post

Преглед на книгата Making Ideas Happen

Making Ideas Happen

Уште од самиот почеток на овој блог бизнис идеите се тема која доста ја разработуваме. Тие се основата и почетокот на секој бизнис, тие се денот Д во раѓањето на еден нов бизнис. Пред извесен период ја купив Kindle верзијата на Making Ideas Happen од Scott Belsky и моето првично искуство од овој нов начин на читање е на многу високо ниво за што повеќе пишував Технологија – промена на навики.

Она што во прв план можам да го кажам во однос на оваа книга е дека доста се разликува од досегашните кои сум ги прочитал за бизнис идеи. Додека повеќето книги се концентрираат на тоа како да се дојде до добра бизнис идеја Making Ideas Happen се концентрира како да добрите бизнис идеи постанат реалност (да се случат, да се трансформираат во еден успешен бизнис).

Бизнис идејата е еден од факторите кои во себе содржат бизнис потенцијална енергија (концепт кој јас го дефинирав и користам воподобрувањето на бизнисите). Но, постои опасност таа бизнис потенцијална енергија да не се претвори (трансформира) во кинетичка енергија (вистински бизнис, акција). Токму тој процес на трансформација на идејата во акција е опфатен во оваа книга.

Што опфаќа Making Ideas Happen?

Книгата започнува со следнава реченица:

Идеите не се случуваат затоа што тие се одлични идеи или заради случајност.

Значи не постои случајност или пак гаранција бидејќи идејата е одлична дека ќе успее. За да успее или да се случи идеата согласно Scott Belsky потребни е следниов збир:

Случување на идејата = Идеја + Организација + Заедница + Лидерски способности

Оваа книга опфаќа се совен доаѓање до идеите, односно самата идеја.

  1. Организација. Без соодветна организација која ќе даде соодветни акциски чекори и идни насоки за завршување на проектот (идејата) идејата може да биде заборавена и оставена некаде на страна без потенцијал да стане реалност.
  2. Заедница. Секоја идеја не смее да биде во изолација. Вашиот бизнис нема да биде само за Вас. Затоа овој концепт содржи и заедница до која треба да се распространи идејата. Освен распространувањето на идејата во оваа фаза потребно е и слушање како идејата би се подобрила.
  3. Лидерски способности. Се што е ново или креативно предизвикува отпор. Затоа ефективно лидерство во процесот на имплементација на бизнис идеи е неминовно за соодветен успех.

За кого е оваа книга?

Првенствено оваа книга е за сите претприемачи, сегашни или пак идни. Не верувам дека не постои човек кој нема барем една идеја за започнување на бизнис. Сите сме креативни, тоа е вродено кај човекот. Целиот живот се сведува на решавање на проблеми, а проблемите бараат креативност.

Но, некој има неколку а некој повеќе бизнис идеи. Не мора да значи само бизнис идеи, може да постојат и идеи за проекти, за активности, за прилагодување на животниот стил… Особена помош од оваа книга може да добјат сите оние кои имаат многу идеи, а слаба реализација. Со помош на книгата ќе научат еден процес како да ги трансферираат идеите од нешто абстрактно, непостоечко во нешто реално, опипливо.

Неколку извадоци кои ми беа интересни

Со помош на Kindle имав можност да потцртувам и да следам што другите подвлекле како интересно или важно во книгата. Од едно 50-тина highlights во книгата ќе извлечам неколку тука:

  1. За секоја идеја мора да пронајдете и да ги потенцирате акциите кои треба да ги превземете во вид на чекори.
  2. Колку се појасни и поконкретни Вашите чекори помал напор ќе имате во обид да ги комплетирате. Доколку чекорите се нејасни или комплицирани, веројатно ќе ги скокнете  и ќе се насочите на другите од Вашата листа кои се поедноставни.
  3. Кога станува збор за организирање на чекорите на дневна основа и како да ја алоцирате вашата енергија во реализација креирајте две листи: една за ургентни чекори и една за важни чекори.
  4. Направете дневни подрачја за фокусирање.
  5. Без разлика дали работите сами или со тим, посветеноста на раните чекори (акции) ќе помогне идејата да се материјализира.
  6. Голем дел од извршувањето зависи од упорноста.
post

Зголемување на креативност преку 6 совети

Креативност 6 совети

Креативност 6 совети

Бизнис идеите доаѓаат од мозокот на еден претприемач. Добра бизнис идеја доаѓа кога вашата креативност е на високо ниво. Но, не сме секогаш креативни. Или пак, кога сме креативни може да се случи (што и почесто се случува) подоцна да ги заборавиме идеите затоа што не сме ги запишале. Во вакви случаи идејата се губи и веќе не е актуелна. Секој добар бизнис се базира на добра бизнис идеја која е резултат на креативноста на претприемачот.

Проблемот често пати е во временска разлика помеѓу доаѓање на една бизнис идеја и започнување со реализација на истата.

Како да ја поттикнеме креативноста во секој од нас за да дојдеме до добра бизнис идеја која ќе се трансформира во успешен бизнис? Креативноста е дел од вториот слој за успех на еден претприемач.

Постојат различни конкретни начини за максимизирање на креативноста заради изнаоѓање на одлични бизнис идеи. Следниве совети може да ви помогнат во самиот процес:

1. Имајте бележник секогаш кај себе.

Никогаш не знаете каде може да добиете добра бизнис идеја. Дали кога ручате, гледате телевизор, одмарате, слушате радио, возите автомобил или велосипед. Доколку не ги запишете нема да ги запомните. Бележникот или нотесот не мора да биде некој голем, доволно е да имате мал нотес кој можете да го носите во џеб, парче хартија и пенкало. Идеите можете да ги заведувате и на лап топ доколку го имате кај себе, можете да го користите вашиот мобилен телефон како бележник бидејќи скоро секогаш ви е при рака. Скоро и да нема мобилен телефон без некоја софтверска апликација за бележење (Notes). Можете да користите и Evernote.

2. Сменете ги рутините во вашиот живот.

Секогаш кога правиме нешто во секојдневието го правиме врз основа на некои рутини или по автоматизам. Она што го знаеме го правиме без размислување. Но, дали ќе биде исто ако не го правиме тоа на истиот начин? Доколку ги смениме рутинските работи во нашето секојдневие ќе ја поттикнеме нашата креативност. Веднаш ќе се соочиме со некој проблем кој ќе треба да го решиме што ќе бара креативност од наша страна. Се што ќе не оттргне од нашето нормално опкружување ќе на наведе да ги гледаме работите на нов многу поинаков начин.

3. Разгледувајте.

