post

SWOT анализа за социјални медиуми – Маркетинг средство 91

SWOT анализа за социјални медиуми

SWOT анализа за социјални медиуми

Концептот за примена на SWOT анализа за социјални медиуми претставува навистина корисен концепт кој може да ви помогне во успешно градење на присутноста на Вашиот бизнис на социјални медиуми. Како 91-во маркетинг средство го избрав токму овој концепт – спроведување на SWOT анализа за социјални медиуми.

Што престатвува SWOT анализа за социјални медиуми?

SWOT анализа е тема која повеќе пати беше обработувана на претприемач, како од научен така и од практичен аспект. Да се потсетиме првин за тоа што претставува SWOT анализа.

Во SWOT анализа во 4 чекори наведовме дека:

SWOT анализа е алатка за планирање, особено за стратешко планирање. Се користи за проценка на Јачините (Strengths) и Слабостите (Weakness) како внатрешни елементи на бизнисот, Можностите (Opportunities) и Заканите (Threats) како надворешни елементи на бизнисот.

Кога станува збор за социјалните медиуми оваа анализа ќе се однесува на проценка на јаките и слабите страни на вашиот бизнис на социјалните медиуми како внатрешни елементи и можностите и заканите како надворешни елементи.

Оваа анализа може да ви помогне при изготвување на стратегија за социјални медиуми која беше опфатена како 90-то маркетинг средство.

М-р Илија Чубровиќ (се надевам дека од утре ќе го именувам како Д-р) како дел од неговата магистерска работа дизајнираше прашалник за спроведување на SWOT анализа. Тој прашалник содржи прашања актуелни за тоа време, но како пример како да се спроведе една ваква анализа може да користи и денес, нормално со редизајн на некои прашања прилагодени кон вашиот бизнис.

И во овој дел ќе се обидам да дадам еден таков приод за спроведување на SWOT анализа за социјални медиуми преку одговор на минимум прашања.

Прашања кои ќе треба да ги одговорите?

И во овој дел ќе се обидам да дадам еден таков приод за спроведување на SWOT анализа за социјални медиуми преку одговор на минимум прашања. Прашањата треба да бидат групирани во два дела – внатрешни и надворешни елементи.

Прашања за внатрешни елементи

Внатрешните елементи треба да ви ги покажат јаките и слабите страни на вашиот бизнис на социјалните медиуми. Одговорете колку што можете повеќе прашања. Бидете реални и не ги одбегнувајте слабите страни. Со одбегнување нема да го подобрите вашиот бизнис.

  1. Колкаво е досегашното искуство на вашата команија на социјални медиуми?
  2. Што е она што го правите добро на социјални медиуми, а што е она што го правите лошо?
  3. Каква е опременоста со кадри за градење на присутноста на социјалните медиуми?
  4. Каква е мотивираноста на тие кадри за градење на присутност на социјалните медиуми?
  5. Дали мате соодветна технологија за градење на присутноста на социјални медиуми?
  6. Како ја користите таа технологија?
  7. Какво е знаењето и оспособеноста на вработените за користење на таа технологија?
  8. Дали вработените во вашиот бизнис користат различни социјални медиуми во нивниот приватен живот?
  9. Доколку користат како можете да го искористите тоа за целите на Вашиот бизнис?
  10. На какво ниво е соработката помеѓу вработените во вашиот бизнис?
  11. Дали менаџментот е подготвен за користење на социјални медиуми?
  12. Дали менаџментот знае како да ги обучи вработените за користење на социјални медиуми?
  13. Дали вашиот бизнис има барем малку забавна карактеристика во дневното функционирање?
  14. Дали можете тоа да го искористите за градење на присутност на социјалните медиуми?
  15. Колкаво е нивото на креативноста во вашиот бизнис?
  16. Дали веќе имате веб сајт или блог на кои креирате вредна содржина?
  17. Дали вие или вашиот бизнис користите социјални медиуми за лични или бизнис цели?
  18. Кои социјални медиуми ги користите и колкав е нивниот број?
  19. Каква е вашата експертиза за индустријата во која оперирате?
  20. Каква е глобалната експертиза на вашиот бизнис за индустријата во која оперира?

Ова се 20 прашања кои ве водат низ процесот. Не значи дека се комплетни или целосни. Слободно додавајте уште прашања за кои сметате дека се валидни како внатрешни елементи кои ќе ви покажат кои се вашите слаби или јаки страни за присутноста на социјалните медиуми.

Прашања за надворешни елементи

Надворешните елементи треба да ви ги покажат можностите и заканите кои вашиот бизнис треба да ги искористи или избегне на социјалните медиуми. Одговорете колку што можете повеќе прашања. Бидете реални и не ги одбегнувајте заканите. Тие имаат цел да ви покажат каде треба да внимавате.

