post

Претприемачкиот успех може да доведе до претприемачка ноќна мора

Претприемачка ноќна мора

Претприемачка ноќна мора

Има ли претприемач кој не сака успех? Не верувам. Толку многу креативност, напор и вложен труд за да се доведе бизнисот до пиедесталот кој може да се нарече успешност. Но, за несреќа проблемите допрва може да започнат за еден претприемач.

Секој претприемач посакува и се бори за да постигне успех во работата која ја отпочнал. Но, секој успех не носи нужно и комплетно задоволство. Во секој случај се е од корен изменето и претприемачот се сретнува со драматично изменета состојба, како на работното место така и во својот приватен живот. Ништо не е како што било порано.

Започнувањето и раната фаза од бизнисот се највозбудливи, при што е потребна идеја, креативност и визија. Предизвикот е голем, дури и ако се купи веќе разработен бизнис. Кога работата ќе тргне, предизвикот се губи, бидејќи многу работи се стандардизираат, се воведуваат системи на кои бизнисот мора да се потпира за да продолжи да функционира. Некои претприемачи обидувајќи се да си го задржат предизвикот во работата започнуваат нов бизнис за да се оствари нов предизвик, а старата фирма или ја продаваат или поставуваат менаџер, кој понатаму ќе раководи со работењето на претпријатието. Кога фирмата е мала, постои семејна атмосфера. Претприемачот ги знае вработените, работи директно со нив, одблиску ги менаџира и директно е вклучен во работата. Излегува на забави со нив. Постои една врска која во тој дел од животот претставува нераскинлива спрега.

Кога компанијата расте, атмосферата се менува, се внесуваат менаџерски нивоа, почнува да се оформува пирамидално-хиерархиска структура, на што еден претприемач некогаш гледа со незадоволство.

Кога бизнисот расте, се менуваат вештините кои му се потребни на претприемачот.

Во првите години главно се потребни технички вештини, но и познавањето на финансиите. Кога фирмата расте, потребни се следните знаења: менаџерски, мотивирачки, (рако)водни.

Кога фирмата ќе порасне, претприемачот “ја губи подлогата под нозете” и чувствува дека бизнисот веќе не зависи од него и само од него, како и дека бизнисот го водат менаџерите.

Доколку сака да има бизнис до одредено ниво, за да се посвети и на други обврски (деца, семејство, пријатели, спорт, одржување на здравје), а бизнисот несразмерно порасне, тоа доведува до конфликт со претходно зацртаните лични цели, бидејќи се јавува растргнатост помеѓу двете обврски, што предизвикува незадоволство кај претприемачот.

Сепак, успехот не е препорачливо да се отфрли и занемари. Потребно е незадоволствата да се канализираат, како и да се побараат решенија за да се намалат незадоволствата (доколку е потребно да се консултира со експерти, искусни менаџери и други стручни лица, зависно од тоа што за претприемачот претставува проблем и што му предизвикува вознемиреност и незадоволство).

Нека се постигне успехот, а ваквите незадоволства може да се средат, но добро е да се знаат.

post

Среќна нова 2012 година

Почитувани читатели на претприемач, тимот на претприемач ви ја честита новата 2012 година и ви посаку многу успех во работата и животот. Нека новата година ви донесе многу здравје, среќа, успех и секако љубов.

post

Бизнис план – Најдоброто од 2011 година

Претприемач новогодишно 2012

Претприемач новогодишно 2012

Категоријата бизнис план на претприемач има околу 75 наслови од кои 27 се од оваа година која ја испраќаме. Секоја година вршиме ажурирање на процесот на бизнис планирање во однос на самите наслови и нормално со нови наслови кои согласно искуството сметаме дека треба да бидат дел од тој процес. Но, идната година ќе биде година во која многу повеќе ќе навлеземе во темите на бизнис планот.

Да ги издвоиме најдобрите постови од категорија бизнис план на претприемач за 2011 година.

