post

Кои мерки треба да ги следите?

Дали сте си го поставиле прашањето од насловот на овој пост? Доколку сте претприемач со висок потенцијал за успех сигурно веќе барем еднаш сте си го поставиле оваа прашања.

Понекогаш сметам дека главната улога на претприемачот е да постави вистински мерки кои ќе ги следи и врз основа на кои ќе донесува квалитетни одлуки кои пак ќе го туркаат бизнисот нанапред.

Во денешен деловен свет лесно можеме да наброиме не десетици, не стотици, не илјадници туку милиони различни мерки кои на овој или оној начин може да имаат влијание на вашиот бизнис. Некои од нив се директни мерки кои покажуваат износ од нешто на пример мерката профит покажува дали работите во добивка или загуба. Но, од оваа една мерка може да произлезат илјадници други мерки кои не се директни туку едноставно служат за подобро да го разберете работењето на вашиот бизнис. На пример, профит по број на вработени, или профит по број на купувачи, или пак профит по вложени средства… Сите овие мерки имаат за цел да ја видите пореално состојбата во која се наоѓа вашиот бизнис.

Продолжи…

post

Аутсурсинг како опција за малите бизниси

Како еден претприемач вие ќе мора да изведувате повеќе активности за вашиот бизнис. Исто така, доколку сакате вашиот бизнис да функционира секогаш на најдобар можен и најоптимале начин ќе мора тие активности да се спроведуваат секојдневно.

Дали вие и вашиот бизнис имате доволен потенцијал за се?

Знам дека сакате да контролирате се во вашите раце. Дека тоа е најсигурното нешто за вас. Но, многу поважно прашање е дали имате доволно потенцијал да држите се во вашите раце и така да овозможите вашиот бизнис да расне онака како што сакате?

Денес не е важно што можете да направите, туку како ќе го направите и вреди ли да го правите тоа за вас, вашата компанија, вашите вработени, вашите купувачи и вашите партнери.

Да бидеме искрени, не можете да контролирате се и сешто. Затоа е добра идејата да размислите за аутсурсинг како голем потенцијал кој може да ви помогне во вашите напори во раст на вашиот мал бизнис.

Продолжи…

post

7 чекори да ги промените вашите лоши навики

Сите имаме одредени видови не навики. Некои навики си ги носи е од детство, некои сме ги научиле во образовниот систем, некои сме ги наследиле од родителите, а некои ни се од нашето сопствено искуство.

Навиките во многу случаи се добри! Тие создаваат чувство на сигурност кога нешто работиме и честопати со нивна помош воопшто не треба да се змараме и да ги размислуваме кога ги користиме. Навиките обезбедуваат работите да ги изведуваме по автоматизам, и во многу случаи тие навики и тој автоматизам обезбедуваат да бидеме попродуктивни.

Но, проблемот не е во добрите навики, проблемот е што постојат и сигурно имаме и лоши навики. Лоши навики се оние навики кои не прават понепродуктивни, кои не обезбедуваат додадена вредност на онаа што го правиме и кои едноставно имаат потенцијал да ни наштетат.

Како да ги промените лошите навики во нови, подобри навики кои ќе ве направат попродуктивен и подобар претприемач?

Како одговор на оваа прашање ќе ги презентирам следниве чекори.

Продолжи…

post

[Видео] Обезбедете поголема слобода со 10 часа неделна заштеда

Заштедувајќи 10 часа и повеќе неделно од вашата работна недела ќе успеете да обезбедите поголема слобода за вас, но и да бидете пофокусирани на суштинските задачи за вашиот бизнис.

Оваа видео е дел од видео презентација која е нешто повеќе од два и пол часа на премиум претприемач.

Претходните постови од оваа тема се:

 

post

[Презентација] Заштедете 10 часа и повеќе од една работна недела

Минатата недела објавивме наслов за тоа како да заштедите 10 часа и повеќе од една работна недела. Во тој наслов се опишане 6 подрачја во кои преку подобрувања можете драстично да го зголемите вашето време, најмалку 10 часа во текот на една работна недела.

Еве ја презентацијата на првите слајдови од скоро 100 во целата презентација како дел од премиум претприемач.

Следува и видео материјалот за оваа презентација, а пристап до целата презентација можете да обезбедите тука.

post

Како да заштедите 10 часа и повеќе од една работна недела?

Сигурно веќе сте свесни за тоа како вие се движите, но и како околината во која функционирате вие и вашиот бизнис се менува и се движи околу вас. Животот станува се побрз околу вас, особено ако сте претприемач. Времето едноставно ви станува претесно, имате премногу задачи кои треба да ги спроведете и тоа секојдневно.

Иако секојдневно користиме технологија за да ни помогне во завршувањето на секојдневните обврски, сепак тој развој на таа технологија со брзина која тешко може да се следи и со можностите за изведување на нашата работа кои ни ги овозможува предизвикува појава на една хаотична околина во која треба да се навикнеме да функционираме.

Што мислите да имате 10 часа неделно повеќе за онаа што ви е важно? Што мислите да потрошите 5 часа повеќе на семејството, 2 часа повеќе на вашето здравје, 2 часа повеќе на личниот развој? Нели тоа би било супер?

Продолжи…

post

Процес на безхартиено работење – Мора ли хартиена форма

Продолжуваме со нашата главна тема за оваа година на претприемач – процес за безхартиено работење.