  1. Развојот на технологијата во подрачјето на социјалните медиуми претставува можност или закана за вашиот бизнис?
  2. Како ве ценат вашите потрошувачи?
  3. Дали вашите потрошвачи користат технологија за присутноста на социјалните медиуми?
  4. Дали присутноста на социјалните медиуми на Вашите потрошувачи е компатибилна со вашата присутност?
  5. Дали присутноста на социјалните медиуми на Вашите потрошувачи е компатибилна со присутност на вашите вработени?
  6. Како сакаат вашите потрошувачи да комуницираат со вашиот бизнис?
  7. Како сакаат вашите потрошувачи да соработуваат со вашиот бизнис?
  8. Дали вашите потрошувачи имаат потреба од едукација за да ги користат вашите производи и/или услуги?
  9. Каква стратегија за социјални медиуми користат вашите конкуренти?
  10. Како вашите конкуренти комуницираат со нивните потрошувачи?
  11. Како вашите конкуренти ги едуцираат нивните потрошувачи?
  12. Каде се наоѓаат потрошувачите на вашите конкуренти?
  13. Каква е експертизата на вашите конкуренти?
  14. Каква технологија користат вашите конкуренти?
  15. Дали вашите снабдувачи се присутни на социјалните медиуми?
  16. Какво влијание може да имаат вашите снбдувачи врз вас и вашиот бизнис на социјалните медиуми?
  17. Постои или закана дека вашите снабдувачи можат да навлезат и на вашиот пазар?
  18. Многу нелегални бизниси се обидуваат да продаваат преку социјални медиуми. Какво влијание има ова врз вас?
  19. Дали во вашата околина има доволен број на луѓе обучени за да бидат дел од вашиот бизнис тим?
  20. Дали едукативниот систем во вашата околина опфаќа и обука за користење на технологија?

Ова се 20 прашања кои ве водат низ процесот на анализа на можностите и заканите за користење на социјални медиуми. Не значи дека се комплетни или целосни. Слободно додавајте уште прашања за кои сметате дека се валидни како надворешни елементи и кои ќе ви покажат кои се вашите можности и закани за присутноста на социјалните медиуми.

Што понатаму?

Понатаму продолжете со станардната оперативна процедура за спроведување на SWOT анализа која опфаќа:

  • Конструирање на SWOT матрица и
  • Дефинирање на стратегии.

Чија е одговорноста?

Доколку навистина сакате да успеете мора да постои одговорност. Но, прашањето кој ќе биде одговорен за спроведување на една ваква SWOT анализа за социјални медиуми?

Првин, најдоговорен сте вие како еден претприемач. Потоа тимот кој ќе го изберете да работи на анализата и подготовка на стратегијата и на крајот сите вработени во Вашиот бизнис ќе бидат одговорни за градење на присутноста на социјалните медиуми.

post

Желби на малите бизниси за 2011 – Google

Google желби на малите бизниси

Google желби на малите бизниси

Во декември Small Business Marketing тимот на Google спроведе иницијатива во која ги праша малите бизниси кои им се желбите за 2011 година. Тоа беше еден вид на „желботека“ на Google.

Различните желби тимот на Google ги групира во 3 категории и подкатегории. Еве некои желби што малите бизниси ги имаат и бараат во 2011 од Google:

  • Повеќе можности и дополнителни карактеристики на онлајн алатките.
  • Повеќе онлајн ресурси кои ќе им помогнат во растот на малите бизниси.
  • Помош за тоа како да се користат социјалните медиуми.
  • Да извлечат максимум од веб сајтот.
  • Повеќе онлајн алатки за водење на бизнисот поефикасно за да можат да имаат повеќе време за концентрација на потрошувачите.
  • Повеќе маркетинг алатки за големување на видливоста на бизнисот.
  • Повеќе едукација.
  • Помош за започнување на бизнисот.

Повеќе за желбите на малите бизниси можете да прочитате на официјалниот блог за малите бизнис на Google.

post

Стратегија за социјални медиуми – Маркетинг средство 90

Стратегија за социјални медиуми

Стратегија за социјални медиуми

Ќе продолжиме со серијалот маркетинг средства на претприемач. Во изминатиов период во овој
серијал опфативме повеќе различни видови на социјални медиуми кои може да се користат за градење и зголемување на присутноста на вашиот бизнис на интернет. Но, често пати се поставуват прашања во
вид на што, како, кога или каде. Ние опфативме само еден мал дел од различните платформи кои постојат, реалноста е инаку една џунгла без некои добро воспоставени правила на игра. Затоа за да се постигне одредена успешност за секој бизнис потребно е да се примени стратешки приод. Мора да имаме стратегија за користење на социјални медиуми бидејќи сите напори без една таква стратегија ќе бидат залудни.

Што е стратегија за социјални медиуми?

Стратегија претставува план на акции за остварување на поставените цели. За имплементација на една стратегија потребно е да имаме повеќе тактики. Секоја тактика се исполнува со активности кои имаат одредени датуми на остварување, одговорни лица за остварување на тие активности и потребни финансиски средства за остварување. Значи стратегија за социјални медиуми ќе ни биде средство со кое ќе ги оствариме поставените цели.

А кои цели ги има поставено нашиот бизнис кои треба да ги оствари преку социјални медиуми? Овие цели не се толку опипливи како другите, но може да бидат во вид на:

  • градење на присутност,
  • зајакнување на препознатливоста на брендот,
  • зголемување на листа на потенцијални купувачи,
  • помош и подршка на купувачите,
  • едукација на купувачите и потенцијалните купувачи,
  • …

Ова е само еден мал дел од можни цели на еден бизнис за настап на социјални медиуми. Стратегијата треба да даде листа на активности за остварување на тие цели кои што ќе си ги поставите. Морате да бидете свесни и за ресурсите, особено временски.

Градење на стратегија за социјални медиуми

Стратегијата за социјални медиуми треба да ни даде одговор минимум на следниве прашања:

  • Кои социјални медиуми ќе ги користиме?
  • Како ќе ги користиме тие социјални медиуми?
  • Кои се нашите следни активности?