Кај и да одите или патувате, разгледувајте околу себе, следете ги работите како се одвиваат кога купувате нешто, кога читате нешто, кога јадете во ресторан, кога сте во кафеана или пак пиете пиво со пријателите. Започнете да се прашувате за тоа што го гледате и зошто го гледате тоа. Сето оваа ќе ја разбуди креативноста кај вас. Одговорот на прашањето Зошто секогаш доведува до зголемување на знаењето и секако до поттикнување на креативноста.

4. Вмрежувајте се.

Без сопствено вмрежување уште во оваа фаза од вашиот бизнис шансите за успех се мали. Сретнувајте различни луѓе, запознавајте се со нив, разменете искуства и сето тоа ќе доведе до нови идеи. Не заборавајте го интернетот преку кој можете да се допишувате и да разговарате со луѓе од различни краишта на светот. Отворете акаунт на Facebook и Twitter и полека но сигурно ширете ја сопствената мрежа на пријатели и разговарајте за темите кои ги размислувате. Искористете ги сите тие различни размислувања. Ова е уште подобро бидејќи ќе креира и потенцијални потрошувачи за вашиот иден или постоечки бизнис.

5. Реиновација.

Земете различни производи додавајте им некои својства, како на пример, додадете на фармерки некој каиш од стари алишта кој вие ќе го изработите. Дали ќе ви се допадне креацијата? Комбинирајте 2 или 3 производи во еден. Сигурно во вашата блиска околина постојат илјадници производи кои ги користите или не ги користите. Размислувајте за друго некое поинакво користење на тие производи. Сето тоа помага во креирање на конечната бизнис идеја.

6. Користете ги местата кои ја зголемуваат креативноста.

Различни места на кои се наоѓаме имаат различни влијанија на креативноста и начинот на функционирање на мозокот. Кога возите сами секогаш размислувате за нешто и во тој момент креативноста ви е на високо ниво. Обидете се да запомните нешто (бидејќи додека возите не можете и да запишувате) и потоа запишете ја идеата (Јас во случај на возење го користам мојот iPhone и една апликација која служи за снимање на гласовни белешки). Според повеќе истражувања најкреативното место за човекот претставува купатилото под туш или во бања или пак на WC школка.

Околу 90% од мажите потврдуваат дека на WC школката им е најголема креативноста, за разлика од жените кои имаат различно мислење за оваа место. Како места за извор на добри идеи се и здодевните состаноци. Секој состанок кој е долг, на кој се забегува од темите допринесува да вашиот мозок заскита на покреативни работи (Оваа е точно, сумприсуствувал на многу бесцелни и долги состаноци и во моментов кога таа здодевност ќе преовладее со мојот мозок тој веќе размислува за нешто друго).

Ова се само дел од местата за кои се смета дека ја зголемуваат креативноста, но секоја личност има различни места. Затоа пронајдете го вашето место и искористете го за креирање на бизнис идеи.

Запомнете дека добивањето на добра бизнис идеја доаѓа од различни извори. Обично бизнис идејата е резултат на мината или сегашна кариера, хобито, личниот интерес и активностите во слободно време. Понекогаш идеите се резултат од идентификација на идни трендови или пак од наоѓање на некој проблем и негово решение.

За да се добие добра бизнис идеја потребно е креативноста да е на високо ниво, односно да му допуштите на вашиот мозок да биде креативен. За да креативноста биде на високо ниво потребно е да се ставите надвор од позиција на нормалните рутини на вашиот живот.

post

77 Подобрувања на бизнисот за 77 дена

77 Подобрувања за 77 дена

77 Подобрувања за 77 дена

Подобрување е основа за конкурентска предност. Најуспешните бизниси се бизниси кои денес не се исти како вчера, а утре воведуваат нешто ново со што денешницата претставува подобрена. Во овој пост на претприемач подготвив една листа од 77 елементи кои можете да ги подобрите за 77 дена. Секако листата не е конечна, можеме да одиме со уште многу елементи. Но, сепак ја ограничив на 77 најважни елементи.

Можете да ја искористите одеднаш, но моја препорака е да ја користите во циклуси. Започнете од првиот ден и по 77-иот ден повторно навратете се на првиот. Така ќе имате бизнис кој тешко ќе може некој да го копира. Па да започнеме со подобрувањето.

Бизнис идеја

Ден 1: Креативност

Прво место каде има секогаш простор за подобрување е да ја зголемите Вашата креативност.

Ден 2: Комуницирање на идејата

Вие не сте сам и идејата нема да биде само за вас доколку ја реализирате. Комуницирај ја идејата и извлечи подобрувања од таа комуникација.

Ден 3: Заедница

Бизнис идејата се комуницира со Вашата заедница во која Вие и Вашиот бизнис опстојувате или ќе опстојувате. Важен елемент од процесот на креирање и имплементација на бизнис идеи.

Ден 4: Приоритизација

Ќе имате многу идеи, многу проекти но приоритетот на истите не е ист. Можете да го подобрите процесот на приоритизација.

Ден 5: План на имплементација

Многу добри бизнис идеи не се трансформираат во успешни бизниси заради недостаток на едно нешто – имплементација.

Ден 6: Процес на имплементација

Бизнис идејата може да е одлична, но доколку не се имплементира на вистински начин целиот процес ќе биде залуден.

Ден 7: Лидерство

Кој е лидерот кој ќе го води целиот процес?

Ден 8: Капацитет на имплементација

Каков е и може ли да се зголеми капацитетот на имплементација на бизнис идеи?

Бизнис план

Ден 9: Претходно искуство

Провери го претходното искуство со бизнис планирање и пронајди ги најголемите промашувања.

Ден 10: Предвидување

Квалитетно предвидување е основа за добро бизнис планирање. Подобри го процесот на предвидување.

Ден 11: Знаење

Бизнис планирање бара знаење, пронајди извори на знаење со што ќе го подобриш истото.

Ден 12: Бизнис модел

Започни со дизајн на бизнис моделот, па потоа инкорпорирај го тој бизнис модел во еден квалитетен бизнис план.

Ден 13: Цели

Што сакате да остварите со бизнис планот? Целите се основа на секој процес на бизнис планирање и нешто што секогаш може да се подобри.

Ден 14: Графици

Бизнис планот претставува графичка презентација на бизнис бројките. Со еден поглед може да се видат потребните подобрувања.

Ден 15: Намената на бизнис планот

За кого е наменет бизнис планот? Не се обидувајте со еден бизнис план да ги задоволите сите страни.

Ден 16: Интересност

Дали бизнис планот е интересен или здодевен?

Ден 17: Реалистичност наместо оптимизтичност

Процес на планирање бара на сте реален, немојте премногу оптимистички да предвидувате или да поставувате цели.

Ден 18: Јас, јас и само јас синдром

Проверете каде го користите и избегнете го!

Ден 19: Поглед кон конкуренцијата

Секогаш можете да најдете можности за подобрување на Вашиот поглед кон конкурентите.

