Новите времиња носат нови начини, процеси и системи за спроведување на работата. Развојот на технологијата, како и се поголемата улога на истата во сите аспекти на работењето на бизнисот без разлика од нивната големина или фаза во која се наоѓаат носат нови предизвици за секој претприемач.
Се почесто се поставува прашањето дали на малите бизниси им е потребна организациска структура – оној убав дијаграм со означени позиции кој што е и на кого одговара или кого слуша.
Кога подготвувате бизнис план имате посебен наслов менаџмент во кој е опфатен и дизајн на организациската структура (наречена уште и како органограм). Прашањето е дали е потребно такво нешто?