Да навлеземе накратко во сите 3 пршања.

1. Кои социјални медиуми ќе ги користиме?

Одговор на ова прашање зависи од:

  • целите кои ги имате поствено и кои треба да се остварат преку социјални медиуми,
  • видот на бизнисот како и пазарот и индустријата во која стопанисува истиот и
  • одговор на прашањето каде се моите потенцијални потрошувачи.

Откако ќе дојдете до листа на најважните социјални медиуми веќе ќе знаете кде треба да го насочите Вашето внимание.

2. Како ќе ги користиме тие социјални медиуми?

Второто прашање на кое ќе треба да дадете одговор е како ќе ги користите тие социјални медиуми до
кои дојдовте преку одговор на првото прашање. Во овој дел кога одговарате на како размислувајте веднаш на 4 елементи:

  • Комуникација – Со кого, што и како ќе комуницирате?
  • Едукација – Кого, што и како ќе едуцирате?
  • Забава – Со кого, што и како ќе се забавувате? Во овој дел е потребна и внимателност, не за секој бизнис функционира забава.
  • Соработка – Со кого, за што и како ќе соработувате?

3. Кои се нашите следни активности?

Претходните две прашања ни дадоа одговор за тоа кои социјални медиуми ќе ги користиме и како ќе ги користиме. При одговор на оваа прашање преточете ги тие одговори во листа на активности за периодот кој следува во кој треба да ги остварите поставените цели.

Во Премиум материјалот на претприемач во модулот за социјални медиуми овој процес го поминуваме подетално и е следен со темплејти во вид на алатки кои ве водат низ процесот.

post

Интернет маркетинг – Најдоброто на претприемач во 2010

Интернет маркетинг - најдобро за 2010

Интернет маркетинг - најдобро за 2010

Интернет маркетинг претставува 6-тата тема од серијалот најдоброто на претприемач во 2010. Со неколку серијали во однос на блогирање, оптимизација за пребарувачи, онлајн маркетинг средства и PPC кампањи беше една од позастапените теми оваа 2010 година.

Едно прашање често преовладува кај претприемачите, а тоа е дали треба да бидат застапени на интернетот. Што ако се локални бизниси? Што ако функционираат само офлајн нивните бизниси? Претприемачот треба да започне да го гради своето онлајн присуство и ако е локален бизнис и ако функционира само офлајн. Едноставно нека се запраша каде се неговите потенцијални потрошувачи? Најверојатно над 80% би биле присутни на некаков начин онлајн без разлика дали се на Facebook или пак Twitter или пак бараат некое решение на Google за кое можеби токму Вашиот бизнис може да им помогне.

Ова се 6 постови кои се избрани како најдобри во 2010. Но, 2 од нив се серијали во кои има линкови до целата серија која ќе ве води низ соодветниот процес.

  1. E-mail маркетинг кампања во 8 чекори. Во постот се дадени 8 чекори во кои можете да спроведете E-mail маркетинг кампања која станува се покорисно и продуктивно маркетинг средство за бизнисите без разлика на нивната големина.
  2. 5 Слоеви за успешен бизнис блог. Овој пост претставува една моја презентација за слоеви на кои ја темелам успешноста на еден блог кога станува збор за бизнис цели.
  3. Промени во Маркетинг. Во овој пост се начнати некои промени во последните 10-тина години кои имаат огромно влијание врз денешните бизниси. Прифати или спреми се за самоуништување!
  4. Google Adwords – Маркетинг средство 74. Во овој пост ќе ги најдете линковите до серијалот на постови за Google Adwords кој претставува една PPC кампања.
  5. SEO – Оптимизација за пребарувачи. Во овој пост ќе ги најдете линковите до серијалот на постови за SEO – оптимизација за пребарувачи што всушност претставуваат еден мини прирачник за спроведување.
  6. Дали онлајн стратегија претставува бизнис стратегија? Во постот се дадени одговори на неколку прашања кои се однесуваат на бизнис стратегија и онлајн стратегија.
post

SlideShare – Маркетинг средство 89

SlideShare - Маркетинг средство

SlideShare - Маркетинг средство

Како 89-то маркетинг средство на претприемач избрав една платформа SlideShare која спаѓа во групата на платформи за објавување на содржина. Кога станува збор за содржина веќе ја опфативме како посебно маркетинг средство, но можете да забележите дека кога станува збор за онлајн маркетинг средства секаде се споменува содржина која всушност претставува една пајакова мрежа околу Вашиот бизнис.

Што претставува SlideShare?

SlideShare претставува место на интернетот каде може да се споделуваат презентации (јавно или приватно) подготвени во PowerPoint, PDF или OpenOffice.

Како што самите се опишуваат на нивниот веб сајт:

SlideShare е бизнис медиа сајт за споделување на презентации, документи и pdf фајлови. SlideShare се карактеризира со активна заедница на професионалци кои редовно коментираат, фаворизираат и симнуваат содржина. Содржината се шири вирозно преку блогови и социјални мрежи како  LinkedIn, Facebook and Тwitter. Индивидуалците и организациите аплоадираат документи на SlideShare за да споделат идеи, за да се поврзат со другите корисници и за да генерираат потенцијални потрошувачи за нивните бизниси. Секој може да види презентации и документи од теми кои ги интересираат. Сајтот расте брзо со над 25 милиони посетители месечно.