Ден 20: Перспективи

Изберете една перспектива преку која ќе биде насочен Вашиот поглед, подобрете ја и само напред!

Ден 21: План за имплементација на планираното

Имајте, подобрете го и применете го планот за имплементација на планираното.

Ден 22: Докази

Проверете дали сите бројки и факти се докажани и извлечени од доследни извори на информации, а не од обични претпоставки.

Финансии

Ден 23: Извор на финансии

Нешто што на секој бизнис му е потребно! Побарајте ги можните извори на финансии и подобрете ги!

Ден 24: Готовински тек

Погледни го графикот на анализа на готовински тек и забележи што може да се подобри.

Ден 25: Вештини за готовински тек

Подобри си ги вештините за готовинскиот тек преку избор на различни извори на знаења за проблематиката.

Ден 26: Трошоци

Верувале или не трошоците се нешто што секогаш може да се подобри (скратат).

Ден 27: Рентабилност

Направи анализа на рентабилноста и види што, каде и како да подобриш.

Ден 28: Проекции на профит/загуба

Погледни во проекции на добивка/загуба и разгледај ја можноста како да го подобрите профитот или пак доколку е загуба како да го направите профитабилен.

Ден 29: Коефициент на економичност

Каков е односот помеѓу вкупните приходи и вкупнит расходи и што треба да направите за да го зголемите тој однос?

Ден 30: Коефициент на повраток на инвестиција

Како се движи повратокот на инвестициите во бизнисот? Како може да се подобри?

Ден 31: Стапка на акумулативност

Каков е односот помеѓу нето приходот и вкупните инвестиции (вложувања) и што треба да направите за да го зголемите тој износ?

Продуктивност

Ден 32: Организација

Организирање претставува мајка на зголемена продуктивност. Подобрете ја организацијата и ќе ја подобрите и продуктивноста.

Ден 33: Планирање

Бизнис планот ја зголемува личната и бизнис продуктивност. Подобри го процесот на планирање за да ја подобриш личната и бизнис продуктивност.

Ден 34: Системи

Бизнис системите овозможуваат побрзо изведување на иста работа во ист временски период. Секогаш постои можност за подобрување.

Ден 35: Личен живот

Подобри го личниот живот и ќе ги видиш разликите во бизнисот.

Ден 36: To-Do Листи

To-Do Листи претставуваат корисни алатки во зголемување на продуктивноста.

Ден 37: Препреки

Секогаш постојат препреки како лични така и бизнис препреки. Пронајди ги и елиминирај ги ќе ја зголеми личната и бизнис продуктивност.

Ден 38: Аутсурсинг

Што може да биде изведено во вид на аутсурсинг како би се заголемила продуктивноста?

Ден 39: Вработени

Бизнис продуктивноста се базира на продуктивноста на вработените.

Ден 40: Менаџмент системи

Бизнис продуктивноста зависи од менаџерските системи кои се користат во бизнисот.

Ден 41: Информативни системи и софтвер алатки

Вистинска информација, во вистинско време, кај вистинската личност ќе помогне да се заврши повеќе работа.

Ден 42: Систем за учење

Знаењето стекнато преку добар систем за учење ќе ја зголеми бизнис продуктивноста.

Бизнис процеси

Ден 43: Организирај го неорганизираното

Секогаш постои нешто во бизнисот што не е организирано онака како што треба.

Ден 44: Систематизирај ги бизнис процесите

Систематизација на бизнис процесите претставува основа за идни подобрувања и одржување на конкурентска предност.

Ден 45: Технологија

Користи ја оптимално технологијата во бизнисот.

Ден 46: Влез/Излез

Секогаш може да се подобри трансформацијата на влезот во излезот.

Ден 47: Бизнис модел

Основата на на секој бизнис секогаш може да се подобри.

Маркетинг

Ден 48: Маркетинг план

Направи подобар маркетинг план. Прочитај повеќе во Маркетинг план во 7 реченици и Дополнувањаво однос на маркетинг планот.

Ден 49: 4P

Производ, промоција, дистрибуција и цената се елементи од маркетинг миксот кои можете да ги имате како предмет на подобрување.

Ден 50: Маркетинг средства

Секое маркетинг средство може секогаш да се подобри.

Ден 51: Маркетинг календар

Провери, спореди, анализирај и редизајнирај го маркетинг календарот.

Ден 52: Повик за акција

Повик за акција е еден од најважните елементи на секое маркетинг средство кој има огромно влијание на успешноста на одредена маркетинг кампања. Подобри го за да ја зголемиш ефикасноста и ефективноста на маркетинг напорите.

Ден 53: Сегментација

Искористете ги алатките како RFM формула и демографија наспроти активности на потрошувачите.

Ден 54: Листа на потрошувачи

Провери, спореди, анализирај и редизајнирај ја листата со потрошувачи.

Ден 55: Листа на потенцијални потрошувачи

Провери, спореди, анализирај и редизајнирај ја листата со потенцијални потрошувачи.

Ден 56: Блог дизајн

Што може да подобрите во дизајнот на блогот.

Ден 57: Дизајн на веб страна

Што може да подобрите во дизајнот на веб страната.

Ден 58: Маркетинг кампањи

Секогаш може и подобра кампања од претходната.

Ден 59: Онлајн стратегија

Онлајн стратегија станува една од најважните бизнис стратегии за еден бизнис. Секое подобрување претставува севкупно бизнис подобрување.

Ден 60: Внимание, репутација и доверба

Подобрете го привлекувањето на вниманието кон Вашиот бизнис како и репутацијата и довербата кон истиот.

Ден 61: Дополнителна услуга

Подобрете ги дополнителните услуги кои ги нудите на потрошувачите.

Ден 62: Запознај ги подобро потрошувачите

Потрошувачот претставува најважната личност во Вашиот бизнис свет. Подобро познавање на Вашите потрошувачи подобар бизнис ќе имате.

Ден 63: Ургентност

Подобри ги елементите кои предизвикуваат ургентност за купување.

Ден 64: Корисности

Подобри ги корисностите на Вашиот производ и/или услуга за потрошувачите.

Ден 65: Кредибилитет

Подобри го кредибилитетот на бизнисот.

Ден 66: Понуда

Подобрете ја Вашата понуда да биде од аспект на потрошувачи. Бизнис понудата мора да се базира на потрошувачите и пазарот, не на желбите на претприемачот.

Ден 67: Социјални медиуми

Подобрете го присуството на Вашиот бизнис на социјалните медиуми.

Ден 68: SEO

Подобрете ја оптимизацијата за пребарувачи на Вашата бизнис веб страна или блог.

Продажба

Ден 69: Продажна инка

Подобрете го подесувањето на продажната инка на Вашиот бизнис. Секогаш има простор за подобрување.

Ден 70: Влез во продажна инка

Подобрете го влезот во продажната инка. Зголемен влез претставува зголемена веројатност за поголема продажба.

