Бидете секогаш најиновативни! Алатки, екниги и видео презентации само за најхрабрите!

link

Иновација преку поставување на прашања

Иновација преку поставување на прашања

Извор: Innovation Excellence

Прашања кои се однесуваат на важни аспекти на еден бизнис и нивниот одговор се основа за иновација кај малите бизниси. Во овој одличен текст се дадени три клучни подрачја во кои вие како еден претприемач ќе треба да поставувате прашања и да барате одговори кои ќе ги користите како основа за иновирање во однос на вредноста, процесите и технологијата во вашиот мал бизнис.

  1. Поставување на прашања на купувачите. Да поставувате прашања на вашите купувачи претставува фидбек за се онаа што вие како еден бизнис го работите. Не само што ќе дојдете до квалитетни идеи за иновација, туку ќе дојдете и до квалитетни информации и знаење за најпроблематичните процеси во вашиот бизнис кои лесно може да станат предмет на подобрување.
  2. Поставување на прашања за конкурентите. Следното подрачје каде прашањата може да водат до квалитетна иновација е конкуренцијата. Уште во 2011 година дизајнирав 22 основни прашања кои постојано ќе треба да си ги поставувате во однос на вашите клучни конкуренти. Истите прашања лесно ќе се надоградат со повеќе подпрашања, само треба да започнете. Инаку, што прават вашите конкуренти, како го прават, која е нивната вредност и многу слични прашања како и одговорите ќе ве поттикнат да преземете нешто и вие во вашиот бизнис.
  3. Поставување на прашања за заедницата. Заедницата која постои околу еден бизнис е поширока и опфаќа повеќе ентитети освен тековни купувачи и конкуренти. Тука се вработени, потенцијални вработени, поддржувачи, критичари, потенцијални купувачи, потенцијални конкуренти, снабдувачи, потенцијални снабдувачи… Сите овие ентитети кои ја сочинуваат заедницата на еден бизнис имаат потенцијал да поттикнат иновација во еден мал бизнис. Затоа и прашањата во однос на заедницата околу вашиот бизнис ќе можат да поттикнат иновација во вашата компанија.

Поставувајте прашања. Поставувајте многу прашања за се околу вас и вашиот бизнис. Тие ќе ја поттикнат креативноста кај вас, а со тоа полесно ќе станете многу поиновативна компанија. А, на поиновативните компании им е загарантиран успехот.

post

Активности за претприемачко учење во Македонија

Претприемачко учење станува еден од најзначајните процеси на кој се става главен фокус од страна на развиените нации, што полека но сигурно станува практика и кај нас.

претприемачко учење

Во моментов во тек е изработка на стратегија за претприемачко учење во Република Македонија и дел од активностите на тимот кој работи на подготовка на стратегијата е да се анализираат сите досегашни практики и активности кои се поврзани со претприемачко учење и се имплементирани или уште се активни кога станува збор за оваа тема.

Продолжи…

video

Дали вие сте претприемач?

Интересно видео во кое ќе видите неколку факти преку кои можете да се запрашате дали сте вистинската личност за да станете претприемач.
post

Како вашиот купувач да не ве замени?

Никој не сака да биде заменет, но сепак честопати тоа е реалност во еден претприемачки свет. Еден од поголемите императиви на сите претприемачи е да ги избегнат можностите да бидат заменети од нивниот купувач.

купувач

Зошто?

Затоа што доколку продолжите да го искусувате заменувањето, тоа е знак дека вашиот бизнис ќе страда од губење на купувачи, намалување на продажба, приходи и профитабилност.

Продолжи…

quote

Генијалец според Napoleon Hill – Дефиниција

Сезнајковците велат дека генијалец е човек кој “носи долга коса, јаде чудна храна, живее сам и служи како цел на шегобијците”. Но, подобра дефиниција на генијалец е “човек кој открил како да ги зголеми вибрациите на мислата до точка во која тој слободно комуницира со изворот на знаењето кое вообичаено не е достапно преку нoрмалната стапка на вибрации на мислата“.

~ Napolenon Hill

Think and Grow Rich

post

Организирајте ефективни состаноци во 27 минути

Како претприемач ќе треба да организирате ефективни состаноци, едноставно не можете да ги избегнете. Состаноци со купувачи, вработени и партнери ќе бидат секојдневни во вашиот бизнис.

Состаноци за 27 минути

Но, понекогаш состаноците може да се гледаат како непродуктивни активности за вас и останатите луѓе кои ќе партиципираат на тие состаноци.

Продолжи…

aside

Купувачот како CEO

Купувачот како CEO Купувач како CEO – Како да профитирате од моќта на купувачите од Chuck Wall

Книгата е навистина нешто што ќе ги подготви компаниите за иднината која станува се поенеизвесна, особено поради фактот на оваа промена на сопственоста на моќта каде купувачите стануваат се помоќни за сите видови на компании.

Книгата базира на голем број на истражувања и фокус групи и затоа преовладува со доста случаи и примери од вистинскиот свет. Авторот ги користи овие случаи и примери за да ги објасни сите 9 видови на моќ кои што денес купувачите ги поседуваат. Книгата е корисна за сите претприемачи и вреди да се потроши дел од времето на читање, но и на имплементирање од наученото.

video

Од каде претприемачите добиваат пари?

Секое започнување има потреба од пари. Без разлика за каков вид на бизнис станува збор парите за започнување ќе бидат голема потреба. Погледнете го оваа видео во кое се презентирани начините на кои најчесто младите претприемачи доаѓаат до пари за да ја финансираат нивната идеја или бизнис план
link

Како да бидете како Стив Џобс?

Како да бидете како Стив Џобс?

Извор: Entrepreneur

Nolan Bushnell, човекот кој во 1974 година го вработил Стив Џобс како техничар дава пет начини како претприемачите да бидат повеќе како Стив Џобс:

  • Бидете непријатен – особено кога станува збор за вашите цели и имплементација на истите.
  • Бидете интензивно страствен – кога станува збор за вашата пасија и страст кон нешто, тоа е нешто посилно што ќе ве води кон успехот.
  • Бидете креативен кога делегирате – успехот за инвентивноста не е само кај вас, туку и кај вашиот тим, нормално доколку знаете како да делегирате.
  • Бидете хипер-љубопитен – да сакате да знаете како се околу и во вашиот бизнис функционира.
  • Бидете подготвени и на падови и грешки – грешките и падовите се составен дел на патот кон успешноста
post

50 Работи кои никогаш не треба да прекинете да ги изведувате како еден претприемач

Како еден претприемач ќе изведувате многу различни работи за вашиот бизнис. Но, често пати ќе работите и повеќе работи отколку што навистина треба да работите.

50 работи

Оваа е нормална ситуација за претприемачите бидејќи секогаш ќе се обидувате со нови работи, ќе експериментирате со различни работи и секогаш ќе работите на откривање на различни начини за подобрување на вашиот мал бизнис.

Продолжи…