Презентациите и документите може да се означат со клучни зборови за да се обезбеди полесен пристап на оние кои се заинтересирани за темата за која се однесува презентацијата. Исто така истите може да се симнуваат или залепат на веб сајт или блог како и лесно да се споделат на социјалните мрежи што дава вирозен карактер на истите.

Како може да се користи?

Освен што може да се користи за споделување на Вашите презентации, можете да додадете и аудио на истите, можете да го рекламирате настанот кој го организирате или на кој сте присуствувале, можете да се приклучите на група во која се споделуваат документи од исто подрачје на интерес како Вашето и секако да го зголемувате Вашето знаење преку симнување на презентации или документи.

Оваа платформа ви овозможува и да ги залепите Вашите презентации на Вашиот блог или пак веб сајт многу едноставно.

Дали треба да го користите?

Имање на бизнис презентации е нешто што спаѓа во категорија на мора, без разлика дали станува збор за продажна презентација или карактеристики и полезности на Вашите производи и/или услуги. Па дали постои пречка ако таа презентација биде видена или забележана од повеќе луѓе, или пак споделена или пак симната за понатамошно користење? Сметам дека одговорот е не. Па затоа и би ребало да го користите.

post

E-mail маркетинг кампања во 8 чекори

E-mail маркетинг станува се покорисно и продуктивно маркетинг средство за бизнисите без разлика на нивната големина. Можете да го користите за поттикнување на комуникација со Вашите купувачи. Можете да го користите за зголемување на продажба. Можете да го користите за зголемување на препознатливоста на Вашиот бренд…

E-mail маркетинг во 8 чекори

E-mail маркетинг во 8 чекори

Чекор 1: Што сакате да постигнете?

Која ќе биде целта на Вашите e-mail маркетинг кампањи? Што сакате да постигнете? Дали е тоа зголемување на продажба, градење на репутација, препознатливост на бренд…

Чекор 2: Изберете соодветен софтвер

Кога веќе знаете што сакате да постигнете со e-mail маркетинг кампањи, веќе ќе имате слика за тоа што секој е-mail треба да содржи. На таков начин ќе можете најдете различни софтвери за соодветната цел што сакате да ја постигнете. Пробајте со Aweber или Getresponse.

Чекор 3: Започни со градење на листа

Доколку веќе имате некоја листа започни да ја користиш додавајќи ја во базата на податоци. На Вашиот веб сајт или блог ставете форма за прибирање на информации за Вашата листа и на таков начин ќе започнете со градење на истата.

Чекор 4: Дизајнирајте го првиот е-mail (Добредојде)

E-mail-от за добредојде е првиот е-mail што ќе го добие секое лице откако ќе стане дел од Вашата листа. Овој е-mail е одлично место каде можете да објасните што може да очекуваат од Вас. Доколку давате некој тип на награди како попустни купони или нешто друго дајте ги преку оваа порака.

Чекор 5: Дизајнирајте ги E-mail-овите за аутореспондерот

Аутореспондер е е-mail кој ќе биде пратен автоматски на претходно определен датум на лицата кои се дел од Вашата листа. Мора да одлучите што ќе биде содржано во таа порака и кога ќе биде испратена определена порака. Обидете се пораките да не бидат премногу „продажни“. Подобро е да едуцирате и градите односи.

Чекор 6: Дизајнирајте други пораки

Започнете со бреинстормирање на идеи за други пораки. Освен аутореспондерите можете да праќате од време на време други пораки. Може да бидат нови промоции, покани за настани, нови производи, прашалници…

Чекор 7: Подесете ги првиот e-mail и аутореспондерите во софтверот

Се што дизајниравте во претходните неколку чекори подесете го во софтверот кој го избравте во чекорот 2.

Чекор 8: Следете ги резултатите

Последен, но најважен чекор е да ги следите постигнувањата од Вашата e-mail маркетинг кампања. Мора да погледате во:

  • Стапка на отварање на e-mail-овите. Колку луѓе од листата го отвораат е-mail-от што го испраќате? Што се случува доколку го промените предметот (Subject) на пораката.
  • Нови регистранти. Што се случува доколку ја смените страната за регистрација.
  • Кликнувања. Што се случува со кликнувањата на различните пораки?
  • Кликнати линкови. Кој тип на линкови носи најмногу кликнувања?
  • Стапка на дерегистрација. Колку луѓе се дерегистрираат? Кога се дерегистрираат?

Овој пост е оригинално напишан за Entrepreneurship in a Box. Тука е само преведен.

post

5 Слоеви за успешен бизнис блог

5 Слоеви на бизнис блог

5 Слоеви на бизнис блог

Блогирање во бизнис цели претставува дел од маркетинг стратегија која веќе „мора“ да биде содржана во секој маркетинг план на малиот бизнис. Се повеќе и повеќе претприемачи откриваат дека оваа стратегија е навистина успешна за нивниот бизнис. Некои мали бизниси пак нивната целосна маркетинг сратегија ја базираат на и околу нивниот бизнис блог.

Што претставува успешен блог за бизнис цели?

Ова е едно најчесто поставуваните прашања? Пред било што друго, мора да знаеме што ќе претставува успешен бизнис блог за бизнис цели. Многу поголем процент е на неуспешни отколку успешни бизнис блогови.