  1. Бизнис план – следење на имплементација. Безполезен ви е бизнис планот доколку не ја следите имплементацијата на истиот и нормално да го ажурирате.
  2. Бизнис план грешки кои не знаете дека ги правите. Многу често правиме грешки. Оние кои си ги знаеме се ОК. Но, опасни грешки се оние грешки за кои воопшто не сме свесни дека ги правиме.
  3. Дефинирање и редефинирање на бизнис моделот. Како ќе изгледа, односно што ќе содржи, или поточно кои ќе бидат вашите идни чекори ќе се базираат на бизнис моделот. Добро е да го има во бизнис планот.
  4. Ризик и менаџирање со ризикот. Не е лошо во процесот на бизнис планирање да размислите и да ги дефинирате можните ризици и како ќе се справувате со нив.
  5. План за социјални медиуми. Овој пост е уште едниот елемент додаден во процесот на бизнис планирање или како посебен наслов кој би требало да се опфати во еден бизнис план, доколку веќе се прави.
  6. Предвидување на продажба. Добро предвидување на продажбата ја олеснува работата за во иднина. Колку пари ќе имаш како прилив ќе влијае на тоа дали ќе можеш и што можеш да преземеш.
  7. Секогаш имајте SMART цели. Секој бизнис план се базира на цели. Она што ќе се стави како цел ќе влијае на сите останати чекори и активности кои ќе ги преземете во вашиот бизнис. Целите мора да бидат SMART  celi.
  8. Добар бизнис план – 10 елементи. Кои се основните 10 елементи на еден добар бизнис план?
  9. 30 работи кои можете да ги направите во однос на вашиот бизнис план. Се она што можете да го направите уште денес во однос на вашиот бизнис план за да го подобрите и да обезбедите поквалитетна имплементација на истиот.
  10. Постави ги твоите бизнис цели одговарајќи на следниве прашања. Се што ти или твојот бизнис го превземате или секоја акција која ја превземаш е за да постигнеш нешто. Тоа нешто се твоите бизнис цели.
  11. Твоите бизнис вредности ќе ти кажат што треба да направиш. Кога возиш автомобил низ пат кој е полн со кривини има поставено патобрани кои служат доколку изгубиш контрола да те вратат на самиот пат или барем да ја ублажат катастрофата. Така и твојот бизнис патува низ пат кој е во цик-цак форма и му се потребни патобрани, а тоа се вредностите кои ги имаш поставено.
  12. Бизнис план – нови погледи. Ова е видео во кое се презентирани неколку цитати  во однос на бизнис планот.
  13. Прирачник за бизнис планирање, темплејт и алатки за бизнис план. Како до еден прирачник за бизнис планирање придружен со темплејт за изработка на бизнис план и MS Excel алатки за подготовка на истиот.
post

Бизнис идеи – Најдоброто од 2011 година

Претприемач новогодишно 2012

Претприемач новогодишно 2012

Категоријата бизнис идеи има околу 70 наслови од кои 28 беа од 2011 година и кои се однесуваат на совети и препораки во однос на стекнување и анализирање на разни бизнис идеи за започнување на бизнис. Овој пост е дел од серијалот најдоброто на претприемач за 2011 година.

Кога станува збор за претприемништво и бизнисите како и нивно започнување неможе да продолжиме да зборуваме без бизнис идеи. Тоа е почетокот на секој бизнис, без разлика за што станува збор. Претприемач без бизнис идеи нема да постои, бизнис без претприемач и без идеи исто така не може да постои.

Тука ќе ги издвоиме најдобрите постови од оваа категорија според најголемата читаност од страна на читателите на претприемач.

