Како 13-то правило во 50 Правила за бизнис продуктивност го ставив правилото дека повеќе работни часови не значи повеќе завршена работа. Дали е ова правило точно и зошто доколку е точно.
Имам видено различни лица, кои работат на исто работно место (за иста плата) со различни резултати и различно потребно време да се комплетира истата работа. Но, зошто е тоа така.
Пред едно два месеци стоејќи пред една наша институција на место каде се пуши, случајно слушнав разговор помеѓу двајца вработени таму. Првиот, разочаран што мора да пие кафе надвор за да запали цигара малку „политички“ наведе дека на менаџментот се ќе му се врати ова „малтретирање“. Тоа беше постар вработен кој можеби повеќе од 20 години работи во таа институција. Помладиот, не сакаше да биде нападнат сегашниот менаџмент возврати со прашање дали тој едноставно прети нешто. Додека постариот вработен си влезе помладиот продолжи да зборува дека тие секој ден си одат во 16:30, додека тој останува до 20:00 на работа. Тука веќе морав да се вклучам во тој монолог едноставно со прашањето: Дали доколку седиш до 20:00 значи дека си ефективен и ефикасен? Всушност сакав да прашам дали ги прави правите работи и доколку ги прави дали ги прави на прав начин. Тој ми одговори, да ние решаваме проблеми, секојдневни работни активности, бла, бла, бла… А, дали си продуктивен следуваше мое прашање. Повторно одговорот му беше да. Иако не знае дека продуктивноста е завршена работа во единица време. Би бил продуктивен доколку успее сите денешни работни задачи да ги заврши до 16:30 како што му е регулирано во систематизацијата на работно место.
Не сакам да навлегувам во политичката омраза помеѓу вработени во ваквите организациски системи, тоа е голем проблем, но тука постојат неколку елементи кои ме наведуваат да заклучам дека нешто во овој организациски систем не е како што треба, од аспект на еден индустриски инженер:
- Доколку му плаќаат прекувремена работа тој на секои два дена би земал уште една дневница зголемена за законските 35%. Доколку работното место е дизајнирано онака како што треба тој организациски систем ќе има зголемен трошок од скоро 100 часа месечно (со пресметано зголемување од 35%).
- Доколку работното место не е дизајнирано како што треба, менаџментот има огромни проблеми во обезбедување на ефикасноста и ефективноста на вработените. Освен тоа продуктивноста ќе се намалува поради факторот на замор, а квалитетот на завршена работа ќе биде на ниско ниво.
- Постои можност доколку некој останува повеќе на работа да едноставно нема капацитет за тие работни задачи. Или пак има капацитет, но бидејќи менаџментот нема други квалитетни вработени го затрупува оној кој може да заврши работа. Па зошто тогаш се плаќаат другите? Повторно, тоа е проблем на менџментот, не на вработените.
Ова е само еден мал процент од лошата реалност во нашите организациски системи – бирократски.
Анализирајќи го еден ваков проблем, дојдов до следниве одговори кои се поврзани со продуктивноста. Тоа се 4 најважни фактори кои влијаат на бизнис продуктивноста:
1. Различен капацитет
Различни лица, различни тимови и различни организации имаат различен капацитет на извршување. Овој капацитет ќе доведе до тоа некои вработени да завршуваат побрзо и поквалитетно иста работа во однос на други. Не можеме да очекуваме секое лице да има ист капацитет за вршење на правите работи на прав начин.
2. Различна пасија
Луѓето ќе имаат пасија за нешто доколку се возбудени, имаат ентузијастички емоции и позитивен афинитет за нешто. Доколку една личност има голема пасија за работата која што ја работи, таа работа ќе биде завршувана побргу и со подобар квалитет. Пасијата е почеток на се околу една личност и неговата работна околина. Затоа, еден претприемач пред да одлучи за избор на лица за вработување, ќе мора да се обиде да препознае за што има пасија тоа лице.
3. Уживање
Доколку уживам во спроведување на работните активности, ќе ги извршувам тие активности најдобро што можам. Некои лица ќе уживаат во работата, но некои ќе работат без уживање, а само заради платата. Продуктивноста ќе се базира на нивото на уживање, и затоа лицата кои не уживаат во работата ќе им требаат повеќе работни часови за завршување на таа работа.
4. Инспирација
Различна инспирација има различно влијание врз извршувањето. Доколку не сум инспириран да го дадам најдоброто од себе, не можам да очекувам дека квалитетот на резултатите ќе биде на посакувано ниво. Некои луѓе ќе бидат инспирирани од парите, некои за идеалите, но она што е важно за претприемачите е дека тие ќе треба да ги препознаат различните извори на инспирација на своите вработени.





Пред 4 години целосно бев зависен од MS Office за било кој документ кој го работев на мојот компјутер. Денес веќе не е така. Се повеќе го користам
Едно време користевме тефтери, оние популарно наречени роковници каде ги забележувавме нашите активности или состаноци кои треба да ги спроведеме. Денес популарните роковници освен што се делат како маркетинг средство, и што служи како обична тетратка се повеќе се намалуваат во користење за нивната вистинска намена. Мобилните телефони, интернетот и веб календарите како овој
Доколку имате веб страна за бизнисот оваа алатка претставува стандард за следење на аналитиката за она што се случува на Вашата веб страна. Едноставно со оваа алатка можам да следам од каде доаѓаат посетители, да ја споредувам AdWords кампањата во однос на успешноста, да следам различни графици кои јас ќе ги поставам во однос на перформансите на веб страната…
Оваа алатка претставува еден вид на алатка за едноставна подготовка на веб презентација за Вашиот бизнис. Но, јас повеќе ја користам во вид на интранет решение заради квалитетна комуникација со сите со кои соработувам на одреден проект. Повеќе детали за користење на
Google Talk
Без
Беше бомбастично најавен и колку што гледам се повеќе и повеќе луѓе го користат. Оваа алатка е особено корисна за зголемување на комуникација и продуктивноста при работа на повеќе проекти со повеќе луѓе во исто време. Повеќе за начинот на кој може да се користи
Оваа
И како последна во овој напис ј издвојувам алатката Google Webmaster Tools која се однесува за сите оние бизниси кои имаат сопствена веб страна која не им ја одржуваат технички лица. Преку оваа алатка едноставно следите како функционира вашата веб страна, што треба да направите за да ги подобрите перформансите, кои грешки се откриени итн.




Кога станува збор за организираност го користам Google Wave како место каде што ги сместувам моите идеи (на пример идеи за написи на претприемач). Втората работа за организираноста е тоа што направив посебни Wave-ови како активности кои треба да ги спроведам. Ова не е целосно автоматизирано како на пример во Google Calendar но, она што го сакам е се да имам на едно место, односно да не корстам 5-10 различни алатки, а со тоа да си ја зголемам сопствената продуктивност.