Наједноставно кажано:

Успешен бизнис блог претставува оној блог кој овозможува остварување на целите за онлајн присутноста на бизнисот.

Што сакаме да оствариме со ова маркетинг средство? Доколку го оствариме она што сакаме да го оствариме ќе можеме да кажеме дека бизнис блогот е успешен.

Секојдневно на веб просторот се појавуваат нови блогови креирани за бизнис цели. Некои се многу успешни, некои пак преосечни, додек другите освен денот на појавување понатаму остануваат незабележителни.

Секој бизнис на различен начин може да го концепира својот блог. Како и да е, потребно е да се воспостават одредени слоеви како камен темелници на кои секој бизнис блог ќе се развива.

Слоеви за успешен бизнис блог

За да изградите успешен бизнис блог мора да го градите истиот на 5 слоеви, започнувајќи од првиот до 5-тиот слој.

Слој 1: Цели

Првиот слој на кој оваа маркетинг средство треба да се базира претставуваат поставените цели кои треба да се постигнат со него. Ова е важен слој бидејќи сите останати слоеви ќе се базираат токму на овој.

Кога воспоставуваме цели за онлајн присутноста на бизнисот можеме да имаме два вида на цели: примарни и секундарни. На пример, за еден бизнис примарни цели би изгледале вака:

  • Градење на бренд
  • Рекламирање
  • Продажба
  • Обезбедување на информации за производи и/или услуги
  • Обезбедување на информации за бизнисот
  • Обезбедување на услуги и поддршка на купувачите
  • Подобрување на интеракција со тековни и потенцијални купувачи.

Додека секундарни цели би биле следниве:

  • Блогот треба да биде дизајниран согласно SEO принципите и да обезбеди да биде лесно најдени и повторување на посетите.
  • Блогот треба да има инкорпорирано елементи на вирозен маркетинг за да ги поттикне посетителите да ги преопрачуваат производите, услугите или постовите на други.
  • Блогот треба да обезбеди посетителите да останат подолго на него.
  • Блогот ќе треба да поттикне интерес за бизнисот, производите и услугите.
  • Блогот треба да ги конвертира посетителите во потенцијални купувачи и купувачи.
  • Блогот треба да има инкорпорирано e-mail маркетинг кој ќе ги конвертира потенцијалните купувачи во купувачи.

Ова е само пример кој би ребало да ве наведе на едно вакво размислување.

Слој 2: Технички слој

Кога ќе завршиме со првиот слој – целите, ќе можеме да започнеме со градење на техничкиот слој на нашиот бизнис блог. Овој слој мора да биде базиран на претходниот слој, односно целите кои блогот мора да ги исполни. Кога зборуваме за техничкиот слој мора да одлучиме за следниве прашања:

  • Која платформа за блогирање ќе ја користиме?
  • Статичка или динамична почетна страна?
  • Каков дизајн ќе се користи?
  • Каква и која графика ќе се користи?
  • Кои додатоци ќе се користат?

Слој 3: Содржина

Третиот и најважниот слој е содржината. Прашањето на кое треба да се одговори во овој дел е што ќе се објавува на блогот? Во 10 блог теми за Вашиот бизнис блог ги презентирав следниве идеи:

  1. Блог написи за производи и/или услуги.
  2. Блог написи за индустријата.
  3. Блог написи за Вашата експертиза.
  4. Блог написи за искуството на задоволни потрошувачи.
  5. Блог написи за проблеми на потрошувачи.
  6. Видео презентации.
  7. Блог написи за резултати од прашалници.
  8. Блог написи за тековни настани.
  9. Одговарајте на прашања од коментари.
  10. Општи теми.

Не се ограничувајте само на овие теми, можеби ќе имате уште десетици и стотици идеи за теми, едноставно бреинстормирајте ги и искористете се што мислите дек ќе биде интересно за оној за кој е наменет блогот.

Слој 4: Маркетинг

Овој слој се однесува на маркетинг функцијата на бизнис блогот. Сите претходни слоеви помагаат да се изгради овој слој со следниве елементи за успешен бизнис блог:

  • Репутација. Блогот претставува навистина одлична алатка за градење на добра претприемничка и бизнис репутација. Овој елемент треба да овозможи да се разликувате од конкуренцијата. Репутацијата претставува мислење на личност, група или организација која го има за Вас или Вашиот бизнис. Затоа е важна.
  • Кредибилитет. Кредибилитетот претставува верување дека некое лица има експертиза и знаење и може да биде сигурен за бизнис со него. Доколку го користите блогот на вистинскиот начин ќе можете да изградите добар кредибилитет како претприемач и бизнис.
  • Бреднирање. Одлично место за градење на силно препознатлив бренд за Вашиот бизнис претставува токму Вашиот бизнис блог. Секој блог пост мора да има нешто преку што ќе се комуницира Вашиот личен и бизнис бренд на посетителите и читателите.
  • Поврзување. Вашиот блог ќе ве поврзе сомногу поединци и бизниси кои можат да станат Ваши купувачи или бизнис партнери.
  • Релации. Една можност која што ја обезбедува блогот е создавање на квалитетни релации сопосетители и читатели. Коментарите се една опција која овозможува ова да биде навистина едноставно.
  • Вирозни елементи. Постовите се вирозни и секој пост може да биде проследен до пријател. Добар блог пост може да биде виден од голем број на потенцијални купувачи.