  1. Бизнис идеја и нулта хипотеза. Бизнис идеите мора да бидат тестирани пред да се донесе одлука за започнување на бизнисот. Една можна случка е бизнисот дека нема да успее. Зошто да не започнеме со тестирање и анализирање на нашата бизнис идеја токму од оваа хипотеза?
  2. [Видео] Бизнис идеја и нулта хипотеза. Она што е презентирано во постот преку практичен пример е објаснето во едно видео.
  3. 4 нотеси кои секој претприемач мора да ги има крај себе. Сигурно сте се нашле во ситуација во која чувствувате дека едноставно вашиот мозок ќе експлодира од нови идеи. Некои можеби во моментов сосема безвредни, но со одреден потенцијал кој ветува за иднина. И, не само идеи, вашиот мозок работи со огромни капацитети, кои доколку се заборават се безвредни.
  4. 11 совети да се биде креативен при работа. Креативноста претставува основа за добри бизнис идеи. Доколку се обезбеди, недостаток на идеи нема да биде случај за тебе и за твојот бизнис.
  5. Вклучување на конкурентската предност уште во фаза на бизнис идеја. Многу добар приод во текот на обработка на твоите идеи е веднаш да размислуваш за конкурентска предност.
  6. Бизнис идеите се само почеток. Да, добра бизнис идеа не значи и добар бизнис по автоматизам.
  7. Веројатно си одличен за нешто. Кога станува збор за започнување на бизнис, мора да бидеш одличен во нешто што ќе биде основниот концепт на твојот бизнис.
  8. 10 вештини кои на секој претприемач му се потребни веднаш. Бизнисот во голем дел ќе се базира на вештините на претприемачот.
  9. Иновативни можности на еден претприемач. Ова е еден серијал од повеќе постови за различни иновативни можности, за кој вреди да се потроши време заради проучување.
  10. Развој на идеи за започнување на бизнис. Во постот се презентирани некои научни методи за развоја на идеи за започнување на бизнис.
  11. Анализа на бизнис идеи. На што треба да се внимава особено при анализа на бизнис идеите?
post

Претприемач – Најдоброто од 2011 година

Претприемач новогодишно 2012

Претприемач новогодишно 2012

Категоријата претприемач веќе содржи скоро 300 постови кои се однесуваат на различни совети, препораки и анализи за претприемачите. Овој пост е дел од серијалот најдоброто на претприемач за 2011 година.

Централна фигура од кого зависи скоро се во еден бизнис и особено мал бизнис претставува еден претприемач.  Почеток, крајот, успехот, неуспехот, акции, молчење, вработување, отпуштање, финансирање, планирање, контролирање… Сето ова се само мал дел од активности кои еден претприемач ги презема.

Да ги издвоиме најдобрите постови од оваа категорија според најголемата читаност од страна на читателите на претприемач.