Ден 71: Стапка на конверзија

Стапка на конверзија претставува стапка на трансформирани потенцијални купувачи кои влегле во продажната инка во купувачи. Оваа мерка се изразува како процент од вкупниот влез и секогаш може да се најде простор за подобрување.

Ден 72: Просечна продажба

Подобрете го износот на просечна продажба од еден купувач.

Ден 73: Времетраење на продажна инка

Намалете го времетраењето на продажната инка.

Ден 74: Продажен тим

Продажниот тим е оној кој ја завршува последната работа, нека биде поубедлив.

Ден 75: Знаење на продажниот тим

Подобри го знаењето на продажниот тим за твоите производи и/или услуги. Сепак тие се во директен контакт со потрошувачите.

Ден 76: Насмевка

Подобри ја насмевката на лицето на продажниот тим. Не држи луѓе кои не знаат да се смеат.

Ден 77: Објаснување

Секогаш може подобро да се објаснат на потрошувачот карактеристиките и корисностите на производот и/или услугата.

post

Препознавање на можности и создавање на идеи

Ова е гостински пост на Александар Делев, Ba in Marketing, University of Sheffield, UK.

Бизнис можности и идеи

Бизнис можности и идеи

Извадок: Овој есеј овозможува краток преглед на академската литература од областа на претприемничко препознавање на нови можности и создавање на идеи. Прво, мислењата на угледни членови од академските кругови ќе бидат дискутирани и споредувани. Во продолжение, ќе се дискутираат проблемите поврзани со дизајнирање претприемнички модели каде што како пример ќе биде земена една неодамнешна академска студија. На крај, улогата и важноста на ваквите модели ке биде објаснета како и дел од потенцијалните несогласувањата помеѓу теориите и праксата во оваа област.

Вовед во препознавање на можности и создавање на идеи

Во денешно време претприемништвото претставува едно од најбрзо развивачките полиња во економијата. Присутно во секоја индустрија, на корпорациско како и на ниво на мали бизниси, претприемништвото е често признавано од страна на академците како главниот економски двигател кон подобрување и експанзија. Дури и со такви признавања, може да се тврди дека сеуште нема доволно потврдени врски помеѓу општоприфатени бизнис теории и местото на претприемништвото во економијата и организациските стратегии. И покрај тоа, како што истражувачите и менаџерите се повеќе ја признаваат важноста на ова поле и поврзаните истражувања, еден аспект кој добива зголемено внимание во последните неколку години се претприемничките процеси на препознавање бизнис можности и создавање на идеи. Преку академската литература од оваа област можеме да видиме дека истражувачите прават напори да ги идентификуваат клучните фактори кои влијаат врз овие процеси и се обидуваат да дизајнираат применливи процес модели. Целта на преостанатиот дел од есејот е да обезбеди краток преглед на литературата од областа на моделирање на процесите на препознавање на бизнис можности и создавање соодветни идеи.

Преглед на академската литература

Едно од најважните прашања со кое се соочуваат денешните истражувачи е идентификацијата на соодветниот сет на фактори и околности за деловен успех. Како резултат на обемната литература на распологање од областа на претприемништвото, има многу спротивставени теории и концепти од различни академици кои постојано се дискутираат во бизнис круговите. Различни академици ги дискутираат и бранат своите гледишта во поглед на сите претприемнички процеси и активности.

Де Конинг (1999) тврди дека терминот “препознавање можности”, како што се користи во академските кругови може да се однесува на откритие на јасна бизнис идеја или развивање на идеја во остварлив бизнис концепт со тек на време.

Конкретната област на препознавање на бизнис можности е особено збогатена преку новите академски истражувања во последните неколку години. Имено, преку истражувањата и придонесите на академици како Шејн, Лампкин и Гилад се идентификувани и соодветно моделирани неколку критични фактори во овие процеси. И покрај тоа што здружените напори на истражувачите и менаџерите сеуште не резултирале со дизајнирање на универзално применлив процес модел, постојат екстензивни дискусии за веќе утврдените фактори. На пример, Оконен и Сухонен (2010) ја дискутираат важноста на социјалните мрежи на претприемачот за процесот на идентификација на нови бизнис можности, каде што силен акцент е даден на претприемничката готовност, признаен предуслов во многу бизнис учебници во последните години. Дополнително на тоа, има истражувачи кои ја истакнуваат улогата на расположливите информации во овој процес и поконкретно објаснуваат дека подобро информиран претприемач има подобри шанси да идентификува нова бизнис можност.

Шејн (1998) и Ваутер (2010) ја потврдуваaт улогата на таканаречената информатичка асиметрија и важноста да се има претходно работно искуство во секторот како дел од процесот на препознавање на нови можности. Додатно на тоа, во нивните трудови тие дискутираат дека претприемачите ќе можат полесно да процесираат важни информации и да идентификуваат трендови ако имаат претходно искуство во секторот. Сепак, според истражувањата, факторот на претходно искуство и познавање на секторот може да се подели на три дела и тоа:

  • познавање на пазарите,
  • секторски маркетинг и
  • знаење поврзано со однесувањето на муштериите (Ардихвили и Кардозо, 2000).

Околностите во кои откритијата се направени се од голема важност за истражувачите во нивните напори да ги креираат процес моделите. Поконкретно, акцент се става на прашањето дали претприемачите започнуваат планирано истражување или едноставно наидуваат на информации и ги “поврзуваат точките”, како што е опишано од страна на академиците преку нивните когнитивни модели.

Има обемна литература и истражувања кои тврдат дека мнозинството претприемнички откритија биле остварени како резултат на планирани истражувања и скенирање на околината.

Од друга страна пак, има истражувачи кои тврдат дека овој процес зема по спонтана форма во мнозинството случаи и дека претприемачите ја откриле можноста откако случајно наишле на откривачки информации. Истражувањата од ова поле одат до таа мера што тврдат дека бизнисите кои биле стартувани откако можноста била откриена спонтано побрзо ја враќале почетната инвестиција од оние кои биле почнати како резултат на истражување и скенирање (Клеин, 2008).

Понатамошни примери можат да се најдат во еден од најактивните претприемнички сектори – информатичката технологија, каде што за 50% од компаниите се смета дека превзеле истражувачки активности и скенирање на околината пред да бидат стартувани. Во смисла на мрежи, академските истражувања потврдуваат позитивна корелација помеѓу големината на мрежата (број на пријателства и познанства) и веројатноста дека претприемачот ќе идентификува нови можности во својата средина и област на експертиза. Истражувачите тврдат дека до одредена мерка, сите мрежи овозможуваат ист квалитет и квантитет на информации. Дополнително на тоа, Арениус и Де Клерк (2005) дискутираат дека контактите во мрежите можат да бидат идентификувани и категоризирани како силни и слаби, со тоа што мнозинството претприемачи имаат повеќе слаби отколку силни контакти. Една од главните бенефиции од слабите контакти е тоа што тие овозможуваат поинтензивно работење и соработка во склопот на мрежата, со главен акцент ставен на меѓусебно информирање во области во кои прептриемачот не би можел да добие информации од своите силни контакти, како што се семејството и блиски пријатели.