Слој 5: Бизнис

Да бидеме реални за момент. Целта на секој бизнис блог е да создаде бизнис со потенцијални купувачи. Затоа последниот слој во градење на еден бизнис блог е да му се даде бизнис карактер на истиот. Секој бизнис продава нешто и целта е да се зголеми продажбата. Затоа блогот мора да ги содржи бармен следниве можности:

  • Да овозможи лесен контакт до бизнисот.
  • Да бидат презентирани производите и/или услугите во форма на бенефиции (полезности).
  • Да овозможи лесно купување на производите и/или услугите.
  • Да овозможи подршка за купувачите.
post

Дизајн – Маркетинг средство 76

веб дизајн

Дизајн како маркетинг средство

Стигнавме до 76-тото маркетинг средство на претприемач како дел од серијалот 100 маркетинг средства. Досега ги обработивме веб сајтот, блогот и содржината како еден дел што ќе бидат опфатени во Вашата онлајн стратегија. Поминавме и два стила на привлекување на посетители – SEO оптимизација и PPC кампањи преку Google Adwords.

Но, што потоа? Имаме ваб сајт, имаме блог и имаме содржина, но каде е конверзијата? Што очекуваме еден посетител кој на одреден начин ќе пристигне до тие наши платформи да направи?

Во голем дел, конверзијата ќе зависи од дизајнот и пораката во тие платформи.

Со овој пост би сакал да опфатам неколку елементи на дизајнот:

  • Корисност
  • Начин на користење не од ваша страна, од страна на посетителите
  • Скенирање, не читање

Корисност

Првиот елемент кој сакам да го потенцирам е корисноста.

Корисноста наједноставно претставува лесно користење на платформата без разлика дали станува збор за веб сајтот или пак за блогот.

Кога станува збор за корисноста не можам а да не го споменам првиот закон на корисноста согласно Steve Krug во неговата книга Don’t Make Me Think!

Прв закон на корисноста: Не терај ме да мислам!

Тоа значи дека кога еден посетител ќе дојде ќе треба брзо и лесно да увиди:

  • Што има тука за него?
  • Што треба да направи?
  • Како треба да го направи тоа?

За да посетителот не размислува треба да се избегнат прашањата во неговата глава како следниве:

  • Каде да започнам?
  • Што понатаму?
  • Дали ова е мени?
  • Можам ли да кликнам тука?
  • Дали да кликнам тука?
  • Што значи ова или она?
  • Како да купам?
  • Зошто таа слика или тој текст е токму тука?

Ова се многу важни прашања за еден веб сајт или блог кога станува збор за онлајн маркетинг. На интернетот постоеле, постојат и ќе постојат конкуренти кои секогаш може да бидат привлечни. Па затоа доколку посетителот неможе брзо да се снајде, едноставно ќе го кликне знакчето X, што секако не го посакувате.

Како се користи страната од страна на посетителот

Можеме да најмиме одличен дизајнер кој визуелно ќе дизајнира чудо кое ќе предизвика кај нас воздишка. Има супер бои, супер анимации, супер музика во позадина… Но, посетителот не бара да види боја. Не бара да види и да чека анимација пред да се отвори она што го бара. Не бара да слуша музика, доколку е така ќе оди на онлајн радио. Тој едноставно:

  • Бара информација
  • Бара решение за својот проблем преку Ваш производ или услуга
  • Донел одлука за купување и сака да купи.

Затоа кога станува збор за дизајнот мора да се тргне од пазарот и да се одговори на следниве прашања:

  • Кои се целните посетители?
  • Што тие бараат на интернет?
  • Што сакаат да прочитаат?
  • Дали купуваат на интернет?
  • Како купуваат?
  • Кој е прецесот на нивното купување?

Скенирање, не читање

Кога сме поврзани на интернет и кога бараме нешто без разлика дали станува збор за информација или пак за производ кој можеби би го купиле ние не читаме се од збор до збор, ние скенираме. Зошто скенираме? Затоа што немаме време и така сме научени.

На пример кога бараме нешто на Google, на страната со резултатите ќе добиеме она што Google смета дека ние го сакаме. Но, ние не ги отвораме сите страни. Едноставно ги скенираме насловите бидејќи се најупадливи и доколку некој наслов го привлече нашето внимание, гледаме во описот (не читаме) и одлучуваме дали ќе кликнеме или не. Сетоа тоа се одвива во еден временски еприод од неколку секунди до неколку десетици секунди.

Истото се случува и кога читаме весник. Не верувам дека започнувате од првиот до последниот текст. Едноставно ги разлистувате страните, гледате во насловите и одлучувате дали ќе го читате текстот или не. Понекогаш и некоја слика ќе ви го привлече вниманието и ќе донесете одлука за продолжување на читање на тој текст или не.

Она што е карактеристично и најмалку што треба да го знаеме е дека:

  • Времето за донесување на одлука за она што сакаме еден посетител да го направи е многу пократко во однос на било кој друг маркетинг медиум.
  • Се што ќе поставиме или напишеме или презентираме нема да биде видено од првпат. Мора да имаме план Б.