Во минатиот наслов од оваа тема зборував за едно клучно прашање кога станува збор за дојдовна хартија, а тоа е дали таа мора да биде процесирана или не.

Сега ќе одиме со следното нешто што се наоѓа на нашиот процес дијаграм, а тоа е првата одлука која ќе треба да ја донесеме кога седнуваме да креираме нешто без разлика дали станува збор за Word документ или пак email, а тоа е мора ли да креираме и хартиена верзија или мора ли да креираме хартиена форма на копија заради нашата архива.

Продолжи…

post

Процес на безхартиено работење – Мора ли процесирање

Да продолжиме со нашата главна тема за оваа година на претприемачпроцес за безхартиено работење.

Како што веќе знаете овој процес може да одигра важна улога во подобрување на вашата продуктивност, но и да обезбеди значителни заштеди за вашиот бизнис. Затоа и го одбравме да биде тема на годината.

Во минатиот наслов од оваа тема зборував за Inbox каде што го дефиниравме и ги објаснивме двата вида на Inbox – физички и дигитален.

Сега ќе одиме со следното нешто што се наоѓа на нашиот процес дијаграм, а тоа е првата одлука која ќе треба да ја донесеме кога започнуваме со процесирање на Inbox-от каде се наоѓа сета хартија која сеуште не е процесирана, а тоа е дали мора да биде процесирана хартијата.

Процес на безхартиено работење - дали треба процесирање

Како што веќе знаете вие имате физички Inbox каде секоја дојдовна и непроцесирана хартија ја ставате без никакво размислување, но и дигитален Inbox каде се онаа дигитално што има потенцијал да се пренесе на хартија, а сеуште не е процесирано го чувате се додека не започнете со процесирање.

Кога седнувате и започнувате со процесирањето првата одлука која треба да ја донесете е дали определената хартија која ќе ја земете во рацете треба да биде процесирана за понатаму.

Нема потреба од процесирање

Доколку одговорот е не, едноставно таа завршува во канта за отпадоци и веќе не ве мачи на никаков начин во вид на префрлување од едно до друго место или да се чудите што да правите со неа.

Веројатно имате искуство со ваков вид на хартија. Сега би навлегол во неколку идеи за хартија која ќе биде предмет на ваквата постапка.

На пример, сигурно добивате телефонска сметка во која се наоѓа и еден лист кој претставува некаков вид на реклама. Едноставно ја скенирате со очите, барате дали нешто има интересно за вас и доколку не бара ништо повеќе завршува во канта со отпадоци. Исто така добивате ваква хартија и од банки кои ви праќаат месечно известување за кредитни картички. На сличен начин ќе завршат и рекламните хартии кои ги добивате по пошта или ви ги ставаат во поштенското сандаче од разни компании или пак политички партии кои во моментов се доста активни.

Вториот вид на хартија која може да биде предмет на непроцесирање и завршување во канта со отпадоци е хартијата која веќе ја поседувате, сте имале потреба од неа во минатото, но веќе сметате дека немате потреба од истата, ниту пак ќе имате во иднината. На пример, на определен временски период, обично една година ја разгледувам старата хартија и носам одлука дали треба да биде процесирана, со тоа што ќе биде дигитализирана и сместена на соодветно место во Evernote, или едноставно треба да заврши во канта со отпадоци. Така, оваа година успеав да се ослободам од еден метар кубен хартија која постојано ја преместував од едно место до друго, и која ја собирам повеќе од десет години и ја чував бидејќи сметав дека ќе ми затреба.

Има потреба од процесирање

Втората одлука за секој лист хартија од Inbox-от e дека има потреба од процесирање. Оваа одлука значи дека хартијата уште ќе ви биде потребна, треба да преземете некои чекори во однос на неа и ќе треба да ја складирате на соодветен начин.

Како пример на ваквата хартија е хартиена верзија на известување од банка за кредитни картички, разни сметки кои ги плаќате а сеуште стигнуваат по пошта и во хартиена верзија, известувања и решенија за плаќање од владините институции…

Значи за ваков вид на хартија ќе мора да преземете некој чекор и тоа може да биде во следниов редослед:

  • Дигитализација
  • Дигитално складирање
  • Поставување на задача во вашата “да направам” листа
  • Физичко складирање
  • Изведување на задачата
  • Складирање или фрлање на хартиена верзија
  • Преместување во соодветен дигитален фолдер.

На ваков начин нема да заборавите дека треба нешто да направите, но и се ќе биде на свое место.

Во следните наслови од оваа тема ќе го разработуваме процесот кој е на скицата подетално.

post

[Инфографик] Топ 10 “вшмукувачи” на вашето време

Постојано работам на подобрување на мојата продуктивност без разлика каде работам и во кој вид на контекст е базирана мојата работа, односно работните задачи. Во последните неколку месеци успеав да ја зголемам мојата продуктивност особено во намалување на времето кое го трошам, а кое не додава голема вредност за онаа што го работам.

Мојата продуктивност од претходната недела е прикажана на следнава слика каде можете да забележите дека мојата продуктивност е повисока од 84% луѓе.

Продолжи…

post

Подобрување на вашата да направам листа

Одлична презентација во оваа видео во која зборува David Allen, а објавена од срана на Epipheo за подобрување на вашата да направам листа и ослободување на вашиот мозок за да се фокусирате на најважното за вас.