  1. Како да успеете со се што ќе започнете. Успехот наједноставно кажано претставува остварување на целите поставени пред некоја акција која ја превземате. Постои ли некој кој не сака да биде успешен? Во постот се презентирани 6 чекори кои ќе ти помогнат за постигнување на успех.
  2. Одговорност на еден претприемач. Време е одговорноста да се префрли на вистинската страна. Многу е лесно да се бараат изговори, но без одговорност за преземени акции, чекори и постигнати резултати, не може ни да постои еден претприемач.
  3. 4 Алатки за стратешка анализа. Постојат огромен број на алатки за стратешки анализи кои што можеш да ги користиш. Тука се презентирани 4 алатки со чија помош ќе можете да донесувате поквалитетни стратешки одлуки.
  4. Дали Toyota ќе се врати од катастрофа. Овој пост едноставно претставува едно видување и анализа како на случувањата околу една од најиновативните компании во автомобилската индустрија.
  5. Развој на вашата стратегија во 4 чекори. Како да ја зравиете стратегијата за твојот бизнис која едноставно ќе ве води низ патот преполн со неизвесност? Во овој пост е презентиран еден процес во 4 чекори со кој ќе можете да ја развиете стратегијата која што ви е потребна.
  6. 10 совети да бидеш успешен претприемач. Да се биде претприемач не е лесно. Многу предизвици, многу различни патишта, многу различни можности, многу закани, многу проблеми… Во овој пост ќе ги систематизиравме најважните совети кои треба да бидат следени од еден претприемач
  7. Што е она што го продаваш на твоите купувачи? Што ти или твојот бизнис им продава на купувачите? Твојот одговор како и одговорот на повеќето претприемачи би бил дека тоа се твоите производи и/или услуги. Но, сепак одговорот може и да не е точен.
  8. Претприемништво – Дали си вистинската личност за ова? Постојат различни сили – покренувачи за да се стане претприемач. Сепак,  дали тоа се вистинските сили, кои ќе ти донесат долгорочна успешност на твојот нов, или иден бизнис?
  9. Колкав ризик можеш да толерираш – дел 1. Претприемништвото е во блиска релација со ризикот и превземање на ризик од страна на претприемачот. Не можеш да станеш претприемач без да превземеш одреден вид на ризик. Но, прашањето е колкав ризик можеш да толерираш?
  10. Колкав ризик можеш да толерираш – дел 2. Во првиот дел, опфативме некои можни ризици кои постојат за тебе како потенцијален претприемач. На крајот, дојдовме до некои конкретни бројки за тебе како потенцијален претприемач за можните заработки за следните 10 години. Но, да се провериме повторно.
  11. Ти си претприемач, дали се разбираш доволно себеси? Голем дел од твојот бизнис успех ќе биде базира на тебе како еден претприемач и на твоето разбирање на себеси. Но, дали доволно се разбираш себеси? Кои се твоите вистински потреби?
  12. Што е она што го убива твојот бизнис? Знаеш ли што е она што те спречува, сопира, запира…? Што е она што го убива твојот бизнис?
  13. Како да станеш претприемач? Навистина едно од најпоставуваните прашања. Овој пост претставува колекција од 87 чекори, совети, препораки или активности кои ќе те направат претприемач.
  14. Надминување на одложување преку елиминирање на причините. Дали си одложувач? Дали понекогаш за твоите важни задачи или активности велиш има време утре ќе ги завршам? Што мислиш за ова? Биди реален во твоите одговори на прашањата. Како човечки суштества сите ние имаме одредени видови на одложувачи елементи во себе. Потребно е да ги откриеме и елиминираме причините.
  15. Постигни повеќе со подобар квалитет и помал напор. Иако се чини како невозможно, сепак во постот е дадена една корисна листа на совети кои можат да го направат ова да биде возможно.
  16. 10 правила за успех на претприемачи. Различни претприемачи имаат различна дефиниција за нивниот успех. Затоа и не може да се земе еден јасен патоказ кој ќе ти го покаже патот кон успехот. Но, можеме да ги исцртаме основните правила кои доколку ги следиш на твојот сопствен пат, ќе го најдеш успехот.
  17. Дали знаеш зошто го правиш она што го правиш? Мислам дека нема потреба од дополнителен коментар.
  18. Како твоите соништа да станат реалност? Секој бизнис е резултат на сон на претприемачот. Како тој сон да се трансформира во успешен бизнис или успех за еден претприемач?
  19. Што е карактеристично за секој претприемач и секој мал бизнис? Постои само еден и единствен одговор кој ќе одговори на оваа прашање и ќе биде применлив за сите претприемачи и за сите бизниси.
  20. Што претставува успех за тебе? Како можеш да очекуваш да го постигнеш успехот доколку не знаеш прецизно што тој претставува за тебе.
  21. Постигнување на совршенство во се. Може ли да се постигне тоа совршенство кое го сакаме. Прочитај за концептот на “несовршено совршенство”.
  22. Верувај во себе, да ти можеш. Без да веруваш во себе не можеш да очекуваш дека другите ќе ти веруваат.
  23. Претприемнички циклус на ветувања. Ветуваш дека твојот бизнис ќе ги реши проблемите и задоволи потребите на потенцијалните потрошувачи, и доколку тие ти веруваат, ќе купат од тебе. Но, доколку го испорачаш ветеното, автоматски ти стануваш личност од доверба и со поголем кредибилитет.
  24. Визијата на Steve Jobs за светот. Видео во кое еден од најголемите менаџери во изминатиот период зборува за визијата и погледите кон светот.
post

Најдоброто на претприемач во 2011 година

Претприемач новогодишно 2012

Претприемач новогодишно 2012

Полека но сигурно ја испраќаме и оваа 2011 година. За некој ден завршува годината која ќе ја паметиме по добри работи, а ќе се обидеме да ја заборавиме по сите лоши работи. Како и секоја година на претприемач во изминативе три години, така и оваа ќе ја завршиме со серијал на постови за најдоброто на претприемач и воедно да ги презентираме некои досегашни постигнувања и секако планови за развој за 2012 година.