Затоа пред да се одлучите за дизајнот:

  • Ставете се во улога на еден посетител и неговите цели.
  • Прашајте еден просечен купувач што би сакал.
  • Разговарајте со вашите роднини и пријатели за идеи или нивниот начин на користење на интернетот.
  • Направете различни профили на посетители врз основа на нивното различно однесување. Еден купувач не се однесува исто како еден барател на информација.
  • Прилагодете го дизајнот на тие профили.
post

Содржина – Маркетинг средство 75

Содржина - Маркетинг средство

Содржина - Маркетинг средство

Овој пост претставува 75-тото маркетинг средство на претприемач како дел од серијалот од 100 маркетинг средства. Досега веројатно како дел од овие онлајн маркетинг средства веќе имате бизнис веб сајт и секако бизнис блог. И на двете маркетинг средства вие имате некаква содржина. Содржина која треба да привлече внимание, да изгради доверба и репутација (прочитај Внимание, Репутација и Доверба), да поттикне акција и интеракција… Затоа посебен модул во Премиум Претприемач имаме за привлекување на внимание. Овој серијал се ближи кон последната четвртина (останати 25 маркетинг средства) која ќе се однесува на различни платформи на социјални медиуми. Таму ќе биде останатата содржина која исто така може да има огромна улога за Вашиот бизнис.

Два вида на содржини

Ќе тргнам од два вида на содржини. Нема и не сакам да ги делам на вакви или онакви содржини врз основа на платформата преку која ќе се испраќаат, туку едноставно ќе ги поделам врз основа на создавачот на таа содржина.

Создавачот на соджината може да биде:

  • Вие и ваш бизнис
  • Вашите бизнис стејкхолдери

Нормално вие содржината ќе ја креирате преку Вашите платформи (веб сајт, блог, социјални медиуми…) и тоа ќе претставува Ваша лична креација. Но, ќе постои содржина и од страна на некои врз кои вие нема да имате директно влијание. Од лица кои не можете да ги менаџирате. Дали вие ќе сакате или не, таа содржина ќе се појавува и ќе струи низ интернетот. Таа содржина може да биде добра или лоша по Вашиот бизнис. Вашата цел е да ја поттикнете и да ја распространите добрата и во исто време да одговорите на лошата.

Кога станува збор за стејкохолдери мислам не сите оние кои имаат или пак можат да имаат некакво влијание врз одлуките на Вашиот бизнис и врз кои одлуките на Вашиот бизнис влијаат. Така стејкхолдери може да бидат:

  • Купувачи
  • Потенцијални купувачи
  • Снабдувачи
  • Потенцијални снабдувачи
  • Финансиери
  • Вработени
  • Конкуренти
  • …

Содржина како пајакова мрежа

Содржинта се плете како пајакова мрежа. Колку пипците напајакот се поголеми толку и поголема ќе биде исплетената мрежа и секако толку ќе биде поголема и видливоста и достапноста на Вашиот бизнис во онлајн светот. За ова веќе пишував во Промени во Маркетингот каде што го напоменав следново:

Содржината е таа која ќе се испреплете како пајакова мрежа низ сите тие платформи и медиуми. Содржината е таа која ќе биде креирана или од Вашиот бизнис, или од Вашите купувачи, или од Вашите потенцијални купувачи или од Вашите конкуренти и противници. Секогаш ќе имате противници кои нема да ве сакаат од различни причини. Значи ќе постојат повеќе пајаци кои ќе плетат различни мрежи. Едниот пајак ќе сте вие, а останатите ќе бидат сите бизнис стејкхолдери. Секоја мрежа ќе има една или повеќе допирни точки со вашата основна мрежа. Колкава ќе биде успешноста и големината на тие мрежи сепак ќе зависи не само од онлјн фактори, туку и од офлајн фактори.

Еден пример на содржина од страна на конкурент

Пред извесен период бев контктиран од страна на еден вебмастер на еден бизнис веб сајт кој ме замолув да го отстранам линкот кон нивниот веб сајт од мојот форум кој беше активен, но јас едноставно немав време да го администрирам. Човекот смет дека неговите конкуренти создале содржина со линк кон неговиот веб сајт но со несоодветен anchor текст. За anchor текст и неговото значење пишував во SEO Основни столбови – Off Page фактори. Еве го mail-отк кој го добив:

Негативна содржина

Негативна содржина

Забележувате дека кога станува збор за содржината ќе постојат и валкани игри на кои ќе треба да бидете подготвени.

Неколку прашања при развивање на Вашата стратегија

Дизајнирање на стратегија за користење на содржина како маркетинг средство претставува умешност, уметност и наука во откривање на она што сакаат да знаат Вашите сегашни и потенцијални купувачи и што тие би сакале да знаат испорачувајќи им го токму тоа на најсоодветен начин. Тие немаат вишок на време за да им се одземе непотребно. Затоа е потребно да се креираат прецизни вистински содржини, испорачани на вистинското место, во вистинско време преку вистинската платформа.

Неколку најважни прашања од повеќето на кои ќе треба да одговорите се следниве:

  • Кои платформи за испорака на содржината ќе ги користам?
  • Каква вредност ќе додава мојата содржина?
  • Каква содржина на која платформа ќе испорачувам?
  • Кои ќе бидат потенцијалните приматели?
  • Како да ја диференцирам содржината за различните сегменти на приматели?
  • Како ќе одговорам на содржината која не е креирана од мене?
  • Како ќе ја следам содржината која не е креирана од мене?
  • …
post

Google Adwords – Quality Score

Google Adwords -Quality Score

Google Adwords -Quality Score

Да продолжиме со серијалот за Google Adwords како маркетинг средство. Во Воведни излагања ги опфативме основите за тоа што претставува Google Adwords потоа навлеговме во клучните зборови преку посебни постови – клучни зборови и негативни зборови. Во минатиот збор стана збор за вредноста на посетителот со кој ќе може да се дефинира и максималната цена за која сте спремни да платите за еден клик. Сега е време малку да размислуваме за квалитетот на рекламата како и за местоположбата на појавување на истата.