Понатамошни истражувања тврдат дека типот и големината на мрежата се дел од факторите кои одредуваат какви информации ќе му бидат достапни на претприемачот и колкава претприемничка готовност ќе демонстрира таа индивидуа (Барон и Енсли, 2006). Истражувачите прават напори да ја претстават креативноста како дел од процесот на претприемничко препознавање на нови бизнис можности уште од 40 – тите години на минатиот век, опишувајќи ја како карактерна особина која мнозинството ја нема ( Шумпетер, 1934). Сметана за многу потребна особина, креативноста може да биде блиску споредена и објаснета преку индивидуалната претприемничка способност да се “поврзат точките” во смисла на нивната толеранција кон информатичка нејасност и способноста да се препознаат нови трендови.

И покрај тоа што претходно дискутираните фактори се едни од најчесто спомнуваните и признавани фактори од страна на истражувачите во нивните напори да создадат процес модел на претприемничко препознавање на нови бизнис можности, таквиот модел сеуште не е создаден. Главната пречка сеуште се појавува во форма на големата разноликост на околности со кои се соочуваа претприемачите, карактеристиките на индустријата како и личните карактерни особини на претприемачот. Поради ваквата комплексност на областа, заедничките напори на истражувачите и менаџерите сеуште не резултирале со универзално применлив процес модел. Во напорите да се смени тоа, Ардихвили и Кардозо (2000) анкетирале осум претприемачи со развиени сопствени бизниси и тестирале неколку фактори признаени од академијата како важни за овој процес. Заклучоците од ова истражување на можеле да потврдат позитивна врска само со факторот креативност, додека факторите како претприемничка готовност, претходно искуство, познавање на индустријата и мрежно работење биле потврдени како присутни во случаите на тие претприемачи. Пронајдоците од оваа анкета не можат да се генерализират, но укажуваат на тоа дека теоријата не се совпаѓа целосно со тоа што се случува во реалноста и дека приодите кон изнаоѓање на процес модели ќе треба да еволуираат паралелно со новите случувања во бизнис круговите.

Користена литература:

  • Ardichvili, A. & Cardozo, R.N. (2000) A model of the entrepreneurial opportunity recognition process. Journal of Enterprising Culture, 8(2), 103-119.
  • Arenius, P. & De Clercq, D. (2005) A Network – based Approach on Opportunity Recognition. Small Business Economics, 24(6), 249-265.
  • Baron, R.A. & Ensley, M.D. (2006) Opportunity Recognition as Detection of Meaningful: Evidence from Comparisons of Novice and Experienced Entrepreneurs. Management Science, 52(9), 1331-1344.
  • De Koning, A., and Muzyka, D. (1999) Conceptualizing Opportunity Recognition as a Socio – cognitive Process. Research paper. Centre for Advanced Studies in Leadership, Stockhold, Sweden.
  • Klein, P.G. (2008) Opportunity discovery, entrepreneurial action, and economic organization. Strategic Enrepreneurship Journal, 2(14), 175-190.
  • Okkonen, L., and Suhonen, N. (2010) Business models of hear entrepreneurship in Finland. Energy Policy, 38(7), p.3443-3452.
  • Shumpeter, J. (1934) Capitalism, Socialism and Democracy. New York: Harper and Row.
  • Wouter, S. (2010) Industry event participation and Network Brokerage. Journal of Management Studies. 47(4), p.635-653.
post

Страв од неуспех

Испорака

Испорачувај!

Во природата на човекот е да стравува. Најверојатно еволуцијата и историјата не научиле така! Но преголемиот страв од неуспех, од грешка претставува огромна сопирачка за секој претприемач.
Оваа сопирачка не спречува да испорачуваме вредност. Не спречува да бидеме тоа што сакаме да бидеме и што можеби сме!
Сигурно сте се нашле во позиција да завршите нешто а да не го испорачате односно да го одложите испорачувањето! Дали сте напишале одговор на писмо и да го зачувате за уште некоја проверка? Дали сте направиле анализа но не сте ја испорачале на шефот на потпис заради страв од грешка? Дали сте дизајнирале некој производ или услуга и не ја испорачувате заради тоа што стравувате како пазарот ќе ги прими?
Честопати се фаќам самиот себеси како ја одложувам испораката! Имам подготвено неколку проекти кои ги оставам за утре заради завршување на секојдневни тековни активности. Така само одложувам со испорака.
Треба да бидеме послободни во испораката! Гршките се нормални и едноставно можеме да научиме за наредните испораки да бидат подобри.

post

40 совети да бреинстормирате бизнис идеи – Дел 2

Бреинсторминг на бизнис идеи

Овој пост е продолжеток на вчерашниот пост за 40 совети да бреинстормирате бизнис идеи. Во тој пост опфатив 20 совети за бреинстормирање на бизнис идеи за Ваш нов бизнис или едноставно за развој на веќе постоечкиот бизнис. Тука ќе продолжам со останатите 20 совети.

21. Претвори се во едно големо уво.

Мора да го слушаш гласот на потенцијалниот потрошувач, гласот на потенцијалниот конкурент и гласот на потенцијалниот снабдувач. Тука лежат многу добри и корисни идеи.

22. Претвори се во едно големо око.

Мора да гледаш се што се случува околу тебе и твојот нов или сегашен бизнис. Какви се изразите на лицето на потенцијалните клиенти?

23. Читај книги.

Во книгите се кријат многу квалитетни информации и идеи. Од нив можеш да увидиш трендови, мислења, ставови… Тоа е солиден извор на квалитетни бизнис идеи.

24. Следи го вебот.

Следи што се случува на веб. Во моментов тој може да биде единствен валиден и брзо достапен извор на информации за различни бизнис идеи.

25. Мотивирај се.

Побарај и најди начини кои те мотивираат во животот. Така ќе дојдеш до добри идеи кои ќе можат да се искористат да те турнат нанапред.

26. Бреинстормирај ги можните грешки.

Можните грешки претставуваат квалитетен извор или основа на добри идеи. Секоја грешка може лесно да се претвори во нова бизнис идеја.

27. Заборави на минатото, гледај во иднината.

Не прави грешка кога си во фаза на бреинсторминг да размислуваш на минатото. Барем за момент гледај само во иднината, минатото ја намалува твојата креативност.

28. Следи трендови.

Сепак твојот бизнис ќе треба да се вклучи во трендовите кои постојат или пак кои ќе бидат. Затоа следи ги трендовите за да дојдеш до уникатна бизнис идеја.

