post

Дали постојат случајности во бизнисот?

Секој бизнис, а особено малите бизниси функционираат во еден крајно неизвесен свет. Неизвесноста е постојана сенка на сите претприемачи.

Но, и неизвесноста не е случајна. Таа се појавува и постои заради одредени причини. На пример, стартап бизнисите функционираат во најголема неизвесност бидејќи сеуште не се пронајдени вистинските елементи на бизнис моделот. Не се знаат конкретните купувачи, не се знае вредноста која ја нуди бизнисот за секој од купувачите, не се знаат каналите на дистрибуција, не се знаат различните односи со купувачи… Сеуште не постојат некои приходи кои ќе ја покажат вистинската насока во која бизнисот треба да се движи. Стартапи ги тестираат хипотезите за сите елементи од бизнис моделот.

Веќе постоечки бизнис исто така оперира во неизвесност, но сепак таа неизвесност е помала и попредвидлива во однос на стартапи. Оваа е поради фактот што овие бизниси веќе имаат купувачи, веќе се присутни на пазарот и веќе имаат конкретни информации врз основа на кои можат да ги проверуваат хипотезите и да се подготвуваат за неизвесната иднина.

Но, што е со случајности?

Продолжи…

post

Иновација и екосистеми

Иновацијата е цврсто поврзана со секоја претприемачка активност. Со иновација претприемачите успеваат да креираат нешто од ништо.

Постојано иновирање е процес кој го доближува бизнисот до успех, но сепак може да претставува и процес кој ќе го забрза уништувањето на бизнисот доколку соодветно не се менаџира и насочува преку призмата на купувачите.

Иновацијата треба да се инспирира. За иновација е потребен иновативен тим на луѓе кои освен што ќе иновираат ќе знаат и како да ја доближат до купувачите.

Проблемот е што денес не е лесно да се иновира. Имаме многу допирни точки со останати иновации, надвор од бизнисот. Ние сме само еден мал дел од еден многу покрупен екосистем во кој функционираат новите производи или услуги.

Како да знаете дека сте на вистинскиот пат при започнување на ваш процес на иновација?

Продолжи…

post

[Цитат] Доколку ви треба машина, а не ја купите…

Доколку ви треба машина и не ја купите, ќе сфатите дека сте ја платиле, а сепак ја немате.

– Хенри Форд

Вашиот бизнис има потреба од технологија без разлика за каков бизнис станува збор (производствен или услужен). Денес се потребни работници со знаење, а знаењето бара користење на различна технологија.

Можеби ќе ја избегнувате имплементацијата на технологијата, но набргу ќе сфатите дека ве гази времето, дека тоа игнорирање ќе ве чини време и пари, но и времето може да се конвертира во пари.

Се на се, Хенри Форд имал право за технологијата која ви треба а не ја купите. Сепак на крајот ја плаќате.

post

75 Прашања за стартап претприемачи?

Стартап фаза на еден бизнис претставува една од најсложените и најинтересните фази.

Ќе го бидне или нема да го бидне?

Се она што ќе се изгради во оваа фаза ќе ја отсликува силината и издржливоста на темелите на бизнисот.

Во овој пост издвоив 75 прашања кои еден стартап претприемач ќе треба постојано да си ги поставува.

Продолжи…

post

Apple iPhone 5 VS Samsung Galaxy S3

Не, овој наслов не е за споредба на карактеристики помеѓу два телефони. Не сме тука за споредба на мобилни телефони. Овој наслов е тука на претприемач заради извлекување на знаење од борбата на двата гиганти во мобилната индустрија.

Пред некој ден Samsung излезе со нова реклама насловена како “не треба да бидеш гениј” за да ја видиш разликата во која јужнокорејската компанија го споредува нивниот Samsung Galaxy S3 со штотуку излезениот нов iPhone 5 (во петок).

На сликата е дадена рекламата на која може да се видат споредба на карактеристики на мобилните телефони. Целта е обичниот граѓанин да ја види разликата и со тоа да се реагира на моменталниот интерес за популарниот производ на Apple кој за само 24 часа се продаде во 2 милиони примероци (за споредба скоро двојно повеќе од претходната верзија на производителот).