Првин за бројот на објавени наслови, кој иако не ја исполни зацртаната цел да се стигне до бројка од 1000 оваа година сепак е блиску (ќе завршиме со некаде околу 930 објави) и за тригодишно постоење и обработка на оваа тематика навистина претставува солидна бројка. Оваа година има вкупно 370 постови на претприемач од различни теми кои ја опфаќаат оваа проблематика. Некои се информативни, но поголемиот дел,  односно над 90% се од делот на извор на знаење за претприемачи – целта за која е и направен овој сајт.

Оваа година се случи и камбек на Илија Чубровиќ кој даде свој придонес во повеќе наслови врз основа на неговите анализи, проучувања и практицирање на претприемништвото во последите 20 години во Република Македонија. За сите гостински постови им се заблагодарувам на сите кои дадоа придонес во збогатување на оваа содржина.

Иднината! Што ќе се случува во 2012 на претприемач. Прво продолжуваме со уште посилно темпо на нови содржини преполни со знаење за претприемништвото. Она што ќе биде карактеристично и што можеше да се забележи во последниов месец е користење на повеќе видео материјали. Да, целта е да ја зголемиме сопствената продукција на видео материјали на претприемач.

Кога станува збор за билтените на претприемач и регистрираните може да очекуваат неколку изданија на книги од следниве теми (точните наслови не се определине бидејќи ова ќе бидат спакувани од 2 магистерски работи и една книга):

  • Блогирање за бизнис во 30 дена
  • Претприемништво
  • SWOT анализа
  • Организациски промени

Во следните неколку денови ќе имате можност да видите серија на постови, избор на најдоброто на претприемач, кои ќе влезат во делот Започни тука. Постовите ќе бидат групирани по теми и тоа:

Како што ќе ги објавувам постовите, така и ќе ги ажурирам линковите во оваа листа од овој серијал.

post

Последна работна недела за оваа година

Претприемач новогодишно 2012

Претприемач новогодишно 2012

Денеска започнува последната работна недела од оваа 2011 година, која доследно ќе си ја испратиме. За некого успешна, за некого просечна, а за некого можеби и катастрофална година.

Во последниов месец слушаме различни претпоставки за тоа каква ќе биде 2012 година. Ќе биде ли подобра од претходната? Секоја година исто. Не би сакал да навлегувам во разни шпекулации или претпоставки и предвидувања кои ги правевме кога започнавме со овој сајт, затоа што дел од нив сеуште држат вода, со таа разлика што тогаш зборувавме за една светска криза а сега влегуваме во друга што секако влијанието нема да не помине и нас.

Во секој случај не може а да не забележиме дека некои работи се придвижија доста нанапред кога станува збор за претприемништвото. Ако споредам во однос на крајот на 2008-та година кога и започнавме со претприемач, кога се беше тихо и немо на оваа тема, кога не можеше да се најде материјал на македонски јазик, кога немаше некои предизвици и поттикнувања на претприемништвото сепак може да се каже дека е постигнат огромен напредок. Се надеваме дека и 2012 ќе продолжи со такво темпо.

Но, да не должиме многу бидејќи и така оваа недела ќе биде новогодишна недела и кај нас при што како и секоја година традиционално ќе ги објавиме најдобри, односно најзначајните или најчитаните наслови на претприемач кои едноставно ќе го надополнат страната насловена како Започни тука и ќе опфатиме некои идеи за она што планираме да го правиме во 2012 година.

Последна недела од една година. Недела кога започнува опуштањето. Недела кога живата музика по рестораните и кафаните е од утро до утро. Но, и недела која можеби претставува клучна за еден претприемач. Кај сме, што сме, како сме, како понатаму… Сето тоа се прашања кои сепак крајот на оваа недела ќе ни ги даде.

Не дека во текот на годината не се споредувале мерките, исполнувањето на целите или реализација на планираното. Туку сепак за некого во петок, а за некого во сабота ќе се затворат бројките за оваа година.