29. Релаксирај се.

Релаксирано тело и релаксиран ум ја зголемува креативноста. Затоа запри со се и обиди се да се релаксираш. Ќе забележиш како идеите едноставно ќе започнат да струјат низ твојот мозок.

30. Инспирирај се.

Добра инспирација е добра основа за започнување на потрага по најдобрата бизнис идеја. Затоа пронајди што е она што те инспирира и започни ја потрагата.

31. Одмори се.

Заморот едноставно ја сведува нашата креативност да биде на самото дно или подобро речено 0. Затоа не се обидувај да бреинстормираш бизнис идеи кога не си одморен, тие нема да дојдат.

32. Следи реклами.

Рекламите од било кој вид претставуваат солиден извор на потенцијални бизнис идеи. Со следење на рекламите воедно ќе ги видите и потенцијалните конкуренти како и што е она што тие го потенцираат во нивните реклами.

33. Соработувај.

Соработувај во текот на бреинсторминг сесијата и по завршување со сите кои што се вклучени директно или индиректно во твојот бизнис. Оваа соработка може да доведе до нови идеи или пак подобрување на постоечките.

34. Кои се најлуди идеи.

Обиди се дојдеш до колку што можеш повеќе луди идеи. Луди идеи кои во овој момент навистина изгледаат дека немаат потенцијал, дека се смешни, неостварливи. Но, сепак се идеи кои може утре да се употребат или пак прилагодат. Повторно, ова е фаза каде што нема никакви ограничување, туку само нафрлување на идеи.

35. Избегнувај самотија.

Во некои случаи самотијата може да помогне за зголемување на креативност, но претерана самотија доведува до депресивна состојба каде креативноста е на најниско можно ниво.

36. Избегнувај негативци.

За ова веќе пишував и дури од неколку претприемачи ми беше напоменато дека сум сосема во право. Прочитајте повеќе во Избегнување на негативци.

37. Сподели ја твојата најубава слика во мозокот.

Секоја слика, па и секоја идеја може да биде подобрена, надградена и дополнета. Затоа сподели ги твоите слики во твојот мозок со твојата околина. Повеќе за ова можете да прочитате во Се зависи од тоа како ги гледате работите околу вас.

38. Гуглај.

Најголемата база на податоци со информации и бизнис идеи која некогаш постоела на светот. Едноставно искористи ја, многу идеи се таму, но идеи кои може да се подобрат, надградат и надополнат.

39. Не грижи се за граматика и правопис.

Кога ги запишуваш бизнис идеите во книгата со бизнис идеи, на последно место нека бидат граматичките правила.

40. Заборави се што си учел во образовниот систем.

Образовниот систем ве учи на правила, процедури, одговорности и постапки. Во бреинсторминг сесии сето тоа е непотребно, затоа заборави на нив.

post

40 совети да бреинстормирате бизнис идеи – Дел 1

Бреинсторминг на бизнис идеи

Бреинсторминг на бизнис идеи

Бизнис идејата е основа врз која се темели секој нов, но и секој постоечки бизнис. Идејата е основниот двигател на една претприемничка економија. Тоа е и разликата што малите бизниси ги прави уникатни, единствени, прилагодливи и секако успешни.

Затоа во овој дел сакам да споделам некои препораки доколку се наоѓате во фаза на браинстормирање на бизнис идеи.

1. Прашајте го потенцијалниот пазар.

Секако доколку го знаете потенцијалниот пазар слободно можете да започнете со бреинстормирање на бизнис идеи од него. Во секој случај тие ќе бидат со најголемиот потенцијал.

2. Изберете место кое ја зголемува креативноста.

Креативноста е основа за добар бреинсторминг. Можете да прочитате повеќе во 6 совети за зголемување на креативноста.

3. Во текот на бреинстормин сесијата бидете слободоумни.

Слободоумноста ќе ве ослободи од различни предрасуди кога станува збор за бизнис идеите и секако ќе ја подобри секоја бреинсторминг сесија.

4. Кревајте врева.

Ова е добра препорака. Многу бизниси се изградени и опстојуваат врз основа на вревата што се дига околу нив. Затоа запалете го огинот со врева околу некоја идеја и следете што ќе се случува.

5. Секогаш имајте бележник кај себе.

Без бележник постои опасност идеите да бидат заборавени. Дури и најлудите и најглупавите и најневредните идеи во моментов можат да бидат најдобри во иднина.

6. Соберете колку што можете повеќе луѓе во кои имате доверба.

Бреинсторминг зависи од луѓето кои учествуваат во една таква сесија. Соберете колку што можете повеќе луѓе, но луѓе во кои што навистина имате доверба и за кои што сметате дека имаат потенцијал за една ваква задача.

7. Посетувајте саеми и секако електронски саеми.

Многу идеи може да произлезат од посетата на саеми и електронски саеми.

8. Патувајте.

Патувањето ја зголемува креативноста и секако видикот на еден човек, па затоа користете ги идеите што ви доаѓаат на ум кога патувате или пак кога сте на одмор.

9. Погледнете во Бизнис моделот на Вашиот иден или пак Ваш сегашен бизнис.

Секој повторен поглед на бизнис моделот ќе ве доведе до некои можни недостатоци, слабости или пак нови идеи за подобрување.

10. Бреинстормирајте и лоши идеи.

Не исклучувајте ги лошите идеи, затоа што добрите идеи претставуваат контратс на тие лоши идеи.

11. Проширете го сопствениот поглед.

Колку пошироко гледате толку поквалитетни идеи ќе произлезат од една бреинсторминг сесија.

12. Избегнувај премногу размислување.

Премногу размислување ја спречува нашата креативност и секако фантазијата. А тие се суштествени за добри и уникатни бизнис идеи.

13. Како да се разликувате?

Секогаш поставете си го ова прашање: Како да се разликувате од другите?

14. Што е она што го сакате?

Сите натамошни идеи, активности и постапки зависат од тоа што всушност вие сакате да постигнете. Тргнете од таму и навраќајте се наназад.

15. Побарајте кај гигантите.

Понекогаш добри идеи може да произлезат од оние големите компании кои се во иста или слична бранша. Затоа не заборавајте да погледнете и кај нив.

16. Побарајте кај негигантите.

Креативноста на другите претприемачи на мали бизниси како Вас ќе може да ви покаже некои можни идни патишта за Вашиот бизнис.

17. Изберете добар тим.

Тим со кој ќе работите може многу да ви помогне околу идеите. Затоа изберете добар тим и искористете го.

18. Побарај помош или мислење.

Никогаш немој да мислиш дека си најумен и дека нема да имаш некаков проблем. Кога си во фаза на бреинстормирање на бизнис идеи подобро е да побараш помош и мислење од некој отколку да дојдеш до лоши идеи што ќе произведат лош бизнис.