Што претставува Quality Score?

Google официајлно за она што претставува Quality Score вели:

AdWords системот калкулира Quality Score за секој од зборовите. Се разгледуваат различни фактори за да се измери колку се релевантни зборовите во однос на текстот во рекламата и пребарувањето на корисникот.

Значи, Quality Score претставува мерка која Google ја пресметува и доделува на секој клучен збор во кампањите за кои наддавате. Врз основа на оваа мерка се дава одговор на 3 клучни прашања:

  • Дали при пребарување ќе се појави Вашата реклама?
  • На која позиција ќе се појави Вашата реклама?
  • Колку пари ќе платите за еден клик при појава на рекламата и кликнување од страна на оној кој пребарува?

Пресметката или формулата за пресметка на Quality Score е комплексна и секако тајна која ја знае само Google. Но, сепак дел од тие тајни веќе се напоменати или барем се дадени насоки на што треба да се внимава.

Quality Score се изразува во бројка и може да биде од 1 до 10, каде 1 е најслаб додека 10 е највисок квалитет.

Што влијае на Quality Score?

Интересно видео за основите на Google Adwords и Quality Score, како и функционирањето на аукцијата дава главниот економист на Google, Hal Varian. Во понатамошниот дел ќе опфатиме одреден дел од она што е во видеото.

За да се осигураат дека оние кои се рекламираат преку системот ќе обезбедат реклами со висока релевантност, Google не реангира само врз основа на износот на парите кои сте спремни да ги платите за еден клик, туку врз основа на Quality Score кој се базира на 3 фактори:

  • CTR
  • Релевантност
  • Landing Page (Страната до која води кликот од рекламата).

Но, како што е наведено во видеото 3-те фактори немаат подеднакво значење туку во следниов редослед:

QS Фактори и значење

QS Фактори и значење

Ова значи дека најголемо влијание има CTR што всушност и претставува вистинскиот фидбек од страна на луѓето кои пребаруваат. Повеќе кликови во однос на импресии доведува до поголем CTR што значи и поголем QS за Вашата реклама.

Следен фактор по значење кој има влијание врз QS претставува релевантноста која претставува одговор на прашањето колку е блиску содржината на рекламата до пребаруваниот збор. На пример, доколку имате клучен збор ресторан, поголем ранг врз основа на релевантност ќе се даде на реклама која го содржи зборот ресторан во насловот, описот и URL-то кое се прикажува на рекламата.

И најмало (но сепак влијае) влијание има страната на која води рекламата. Важно е страната да е релевантна врз основа на пребаруваниот збор, да е оригинална, лесна за навигација, брзо да се отвора, без скокачки прозорци и секако да има политика на приватност.

Quality Score Петоаголник

Двата фактори CTR и страната на која се праќа посетителот се јасни и нема потреба од дообјаснување. Но, вториот фактор релевантност навистина претставува енигма. Од друга страна Google ја изгради сопствената репутација врз основа на тој збор релевантност. Затоа некои експерти за да го претстават значењето на QS и релевантноста ја распределуваат на 3 подфактори. На таков начин се добива петоаголникот на QS.

QS Петоаголник

QS Петоаголник

Ова значи дека релевантноста најмногу се цени врз основа на:

  • Клучните зборови кои се користат.
  • Името на група на реклами.
  • Содржината на рекламите во таа група на реклами.

Ранг на реклама

Секоја реклама добива свој ранг врз основа на кој се определува местоположбата на појавување на таа реклама (дали ќе биде прва, втора…).

Овој ранг зависи од два фактори:

  • Quality Score
  • Максимален CPC кој сте спремни да го платите.

Формулата за пресметка на рангот на секоја од рекламите е следнава:

Ad Rank = Max Bid x Quality Score

Да земеме еден пример со 4 адвертајзери кои имаат различен CPC и различен QS:

Ad Rank

Ad Rank

Забележувате дека најголем ранг на рекламата има адвертајзерот кој е спремен најмалку да плати само заради висок QS на неговите реклами. Врз бза на овој ранг се определува позицијата на рекламата:

Позиција на рекламата

Позиција на рекламата

Колку ќе платите за реклама?

Како што веќе напоменав цената која ќе ја платите ќе зависи од QS и од останатите кои учествуваат во наддавање за тој збор. Ова значи дека иако Вие сте спремни да платите одредена сума за одреден збор сепак не значи дека толку ќе платите. Формулата која се користи за пресметка на тоа колку ќе ве чини еден клик е следнава:

CPC = (Ранг на рекламата на следната реклама со понизок ранг / сопствен QS) + $0,01

Да ја пополниме табелата од нашиот пример:

Вистински CPC

Вистински CPC

Забележувате дека позиција 1 ќе ја има 4-тиот адвертајзер и за истата ќе плати $1,57 за еден клик, додека вториот ќе плати $1,72 за еден клик. Иако и двајцата имаат ист Max. CPC сепак првиот ќе плати помалку и тоа е наградата заради висок QS.

Ова би било крај од овој официјален серијал, иако имам уште што да кажам што ќе продолжам со некој од наредните постови.