#1 Цели

Сигурно досега си размислувал за целите, но сепак не е лошо оваа недела уште еднаш да ги поминеш. Сепак од идната недела ќе започнеш со работа на нивна реализација. Ајде, да дадеме уште некои совети за крајот на оваа година во поглед на целите:

  • Доколку имаш повеќе цели провери ги и приоритизирај. Обиди се и да ги групираш во една главна или поприоритетна цел, така да дојдеш до 3 главни цели. Запомни, не повеќе туку 3 главни цели. Премногу цели те дефокусираат и постои опасност од слабо остварување на истите.
  • Провери ги уште еднаш во однос на објективноста. Дали твоите цели се нешто што може да стане реалност? Понекогаш е подобро да поставиш ниски, но остварливи наместо превисоки неостварливи цели.
  • Не заборавај да бидат SMART цели.

#2 Анализа на досегашните резултати

Овогодишните резултати се добра појдовна основа за самоподобрување на еден бизнис. Не е лошо да споредиш во една табела се она што е реализирано, а што не е реализирано. Зошто не е реализирано? Како да се подобриш да може реализацијата да биде на повисоко ниво.

#3 Подобрување

Ова е последното нешто што би опфатиле за оваа недела, сепак треба да се слави и да се остават некои работи за во јануари. Но, сакам да напоменам дека не само подобрување на твојот бизнис или самиот себеси. Цела година се насочуваме на тие прашања. Како да ја подобриш сопствената околина? Како можеш да го подобриш животот на другите околу тебе?

Секој барем мал придонес да даде во подобрување на животите на луѓето околу нас, ние ќе бидеме една од најцврстите и најсилните нации.

Па, толку за овој пост…

post

Најсилни претприемнички оружја

Денес, се чини дека секој има некои тајни оружја за сопствениот успех. Претприемачите исто така имаат сопствени тајни оружја кои ќе им помогнат на патот кон успешноста.

И мојот син има тајни оружја, но во форма на играчки кои понекогаш ги наоѓам и во кревет додека спие (слика).

Оружје

Имаш ли ти како еден претприемач твои тајни оружја за твојот успех?

Што мислиш за тоа, кои се најважните претприемнички оружја?

Само како идеја ќе се обидам да бртеинстормирам некои тука кои секако не се конечни и не се единствени.

  • Креативност. Ти како еден претприемач секогаш ќе имаш потреба од креативност во твојот бизнис доколку сакаш да бидеш најдобриот на пазарот. Ти требаат креативни идеи заради подобрување, нови пазари, раст на бизнисот…
  • Нешто што ќе ја победи неизвесноста. Можно ли е да се победи неизвесноста во еден претприемнички живот? Најверојатно не, но може да користиш различни оружја за да пробаш да ја контролираш таа неизвесност колку што можеш повеќе. Ти требаат податоци кои треба да бидат анализирани и кои ќе ти покажат некои трендови и идни можности. Твоите аналитички вештини се едни од најсилните претприемнички орудија за тебе.
  • Силна заедница. Ти си добро вооружен претприемач доколку имаш силна заедница околу тебе која го поддржува твојот бизнис, твоите идеи, твоите планови…
  • Посветеност. Едно од посилните оружја за тебе акко еден претприемач е ѕвојата посветеност на бизнисот кој го имаш. Доколку имаш пасија, ќе имаш и посветеност која ќе те води кон успехот.
  • Силен бизнис тим. Не можеш да успееш сам. Генерал без силна армија не е успешен генерал. Истото е и со претприемачот. Претприемач без силен тим не може да биде успешен претприемач.
  • Влијание. Мора да бидеш влијателна личност. Сакаш да ги продаваш твоите идеи, твојата пасија, твоето знаење… Доколку сакаш да бидеш следен и доверлива личност како еден претприемач твојот став и твојот дух мора да бидат влијателни во очите на други луѓе.
  • Акција. Спремноста да преземеш акција кон успехот е едно од најголемите оружја во твоите раце. Доколку не си преземач на акции, ти си сонувач. Но, сонувачи не се претприемачи. Претприемачи се личности кои го конвертираат сонот во реалноста.

Ова е само дел од севкупниот арсенал на оружја на еден претприемач. Но, сметам дека овие се најважните кои ќе ти помогнат да ја добиеш битката и битките кои што следуваат за да на крајот ја добиеш и војната.