19. Социјализирај се.

Социјализација, социјализација и само социјализација може да биде замена на онаа познатата Ленинова учи, учи и само учи. Колку повеќе бидеш социјализиран толку повеќе бизнис идеи ќе имаш.

20. Застани за еден момент и биди твој иден потрошувач.

Погледни во однос на се но од аспект на еден потрошувач на твојот бизнис. Ова е непроценлив извор на бизнис идеи.

Ова беа првите 20 совети, одете на вториот дел со останатите 20 совети од 40 совети да бреинстормирате добра бизнис идеја.

post

Започнување и Водење на Бизнис за 30 Дена – Дел 2

Ќе продолжиме со вториот дел од серијалот на постови за започнување и водење на бизнис за 30 дена. Веќе имавте можност да прочитате за првите девет дена во насловот Започнување и Водење на Бизнис за 30 Дена – Дел 1. Продолжуваме со десетиот ден од овој процес.

Започнување на бизнис за 30 дена

Календар за започнување на бизнис за 30 дена

Ден 10: Направете иницијално истражување на пазарот

Пред да го започнете бизнисот вие како иден претприемач ќе треба да разберете зошто луѓето купуваат одредени производи и услуги, а навистина може да постојат различни причини за тоа. Некои купувачи купуваат заради едни причини додека другите за други причини. Истражување на пазарот е значаен дел од секој бизнис кој сака да понуди производи или услуги на пазарот. Потрошете го 10-тиот ден за да направите одредено иницијално истражување на пазарот. Можете да ги користите упатствата за истражување на пазарот од следните постови:

Ден 11: Направете иницијално проценка на продажбата

Овој единаесети ден од започнување на бизнис за 30 дена потрошете го за да направите иницијална проценка или пак предвидување на продажбата која ќе се остварува во иднината. Ова не е едноставна задача, но ќе мора да ја завршите и имате цел еден ден. Повеќе детали за тоа како да го спроведете предвидувањето можете да прочитате во следниве постови:

Ден 12: Определете ги иницијалните трошоци

Во овој ден време е да го определите буџетот за трошоци кои ќе ги има вашиот нов бизнис за одреден период на време. Вклучете ги трошоците за наемнина, маркетинг, даноци и сите други трошоци кои ќе ги направите во периодот по започнување на бизнисот, а кои во вид на пари ќе треба да ги имате. Користете месечни проценки на трошоци.

Ден 13: Определете ги трошоците за започнување (стартап трошоци)

Откако веќе ги имате предвидено иницијалните трошоци можете да започнете со предвидувања и пресметки на стартап трошоците или трошоци за започнување на бизнисот. Користете ги сите трошоци кои ќе ги имате пред започнување на бизнисот како и потребната актива која ќе треба да ја имате по започнување на бизнисот.

Ден 14: Направете бизнис план

Бизнис планот е една од најопфатените материи на претприемач. Набргу ќе започнам со нов серијал за сите елементи, односно поднаслови на бизнис планот. Веќе досега ги имате направено различните делови од бизнис планот како проценка на продажба и трошоци. Дополнително ќе мора да вклучите и специфични активности кои ќе треба да ги спроведете во иднина, како и организациски дијаграм со различни позиции на различни луѓе во бизнисот. Вклучете и анализа на готовински тек во бизнис планот комбинирајќи ги податоците од проценката за продажба и трошоците.

Повеќе за бизнис планот можете да прочитате во БИЗНИС ПЛАН – СУБЛИМИРАЊЕ.

Ден 15: Направате маркетинг план

Добар маркетинг план ќе ви помогне да знаете кои чекори ќе треба да ги превземете за да привлечете доволен број на вистински потенцијални купувачи за Вашиот бизнис. Искористете го овој 15-ти ден за изработка на добар маркетинг план. Повеќе за маркетинг планот можете да прочитате во:

Започнување и Водење на Бизнис за 30 дена – Дел 3

post

Започнување и Водење на Бизнис за 30 Дена – Дел 1

Периодот на започнување на секој бизнис може да претставува вистинска ноќна мора за еден претприемач. Постојат различни активности кои ќе треба да се завршат за да една идеја се трансформира во вистински бизнис.

Започнување на бизнис за 30 дена

Календар за започнување на бизнис за 30 дена

Во периодот на започнување едно прашање кое е актуелно е колку време му реба на еден претприемач да го започне својот бизнис. 30 дена за започнување е доволен период за сите важни задачи да бидат завршени, но ова не мора да значи дека е точно за сите видови на бизниси. Некои може да се започнат за помал временски период, други за подолг од овие 30 дена.

Во овој пост ќе презентирам започнувањето расчленето во период од 30 дена. За секој ден по една задача која ќе мора да се заврши или за некоја задача по неколку дена.

Ден 1: Прибирање на различни бизнис идеи

Секој бизнис започнува врз основа на идеја. Потрошете го првиот ден од вашиот претприемнички пат за да приберете различни идеи кои ќе можете да ги трансформирате во успешен бизнис. На овој ден ќе морате да бреинстормирате колку што можете повеќе идеи. На претприемач веќе има различни постови за развој на добра идеја:

Прочитајте ги овие написи од листата и користете ги за да дојдете до различни идеи кои потоа ќе ги забележите во книгата со бизнис идеи.

Ден 2 – 3: Анализа на бизнис идеите

Вториот и третиот ден потрошете ги на анализа на идеите кои ги собравте во првиот ден. Јас вообичаено сакам да користам една мерка која ќе ми ги даде најдобрите идеи, а тоа е бизнис потенцијалната енергија која е складирана во самите идеи.

Ден 4: Изберете ја најдобрата идеја

Во претходните три дена вие веќе собравте доволно идеи кои ги анализиравте. Сега е време да донесеме одлука која идеја ќе ја започнеме како бизнис. Подредете ги анализираните идеи од претходните два дена и изберете ја онаа која е на прво место.

на крајот на овој четврти ден ќе мора да бидете на чисто која идеја ќе ја започнете.

Ден 5: Сопствеништво

Овој ден ќе биде потребен доколку бизнисот ќе го започнете со некој партнер. И подобро е уште сега да го дефинирате сопствеништвото отколку подоцна кога бизнисот ќе започне да носи приходи и профит. Одговорете на следниве прашања:

  • Чија е идејата за да се започне овој бизнис?
  • Колку пари кој ќе инвестира?
  • Кој и што ќе работи?

Разговарајте со партнерите, евалуирајте и анализирајте. Целта е на крајот од овој ден да го имате процентуалното сопствеништво на секој од партнерите.