Продолжи…

post

Избришете се и започнете од почеток

Знаеме дека “да направам” листи може да ви помогнат во зголемување на продуктивноста. Но, процесот на изработка на “да направам” листа е многу поедноставен отколку да се имплементира самата листа.

Особено е тешко кога досега сте направиле повеќе обиди, сте користеле повеќе алатки за да организирате една таква листа и секако се да завршите. Првиот проблеме што првата таква листа ќе има премногу задачи, бидејќи едноставно се обидувате да исфрлите се од вашиот мозок надвор. Од друга страна, листата се надополнува постојано со нови идеи со нови “да направам” задачи, нови проекти… Сето тоа несредено, без соодветен контекст за имплементација, односно спроведување, без приоритети…

Самото погледнување на една таква полна листа го намалува моралот, а со тоа и вашиот потенцијал да се организирате и започнете со имплементација и расчистување на истата.

Што да направите во една таква ситуација?

Продолжи…

post

Идеи кои можете да ги искористите од Август 2012

Се ближиме во пеиодот од годината кога задачата на претприемачите е да го проверат и врз основа на тоа да го забрзаат или прилагодат процесот на реализација на целите за 2012 година.

Поминати 8 месеци. Вистинско време да се постави прашањето до каде сме и што треба да правиме во останатите месеци од годината?

Како и секој месец, овој пост е сублимирање од претходниот месец, или серијал од месечни идеи кои можете да ги искористите од претходниот месец, во овој случај Август 2012.

Овој пост претставува збир на најчитаните наслови кои како идеи можете да ги искористите за развој или подобрување на вашиот бизнис, но и на вас самите како еден претприемач.

Насловите од овој серијал, на крајот на годината по уште една анализа на популарноста ќе влезат на страната Започни тука.

Во август 2012 на претприемач беа објавени 20 наслови (годишен одмор, мало олабавување…) во кои некако доминираше темата за започнување на бизниси и стартапи. Тука се презентирани 10 наслови од тие 20 кои се најчитаните и доколку сте ги пропуштиле можеби ќе ви се најдат во вашите напори за развој на бизнисот.

Да видиме што е она најактуелното што можеш да го искористиш за твојот бизнис од Август 2012 година.

Продолжи…

post

Дали структурата е сеуште потребна?

Новите времиња носат нови начини, процеси и системи за спроведување на работата. Развојот на технологијата, како и се поголемата улога на истата во сите аспекти на работењето на бизнисот без разлика од нивната големина или фаза во која се наоѓаат носат нови предизвици за секој претприемач.

Се почесто се поставува прашањето дали на малите бизниси им е потребна организациска структура – оној убав дијаграм со означени позиции кој што е и на кого одговара или кого слуша.

Кога подготвувате бизнис план имате посебен наслов менаџмент во кој е опфатен и дизајн на организациската структура (наречена уште и како органограм). Прашањето е дали е потребно такво нешто?

Продолжи…

post

10 Навики за успех на еден претприемач

Претприемач е човек кој креира нешто од ништо, кој знае како да го направи тоа нешто достапно за севкупната јавност и да им го подобри животот на оние кои ќе го поседуваат тоа нешто.

Не е лесно да се креира. Потребни се многу активности, добри навики и секако желба за креирање.

Да разгледаме 10 навики на успешните претприемачи.

Продолжи…

post

Што градите и зошто?

Како претприемач виде сте градител.

Градите бизнис. Градите системи. Градите процеси. Градите процедури. Градите тим.

Но, знаете ли точно што градите и зошто го градите тоа што го градите.

Да, можеби едноставен одговор е дека градите бизнис. Но, сепак тоа е премногу општ одговор, не доаѓа длабоко од вашето срце ниту е поврзан длабоко со вашите купувачи.

Размислете повторно, што градите и зошто?

Дали ја градите вашата иднина? Или пак едноставно иднината на вашата околина?

Дали градите нешто што ќе го промени и подобри светот во кој што живеете? Или пак едноставно, нешто што ќе го подобри само вашиот живот?

Дали градите работни места за вашата заедница? Или пак градите подобар живот за вашите купувачи?

Можеме да одиме со безброј вакви прашања. Но, можете да забележите дека тие се длабоко поврзани едно со друго. Едно прашање може да биде последица на друго прашање.

Продолжи…