концентрација кон поединечна задача на која работиме

Ова е логично, бидејќи за да работиме на повеќе активности одеднаш, мора да го споделиме и нашиот фокус и концентрација.  Затоа

Зголемен мултитаскинг = намален квалитет на завршената задача

Намален квалитет на завршените задачи значи дека ќе има потреба од повторна преработка или едноставно неисполнување на целите кои сме си ги зацртале. Затоа и зголемениот мултитаскинг доведува до намалена продуктивност. Можеби краткорочно ќе ја зголемите продуктивноста, но гледано на долги стази тоа нема да биде случај.

Продолжи…