Ден 6: Направете иницијален договор за сопствеништво

Сега е време да се направи еден договор со партнерите за тоа кој колкаво учество ќе има во сопствеништвото. Овој договор ќе треба да ги содржи сите точки кои ги дефиниравте претходниот ден (инвестирани пари и време, работни активности и процентуално сопствеништво).

Ден 7: Brainstorm и Избор на најдобро име

Можеби ова звучи како премногу едноставна задача, но запомнете да обрнете поголемо внимание на името. Ова го знам од лично искуство од пред 6-7 месеци кога брзавме да започнеме, а сега се мислиме дали името е ОК за работата која ја изведуваме. Започнете со браинсторминг на повеќе имиња кои ќе го отсликуват Вашиот бизнис и личниот имиџ кој сакате да го изградите. Размислете за тоа како името ќе направи разлика и уникатност од остатаокот.

Ден 8: Направи добро лого

Логото е вториот идентификатор на Вашиот бизнис, односно сликовит приказ на името. Кога потрошувачите ќе размислуваат за Вашиот бизнис во главата ќе им се појави визуелната идентификација – Вашето лого.

Потрошете го 8-миот ден да дизајнирате добро лого или пак да најмите графички дизајнер за да ја заврши таа работа место вас.

Ден 9: Размисли и избери слоган

Слоганот е третиот идентификатор на бизнисот како надополнување на името и логото. Потрошете го овој ден за да дојдете до добар слоган. Добар слоган е оној слоган кој лесно може да се поврзе со Вашиот бизнис и кој лесно ќе се запамети од потрошувачите.

Доста е за овој прв дел, следуваат попрактични работи како истражување на пазарот, предвидувања, маркетинг план…

Започнување и Водење на Бизнис за 30 Дена – Дел 2

post

Имате бизнис идеја – Што понатаму?

Една бизнис идеја е стартна точка за секој сегашен или пак иден претприемач. Бизнис идејата е важна бидејќи претставува почеток на еден нов живот – живот на бизнисот и живот на претприемачот. Но, таа е важна само во таа прва иницијална стартап фаза од животниот циклус на бизнисот. Последиците од таа бизнис идеја ќе се чувствуваат и во сите останати фази, но сепак во голем дел ќе зависат и од други бизнис активности на еден претприемач.

Бизнис идеја - Што понатаму?

Бизнис идеја - Што понатаму?

Еден просечен човек постојано има бизнис идеи. Тоа е во самата природа на човекот, да сонува за еден подобар живот. Но, идеите како што доаѓаат така и си одат од мозокот на потенцијалниот или сегашен претприемач. Тоа можеме да го решиме со книгата со бизнис идеи како еден од 10 бизнис темплејти на претприемач.

Добро имаме бизнис идеи и сега прашањето е што понатаму? Нема во овој еден напис да можам да опфатам се што ќе треба да направите во Вашиот бизнис, туку едноставно откако ќе дојдете до бизнис идејата што ќе треба како основно да дефинирате.

1. Дефинирајте ги производите и/или услугите

Имате бизнис идеја која опфаќа некој вид на производ и/или услуга за Вашиот иден или пак сегашен бизнис. Следното е прецизно и јасно да ги дефинирате тие производи и/или услуги. Еве некои прашања на кои Вие како претприемач ќе треба да дадете одговор:

  • Каков производ или услуга ќе понудам?
  • Кои ќе бидат карактеристиките на тој производ или пак услуга?
  • Кои ќе бидат поволностите за потенцијалните корисници на тој производ или пак услуга?
  • Кои ќе бидат дополнителни услуги понудени со тој производ или услуга?

2. Дефинирајте го пазарот

Веќе имате бизнис идеја, го имате прецизно дефинирано производот или услугата кои ќе ги понудите на пазарот. Следното е јасно, прецизно и недвосмислено да го дефинирате пазарот на кој ќе ги понудите тие производи или услуги. Еве некои прашања на кои Вие како претприемач ќе треба да дадете одговор:

  • На кој пазар ќе ги понудите производите или услугите (град, регион, држава, континент…)?
  • Кои ќе бидат корисниците на тие производи или услуги?
  • Кои се карактеристиките на тие корисници на производи или услуги (пол, старост, приходи, националност…)?

3.  Дефинирајте ги конкурентите

Следен важен елемент за секој бизнис по производот или услугата и пазарот се конкурентите. Не ја правите грешката со потценување на истите, бидејќи успешноста на Вашиот бизнис во голем дел ќе зависи од нивната успешност. Потребно е прецизно да ги дефинирате сите конкуренти кои се наоѓаат на пазарот кој го дефиниравте претходно. Еве некои прашања на кои Вие како претприемач ќе треба да дадете одговор:

  • Кои се 5-те најголеми играчи на пазарот во индустријата во која се наоѓа Вашата бизнис идеја?
  • Што, кога и како нудат тие 5 најголеми играчи?
  • Кои се карактеристиките на нивните производи или услуги?
  • Кои поволности кои тие ги нудат на пазарот со нивните производи или услуги?
  • Колкава е отпорноста на пазарот од влез на нови конкуренти и колку е тешко тоа да се оствари?

4. Дефинирајте ги ресурсите

Имате бизнис идеја, имате дефинирано производи и услуги, имате дефинирано пазар на кој ќе ги понудите тие производи и услуги и имате дефинирано кои се главните конкуренти и што прават истите. Сега е потребно да ги дефинирате потребните ресурси за Вашиот бизнис за да таа бизнис идеја стане реалност. Ќе треба да ги дефинирате најмалку следниве потребни ресурси:

  1. Колкав број на човечки ресурси ќе бидат потребни?
  2. Каков интелектуален капитал ќе треба да имаат тие човечки ресурси?
  3. Колкави финансиски ресурси ќе бидат потребни?
  4. Од каде ќе ги најдете тие финансиски ресурси?
  5. Какви материјални ресурси ќе ви бидат потребни?
  6. Од каде ќе ги набавите тие материјални ресурси?
  7. Какви информациски ресурси ќе ви бидат потребни?
  8. Кои ќе бидат изворите на тие информациски ресурси?

По ова што понатаму?

Секогаш ќе има понатаму бидејќи вие сте претприемач и започнувате или го проширувате бизнисот. Откога ќе ги дефинирате овие бизнис елементи едноставно повторно почнете од почеток и прилагодете ги производот или услугата и пазарот. Ова е поради фактот што по дефинирање и осознавање на конкурентите и потребните ресурси ќе имате дополнителни факти кои ќе треба да ги вклучите во Вашите производи или услуги и пазарот.

На пример, со дефинирање на конкурентите ќе увидите што тие прават за да продаваат на тој пазар. Ова е проверена работа. Вие едноставно ќе можете да го копирате нивното искуство и да го подобрите за да стекнете конкурентска предност. Затоа ќе треба да ги редефинирате првите два елементи.

Запомнете дека простор за подобрување постои и секогаш ќе постои.