Кои се твоите најсилни претприемнички оружја?

post

Што ти треба за да преживее твојот бизнис?

Бизнис 101: Планирање Денешното време во кое оперира еден мал бизнис не е некое време кое ќе обезбеди мирна иднина каде растот на бизнисот ќе биде гарантиран.

Потрошувачите имаат можности да бираат повеќе од било кога досега. Промените на пазарот се се почести што не можат да се следат со голо око. Се околу твојата компанија врши притисок врз тебе за брзи промени доколку сакаш компанијата да преживее.

Мора да го слушаш пазарот, заедницата, потенцијалните потрошувачи и потрошувачи. Мора да го прилагодиш твојот бизнис во согласност со нивните потреби, желби и вистински проблеми за кои сакаат уникатно решение. Мора да го оптимизираш за да излезеш во пресрет на се повеќе различни потреби на потрошувачите.

Ти си “босот”. Ти си претприемач. Одговорноста е твоја.

#1 Елиминирај го зборот “Не” од твојот речник

Во денешниот свет на бизнисите, не постојат изговори за “не”. Доколку пазарот сака нешто, мора да го испорачаш тоа што го сака. Доколку потрошувачите имаат нови потреби, мора да излезеш во пресрет на нивните нови потреби.

Не смееш да кажеш не, одговорот е секогаш да за се околу тебе и твојот бизнис.

#2 Ти треба флексибилен тим

Ти треба многу флексибилен тим кој ќе сака да ја направи разликата во твојот бизнис. Не ти требаат стотици прашања како зошто нешто треба да биде преземено.

Премногу прашања значат преголема нефлексибилност. Тие мора да комуницираат со тековните и потенцијалните потрошувачи. Мора да користат нова технологија. Мора да бидат флексибилни. Одговорноста е сечија.

#3 Промените се дел од секојдневниот живот во твојот бизнис

 

Имаш ли еден, само еден ден без промени во твојата компанија? Доколку одговориш со да, тогаш си во голема неволја.

Секое утро кога ќе дојдеш во твојата канцеларија запрашај се со следниве прашања:

  • Што можам да подобрам денес?
  • Што мора да променам денес?
  • Како ќе променам нешто денес?

#4 Имплементирај и користи сугестивни програми

Можните подобрувања се најдобри кога доаѓаат од секого во твојот бизнис. Ти не си најумниот во твојата компанија, иако си претприемач.

Најдобриот начин да го искористиш потенцијалот на сите твои вработени за да сугерираат можности за подобрувања е да имплементираш сугестивни системи.

#5 Решавај ги проблемите без одложување

Не добиваш ништо доколку одложуваш со решавање на проблемите во твојата компанија. Добиваш само одложено проблеми. Тие се тука, во твојот бизнис и мора да преземеш акција за да ги решиш.

Денешната работна околина не може да чека на твоите одложувања. Тоа се твои проблеми, не проблеми на твоите потрошувачи или конкуренти. Се мора да се заврши вчера, не утре, дури не и денес.

#6 Отстранувај ги причините за проблемите перманентно

Може да го решиш проблемот, но твојот процес на решавање на проблеми не завршува се додека не ги отстраниш сите причини за определен проблем.

Доколку не ги откриеш вистинските причини и да ги отстраниш од идно повторно појавување, ти не си го решил определениот проблем. Проблемот ќе се појави повторно во иднина.

#7 Подобри ги вештините на твоите вработени

Ти и твојот бизнис сакате вешти вработени, бидејќи твоите потрошувачи бараат производи и услуги базирани на вештини на твојата компанија.

Не заборавај да ги подобруваш вештините на твоите вработени доколку сакаш да преживееш.

post

10 Чекори за да бидеш подобар претприемач

Подобар претприемач Значи, сакаш да станеш претприемач, но не било каков претприемач. Ти сакаш да бидеш подобар претприемач.

Како можеш да бидеш подобар претприемач? Што треба да направиш за тоа? Кои се чекорите кои треба да ги преземеш за да биднеш подобар претприемач?

Ова се доста комплицирани прашања, кои не можат да бидат одговорени со едноставен темплејт кој може да се следи. Различни бизниси и различни лица – претприемачи, бараат различни акциони чекори.

Но, како и секогаш, постојат некои заеднички често користени принципи или чекори кои имаат потенцијал да го разликуваат просечниот претприемач од подобар претприемач.

Во последните неколку години, работев со различни претприемачи од различни индустрии и различни бизниси од различни пазари. Сите тие се различни, и никој од нив ги нема преземено истите чекори за да постане успешен. Но, можам да направам разлика меѓу нив, или попрецизно да направам некоја разлика помеѓу успешни и просечни. Сите успешни претприемачи ги користеле следниве чекори и затоа и се разликуваат во поглед на успешноста од оние кои не ги користеле.

#1 Успешни претприемачи преземаат акција

Тие имаат идеи, сакаат да сонуваат за нивните идеи, но исто така преземаат акции (прва особина на успешен претприемач) за да нивните соништа станат реалност.

Без тие акции, тие не би биле онаму каде што се денес. Без тие акции нивните соништа не би станале реалност. Без тие акции, тие не би биле претприемачи.

#2 Повеќе акции

Тие секогаш преземаат повеќе акции бидејќи никогаш не се задоволни со тековната ситуација, иако презеле претходно акција и успеале со неа.

Секогаш постои нешто повеќе за нив, нешто што може да се подобри, нешто подобро…

#3 Заедница

Претприемачи без заедница не можат да бидат претприемачи. Успешни претприемачи имаат голема заедница на поддржувачи, истомисленици, привлекувачи на внимание, следачи… Тие знаат дека без нив, нивниот бизнис би бил во опасност. Тие знаат дека нивниот бизнис успех ќе се потпира на таа заедница.

Затоа и една од најважните задачи за нив е подобрување на квантитетот и квалитетот на заедницата.

#4 Учат од нивната заедница

Нивните поддржувачи, истомисленици, привлекувачи на внимание и следачи секогаш можат да им дадат идеи за можни подобрувања, можни потреби или пак можни проблеми кои бизнисот може да ги реши, а сеуште не се решени.

Овие претприемачи го имаат најголемиот потенцијал за зголемување на сопствената бизнис потенцијална енергија директно од нивната заедница зголемувајќи го нивното знаење за тоа што луѓето сакаат. На таков начин, ќе можат да им го дадат она што го сакаат. Тоа е добива-добива (win-win) ситуација.

#5 Не стравуваат од неуспех

Дури може да се каже и дека сакаат да не успеат, но да не успеат колку што може побргу. Доколку направиле грешка, подобро е да не успеат во раните фази на проектот кога неуспехот не е толку болен како што би бил подоцна.

#6 Учат од неуспех и грешки

Доколку немаат неуспеси, нема ниту да научат. Доколку не научат нема да знаат што да прават во иднина. Дали ова е едноставно?

#7 Она што го научиле, го применуваат во следните чекори

Секогаш се спремни да преземат акција и преземаат акција. Но, она што го знаат од формално и неформално образование го користат во секојдневната работа.

Наученото е стандард за во иднина.

#8 Секогаш се обидуваат да научат нешто ново

Читаат книги кои може да го подобрат нивниот претприемнички ивот. Зборуваат со разни лица и учат истовремено. Никогаш не запираат со пробување на различни начини да научат нешто ново што може да се користи во нивниот бизнис.

#9 Никогаш не забораваат да преземат акција

Секоја одлука мора да биде имплементирана. Секој проект мора да се започне и заврши до крај. Секогаш постои нешто што треба да се направи.

Добредојде во бизнис светот!

#10 И, да, неуспехот е дел од нивниот секојдневен живот

Доколку се менаџира на вистинскиот начин, тие може да не успеат 9 пати од 10 обиди. Но, последниот, десетиот успех, може да биде вреден за сите девет неуспеси.

Значи, треба да направиш нешто, да не успееш и да научиш од тој неуспех. Тоа е основната филозофија на станување на постојано подобар претприемач.

Може ли да споделиш твои размислувања за успешен претприемач? Што мислиш, постои ли уште нешто што ќе ја подобри листава?

Да, секогаш може нешто да се подобри, дури и листава.